I Love You, Beth Cooper (2009) http://www.imdb.com/title/tt1032815/ Па интересно тинејџерско филмче. Лајк. :up:
Колку да се потсетам на содржината, имав заборавено некои детали и си стојам на зборот дека вториот дел ми е многу поубав во првиот. Некако слатки ми се Баби и Аче заедно, а и крајот е ептен тажен кога умре Поло, ама на оваа глупата Баби ништо неможе да и се погоди 327327 пати се караа за глупости што се не направи човекот за неа. 8/10
Само што го догледав на сител и можем да кажам дека ми се допадна а бев голем скептик за филмов. Планирам да ги гледам и преостанатите 3 дела ама тоа ќе биде од 1ви, нема веќе интернет претерав овој месец со филмовите 8.5/10
Сакав тежок филм и го добив! A Very Long Engagement (2004) ........................ Приказна за една млада жена која е во безнадежна потрага по нејзиниот вереник кој исчезнал за време на Големата војна. Глумици : Jodie Foster, Marrion Cotillard, Audrey Tautou. Номиниран за два Оскара а оригиналниот наслов му е Un long dimanche de fiançailles. Веројатно една од подобрите љубовни приказни што ги имам гледано. Très excitant!! ★★★★☆
My sister's keeper Оддамна не сум плачела волку на филм. Секогаш знаеле да допрат до мене вакви филмови со неизлечливи болести и смрт. Камерон Дијаз никогаш не сум ја замислувала во улога на мајка, бидејќи пола од филмовите во кои глуми се комедии, но и тука добро се снајде. Се на се` ми се допадна многу и го препорачувам на сите кои се фанови на трагедии. 10/10
10 Things I Hate About You (1999) http://www.imdb.com/title/tt0147800/ Го даваа пред некое време на тв. Ама јас касно го фатив. И ај си реков, да не го гледам од пола, ќе си го симнам. Ма да, не верувам дека некој го нема гледано.. Ми се допадна. Ме насмеа. Брзо ми помина времето. Мислам дека е тоа доволно.
Machine Gun Preacher 10/10 Cем поранешен наркоман затвореник и криминалец, одкако ќе замине во уганда и Cудан, и ќе види што се не им прави војската на Kони на луѓето и децата таму,ќе реши да изгради сиропиталиште, и да спаси колку што може повеќе дечиња/војници. филмот е навистина трогателен, мене многу ми се допадна, Cем ќе изгради црква во пенсилванија, ќе стане т.н поп, и ќе собира донации за да може да ја заврши својата мисија во Cудан. Hо, сепак неговото отсуство од дома, ги заострува односите со неговото семејство, кои од почетокот го подржуваа... филм правен според вистинска приказна :up: :up: :up: :up: :up:
Autumn in New York Не ја сакам Винона Рајдер ама ич, а Ричард Гир си го обожавам. Сепак, и двајцата се предобри актери, посебно постариот. Не сакам да гледам вакви филмови оти ме растажуваат. Сепак, не се работи во филмов само за трагедија, туку и за целосна промена на човекот. Љубовта нема граници, не се битни годините, тоа е само бројка. Вистинската љубов го менува човекот, на подобро. Верувам дека само таа има таква сила. Прекрасен филм, одлична драма. 9/10
The Last Song 2010 Конечно му стаса редот и на ова филмче. Го имав симнато уште многу одамна и еве денеска се решив да го изгледам. Предобро тинејџерско филмче за релаксација, кое е снимано според книгата Последната Песна од Николас Спаркс(која јас ја имам прочитано). Глумата на Мајли беше солидна. Ми се допадна. Препорачувам. 7/10 http://www.imdb.com/title/tt1294226/
Water for Elephants Денот на својот последен испит, младиот Џејкоб ќе загуби сè. Него ќе му исчезне оној живот што до тогаш го имал. Ќе одлучи да замине во друг град, но по пат ќе им се придружи на циркусот Браќа Бензини....каде што започнува заплетот. 6/10
The Raven Jас ви се чудам какви убави оценки сте му дале на филмов! Го гледав и воопшто не ме напна за да знам кој е убиецот (не дека од прва сфатив но...). Глумата - УЖАС! И девојката не ми беше убава, неспособно ми глумеше. Крвта беше смешна... Насловот во ништо не ми се вклопи - немаше ништо клучно со Гавранот, освен што е најпозната поема на По, ама не одеше во духот на цел филм. И како врв на СЕ‘ беше одјавната шпица - извинете, да не ги одјавувате Трансформери? Цел филм го доловил шмекот од 19ти век, на крај - тадаааам трансформери. Си се изнасмеав.
http://upload.wikimedia.org/wikiped...House_Poster.jpg/215px-Dream_House_Poster.jpg Добро хорорче. Ви го препорачувам. П.С-http://www.youtube.com/watch?v=nIeMYPfnST0 видете го трилерот.
Малце офф топик, ама Dream House не е баш хорор, туку драма/мистерија/трилер Кога сме кај овој филм, го препорачувам апсолутно! п.с.глумците во приватен живот се маж и жена
Одмазда - Македонски филм од 2001 Никаде неможев да најдам филмски постер Spoiler Помеѓу 1897 и 1902 година во Македонија се случува приказна за пријателството и предавството. Две генерации подоцна, во Белгија пак приказна за љубовта и одмазда. Двете приказни, иако разделени со речиси целиот век, се расплетува наизменично и постепено се испреплетуваат да се спојат во една на крајот на филмот. Во Македонија под турска власт, македонецот Митре го спасува турчинот Осман Карахасан од заседа. Овој гест го означува почетокот на еден големо пријателство. http://www.imdb.com/title/tt0180894/ Штета што не е испромовиран , одличен филм со приказна за ова поднебје .. 9/10
Get the gringo Нема да бидам задоволна се додека немам бар еден Мел Гибсон во мојот живот. Го сакам човеков. Филмот супер. Забавен, насилен и по малку љубовен. Мел Гибсон, се разбира, најмногу вреди во филмов И пак би го гледала. И го препорачувам. Spoiler М.Г. нема име во филмов, различни си присвојува, во обид за бегство од полиција со еден куп пари прелетува (со кола) во Мексико. Таму алчните цајкани ќе си ги соберат парите и ќе го сместат во Ел Пуеблито, затвор каков што може да има само во Мексико.
The Usual Suspects 9.5/10 Многу добар пресврт има филмов. Го пуштив без да прочитам ништо за него, па почетокот ми беше онака - просечен (најверојатно затоа што го гледав прилично касно, а уморна бев). Пред да го исклучам отворив imdb колку да видам што филм е како, и веќе кога знаев што да очекувам си седнав и си го догледав до крај без трепкање. Многу добра актерска екипа, од Кевин Спејси, С. Болдвин до сексиљавиот ми мој Беницио дел Торо. Нема да ви ја објаснувам содржината зашто ќе ви откријам многу, вреди да се погледне, ама не читајте за него пред време ќе си го уништите филмот
Winged Creatures/Fragments Влегува човек во едно кафуле и почнува да убива. Приказната е како секој од преживеаните, психички го преживува тоа што се случи. Не знам, јас си сакам вакви психолошки драми, супер ми беше филмов. 7/10