THE ISLAND Незнам како досега не сум го гледала...Филмот ме воодушеви !! го изгледав во еден здив..во ниту еден момент не е досаден, напротив во главна улога игра Скарлет Јохансон која патем е прекрасна.. можам да кажам дека се работи за клонирање на луѓе, но не би сакала да откријам нешто повеќе дефинитивно вреди да се гледа ! 9/10
Primal Fear Малку постар, но одличен филм со Ричард Гир. Овојпат игра адвокат кој е во одбрана на 19 годишно момче обвинето за убиство на свештеник. Случајот е замрсен и нема доволно јаки докази, а Ричард верува дека момчето има двојна личност и не се сеќава што се случило. Се обидува да го докаже тоа со анализи од стручни лица, кои ќе треба да му потврдат на судот дека момчето имало тешко детство и било злоставувано, поради што психички креирало друга личност за да се заштити. Интересен филм со интересен крај. До душа, го предвидив и се посомневав дека така ќе заврши. Во секој случај, приказната е добра и поради ваквите филмови добивам желба да станам кривичар.
Го гледав вчера ... па не е лош. 7/10 Денес го гледав Нема што да се каже сите знаете за што се работи, слободно гледајте го. 8/10
Waitress (2007) http://www.imdb.com/title/tt0473308/ Многу добар. Ми се допадна. Само мажот и, е стварно идиот прва класа, од посебна раса. И ти иде да го треснеш од каса, па на маса, и директно низ тераса. Фрустрирачки е. Но, како што кажав.. Ми се допадна, приказната држи вода. Топ е, кисче. :up:
по незнам кој пат го гледав филмот sid and nancy одличен филм, кој е фан на секс пистолс МОРА да го гледа само глумицава што ја глуми Ненси ми иди на нерви а за Гери Олдман одлично го одглуми сид
Accepted Се работи за еден типац што не го примаат во никој факултет, поради недолично однесување и слични проблеми. Незнае како да продолжи и прави лажно писмо како да е примен од некој факултет што не постои. Родителиве сакаат да го видат факултетот и тој решава, со помош на неколку пријатели, една психијатриска болница да ја претвори во факултет. Се оди по планот, но еден ден ќе дојде еден ученик и ќе каже дека тој и уште 1000 други се примени во факултетов .. А тој не постои ! 9/10 од мене. Одлична комедија, ме изнасмеа, посебно сестрава да главниов глумец Лизи, прчла мала. Ми се допадна методот на држење на предавања, сакам да се воведе такво нешто кај нас.
The lucky one Интересна замисла, ама реализација слабо. Како и секоја новела на Спаркс предвидлива романтична приказна, но оваа ми е најслаба. Dear John и The notebook се каде каде боље Можеби книгата е подобра, ке ја прочитам па ќе споредам Само заради Зек Ефрон вреди филмов. Боже кој маж се сторил Мелем за очи Не ми се свиѓаше изборот на женска глумица. Можеле многу подобра да најдат, оваа како да нема емоции и волја за живот
Murder on the Orient Express (1974) Сум кажала јас дека си сакам вакви постари филмчиња, ми имаат некоја класа. Базиран на истоимената книга од Агата Кристи, филмот ја раскажува приказната за уште едно инзвонредно решавање на убиство од страна на детективот Херкул Пуаро. Убиен е американски бизнис могул, осомничени се многу, секој би можел да има различни мотиви, но, дали навистина убиениот е тој кој се претставувал дека е, и кој би можел да има доволно силен мотив да го убие истиот, ако не го познава(л) неговото вистинско ’јас’? Многу мистерии сместени во еден воз. Пресвртите се веќе познати. Препорачувам и за фановите на Кристи, и општо за оние кои сакаат крими-мистерии. Два часа ми минаа пред да успеам да трепнам, а тоа ми е знак за добар филм. Ми се допадна што некои сцени многу се вклопија со сликите кои ги имав при читањето на книгата. Одличен. 10/10
Autumn in New York (2000) ............................. Ха, зошто повеќе не снимаат вакви филмови? Winona Ryder ми е најголемата срцка, и улогата навистина и лежи а за Richard Gere поарно да не правиме муабет. Секогаш кога го гледам се надевам дека ќе Spoiler преживее .. Разочарува фактот какви гомнари постојат на imdb. 5.0/10? You gotta be kidding me. Во секој случај ќе ми остане еден од омилените. Причина не мора да кажувам, гледајте и видете сами. ★★★★★ I need a hug..
The Game Филмов е на листата Најдобри трилери на сите времиња, па според тоа - проценете сами. Не сакам да давам краток вовед, затоа што мене само една сцена која случајно ја фатив на телевизија, ми помогна да го предвидам крајот и веќе не беше тоа тоа. Ако сте љубител на трилер, а не сте го гледале - нека ви биде следен на листа. Шон Пен и Мајкл Даглас - одлични како и секогаш.
Very bad things Ѕвезда на филмов - Кристијан Слејтер. Многу талентирано човече, за жал си ја заебал кариерата ради дрога, а можел многу поуспешен и попризнат да е сега. Штета. А филмов, не знам што да кажам за него. Почнува како Hangover, 5 другари одат во Вегас, едниот од нив треба да се жени, па ергенска вечер. Али едниот од нив, за време секс, ненамерно нормално, ја убива проститутката, со тоа што и се закачува некоја шајка на оваа во глава. Е сега, они одлучуваат да ја пикнат неа под земја и никому ништо. Сепак, кај некои проработува совеста па се случуваат многу заебани работи понатака. Крајот да не зборам, ептен глуп. Финтата е што треба да е крими, трагедија филмов, дека полн со крвишта и се тоа, али многу смешен е. Некој чуден склоп на драма и комедија и тоа нa језив начин. Сеуште се мислам дали е филмов генијален, или пак е енормно глуп. Затоа, не можам да му дадам оценка.
TED беше подобар отколку што очекував, предобар филм и да те насмее и да те натажи и се.. го препорачувам оценка 8/10 МЕАН ГИРЛС подобар беше кецот ама добар е и овој, ме изрелаксира.. претежно таа е една иста прича ама добар е оценка 7/10
Onegin Снимен според истоименото дело на Пушкин. Приказната верувам сите ја знаете, парадоксот наречен Евгениј Онегин и љубовта на Татјана. Ми се допадна оваа екранизација, а посебно глумата на Ралф Фајнс, а Лив Тајлер е прекрасна како Татјана.
Horrible Bosses Мојот коментар е: Буквално бев ваква во текот на целиот филм, речиси. До мене ќе да е, ваквите филмови не допираат до мене (се прашувам до кој допираат уствари ), јас сакам нешто како да кажам, пореално и да ме мавне малце во глава. Не ми беше по вкус филмов, некако ту мач американ рабиш со тие типични глупоштарии - ужасен директор, шеф и ајде се најдоа тројца токмаци секој со својата мака и се акнаа на „убиство“. Јес да имаше моменти на кои слатко се изнасмеав на плиткоста на човечкиов ум и искрено - добро ми дојде. Му давам солидна седумка од можно десет, реков због заради зашто и како. И да - Џенифер Анистон ми беше многу интересна. Не можев ни да ја препознаам од прва и се туфкав - она е, абе не е и на крај она да ти била. Прв пат ја видов во вакво издание, необична ми беше ама сепак интересна. Мајке ми, ја личи за хорни литл бич.
Scream of the Banshee (2011) http://www.youtube.com/watch?v=wh3KU6pfMgc Како демек хорор ама не беше нешто посебно страшен. Една жена која што е археолог и професор пронаоѓа опасен артефакт. Во артефактот се наоѓа суштество кое сите жртви ги преплашува и ако почнат да вриштат ги убива. 5/10.
What to Expect When You're Expecting Фино филмче, со многу трудници . Интересна и топла приказна, кој има некој шарм кој ќе ве освои. Магијата на мешето . Би го препорачала на сите идни мајки на форумот, на мешињата . И на Сноу (да не ја заборавам ).
Тhink like a men Стварно добар филм ,на крајот и ме расплака.Кратка содржина еве од тука ке дознаете http://www.imdb.com/title/tt1621045/ 10/10
My life without me Приказна со тажен крај. Но мене ми се допадна многу. http://www.imdb.com/title/tt0314412/
The Lucky ONE!! Вредеше филмот само за Зек Афрон да го гледам, уфффф каков е значи не ми се верува кое мажиште.. Предобра глума, поубаво не можел да одглуми.. Инаку добра замисла, само сметам дека можело и подобро. Сите филмови на николас спаркс ме расплакале, деар џон, нотебук итн само овој не.. онака имаше убави моменти, ама не беше нешто нај нај.. како и да е ако вреди да се погледне Оценка 7/10
Angel Eyes И тоа по втор пат. Според мене оценката на ИМДБ е премногу слаба за толку добар филм. Препорачувам. 8/10 http://www.imdb.com/title/tt0225071/