Bernie (2011) Мало градче во Тексас, а во центарот на збиднувањата е прикажан омилениот граѓанин кој го глуми Џек Блек и ќе направи неочекуван пресврт на настаните... инаку филмот е работен по вистинска приказна. Глумата плени, Џек Блек е одличен, исто и Ширли Меклејн, а Метју МекКонахи непрепознатлив и смешен. Единствена моја замерка е што дејствието тече пребавно, му фали малку возбуда и адреналин, мааалку поинаков пристап на снимањето, но сепак е интересен и одржува внимание. 6/10
Monte Carlo На прв поглед изгледа како да се работи за типичен американски филм. Но навистина се изненадив од добро осмислената приказна, пејсажите кои ги нуди филмот , а богами и мажите( посебно оној од плавушата) Иако не ја сакам многу Селена Гомез во овој филм добро ја одиграла својата улога. Се е на место. 10/10
Баш во тој филм Кристен се истакна и мислам дека предобро ја изигра улогата. Death Note Еден тинејџер, Лајт, ќе најде една тетратка - death note, каде што се запишуваат имиња на луѓе и човекот чие име е напишано умира за 40 секунди. Лајт најпрво ќе почне да убива криминалци на овој начин, со цел да воведе правда во светот, меѓутоа нема да биде се така едноставно... На тие што го гледале анимето или ја читале мангата ќе им биде многу интересен, тие што го гледаат прв пат можно е малку да се збунат ама во секој случај, 8.5/10
Добар за убивање досада. 7/10 Се работи за самохрана мајка и нејзината ќерка тинејџерка, нивниот начин на живот, неодговорноста на мајката и растењето на ќерката пропратено со илузии, грешки, замисли, желби ...
Snow White and the Huntsman 3/5 Филмов ме разочара, мислев поинтересен ќе биде. Приказната ја знаете сите за Снежана, само во филмов е малку помрачна иако очекував да биде повеќе. Највеќе од филмов ми се допадна глумата на Шарлиз Терон, одлично ја одигра улогата на Злобната Кралица. Кирстен Стјуарт воопшто не ми се допадна во улога на Снежана, можеле многу подобра глумица да одберат за таа улога. Многу ми е антипатична оваа
Love at First Hiccup (2009) http://www.imdb.com/title/tt1307065/ Уште едно прекрасно тинејџерско филмче. И ме насмеа, и ме орасположи.. Браво. :up:
Моето омилено аниме Death Note А и филмот е одличен он топик: Прееска на тв 1000 го гледав Benny & Joon (1993)-само заради Џони Деп http://www.imdb.com/title/tt0106387/ Ментално болна млада девојка ја пронаоѓа својата љубов во еден ексцентричен човек. Интересно филмче. Му давам иста оцена како и на имдб 7/10
The Duchess (200 ............................ Веднаш оди во топ 5!! Како е можно бе сите филмови на Кира да ми се допаѓаат? Не можам да сфатам. Извонредна кинематографија. Приказната е десетка, based on a true story. Со Оскар, филмот стварно заслужува подобар рејтинг на imdb. А сега.. excuse me while I go over here and die as Ralph undresses himself. ★★★★★ 18+ Spoiler
Project X Тинејџери се очајни за средношколкса слава и приредуваат забава во домот на Томас, за неговиот роденден, додека неговите не се дома за викендот. На забавата присуствуваат над 1500 души и забавата завршува со запалено соседство, полиција и прикажување на случката на вести. Значи главните ликови си најголеми идиоти. Комедија е и за тепање време ви препорачувам да го гледате
http://www.imdb.com/title/tt1054580 Desert flower Драма Филмот го прикажува животниот пат на сомалискиот модел Варис Дири, првата африканка која јавно проговорува за чинот на женското обрежување, чија жртва е и самата таа. Како девојче од Сомалија успева да побегне од суровиот начин на живот и да стапне на Европското тло каде ќе се соочи со проблеми со кои се соочуваат голем број емигранти во потрагата за подобар живот. Но и покрај се ќе успее да се избори за свое место под небото работејќи како супер модел, подоцна како амбасадор на УН и автор на неколку автобиографски романи. Филмот е базиран на вистинска приказна. Во прилична мера емотивна,побудува чувства на емпатија и восхит, на моменти шокантна. Дејството е воглавно концентирано околу главната хероина, во смисла на тоа што е присутна скоро во секој кадар. Споредните улоги си го одигруваат својот дел во приказната, без нивна помош не би била тоа што е и таму кај што е. Глума солидна. Оценка: 8/10
Hereafter (2010) Во режија на Клинт Иствуд со Мет Дејмон во главната улога, филмот се фокусира на три различни приказни на личности - во Америка, Франција и Лондон, кои ќе се спојат на сосем неочекуван начин. Филмот ја отсликува загубата на саканите, средби со смртта кои се случуваат непредвидливо и како да се продолжи понатаму. Не ми се допадна баш, освен главните актери, споредните немаа никаков поим од глума и го упропастија малку филмот, малтене собрани од улица. Дејствието пребавно, без некоја особена динамика. Интересна идеја, лошо спроведена. 5/10
Spoiler Очекував повеќе од филмов ама не беше ништо посебен. Иако идејата им беше дека љубовта ќе им ја смени судбината, јас ништо интересно не видов освен тоа дека трчаа, бегаа, само за да бидат заедно. А плус им требаше временски период од година па и повеќе за да пак им текне дека треба да бидат заедно, уствари на бато Дејмон му требаше толку долго, а демек цело време тој е прикажан како леле љубовта на својот живот не сака да ја испушти. Па и тоа со вратите и со тоа дека со капи мора да влезат беше смотанко. Малку бул шит беше филмов, ама барем го гледав и можам да не го препорачам
Иако новиве филмови немаат врска, овој е еден од ретките кој што ми остави голем впечаток. Дефинитивно мора да го погледнете The Dictator Омилената сцена http://www.youtube.com/watch?v=XBw_jKEpzJQ
Аааа супер е, баш ми беше планиран да го напишам нареден. Не ни очекував помалку од Саша Барон Коен, ма да Борат беше врв, но и овој е добар, по различен од другите комедии што постојано те насмева, нешто слично како комедиите со Лесли Нилсен. Ова Аладинијада се викаше изгледа Аладин за да, Аладин за не Кој не го гледал, задолжително да го стори тоа во најкраток можен рок Принчипеса, нареден пат копирај и залепи ја само адресата од јутјуб, не ја ставај во url
Black Gold Spoiler Раскажана е приказната за настанувањето на арапската владејачка лоза, периодот на откривањето на нафтата и неизбежниот брз развој и збогатувањето на земјата. Младиот принц е распнат помеѓу конзервативниот татко и потаткото со модерни сфаќања, дали ќе го избере најдоброто за својот народ? Го гледав по препорака на мажот ми - морам да ја проучам историјата на идните ни домаќини Ми се допадна, иако на моменти беше досаден. Антонио Бандерас не ми одговараше за улогата некако, дали повеќе сум навикнала да го гледам во поинакви, поактивни улоги, но не можам да кажам дека ме разочарал. Давам 3.5/5. What to expect when you're expecting Во принцип, не ги сакам овие филмови каде што познати актери има на куп, бидејќи не ветуваат многу (со чесни исклучоци). Ама ова ми беше забавен филм. Самиот наслов кажува што се случува во филмот: како жените се справуваат со бременоста, а како татковците се снаоѓаат со новите обврски. Му давам 3/5 - нема којзнае каква приказна, ама ќе ве расположи и опушти.
My Big Fat Greek Wedding - многу луд филм, колку сум се смеела, а одамна не го имав гледано. Ако не сте го гледале, ви го препорачувам, добра, стара комедија.