The Notebook Мислам дека сум една од ретките кои не го гледале филмот. И дојде редот и за Тетратката . Јас така си го викам . Очекував да плачам, ама јок. Не ме ни трогна филмот. Љубовна прича, за богата девојка и сиромашен дечко. Како љубовта е вечна и силна. Ај ноу дет. Приказниве на Спаркс ми се како модерни бајки со хепи енд. Сите ко шаблон. Филмот немаше тажен крај. Напротив, се сакаа, си се најдоа и остареа заедно. Впрочем тоа е целта на една голема љубов како што беше ова. Филмот не беше лош, напротив, одличен. Глумата, истотака. Рајан и Рејчел се пар од соништата. Но приказната како приказна не ме вооудушеви. А карактерот на Ноа на моменти ми идеше на нерви. Не сакам такви мажи. Не се мој тип. Јас сум ти бед бојс фан . Може и затоа не ми легна приказнава. На имбд, филмот има солидна оценка како за романса. Земајќи ги во предвид актерите, глумата, би се согласила за 7.
Од филмов бидејчи е со Адам очекував некоја урнебесна комедија, ама од комедија немаше ни К. Предосаден филм, незнам ни како воопшто го догледав. Нема никакво дејствие во филмов, а и приказната =0. Не си го трошете времето на филмов. 1/10
Man on a ledge Интересен филм кој ми го држеше вниманието до последната минута. Многу добро осмислена тактика како да се докаже дека си невин. Преку филмот се покажа и всушност реалноста која се одвива во полицијата. Секој гледа да спаси своја глава, а твојата како да ја предаде. Семејството кое и покрај се му веруваше на човекот на ивицата, и во ниеден момент не го оставија сам, туку му помогнаа да се докаже неговата невиност.
Prometheus (I) (2012) Тим од истражувачи заминуваат со бродот Прометеус на една далечна планета, за која веруваат дека е местото на зачеток на човековиот род. Додека се соочуваат со новите откритија, сфаќаат дека се што е на таа планета не е благонаклонето кон нив, ниту кон целиот човечки род. Приказната сама по себе, има доста уникатни идеи и не е досадна. Филмот има добри ефекти, глумците се одлични, и мислам дека љубителите на ваков вид филмови ќе уживаат. Јас сум гадлива по природа, и смешни ми се сите тие сци-фи чуда и уште од старт ваквите филмови не поминуваат кај мене.
The Karate Kid 5 Слична приказна како и во претходните делови, искрено очекував дека ќе биде нешто поинакво, сепак добро филмче за губење време. 8/10
What to expect when you`re expecting Spoiler Интересно филмче.Ја следи приказната на неколку жени и девојки кои треба да станат мајки. И си се насмеав и се плачев малце 8/10 Primal fear Spoiler Ретко добро филмче со непредвидил крај.Крими-драма-мистерија. 9/10
Safe Го гледав само заради Jason Statham. Да не беше он во главна улога, веројатно немаше ни да го догледам. Премногу ми беше во Брус Ли стајл. Многу тепање, пукање, колење, убивање... Американци, Кинези и Руси во еден филм. Џејсон има далеку подобри филмови, не знам зошто се нафатил за оваа улога.
Revolutionary road Титаник беше дефинитивно поварлив филм, овој е доста тежок и цел филм е исполнет со некоја тежина. Целото дејствие е такво, а како што Винслент и ДиКаприо се одлични актери, маестрално го прикажуваат тоа преку нивната глума. Љубителите на драми поготово мислам оти ќе го обожаваат. 7/10 The time traveler`s wife Уште една љубовна драма, оваа не толку тешка сепак. Ерик Бана и Рејчел МекАдамс се одлични ко пар, глумат уште подобро, нема дилема околу тоа. Интересна приказна каква што мислам оти не е прикажана досега, и тоа на многу добар начин. 9/10
Heartbreakers Го даваа филмов на алфа вечерва, не е лоша приказната, само многу е лошо одглумена улогата од страна на Jennifer Love Hewitt, да била некоја друга актерка на нејзино место би можел да изгледа подобро филмов. Сепак ако не се гледа глумењето можам да кажам дека е добар филмов и дека има интересна приказна
The break-up афф добро филмче се раскажува за раскинувањето на еден пар јас искрено се надевав дека ќе се смират но не.Инаку сум се изнаплакала на овој филм и уште еднаш ќе кажам не ми се допадна крајот http://www.youtube.com/watch?v=15hw8D9w4s8
Seeking a Friend for the End of the World Comedy | Drama | Romance http://www.imdb.com/title/tt1307068/ Голем астероид се доближува до земјата и ке ја уништи за три недели. Луѓето се свесни дека сите ке умрат и се обидуваат да го поминат преостанатото време дури постои планетата, секој на свој начин. Филмчево те става на мисла околу сопствените приоритети.... Вреди да се погледне.
Навистина мразам вакви филмови коишто цела смисла е на крајот. За мене се досадни. Боринг,Боринг............ Одвај бе изглеав пола саат од филмов! А за тие што сакаат таков жанр(трилер) мора да го изгледаат, интересен бил 1- / 10
Premium Rush Интересна акција, не е нешто wow ама не е ни лош филмот, 90 мин акција по улиците на New York. Се работи за бестрашен курир на точак, кој низ густиот сообраќај вози точак со фиксна брзина и без кочници, го брка по New York прљав полицајец кој сака да дојде до пратката која треба да ја испорача курирот. Joseph Gordon Levitt need I say more 8/10 :up:
What To Expect When You're Expecting Trailer -Добро филмче ми се допадна ,ви го препорачувам да го погледнете 8/10 http://www.youtube.com/watch?v=JQTetUGvKWk
6 Bullets Еден акционен трилер кој многу потсетува на Taken. Дејствието е во Молдавија. Значи таа е приказната киднапирање на млада наивна девојка и што ќе се случи потоа... Доста акција, многу пресврти, неочекувани моменти, одлична екипа на глумци предводена од Жан Клод Ван Дам. Мене ми е класа под Taken, ама не е филм кој не е интересен, напротив го препорачувам за сите оние кои сакаат ваков вид филмчиња, акции со милион пресврти али очекуван крај Ах да и вмешаност на сите државни органи, да ти стане одвратно во какви држави живееме. 7/10
What to Expect When You're Expecting Моментот кога филмот е премногу филмски. Нереален, лигав и патетичен на моменти. Сепак, не толку лош за убивање едно досадно неделно попладне. Многу ѕвезди собрани на едно место, солидна глума и млаки емоции. 5/10 Lola Versus Симпатичен, интересен и забавен филм. Ниту премногу солиден, ниту под просекот. Ги прикажува дејствијата и постапките на 29 годишната Лола, откако нејзиниот вереник ќе ја остави пред свадбата. Нејзината збунетост и налудничавост е просто шармантна. Девојката не е преубава, ама има силно присуство и некаков чукнат шарм. Релаксирачки филм, кој изобилува со убави песни и позитивна атмосфера. 6/10
The Blue Lagoon (1980) Малата Емелин и Ричард го преживуваат бродоломот што го зафаќа бродот во кој патуваат. Спасувајќи се заедно морнарот Педи стигнуваат до еден напуштен остров. Учат како да живеат одделени од цивилизацијата, преживувајќи од ден за ден. Далеку од опасноста, подоцна меѓу нив се раѓа љубов, а како плод на таа љубов Емелин го раѓа нивното дете.. 6.5/10 Трето полувреме (2012) Ребека е девојка од богато еврејско семејство. Коста е само еден млад и надежен фудбалер. Околината не ја одобрува нивната љубов и притисокот станува се поголем и поголем, но тие сепак решаваат да останат заедно. И кога едните тонат во бездна, другите се искачуваат кон врвот. Таткото на Ребека е затворен со останатите еврејски семејства, кога ја прима веста дека нековата ќерка е бремена. За тоа време „Македонија“ влегува во финалскиот дуел за пехарот. Приказна базирана врз вистински настани, според еврејката Нета која го напуштила своето семејство за фубалер за време на холокаустот, но сепак со преселбата во Америка успеала да ја прошири лозата на семејството. Приказна која не учи на вистинските идеали во животот. Дарко одлично си ја сработил работата. 10/10
Pretty Woman Филм кој веројатно е гледан од повеќето. Еден човек случајно се запознава со проститутка која му помага да стигне во хотелот каде престојува па и понудува да го придружува до крајот на престојот. И да, претпоставувате меѓу нив се раѓа љубов... Би дала 6/10 - Задржува внимание, има добра актерска екипа но премногу ми е нереална случката...