Pirates of the caribbean-on stranger tides Филмов ми е секогаш забавен, сакам treasure finding филмови и сакам кога Џони изиграва лудак. Не им праам многу разлика, кој дел е подобар од кој, не се нешто незаборавни филмови, ама се лесни, забавни и релаксирачки.
Го видов по темава, па викам ај да го изгледам и јас The Dictator прееска. Лајт филмче. Реално исмевање на општеството, за жал потковано со типичен дебилно-амерички хумор, на кој верувам дека човек се смее од што е дебилен, а не смешен. И поради Саша! Саша за мене секогаш ќе биде Борат, мада маестрално ги одигрува сите вакви улоги, секоја чест. Ем глуп, ем егоист, ем саркастичен в крај. Не ми беше екстремно нешто, ама имаше сцени што ми измамија насмевка. Посебно тие статуите во позадина што се провлекуваа од него и рандом жени кај што се фатени за гениталии. И сцената кај што го тепаше таа со цицките. Не е лошо за тепање време, со (послаба) 7ца ќе пројде. Втор за денеска - Mr.Brooks (2007) Е, ова е веќе филм! Случајно го најдов на една страна и веднаш ми привлече внимание. Не се покајав. Сум требала поодамна да го најдам. Мелем актерска екипа и солидна глума. Ерл Брукс е бизнисмен и фамилијарен човек кој е посветен на својата кариера и фамилијата. Навидум, во неговиот живот работите се перфектни. Освен една работа - тој е патолошки лажго кој има нескротливо алтер-его кое го тера да убива. Испревртено, мрачно, интригантно. Деми Мур, која не ја варев премногу, ми стана симпатична баш поради оваа улога. Убаво се снашла. Солидно сработено 9/10
Dark shadows 0/10 ... не ми се верува како Џони Деп прифатил улога во ваков глупав филм, па и вотр дел сигурно ќе има. Не го препорачувам, никако
Real Steel мене лично ми се допадна филмот, можеби поради фактот што Хју Џекман е во главната улога дејството е сместено негде во иднината, каде повеќе не постои боксот како спорт меѓу луѓето, туку тоа го превземаат роботите... филмот ја обработува љубовта помеѓу татко и син и врската која се оформува, борејќи се заедно против првокласните роботи со својот Дроид од отпадот АТОМ Во филмот глуми и Кејт од Лост (не знам како и е вистинско име) оценка 9/10
1. Just Friends - одлична комедија, одамна не сум се насмеала така Содржински се работи за еден лузер од средношколските денови кои се враќа во родното место по 10 години но овојпат како маж која секоја девојка би го посакала. Се обидува да ја освои неговата непреболена љубов од средно која му била тогаш и најдобра пријателка. 9/10 2. Wild Things - многу заплеткан филм кој ќе ве држи во неизвесност до самиот крај. Се започнува со тоа кога школскиот советник кој е многу згоден и околу кој се вртат многу девојки ќе биде обвинет за силување на 2 ученички... 8/10
The Vow Млад брачен пар има сообраќајна несреќа во која жената го губи сеќавањето во последните 5 години, баш кога се запознале со сопругот. Била скарана со семејството и нејзините ја користат ситуацијата да ја вратат дома. Го среќава и нејзиниот свршеник, кого го оставила пред свадбата, но во нејзината глава таа сеуште е со него. Нејзиниот сопруг ќе се обиде да и помогне, но нема да успее. Таа ќе побара од него да ја остави. Со текот на времето ќе и се врати љубовта која ја чувствувала за него и на крај ќе се обидат повторно да бидат заедно иако нејзе нема да и се врати меморијата. Инаку филмот е напишан според вистинска приказна.
What's your number ? http://www.imdb.com/title/tt0770703/ Не е лош филмот,онака за тепање време.Мислам дека е еден од оние филмови кои ни укажува дека бившите со причина се бивши.Ми се допадна станот на девојката,а морам да речам дека и комшијата не е лош. 7/10
http://www.youtube.com/watch?v=efNzhEKm ... r_embedded Филм за потрагата по вечен живот, во која времето е буквално пари. Содржина: Секој човек на земјата во левата рака има вградено имплант за време, кој се активира на 25-годишна возраст. Тогаш, човечката раса престанува физички да старее. Во имплантот има секунди за само уште една година живот, после која, секој мора да го заработи времето (животот). Во моментот кога ќе истече и последната секунда, животот завршува. Кредитните картички и парите не постојат, сè се мери и купува со време, а општеството е поделено на временски зони. Сиромашните живеат во гето во Дејтон, каде секој ден е борба за опстанок. Таму луѓето се во безнадежна трка со времето. Богатите пак, живеат во современ и екстремно луксузен град наречен Њу Гринич и располагаат со векови. Приказната се врти околу 28-годишниот Вил Салас (Џастин Тимберлејк), кој едвај го заработува времето. Живее со неговата мајка (Оливија Вајлд) во сиромашното гето и работи тешка физичка работа. Спиењето за луѓето во оваа временска зона е вистински луксуз. Улиците се преполни со мртви тела, кои не успеале да заработат доволно минути за да го преживеат денот. Настаните добиваат малку поинаков тек, кога Вил една вечер ќе му го спаси животот на богатиот Хенри Хамилтон (Мет Бомер), кој јавно ќе се луксузира со скапоценото време, во бар во сиромашниот Дејтон. За возврат добива многу, шанса да ја напушти временската зона и да ги смени работите… По тој пат Вил нема да чекори сам, туку во друштво на преубавата Силвија Вејс (Аманда Сејфрид). 10/10
What to Expect When You're Expecting (2012) Само што го изгледав, и морам да го пофалам, интересна комедија која ќе ве доведе до знаење дека бебето е најубаво нешто на светот. Мислам и семејството. Актерска екипа- Браво! Џеј Ло во ист филм со Камерон Диаз и Елизабет Бенгс, priceless. Spoiler Морам да искоментирам, најслатко ми беше посвојувањето, се наежив на тој дел. И да,жал ми падна и за тоа девојчето што го изгуби бебето.... Препорачувам- 9-10
That`s my boy Сериозно ретардиран филм, незнам кој му ги финансира последниве филмови на Аdam Sandler, ниту се смешни, ниту интересни- катастрофа е филмов. Гледам во глумциве James Caan, Susan Sarandon и си викам ај кога овие двајца се нафатиле да глумаат во филмов ваљда е подобар од последниве срања во кој главна улога ја има Adam Sandler, мене ме фати срам за глумциве што глумеа во филмов. Ретардиран, имбесилен не можам да опишам со зборови колку е дебилен филмот Оценка -100/10 own: own: own:
She's the man Тинејџерски филм за опуштање. Се работи за една девојка, која за да игра фудбал се преправа дека е нејзиниот брат. Но ќе се заљуби во нејзиниот цимер ( кој мисли дека таа е машко нели ). И така натаму, и така натаму. 8/10
A Walk To Remember Вчера го гледав филмов по втор пат и за прв пат плачев на него. Досега никогаш немам плачено на ниту еден филм. Ова е дефинитивно меѓу моите топ 3, заедно со Титаник. Филм што можам да го гледам секој ден, а да не ми се здосади. Еве и денес си го пуштив пак, и пак се соживеав со приказната. Актерската екипа предобро го претставува сето тоа, да ти е мерак да ги гледаш. И по ова засекогаш ќе мечтаам за ваква љубов, што ретко се случува. Можеби јас ќе бидам една во милион . 10000/10
The Hunger Games Синоќа го изгледав и навистина ми се допадна.Ги имам читано книгите и прекрасни се.Актерската екипа и ефектите им се одлични.Единствено што не ми се допадна во филмот е тоа што емоциите не се доловени како во книгите. 8/10
Конечно, и јас да го изгледам овој филм што многумина го фалеа. И, можам да кажам дека ми остави добар впечаток, интересно филмче со тажен крај. Сите љубители на романтични филмови вреди да го погледнат. Инаку, да додадам - главниот глумец, си е прича за себе. 10/10
The Tall Man Да бидам искрена филмот ми се допадна. Напнат, возбудлив и одржува внимание. Првата половина од филмот е посебно добра, се меша хорор со трилер и (навидум) фантазија. Испомешани чувства и мисли, да не знае човек што да размислува. Кој е негативецот, а кој жртвата? Не ја сакам Џесика Биел, ама глумата ѝ е фантастична. Многу е талентирана девојката, кој сака нека рече. А во филмот погодена, онака природна без грам шминка, а допадлива. Приказната на крајот излегува сосем "обична", па можеби многумина се разочаруваат, ама мене ми беше потресно, и некако... реално. Мислам, добра лекција за сите лоши родители. Го препорачувам, најмногу заради интересниот пресврт. Втората половина од филмот преоѓа во типична драма и уште толку ми се допадна таа симбиоза и замисла на режисерот. 7.5/10
Sleepless in Seattle По мојава пауза од филмови, конечно да погледнам некој добар. Постар е филмов, сигурно повеќето го имате гледано, нема потреба да пишувам што и како се случува. Ми се допаѓаат Том Хенкс и Мег Рајан ко пар. Онака, си се надополнуваат. Детето беше многу интересно. Прекрасен романтичен филм. 10/10
Think Like a Man (2012) По издавањето на книгата Act like a lady, think like a man, жените почнуваат да живеат според правилата во неа и да поставуваат нови правила и принципи во машко-женските односи. Кога мажите ќе сакаат да го превземат водството, ќе сфатат дека играњето според правилата на жените воопшто не било лошо, напротив им оди во корист. На крај, нормално нели, жените го добиваат тоа што го сакаат. Happy end. Филмот е женски, мислам очигледно. Но интересен е, има доста смешни моменти, башка симпатични глумци и ќе ве остави во пријатно расположение. 8/10 затоа што сакам да гледам како жените на крајот, секогаш се во право
Романтична комедија-интересно филмче за опуштање,на моменти ми беше и досаден бидејки многу трае (2ч.),но во секој случај може да се погледне. 7/10
The hottie & the nottie http://www.imdb.com/title/tt0804492/ Долго време го барав да го гледам и конечно го најдов.Баш како што и го замислував интересен филм, има доста смешни сцени.Препорака:Не јадете додека го гледате филмот бидејќи има и некои гадни сцени! Кратка содржина-Парис Хилтон е убава и секси девојка , а нејзината пријателка е грдата.Поради тоа што нејзината пријателка не можела да си фати дечко и таа се одлучува да нема се додека и нејзината грда пријателка не си фати дечко.Е сега доста од мене погледнете го сами!Препорачувам.