Thor(2011) Акција, Авантура, Фантазија. Предобар филм. Многу очекував од него и ич не ме разочара. Крис згоден како и секогаш, а Натали беспрекорна. Го препорачувам за сите љубители ан супер херои и на фантазија, а и за сите останати. Нема да погрешите ако го погледните филмов. 10/10.
во филмот се зборуза за дете кое го киднапираат , и тоа прави збрки и неволји на киднаперите ....но на крајот се враќа дома
A Walk to Remember. Филмот е многу убав така да нема потреба и да пишувам за него мислам дека скоро сите го имаат гледано, а ако не ви го препорачувам да го гледате. 9/10
The Ring 2. Spoiler Филмот заразлика од The Ring 1 е поинтересен. Истите луѓе и многу добра глума. Мајката на Самара е во болница за лудаци. Причината за тоа е бидејки многу пати се обидуваше да си ја убие керката(Самара). Таа не сакала да го направи тоа ама некои гласови и кажувале дека ќе биде добро ако го стори тоа. Самара ќе влезе во телото на Ејдан(синот на Рејчел). На Самара единствена желба и е да има мајка. Затоа преку Ејдан ќе ја има Рејчел како мајка. Самара не сака вода затоа Рејчел ќе го зеде Ејдан и ќе го дави во вода. Духот на Самара ќе излезе ама таа сеуште ќе биде тука. Има една снимка од која Самара излегува тогаш Рејчел ќе влезе во снимката и ќе биде во истиот бунар во која беше убиена и Самара. Ќе излезе од бунарот и ќе го затвори. Потоа таа ќе прави се што правеше и нејзината макеа во снимката од првиот дел. И така таа се врати и се беше готово . Spoiler - е ова е нејзината вистинска мајка која е во лудница. 10/10
What's your number-http://www.imdb.com/title/tt0770703/ Интересна романтична комедија со Ана Фарис и Крис Еванс во главни улоги. Spoiler Али е девојка која на почетокот од филмот добива отказ од работа и се разочарува. Одејќи накај дома чита весник и здогледува статија за тоа дека жената во просек менува 10.5 партнери во својот сексуален живот, и дека онаа која имала над 20 партнери никогаш неможела да си најде маж. Е тука започнува заплетот во филмот. Другото го оставам на вас, а како причина плус за гледање на филмов е презгодниот Крис Spoiler Го препорачувам на сите, вреди да се погледне. 7/10
Bring it on all or nothing Преубаво филмче 9/10 Spoiler Се работи за Бритни и нејзината желба за навивање. Таа е главна навивачка во школото- капетан има 2 најдобри другарки и има и дечко кој е луд по се*с. Сето ова ќе се смени кога татко и ќе ја изгуби работата и ќе мораат да се преселат во нов град и во ново школо. Нејзе ќе и биде тешко да се навикне во школото и 1 ден за малце ќе предизвика тепачка ама и истиот ден ќе го најде новиот дечко со кој ќе биде покасно . Од 2-те најдобри нејзини пријателки што и беа една од нив ќе стане капетан на поранешното школо и се ќе сака да и одземе се дури и дечкото додека другата ќе и биде верна. Бритни ќе направи се да биде во навивачите од школото кај што сега учи.... Учествува и Ријана како судија на навивачкиот натпревар
Captain America: The First Avenger Преубав филм со акција,со возбудување,ептен за мој вкус.Препорачувам за оние кои сакаат филмови со херои. 9/10
The Addams хаха баш вчера на сител.Со години чекав да го дадат.Порано беше во црно бело како што знам.По кој пат сум го гледала ептен е интересен и смешен.Па зошто да не напишам ваков интересен филм ? Сигурно некој го гледал вчера.. Дај боже да го дадат вториот дел
Однесено со виорот (Gone with the Wind) Сигурна сум дека повеќето од вас ја знаат содржината и затоа нема пак да ја пишувам. Значи филмот е преубав, можам уште 10000 пати да го гледам и пак нема да ми биде досаден. Филмов е прв на мојата топ листа на филмови. Прекрасно нешто. Само се изненадив од крајот. Ама кога размислив поубаво, ја сфатив поентата. 10/10
The tooth fairy Изгледа ми се смачи од моиве, забавни филмчиња, оти на секое гледам уште колку време има до крај. Овој пак, не дека беше нешто монотон, али не беше ни ептен интересен. Веќе остарена хокеј ѕвезда, не верува во соништата на децата, постојано им збори дека нема да успеат, ова она. Исто не ни верува во виленици, вили, џуџиња и останатиот свет од бајките. Една вечер тоа ќе се смени и тој ќе биде приморан да биде вила на забите и да ги собира од децата. Не нешто интересно, како што веќе реков, али за тепање време е доста добро. 7/10
Life as we know it Секој пат кога го гледам, ме разнежнува и имам една огромна насмевка на моево лице. Преубав филм, со една од моите омилени глумици, а малечката е срцка. Многу ми се допаѓа како глумат сите 3, внесуваат нешто интересно, нешто убаво. Сцената кога и вели "мама" секој пат ме расплакува, а сцената кога ќе го исплаши при трчање ме смее. Исто интересна ми е кога ги мириса малава кашичките. 10/10 - Одлична фамилијарна комедија - романса.
Spoiler Колку се изнамачив со филмов ама вредеше.. Кон крајот на Втората светска војна , млада болничарка се грижи за жртва од авионска несреќа со целосно изгорено тело . Единственото нешто кое го наоѓаат до него била книга од Херодот , книга која крие тајни за една љубовна афера .Покрај непрепознатливто лице , има и амнезија но со доаѓањето на David Caravaggio започнува ретроспектива на својот живот , на љубовта , несреќата ...Иако трае прилично долго , одличен филм кој го препорачувам ..Одлични глумци на едно место Ralph Fiennes и Colin Firth се прекрасни .Следен филм со Ralph Fiennes и Juliette Binoche - Оркански висови .. 10-ка
http://www.youtube.com/watch?v=w1-orGvjJc0 Реков дека нема да гледам повече тажни филмови ама овој немаше како да не го гледам .. A Millionaire's First Love стварно филм за да се подготви марамче пошто инаку нема како да се гушите ! 10/10 пријавувам дека веке ке сум на комедии неможам да гледам ТаГА
Ми тргна со романтичните комедии денеска. Уште еден предобар филм. Го препорачувам на сите. 8/10. http://www.imdb.com/title/tt1319746/
Романтична комедија за опуштање. Spoiler Се работи за девојка која е 27 пати деверуша кај нејзини пријателки. Вљубена е во нејзиниот шеф, но доаѓањето на нејзината сестра менува многу работи. Сестра и' и шефот за малку ќе се земат но таа го открива вистинското лице на сестра и' па така целата венчавка се откажува. Во меѓувреме запознава новинар кој ги поматува сметките, и вели дека е вљубен во неа. И на крај нормално ќе се венча конечно, не кажувам со кого.
The Runaways. Филмче за женски рок бенд од 70ите. Штета шо Кристен Стјуарт ја глуми Џоан Џет. Сепак, 10/10
Доста интересен филм, со оглед на тоа што јас сум фанатик по вакви работи, сонови, подсвест... Spoiler Доминик Коб е индустриски шпион кој наместо провалување во домот на лицето, канцеларија, па дури и компјутер, добива информации кои му се потребни со "провалување" во умот на лицето преку нивните соништа. Коб е исто така бегалец кому му недостигаат неговите деца. Некој му се приближува на Коб и сака да го ангажира, но наместо вадење информации надвор, човекот сака Коб да имплантира идеја, процес наречен "почеток"(Inception), што не е лесно да се направи. Коб се двоуми, но кога човекот нуди да му помогне на Коб да им се врати на своите деца, тој се согласува. Го составува неговиот тим, но постојат нешта кои Коб не им ги кажува на својот тим кои можат да ја загрозат работата и кога ќе се појават проблеми, тие не се сигурни дали треба да продолжат.
I Want You/ Tengo ganas de ti (2012) И јас го изгледав конечно и ми се допадна. За разлика од првиот дел, на овој не плачев. Аче е без конкуренција најубав, Баби стандардно грда, а новава Џин е преубава! Како кукла и ситна, мила. Идеални! Нема кој не го гледал филмов, па затоа не давам рецензија. Само ќе кажам-Приказната продолжува. 9/10
Closer Читав неколку коментари во врска со филмот дека не ви се допаднал, и незнам зошто. Но сепак се работи за вкусови, нели? Мене ми се допадна филмот, затоа што ги става во искушенија паровите. Кога во врската имаш се, но сепак да ти биде пред распаѓање. Да ја сакаш личноста која е до тебе и да несакаш да избега, но сепак да посакуваш друга жена. Сцените беа на некој начин не поврзани, но потаа сфаќаш се. Со крајот сфаќаш се. Зошто таа не си го кажа своето вистинско име на личноста која ја сакаше, туку го кажа на странец кој плаќаше за неа. И Натали ми е совршенство во секоја смисла на зборот. Преубава ми е, предобро глуми, и во ваква улога не сум ја видела но потполно се впушти во неа, не заведе со ликот којшто го глумеше, па неможев да останам рамнодушна. Alice: It's a lie. It's a bunch of sad strangers photographed beautifully, and all the glittering assholes who appreciate art say it's beautiful because that's what they want to see.
И, ко што си ветив, викендов ќе им го посветам на нив... Sex & The City (200 Да и’ се фатат на Сара за “коњската“ фаца, мене ми е Срцка со големо С! Иако воопшто не сум фан на чик-флик лигавешки кои инволвираат истакнување супериорност на женски персони, за нив секогаш ќе правам исклучок. Животот на познатиот квартет неколку години подоцна. Љубов, секс, солзи, среќа, перипетии, неверства, преселби, извисување, болка, опоравување од истата, за на крај, во тој магчен круг, пак да победи љубовта. Ми се допаѓа тој перверзен хумор. И облеката. Јес да некои парчиња се утка, ама на некои раце пружав во мониторов. Ким Катрал е нездрава колку е јака! Со свои 56 години, на леб може да намачка двојно помлади. Пребрзо ми минаа тие 2 ипол часа. 8/10 Сега отидов по вториот дел.