Pичард Гир е извонреден во оваа улога на познат адвокат кој застапува еден млад дечко кој е обвинет за убиство на свештеник. Предобар филм. 10/10
The Dictator Херојската приказна на диктаторот на Валидија- Хафез Аладиин, кој го ризикува својот живот за својата земја да не постане демократска. Одамна планирав да го гледам и конечно се наканив да го изгледам. Единственото нешто што ми се допадна во филмов беше песнава (појака ми е од оригиналот ) LaLaLaLaLa GJDHGJDKLLSKKNK........Aladeen Madafaka http://www.youtube.com/watch?v=Dg2DHRAqWy0 и сценава во хеликоптерот http://www.youtube.com/watch?v=MFCEBWkLwqc За се останато, немам коментари. Моја оцена 4/10
Vanilla Sky Во средно се обидов да го гледам филмот, но не го догледав. Ми беше комплициран, неповрзан и несфатлив. Кога пораснав , тотално заборавив на филмот, и немав ни намера да го изгледам. Случајно вечерва го фатив на Канал 5 и конечно го изгледав. И ми се допадна, и го сфатив . Само крајот ми беше малце без врска. Том Круз како и секогаш е одличен. Но се чудам каде се крие онаа исфорсирана убавина на Пенелопе Круз . На мене ми е грда. Или овде ми се виде таква. The Italian Job Го почнав, ама не го догледав. Ми падна концетрацијата, се мачев да го гледам, па затоа и го прекинав. Не знам дали е добар, од она што го видов ми изгледаше просечен.
Хеј, ај ем класи енд фебулс Ги изгледав сите три филма за животот на Коко Шанел и повелеле рецензија Coco Chanel (200 Изборот на глумци не ми се допадна, тоа што не зборат француски уште повеќе. Шанел на англиски, пфф. Добро старата Шанел не беше толку лоша, но Шанел во младоста ама ич не ми се допадна, актерката е благ ужас. Приказната е долга и ја одоговлекуваа многу. Но затоа многу информации за животот на Шанел, а пред се одлични цитати. Но сето тоа ми е некако лошо склопено, не ме бендиса баш филмов, има големи утки некако некако многу нафрлено без духот на Шанел. Coco Chanel & Igor Stravinsky (2009) Не знаев дека Коко имала уште една љубов, руски композитор, али искрено приказнава е премногу бледа за да има и филм за неа. Што знам ништо не ме воодушеви речиси. Филмов трае 2 часа а има толку празен простор без дијалози, можеби пола филм се само слики без текст. Изборот на актерската екипа ништо посебно не. Не го препорачувам филмов. Досаден е многу. Coco Before Chanel (2009) Филмов има преубави постери, не знам кој од кој е поубав Значи Audrey Tautou е жива перфекција, толку харизматична и сексуљава да според мене беше најдобра Коко од сите без никаква конкуренција. Aли Alessandro Nivola во улогата на љубовникот на Коко е тука паднав на газ Одлична сторија за животот на Шанел пред нејзиното прославување и основање на компанијата. Коко во сиропатилиште, без скршен денар, како певаљка, како робинка што би рекол нејзиниот љубовник, но секогаш и секаде со креативен ум. Нејзината уникатност уште од младите денови ме фасцинираше. Најдобриот филм за Коко Шанел, трае најкратно но исполнет филм. Од триве филма единствено овој го препорачувам за гледање, филм кој би им се допаднал на сите креативни и самостојни жени. А ќе и се воодушевувате на Едри Таутоу, а и ќе ја сакате Коко, не зашто била модерна, зашто е уникатна и оригинална посебно во времето кога ја основала компанијата 9/10
Ако сакаш online http://www.filmovizija.com/strani-film/ ... 363c8.html Ако сакаш да го спуштиш http://kat.ph/usearch/ted/
The Duchess Преубав филм, посебно дека обожавам филмови од тоа време Базиран е на вистинска приказна 9/10 Spoiler само дека мислев дека ќе има поинаков крај
The odd life of Timothy Green Убаво филмче, убава приказна ... за да се релаксирате и разнежните.8/10
Detachment (2011) Сурова, потресна и емоционална драма, за професор (Едриен Броди) кој работи исклучиво како замена, низ различни средни училишта. Со неговото доаѓање во едно посебно дисфункционално училиште, се откриваат сегменти од неговиот живот, но и животот на неговите ученици и колеги. Многу сурово, многу потресно, да се наежи човек. Драма во вистинска смисла на зборот, со извонредно сценарио и приказна. Единствено малку камерата ме нервираше во одредени сцени и кадри. Инаку филмот е чиста перфекција. Ќе се остави замислени уште долго. Филм којшто ѕирка во деловите кои се скапани и гнили во општествената свест. 9/10
Fortress of War (2010) Brestskaya krepost (original title) http://images.kino.de/flbilder/max11/au ... 40x600.jpg Прекрасен историски филм, еден меѓу најдобрите што сум ги гледала. Се работи за нападот-план Барбароса. И покрај склучениот договор за ненапаѓање помеѓу Третиот Рајх и СССР во 1939, Германија го прекршува договорот и го напаѓа советскиот сојуз, кој неподготвен и покрај некои индиции кои ги имале за нападот, но не сакајќи да го ризикуваат "мирот" со Германија,тие дојави не ги сметале сериозни. Преку Полска, првиот напад на СССР бил токму на Брестовската тврдина во предградие на градот Брест во Белорусија, и тоа на 23 јуни 1941. Нападот траел до 23 јули 1941, кога конечно била освоена тврдината од германците и бил отворен Источниот фронт на кој се воделе најдеструктивните и најбрутални битки во ВСВ. Најголемиот впечаток го остава руската војска, која водена од својот патриотизам ја бранi тврдината се до своја смрт.
The Bourne Legacy Одличен филм, мислев дека само го замениле Matt Damon како Jason Bourne со нов глумец ама ме изненади како вешто ја продолжија приказната со сосема нов главен јунак Alan Cross, си направија платформа за нови продолженија. Инаку стандардно за Bourne филмовите, Циа и нивните валкани работи, акција и главен јунак кој го спасува денот и секако убавата девојка 7/10 :up: The odd life of Timothy Green Добар семеен филм, го гледав со внук ми, само мене лично ваков тип на филмови ми се досадни, лигави just not my cup of tea 5/10
What to Expect When You're Expecting Мене искрено, ми беше крајно предвидлив. Немаше некои интересни случки што ке го размрдаат, во принцип лош хумор... Не знам, не ми се допадна. Можеби зошто не сум по бебињата и не ме интересира тоа. Верувам дека некоја новопечена мама или мама на пат ќе и се допадне многу повеќе. Ама за мене, не е. Од мене 4/10
Alfie Женкар кој постојано ги менува жените како чорапи. Може да биде со 10 истовремено но со ниту една не се обврзува. Но откако ќе се случи еден пресврт во неговиот живот тој ќе се подзамисли малку. Ќе размисли се што им правел на жените со кои бил. Кај неколку ќе сака да се наврати, но тое го одбиваат сфаќајќи каков е. Филм за убивање досада.
Ramona and Beezus Ептен интересно филмче се изнасмеав со ова малото комедии е целото, па и многу е паметно си реков некој глуп е ќе тепам време за џабе, ама не, вкрај ме бендиса. А и по малце смешен е, Малото е преслатко, само бељи ќе прај Селена ми е баш симпатична Препорачувам 10/10
Е е двете работи што сакав да ги спомнам. Значи најпрво преводот, лелеле човече како можеа Баби да ја преведат Грендмадр, како А второ, точно, каде каде беше подобар првиот дел. Вториов дел ми беше само исчекување. Ајде ајде ајде бе сретни ја Баби, ајде. И знаеш дека ќе се исполапаат и издрапаат и то е то. А првиот дел го гледав како напалена тинејџерка, осмолетка Вториов ми беше некако многу под очекувањата. Лелеле а новава цура на Аче, ааааууу добро бе како ги бираат актеркиве? Најгрдата? Толку лоши црти од нос, уста, заби, ма све. И крајот не ме бендиса, не ме остави во исчекување некако многу. Додуше сељанкава ќе се мажи, ама глупача. Значи како опишувам И ту мач секс бре некако, а детски е филмов, добро тинејџерски, да не испадне сега цртан дека сме гледале. Дури и сексот смешен ми беше некако ко да не е добар љубавник Ачи, многу набрзински Па и секс и дрога и бремености, се вметнаа лошо од младинава. Па и силување. Ах да и ми се свиѓаше кожњакот на новата цурка на Ачи. Е така. Ајде трет дел сеа. Абе шпанска сапуница ќе испадне ова, ќе видите!
Win a Date with Tad Hamilton! Интересен филм , а и препорака за оние девојки кој имат блиски машки пријатели да го погледнат да знаат дали некој од нивните другари се заљубени во нив .Па таа е содржината они се другари ама машкото ја сака уште од почеток и е љубоморен на секој кој ќе и се приближи.Таа е инпресионирана од ѕвездата Тед и ја освојува наградната игра да оди на состанок со него.Е тогаш работите се менат а како погледнете вие.
И зажалив. Мразам филмови со тажни краеви !!! Убав,не велам не.Но крајот ме уби... Не мораше толку сурово да ја прикажат несреќата...Испаѓа као демек 20 год се сакате и на крај сурово ќе те прегази цистерна...Крш.