Агли шит барем за мене ,сакале некој хорор да направат ама некако го утнале лигав крвлив досаден ...не го ни догледав .
Love in the afternoon Да е здрава и жива Телма, оти не сум приметила некој ваков стар филм на друга телевизија да даваат, а мене секако не би ми паднало напамет да го симнам. Прв филм со Одри Хепберн, не знаев дека дотолку била слабичка и ситна. Али преубава е, во секој случај. Приказната е доста интересна и на моменти многу смешна. 10/10
Џастин и Мила во филмот се совршен пар во филмов. На Џастин според мене далеку подобро ќе му биде да се префрли на глумата. Филмот е супер,си се изнасмејав убаво. Иако, на крај искоментирав....толку? некако како недовршен ми изгледаше
Сцената која што ми беше најсмешна.. Spoiler Инаку од мене има 10ка! Дека се изнасмеав како недозреана.
Да кажам за филмов нешто, гледам дискутирате, а мене ми е гледан пред месец дена можеби... Филмов е далеку од лош филм, за оние кои сакаат оригинални заплети и уште пооригинални расплети. Бидејќи сите хорори личат еден на друг, овој е најразличен од сите што ги сум ги гледала последниве неколку месеци, бидејќи до самиот крај не можев да претпоставам што ќе се случи и постојано бев ваква Има доста елементи на фантазија што кај мене не е плус, ама има и доста смешни ситуации што ми се допадна како контраст на сета крв. Би го препорачала САМО на љубители на хорор филмови, останатите ќе го гледаат како бизарен и глупав. 6/10
Spoiler Во Викторијански Лондон , младиот доктор Mortimer Granville се обидува да се пронајде себеси ..Се вработува кај доктор кој се занимава со женската хистерија која се сметала за доминатна болест на жените во текот на 19 век .Хистеријата се лекувала со масажа на женскиот полов орган а младиот доктор со неговиот другар ќе го откријат првиот вибратор за медицинска намена , за да на крај истакнат дека женската хистерија воопшто и не постои .. Смешен на моменти но многу поучен ...ја прикажува положбата на жената во нерамноправното општество . 10/10
Miss Congeniality 2 Го имав гледано првиот дел,вчера го гледав и вториот.Прекрасен филм,акција,комедија,уживанција Се работи за FBI агент што во првиот дел учествува на мис и добива голема популарност.Нејзината другарка(таа што победува на мис) е грабната.Препорачувам 10/10.
My Future Boyfriend (2011) http://www.imdb.com/title/tt1747924/ Е вакви филмчиња, сакам јас. Ептен ми се допадна. Романтична комедија. Еден гооолем лајк од мене. :up:
Филмови со Жарко Лаушевиќ..тие ми се во план ама штета што неможам сите да ги најдам на нет ..ако некој ми излезе во пресрет ќе му бидам благодарна .. Spoiler Белград 1963 година , помеѓу големите згради се наоѓа мала куќа каде група на млади луѓе со различен социјален статус и различно потекло но со ист поглед кон љубовта и вистинските вредности, го поминуваат целото свое време заедно .Работни акции , игранки ,борба за живот , недозволена љубов , се е тоа дел од нивниот живот ...Одличен филм .чиста 10 -ка ..Повеќе пати го имам гледано ама никогаш не ми здосадува .. Spoiler Приказна за еден војник кој ќе избега од касарната одкако ќе ја види својата девојка гола во едно списание ..Се враќа во своето место каде се преиспитува себеси , се одалечува од своите квази -другари и се соочува со својата девојка ..Исто и овој го гледам незнам по којпат ама неможе да ми стане досаден ..Одличен .10/10
Lockout Aj aj aj... Кога ќе прочитате дека го правеле продуцентите на Taken имате одредени очекувања, нели? Wrong. Филмот е сосем просечен, малку предвидлив и мутав. Гај Пирс и Меги Грејс for the win, добитна комбинација. Типична акција со тепачки, многу пукање и нереални сај фај елементи. Приказната е млака и сосем просечна. Ок за едно гледање, но ништо посебно. 5/10 Memento Ова е веќе сосем друго. Гај Пирс ми станува еден од омилените. Толку е добар и уверлив во улогата, просто го движи целиот филм. Ремек-дело. Страда од губење на краткотрајна меморија, т.е. не може да образува нови спомени, а очајно се обидува да го најде убиецот на неговата жена... Премногу интересен, напнат, мрачен и возбудлив. Целата бев внесена во дејствието и не трепнав. Не знам како не сум го изгледала досега, срам да ми е, но го препорачувам, сјаен филм. Ќе ви ги вклучи сите заспани мозочни келии и ќе размислувате долго околу крајот. Во недоумица бев / сум. 8.5/10
A Beautiful Mind (2001) Периодов ми е исполнет со добри филмови, филмови кои заслужуваат да бидат гледани, коментирани, повторно гледани и повторно коментирани. Значи ги надокнадувам сите пропусти кои сум ги направила. Последен беше A beautiful mind (2001). Не би да навлегувам со содржината која на поголемиот дел ви е позната. Биографски филм со 4 оскари, и тоа со Џенифер Конели во главата улога. Девојкава прв пат ја запознав во Реквием за еден сон и ми стана омилена. Расел Кроу не ми се многу допаѓа како појава, ама овде сосем солидно го глуми ликот на Џон Неш, добитникот на Нобелова награда за економија, воедно и математичар. Филмов е перфекција. Оцена 9/10.
Не сум обожавател на хорор филмови но по иницијатива на брат ми се решив некако да го гледам Филмов е хорор-трилер и главна улога е Daniel Radcliffe, кој што по професија е правник и добива задача од фирмата да замини во некое морничаво местенце, и целата приказна се случува во хорор куќата во истото место. Таму ја открива жената во црно која што го има проколнато целото градче. Ако го сакате овој жанр на филмови го препорачувам 8/10
1. This means war - Уф и јас да бев на местото од девојкана, немаше да знам што сакам. Му давам висока оценка на филмчево зашто ме расположи, си се изнасмеав и зашто ни на момент не ми стана досаден. 2. LOL - „Ај“, си реков, „Од кога немам гледано тинејџерски филм, дај да се опуштам, па можда и нема да биде лош..“ Штрак! Не ми се допадна. Имале идеја луѓево, сакале да направат нешто модерно, да се пронајдат демек младиве. Ми се чини не им успеало. Пренафрлани настани некако, глума ништо посебно,.. Го догледав само заради тоа шеќерчето Кајл.
Stardust(2007) Oд дамна сакав да го гледам, и вчера беше шансата.По малку очекував да биде клише,али имаше и приказна, и добро изградени ликови, авантура.Таман за мој вкус 8/10