Филм за тоа како грдото пајче станува убавица, најпосакуваниот дечко во школото се заљубува во неа Интересен и смешен во секој случај. Препорачувам :up: Филмов навидум делуваше мошне интересен али не било така има занимлива приказна ама многу ја имаат развлечено и затоа станува досаден. Се работи за двајца вереници кои заминуваат да живеат во Мичиген поради тоа што еден од нив наоѓа таму работа , и тука почнуваат нивните проблеми.. Се изнасмеав на филмов Пре, пре убав, а и зачинет со малце еротика
Taken Spoiler Сто и една препорака добив за филмов и конечно се решив да го гледам. Богами вредеше. Поучен е и интересен. Незаменлив е делот кога девојчето по телефон му пренесува на татко си дека има киндапери во станот и се крие под кревет, потресно богами..се наежив.
We Bought a Zoo Фантастичен филм, за еден маж со две деца кому сопругата му починала, вистинска семејна драма. Синот е малку проблематичен, ќерката е злато. По смртта на мајката купуваат куќа надвор од градот која покрај се има и зоолошка во својата околина. Сето семејно наследство го троши на зоолошката а кога ќе снема пари одеднаш пронаоѓа документи со наследство од жена му вредно неколку десетици илјади долари, тие пари ќе бидат доволни за да ја доврши зоолошката и да започне со работа. Во меѓувреме во него се заљубува млада девојка која раководи со зоолошката, а и тој има чувства за неа. Филм кој би го препорачала секако
The beauty and the briefcase Па фино филмче. Сосема спонтано дојде да го гледам, ниту имав гледано трајлер ниту пак знаев за што се работи. Типична романтична комедија со хепи енд. За пополнување време е супер. Не беше до толку не реална, си имаше моменти но си ја носеше пораката дека љубовта ни е пред носот ама не ја гледаме. 6/10
6,5/10 Cе работи за една девојка, откако татко и ќе почине, се враќа да живее во таа куќа, ама нивната населба е тероризирана од еден психипат, и тој ќе и го мавне пикот,ќе ја следи секаде, па ќе си играат маче-глувче E ова веќе е филм, јас му давам 9/10. бугарски е, јас си разбирам бугарски, иако има и англиски превод се работи за социјалните мрежи, нивното влијание врз нас, барање на сексуални партнери, представување во спротивно светло од тоа што реално сме, колку фамилијарните проблеми може да влијаат на малолетниците да се соблакаат и да тураат такви слики, 3а бракови без хемија... итн итн.. Mене многу ми се допадна филмчето, навистина е поучно, од мене има препорака
Dark Shadows Се заљубив во филмот! Од музиката до актерите, се ми беше погодено. И јас си навивав за Анжелик оп стоп. Даркесто измешано со фина комедија, ммм најс.
Тинејџерски филм за девојка од Њујорк која заедно со мајка и се преселува во Њу Џерси каде што мора да се покаже и докаже пред новите соученици во училиштето. Преубав и пре смешен филм Брачен пар на три годишнината од бракот решаваат дека е време да имаат бебе, но тоа не им успева, проблемот го пронаоѓаат кај мажот. Единствената можност ја гледаат во донор, но тука настанува пресвртница, мажот признава дека давал сперма во банка за сперма за да и купи веренички прстен и решава да оди и да си побара назад доколку нешто останало, но таму не го даваат единствениот останат примерок, па тогаш се решава на кражба. Организирањето на кражбата само по себе носи многу смешни и возбудливи моменти Вреди да се погледне филмов, навистина вреди
Red Lights Интересен филм. Станува збор за двајца доктори/научници кои ја истражуваат паранормалната појава, како и луѓето кои се обидуваат да докажат дека истите појави постојат. Скептици за кои не постои вакво нешто. Мене ми се секогаш интересни приказните со одмотување на загатки, решавање необјасниви случки. Крајот можеби неочекуван. Ми се допадна ептен глумата на Cillian Murphy, му одговараат вакви улоги. The Odd Life of Timothy Green Мислам дека во погрешно време го гледав филмов, не ми ги поттикна чувствата кои очекував дека ќе се појават. Во секој случај е топол филм за желбата да се створи семејство, за замислите што ги имаме како ние би постапувале со своите деца, па сето тоа во реалноста ни се одбива со секој потег. Убав филм The Inbetweeners Касно видов дека имало серија пред филмов, нејзе ќе ја гледав. 4ца другари одат на одмор да се испијанчат и да легнат некоја цура. Приказна како типично американско филмче, ама штом е Британско некако веднаш поинаку изгледа. Ми се допаднаа ликовите, имаше смешни моменти, не ми се допаднаа некои стварно гадни сцени. Ми се допадна тоа што немаше момент на просветлување, па да собере некој храброст да истепа некој или да одржи некој говор што сите ќе ги смени. Го препорачувам, штом останав будна за да го догледам
Baby's day out! Go imam gledano milion pati porano, ama pred nekoj den ne znam od kaj mi tekna i si go pustiv pak Booooobooooooooo
Crazy Stupid Love Се работи за еден маж, чија што жена ќе побара развод од него, па тој целиот скршен и бесен оди во еден бар и сите ги замара со својата приказна. Во тој бар ќе го запознае Џејков, еден згоден тип, кој ќе се нафати да му помогне да си ја врати машкоста. Му дава совети од различни области, облека, однесување - што сакаат жените што не. А овој Џејкоб е женкар, кој ќе се заљуби во ќерката за Кал, разведениов, арно ама ни двајцата незнаат што е како е. Ми се допаѓа овој тип на приказна, не ми омилен, но ми го задржува вниманието. Ема Стоун глуми тука, не ја поднесувам. Многу антипатична глумица, ми се повраќа како глуми и како зборува. Рајан е прекрасен, ептен секси, многу повеќе ми се допаѓа во вакви приказни отколку како "The Notebook". Исто глуми тука Julianne Moore, ја имам гледано во многу филмов, многу ми е секси, одлично искажува чувства. Од мене 7/10, му кратам од 10 само заради Ема.
Ratatouille (2007) Прекрасно филмче. Го гледав без да трепнам,едноставно не го чувствувате поминатото време. Го препорачувам! 10-10
Not bad. Ок. Ричард Гир како секогаш добро вклопен во улогата на милионер. 7/10 Се случува сообраќајка, но поради поинакви околности Гир кој е богат и угледен човек ќе направи се само за да избегне кривица и го заташка случајот. Дали ќе успее гледајте го филмов. Психолошки трилер и ми се допадна. Затоа што имаше интересен пресврт. Слободно погледнете го. 8/10
The Descent 2005- Horror, Adventure Филмов ме остави без зборови. Предобар хорор, еден од најдобрите кои што сум ги гледала. Им го препорачувам на сите љубители на хорори, ептен ќе им се допадне. 8/10 http://www.imdb.com/title/tt0435625/
The hunger games Ај, конечно и јас да го изгледам филмов. Од трејлерот кога го видов, мораше да се гледа, ми се виде многу интересен. Прилично добар филм. Оваа Џенифер Лоренс ја сметаат за една од најнадежните млади ѕвезди во Холивуд и тоа со право, одлична ми беше во улогава. Иако ја имав видено ко плавуша, ја познав, не знаев дека таа глуми, али сепак, ко плавуша ми е далеку поубава отколку во филмов. И другиве актери добро си ја завршиле работата. Костимите и шминката ми беа малку крипи, али се за да биде интересен филмов. Приказната исто добра, го задржува вниманието, иако трае 2 саати и 20 минути дури. Една работа што не ме бендиса е крајот. Значи го направија само 5 секунди и ајде, готово. Еј, во 2 ипол саати, ти да вметнеш толку сцени и тегнење, се да објаснуваш, за на крај, ко сечена лента да излезе. Може луѓето планираат втор дел, нека има, супер, али немој така да го сечнуваш филмот, не ни видов кога заврши. 8/10
Иако читав негативни критики за филмов низ форумов сепак решив да го погледам и не згрешив Мене ми се допадна филмчево, баш онака за опуштање Девојка која има сон да стане позната се приближува кон славата. Повикана е на аудиција во Њујорк, но тогаш сфаќа дека таа аудиција не била всушност за нејзе туку за нејзиното кученце, и тука почнува да се расплетува приказната
Good Dick Добро запамтете го филмов и НИКОГАШ немојте да сте се излажале да го гледате. ПОТАПА ни Алфи не е !!!