Џони Деп има изјавено дека не би одбил Тим Бартон па макар и тоа била најглупавата улога на цел свет. На него му ја должел кариерата
Hellraiser: Inferno Inferno, петтиот дел од Hellraiser филмовите, кои што спаѓаат во психолошки трилери. Се работи за сериски убиец, интересна приказна за поврзаноста на една коцка со криминалот, да не откривам повеќе детали, мене ми се допадна и го препорачувам. Снимен е 2000 година, прилично стар, доколку има некој што не го гледал, а сака психолошки трилери со голема доза на напнатост и брутални сцени, неизвесност до крај, препорачувам да го погледне. :up:
Denzel Washington e прекрасен актер. Инаку филмот е добра акција, онака, ме држеше будна. Препорачувам Оцена 8/10
The wife he met online Стандард трилер, каде се заљубуваат се земаат ... по некој период излегуваат мрачните тајни на едниот партнер. 7/10 The door Малку поинаква приказна. Не е лош, Хелен Мирен како и секогаш во нејзините специфични улоги, солидна ... 7.5/10
Мене па Dark Shadows не ми беше толку лош. Секако, Џони Деп а богами и Мишел Фајфер имаат далеку подобри филмови. Од аспект на ефекти и доловени сцени, филмот е одличен. И би го гледала и на 3D. Приказната не беше баш таква каква што очекував, првично бев збунета околу жанрот. Првите сцени ми личеа на некој језив хорор, после продолжи како комедија, а класифициран е како фантазија. Швркнат филм е во секој случај А со оглед на тоа како заврши, не би ми било чудно да направат втор дел
Say Anything(1989) Коа ќе го прочитам некаде Џон Кјузак одма ме асоцира на романтичност.Постар филм, со предобри сцени, и ептен си ги сакам постарите филмови, пошо некако по реално ми е доловено се.Висока оценка има на идмб, истата би му ја дала и јас.7/10
The Other End of the Line Не е лош филмов, има интересни моменти али на моменти и станува малку досаден. Интересна приказна има како и да е What to Expect When You're Expecting Мене ми се допадна филмов, иако нема баш некоја добра оценка на IMDb. Интересна и слатка приказна, филм во кој има повеќе познати актери
The Expendables 2 http://www.imdb.com/title/tt1764651/ За мене подобар од првиот дел, за дечко ми првиот дел бил подобар. Глобално земено фина акција со перфектни глумци. А да бил филмов со друга екипа, гледаноста би била никаква реални да сме Тешко е да направиш добар филм со дузина ѕвезди, од овој тип на филмови само пријателчињата на Оушн единаесетмината и пред се тринаесетмината ми беа филмови со ѕвезди кои имаат одлична приказна и филм кој навистина вреди. Некако Платенициве ни двата дела не ме воодушевија, фини акции, ама натинг спешл. Но сепак Сталоне, Џејсон, Жан Клод, Брус Вилис, Шварценегер па уште доаѓа и Чак Норис и тука веќе приказната не е ни потребна ќе помислиш Ми се допаѓаше хуморот, посебно делот со Чак Норис и неговото појавување паднав од смеа. И нормално Шварценегер и неговото "I'll be back" Фино, оценка глобална со се глумците 8че, без глумците под 5ка Како и да е и 10 продолженија да има од филмот и сите да се со потпросечна приказна јас пак би ги гледала, како љубител на акциониве филмови оваа филмска екипа е и повеќе од совршена, ова се хероите уште од нашето детство, сме пораснале со овие филмови. Како да не ги сакаш овие ѕвезди ... Кој сака акции неможе а да не ги гледа овие Платеници.
Beastly е романтично-фантастична драма, базирана на книгата "Убавицата и Ѕверот". Во филмот всушност е прераскажана приказната за Убавицата и Ѕверот. Дејството се одвива во Њу Јорк. 7/10
Hachi: A Dog's Tale Филмот е базиран на вистинска приказна, Hachi е филм за лојалноста и верноста. Richard Gere ја има повеќе од одлично одиграно улогата. Можам да кажам само колку и да имате камено срце неизбежни се солзите во текот филмот. Прекрасна приказна со тажен но реален крај. Доколку го немате гледано ви го препорачувам. И за крај љубете ги и никогаш не се откажувајте од нив, за нив вие сте единствени! Тука можете да ја прочитате вистинската приказна: http://en.wikipedia.org/wiki/Hachik%C5%8D 10/10.
Ri¢hie Ri¢h (1994) http://www.imdb.com/title/tt0110989/ Каков може да биде филмот со Калкин? И јас се чудам, како го немав гледано до сега. Филмот нема промашај. Прв филм на кој не му кликнав пауза. Обично кога гледам филм, 10тина пати кликам пауза. Кој го нема гледано, нека не го пропушта.
Си имам нова најдобра другарка Silk Мајкл Пит ми е глумец што стално го замислувам во некои чудни психо улоги, каков во Убиство по броеви и Сонувачи. Неговава фаца во такви филмови комплетно ми се вклопува. Во филмов не толку многу. Имаше отсуство на изразни емоции, да му се покажува што чувствува, некако...не го даде тоа што требаше. Ни во страста, ни во љубењето, ни во тагата. Од друга страна пак, на Кеира тотално и лежат вакви улоги и одлично си ја заврши работата. Она што не ми се сфиѓаше, е тоа дека на човециве, ништо среќно, освен пари, не им се случи...
Last Night You can be happy, and still be tempted. If you had a second chance with the one that got away. Would you take it? Are you stronger than your desires? In a single night.. Anything can happen. Реална драма која за момент го доведува бранчиот пар во искушение. Кризата во која се наоѓаат до што може да ги доведе. И двајцата сакајќи да одолеат на искушението, паѓаат под влијанието на личности кои ги привлекуваат и го прекршуваат заветот кој го дале. На овој или оној начин. Љубовта може да боли тајно. Сакајќи ја бесценето личноста која пред сите закони кажала дека ќе биде до него, сепак во своите мисли измачувањата се претешки. Сурова реалност прикажана на филмското платно. А последната сцена мислам дека беше најдобрата и онаа во којашто зборовите беа излишни. Јас му давам чиста 10ка, заедно со Closer.
Јас повторно го гледав овој, со тоа што овој пат ја гледав нецензурираната верзија, и ништо од напишаново не важи. Ова е сосема нов филм, буквално. Бруталности на велико... Двата ми се допаднаа исто, и овој имаше интересен крај, поинаков од онаа цензурираната верзија...
Taking Woodstock Во филмов нема да го видите концертот, нема да ги видите Џими Х. и Џенис Џоплин ниту ќе слушнете нешто од нив. Филмов се базира на приказната на Елиот Тибер, локален дечко, кој за да ги спаси своите од долгот, ќе го повика Вудсток тимот да го одржи концертот во Вајт Лејк, Бетел. Настаните пред и за време на концертот, мн хипици, мн љубов, дроги, некои комични моменти, самооткривање, добра музика во позадина... Мене ми се допадна, оцена 8/10 Spoiler И побогу, да ти се дешава Вудсток во комшии и да не стигнеш на концертот!
Glee: The 3D Concert Movie Филмот е сличен малку на серијата, на сите обожаватели на Гли ќе им се допадне. Главни улоги се децата, на кои серијата им го сменила животот на различни начини. Многу луѓе споделуваат искуства и совети, ситуации во кои се чувствувале непријатно, но следејќи ги постапките на некои од серијата, се извлекле или си помогнале себеси, го надминале проблемот. Прекрасен филм, цел час и половина го гледав со насмевка на лицето. Покрај искуствата, пеат песни како концерт. Одлични изведби, ме воодушевија, па си потпевнував со нив. 10/10