Сеќавањата на Ана Франк. Се потресов. Тажна приказна за еврејско семејство за време на Втората Светска Војна и Холокаустот. Ана и нејзиното семејство ги водат во најстрашниот логор Аушвиц. Прикажан е животот на евреите во тој логор.
Pretty Woman http://www.imdb.com/title/tt0100405/ Бајковит, нереален, филмов е само за да те стави во депресија.Како можеше една проститука да си најде милионер а јас не можам, е тоа ќе ти остане во мозок. Мислам класика, нема кој не го гледал, а посебен шмек му даваат и 90тите, ама ако сте во депресија не го гледајте, ќе ве стави во поголема.
Marie Antoinette Уште едно филмче за минативе владетелки, убаво филмче, на моменти стануваше монотоно, но добро е. После филмов отворив на Википедиа да ја прочитам убаво историјата на кралицава и ми се дополни сликата 7/10
Magic Mike Го гледав само ради разголените мажи, ама и нив ги немаше доволно. Приказната ми беше ептен глупава, а девојката која ја покрена целата промена, чудо едно, само со молчење успеа (незнам дали ги мрзело да напишат некој дијалог за неа) Bachelorette Премн. дрога како за еден женски филм за моминска вечер, премногу машки изрази и пцовки од образовани жени. Стандард причата, некој ќе ја зае*е работата па цел филм се обидуваат да ја оправат. Flypaper Солиден филм, некои веќе видени смешки, добри ликови, заплет, загатки... Во секој случај нема штета да се погледне. Патрик Демпси е ептен сладок и напорен, крајот предвидлив.
Brave Мередит е млада девојка чии родители сакаат да стане достоинствена принцеза и да се омажи за некој од синовите од останатите три кралства/племиња/заборавившто. Девојката се опира и сака сама да одлучува за својата иднина па со цел да ги одврати родителите од таа намера на мајка и и подметнува "волшебно" колаче која ќе ја претвори во... друга.. Класична дизни приказна, супер реализирана. Ликовите се многу симпатични и има фина доза на хумор. Мене стварно ми се допадна. Сериозно како да им одолееш на ѓалолчињава Spoiler Prometheus Тим истражувачи во време далеку од денес изведуваат истражувања низ универзумот каде ќе најдат остатоци од некој друг "живот" кој подоцна ќе откријат е причината поради која се појавил човечкиот род... Не е лош филмов иако не ми беше нешто нај нај пошто не сум љубител на научна фантастика. Не е залудно потрошено време плус има згоден глумец Spoiler oh honey...
До каде оди падот на исфрустрираноста, жална вистина. Штотуку разведена слабопродуктивна писателка се враќа во родното место да го освојува бившиот, сега среќно оженет човек. Шарлиз Терон МАЕСТРАЛНО ја има донесено улогава. http://www.imdb.com/title/tt1625346/
Tiny Furniture Comedy | Drama Повеке драма отколку комедија за девојка која се враќа дома во Њујорк откако ке дипломира. На некој свој начин се обидува да се осамостои. Мене лично ми се допадна филмчево бидејки го обожавам стилот на Лена Данхам. Според темата, мислам дека идејата за серијата Girls (http://www.imdb.com/title/tt1723816/) произлегува од тука. Инаку мајката и сестрата во филмот и се мајка и сестра навистина.
Уф, еден куп филмови изгледав викендов ама еден по еден ќе ги кажувам За филмов чиста 10ка. Приказна за две сестри кои немаат ништо заедничко освен исти број на чевли. Меги ( Камерон Дијаз) се менува комплетно откако ќе отиде во посета на баба си која ја нема видено 20 години. Најубавиот филм кој го имам гледано Интересен филм , се работи за ќерката на претседателот на Америка која сака да живее подалеку од очите на јавноста и да биде како сите останати тинејџери, романтично филмче, но мене не ми остави кој знае каков впечаток Филмов сигурно повеќето го имате гледано, оние кои го немаат обавезно да го гледаат, преубав е, може да се извлечат некои поуки од него и пред се доста е смешен
The number 23 Spoiler Интересна приказна, ме заинтригира и ни на момент не помислив да го прекинам. Мистерија, возбуливост со мииинимални делови на хорор :up:
Spoiler Обожавам вакви филмови но на некои моменти ми беше и досаден ..Се работи за Војвотката Џорџија , нејзинот брак , живот и афера ...Одличен филм ... Се изгазив од смеење од филмов.. Нема индиски филм без играње и пеење ама овде претерале и со ефекти , успорени моменти , научна фантастика движења ...ама барем убава приказна се провлекува и има убав крај Колку го најавува , мислев дека ќе биде којзнае што ...Како и сите други филмови , каде има многу познати и не е баш многу интересен ..Онака колку да ви помине некоја досадна , врнежлива недела ..
Fluke По којзнае кој пат го фатив на телевизија. Топла приказна за кучето Флук кое се присетува дека во минатиот живот бил успешниот бизнисмен Томас. Го пронаоѓа своето семејство и сака да го казни човекот кој му бил пријател а мисли дека е виновен за неговата несреќа... Препорачувам. Едноставно не можеш а да не се убиеш од плачење на филмот . The Cabin in the Woods Не знам зошто уопште си губам време на ваков тип хорори. Како и секогаш шаблон врз шаблон. Нема ама баш ништо страшно или непредвидливо во филмот. Глуп филм, не би го гледала пак.
Lawless Филмот е базиран на вистинска приказна за браќата Бондурант, кои за време на прохибицијата се бавеле со производство и продажба на moonshine. Дејствието е сместено некаде бога иза леџа, Вирџинија и го опишува судирот меѓу браќата и корумпиран полицаец, не може да помине ваков филм, во вакво време без гангстери и заокружена е приказната. Tom Hardy во улогата на најстариот брат Форест за кого се верува дека е неуништив е најдоброто од целиот филм, цела улога му е body language, човек од малку зборови ама секој кажан вреди пари. Guy Pearce во улогата на корумпираниот садистички полицаец ми е најнов омилен негативец, фризурата му нешто нај creepy што сум видела Shia LaBeouf не е ни толку приметлив покрај другите одлични глумци, не е лош ама не е ни нешто посебно. Филмот е брутален, насилен ама и такво било времето тогаш, одлична приказна која те тера да бидеш на страна на одметниците. Само не можам да сфатам зошто е филмот ставен во вестерни, за мене вестерн е каубои и индијанци, не гангстери, полиција и одметници 8/10 :up: :up:
Синоќа гледав еден филм по препорака на другарка и луѓе ФИлмот е лудница... преубав филм, многу емоции, смеење, плачење.. ех што сме спремни да направиме за љубов... мора да го гледате Кites (ЗМАЕВИ) Му нема рамен
Prometheus Приказна за група научници кои ја бараат смислата на постоењето, го бараат создателот и одговор на вечното прашање со која цел сме на земјата. Богаташ кој се плаши од смртта ја плаќа мисијата што ќе го одведе до планетата на која, наводно, живее создателот, за да стане бесмртен. Арно ама... кој ги создал луѓето, сака и да ги уништи. Филмот имаше добар почеток, идејата ми се допадна. Ама отишле во погрешен правец и наместо да направат одличен sci-fi филм, направиле некој квази хорор од Ш класа, со приказна од типот на Alien и слични. Од мене 1/5, ма се мислев и дали да му ја оставам единицата да не му е многу. Собрале еден куп славни актери за кои, искрено, немам поим што виделе во сценариово. И гарантирано ќе има продолжение. Кога и како, не ме интересира, затоа што не планирам да го гледам, ако го има.
Colombiana Откако на едно мало девојче по име Каталеја, ќе и бидат убиени родителите, таа оди да живее со нејзиниот чичко и станува сериски убиец кои ги убива сите што им направиле лошо на нејзините родители. Во меѓувреме средува и работи на нејзиниот чичко, кој не ја поддржува во нејзината мисија, бидејќи таа остава траг на жртвите. Исто така, има дечко, боље речено пријател за секс, кој некако ќе и ги збрчка работите. Одлична приказна, волку добар филм не памтам кога последен пат сум гледала. Го пуштив во 2 утрото, си мислев дека е досадна приказна и дека ќе заспијам брзо. Но не бев во право, со ширум отворени очи и забрзано дишење, силно биење на срцето, сум го следела секој нејзин чекор, секоја нејзина постапка. Зашто, како, што. Омилен тип на филм ми е, со главна улога женска - badass. Се испланирано, до секоја ситница - браво за режисерите и сите вклучени во филмов. Глумицата е погодок, каков поглед има само. Совршена за вакви улоги. 10/10