The Invention of Lying Добар филм со уште подобра приказна. Како би изгледал светот али луѓето не лажат, туку ја кажуваат само вистината. Вистината понекогаш боли тоа е факт. Многу интересен и поучен филм
Добар филм , за опуштање и релаксација , ми се допадна тоа што ликовите се во поодминати години барем женскиот дел на нема многу лигавење и тинејџерски ликови . Исто госпоѓава на SAMBORA си ја сакам грациозна и убава ми е .
Snow White and the Huntsman Еден поинаков пристап и адаптација на приказната за Снежана. Ми се допаднаа некои твист ситуации и начинот на кој размислувал сценаристот и режисерот, голем дел од кадрите го одземаа здивот. Многу оригинално. Шарлиз Терон го прави / извади филмот, брилијантна беше во глумата и начинот на доловување на ликот. Костимите ѝ беа прекрасни, шминката погодена. 10ка за Шарлиз. Chris Hemsworth (Тор) задоволувачки во улогата на Ловецот, име важно не му дознавме во целиот филм, он е Huntsman. Огромно разочарување беше Кристен Стјуарт. Не, не ја мразам, едноставно не е добра глумица. Не долови ниту една емоција, ниту пак е нешто специјално убава. Напротив, сметам дека го упропасти филмот. Моментот кога требаше да го одржи мотивирачкиот говор... па да почне да зева човек, толку неинспиративно, немотивирачки и вештачки... не ми е јасно како толку ја форсираат, не те бива бре девојче. Инаку филмот е малку бавен за мој вкус. 6/10
Tengo ganas de ti И јас го гледав филмот конечно Ги заразив и мојте со филмот, првен со првиот дел, после со овај, татко ми само препрашваше, оти Аче замина? Оти се скараја? Како и да е филмот не ме бендиса баш, Првиот ми е милион пати поубав. Овај можеше поубо да заврши, фатија се исексаја со Баби да видела дали има уште чувства за него, не да имаше чувства, и тој и та, умрени беа еден за друг. Џин ми е мн грда, не оти Баби е поуба Нејќев филмот да заврши вака, можеше некако поинаку, и сепак мислев дека ќе остани со Баби на крајот. Ахх овај Аче, да дојди одма нозете му ги ширам 8/10
Bordertown http://www.imdb.com/title/tt0445935/ Во Мексико (Хуарез) се отвараат фабрики за масовно производство на електрични апарати, има огромен број работнички бедно платени, и секој ден по некој од нив умира како жртва на силување.Власта и полицијата молчат за тоа, а локалниот весник кој пишува за тоа не може легално да се издава.Тогаш доаѓа Лорен која почнува да истражува, и ја отрива вистината за нив... Многу добар филм!Го препорачувам. 8/10.
http://www.imdb.com/title/tt0892318/ Letters to Juliet Убаво романтично филмче, со предвидлив крај, но интересен развој на настаните. Убавата Софи (Amanda Seyfried) со нејзиниот свршеник одлучуваат медениот месец да го поминат во Верона, Италија, каде приказната се расплетува. Посебно ми беше интересна замислата на режисерот со “Секретарките на Џулиета“, 4 - ри жени кои во име на Џулиета одговараат на илјадниците писма што туристите ги оставаат во куќата на Џулиета, секоја од нив со свој посебен ресор на работа ( брачни, љубовни и други проблеми и ресор за нечитливи или писма од друго јазично подрачје) Актерската екипа одлична. Убавата Amanda Seyfried надежно име во филмскиот свет, девојка со посебна магична убавина, која едноставно те лепи на екранот, за која една другарка искоментира девојката како да излегла од слика на Ботичели, убавина од друга планета. Смирената и мудра Vanessa Redgrave во улогата на Клер многу убаво се поврза со младите актери. Внесе топлина и смиреност на филмското платно. Едноставна, харизматична жена со неоспорен актерски талент. Филмскиот ветеран Franco Nero (Лоренцо Бартолини) , господинот со шармантниот италијански акцент. Мене ми отави впечаток свршеникот на Софи, поради неговата страст кон храната и виното и поради целосната посветеност кон она што го работи( иако ова не се одрази баш добро врз нивната врска). Сцени од филмот се снимани во Италија. Верона повторно ја доживеав како град бомбона, италијанските пејсажи, виногради, тесните калдрмени улички едноставо го одземаат здивот. Филм кој вреди да се погледне, едноставно човек да се опушти и препушти на двочасовно филмско уживање. Оценка: 8/10
The Vow 2012 Значи стварно не знам што сум чекала досега за да го изгледам филмов и после толку препораки како од пријатели така и од многу феминки. Предобар филм, ептен ми се допадна и нема што многу да кажувам за него освен дека ако не сте го гледале до сега, веднаш да го изгледате. 9/10
Total Recall (2012) Нов римејк од 90тите кој главна улога ја толкуваше Арнолд Шварцернегер, а сега Колин Фарел како Даглас Квејт. Како обичен работник во фабрика, дознава дека е шпион по посетата на една компанија која обезбедува на своите клиенти имплантско вградување лажни сеќавања на живот... Веќе видено, додадени ефекти, тоа е тоа. Оцена 10/10 само за Колин Фарелчо и згодната Кејт Бекинсел Magic Mike (2012) Со нетрпение го чекав и ете немам некој посебен впечаток. Филмот е инспириран од вистинските искуствата во животот на Ченинг кој работел како стриптизер на своите 19 години. Мајк како искусен танчер го подучува помладиот 19 годишен Адам (Петифер) на триковите на занаетот за да заработи пари и ненадејно се вљубува во неговата сестра(сестрата на Адам). Солиден избор на male глумци .
The forger(2012)-Филм со Џош Хатчерсон. Џош е млад уметник со извонреден талент, за жал напуштен од мајка му. Оди во една куќа каде се запознава со Еверлин, кој лажно продава слики од познати уметници. Го вовлекува во лажниот бизнис, но благодарение на Ен Мари таа тајна ќе биде откриена и работите ќе се вратат во нормала. Прекрасен филм. Многу ми се допадна. 10/10
The lucky one(2012) Филм базиран на роман на Николас Спаркс, и нели веќе ви е познато дека се работи за романтична приказна.Морам да признаам дека не ми беше cheesy, и некако помалку клише, се зачудив што всушност ми се допадна.И морам да признаам дека глумата на Зек Ефрон во филмов беше на завидно ниво.8/10
Она што може да се очекува од некогашниот БОРАТ.........напати глупави сцени ....но ќе си опушто човек мускули 5-10
Boy Toy 2011 Никакви импресии, едно исто се дешава цел филм. П.с. ни дечкото не е згоден! Иста оценка како ИМДб, 5-10.
The Tall Man Од кога немав гледано филм, како мерачки си се наместив, си го одбрав овој после милион фалења што му удрија и ... ништо посебно. Почетокот е предобар, акција, случувања од самиот почеток. После во средината се случува обрт на настаните, и ај уште е ок да се каже. И на крај веќе кога ќе се сфати што е всушност поентата, филмов губи на вредност. Барем кај мене. Од што цело време толку се е неизвесно и не се знае ништо, дури досадно станува. На моменти страшно ми се приспиваше. Далеку од лош, но далеку и од воодушевување. http://www.imdb.com/title/tt1658837/ И морам да искоментирам, стварно не ми е јасно како може The Cabin In The Woods да не ви се свиѓа. Барем на оние љубители на хорори.
Friday the 13th Part VIII: Jason Takes Manhattan Стар хорор филм за пеколот што се крие зад маската за хокеј, не верувам дека има некој што не го гледал.
The Deep Blue See Љубовен триаголник помежу двајца мажи и една жена. Очекував повеќе од ваков филм, млитава и жилава глума во сцени каде требаше многу повеќе емоции. Safe Акционен филм, повеќе страни се борат да го откријат кодот на сефот во кој има 30млн долари, а тие бројки ги знае напамет само едно мало интелигентно девојче и тука е Статхам да ја спаси, нели 360 Повеќе животни приказни, а сите меѓусебно испреплетени. Ништо посебно. Beyond Група детективи се обидуваат да пронајдат киднапирано девојче. Напнато, баш како што и треба за ваков филм. Hemingway & Gellhorn Прикажана е романсата помеќу Хемингвеј и Марта Гелхорн која била новинарка за време на Втората Светска Војна и негова инспирација за За кого бијат камбаните. Ми се допадна иако трае дури 2ипол саати. The Merchant of Venice Басанио бара долг од својот пријател за да може да се ожени, а тој пак се задолжува кај Евреин. Доколку не ги врати дупло во предвидениот рок, треба да врати со живо месо од своето тело.
The Hunger Games (2012) Мислам уште јас го немав гледано. Што можам да кажам? Веќе се е кажано. Немав појма ни кој глуми, ни за што се работи, но едно знаев, а тоа е дека нема да ме разочара, и не ме разочара. Одличен филм, глумци, глума, костимографија, ефекти, ама апсолутно перфектен е. Неизвесност до самиот крај, постојано бев на штрек и со подзината уста. Феноменален филм, немам зборови мора да се гледа. Да не барам влакно во јајце но единственото во што бев разочарана е Spoiler крајот. Кога им кажаа, се поништува одлуката за да има двајца победници и дека ќе мора да има само еден. И овие двајцава нели сакаа да се убијат, и одма се слуша стооп стој стој, пу пу не важи, ќе има двајца победници... Е ај.. како си го смени мислењето.. Во рок од 5 секунди се реши проблемот..тоа малце глупо беше, али нема везе, филмот е неверојатен. Препорачувам!! 10/10 Тhe Dictator (2012) Е ќе си умрам. Од смеење и тоа! Одамна вака не сум се смеела и на филм и не на филм..значи филмот ROCKS!!! Цело време ваква бев устата ме здоболи од што ја држев насмеана Одличен филм, исмејување на политикава врв си е Препорачувам! 10/10
Snow White And The Hustman Одличен филм. Прекрасна замисла и одлична изведба. Ми се допаѓаат сцените што ги вовеле и како ја претставиле приказната за Снежана на еден навистина поинаков начин. Морам да ја пофалам Шарлиз Терон, одлично и стоеше улогата на злобната маќеа и маестално го одглуми сето тоа. Крис Хемсфорт ми е толку талентиран, толку секси , а и гласот му е... Ќе му ги изгледам сите филмови сега, за да го гледам повеќе на екранот . Единствена утка ми е Кристен Стјуарт. Толку непрофесионално се однесува. Ако сакаш да глумиш, мораш да се соживееш со ликот, да им ги доловиш чувствата на гледачите, како тебе навистина да ти се случува тоа. А не да изгледаш како да те разбудиле од спиење пред 5 минути. Толку површно ја одигра сцената каде што требаше да биде мила и фина со девојчето, и онаа каде што требаше да се насмевне (се смееш со очите, во тој момент треба да бидеш среќна). Кога подобро ќе размислам сите сцени ги изигра ептен површно и имав впечаток како да сака филмот да заврши што побрзо. Кристен според мене им е голема утка own: . Додека пак целокупниот филм од мене добива 7/10, поради Кристен и тоа што имаше некои навистина спори, досадни и непотребни сцени.
Captivity Рандом женска и рандом маж се будат во еден подрум,сфаќаат дека се киднапирани,но не знаат ниту кој ги киднапирал,ниту зошто,ниту пак што се бара од нив. Филмов не е брутален, нема физички малтретирања и бизарности, повеќе е психолошка тортура. Но,како и да е, навистина солиден хорор/трилер, со акцент на второто. Крајот,предобар,обожавам такви краеви.
Да не барам влакно во јајце но единственото во што бев разочарана е Spoiler крајот. Кога им кажаа, се поништува одлуката за да има двајца победници и дека ќе мора да има само еден. И овие двајцава нели сакаа да се убијат, и одма се слуша стооп стој стој, пу пу не важи, ќе има двајца победници... Е ај.. како си го смени мислењето.. Во рок од 5 секунди се реши проблемот..тоа малце глупо беше, али нема везе, филмот е неверојатен. Spoiler Мора да има двајца победници, ако се убијат двајцата ќе му пропаднат игрите на претседателот и ќе се понижи пред цела држава. Читај ги книгите, ќе сфатиш ... Winter's bone Филм за една сиромашна девојка која се грижи за мајка (психички болна), брат и и сестра и, и мора да направи се за да си ја задржи куќата која може да ја изгуби доколку татко и не се појави на суд. Ми го испофалија филмов, и на интернет има голем рејтинг, плус Џенифер Лоренс е главна улога (ја обожавам неа), ама искрено мене филмов не ми беше многу интересен. 6/10