Megan Is Missing Не го очекував филмов ваков. Се испотресов. Сепак поучен за сите млади девојчиња. http://www.imdb.com/title/tt1087461/
Marley and me- не знам како сум го пропуштила филмов до сега! За срамота, како не сум го гледала... Одличен филм, одлична приказна, и многу добра глума одстрананаОвен Вилсон и Џенифер Анистон. Ептен ми се допадна. Го препорачувам
Detachment Многу реална и потресна драма. Не очекував ваква драма, сосема поинаку го замислував филмов, отиде во сосема друга насока. Ќе ве потресе сите, какви различни професори постојат, во какви чудовишта се претвораат учениците на 21век со сите нивни права кои реално не уништуваат. Колку е тешко да се социјализираш и да бидеш прифатен од соучениците единствено ако си поинаков. Колку талентот не е почитуван од родителите. Колку малку е потребно за да се скршне по лошите патишта. Тажен филм. Помалку и депресивен, ама совршен за суровата вистина. Адриен Броди совршен е за улогава, фина актерска екипа. 8/10 Rango Најак дел од филмот е што Џони Деп е Ранго и што го обожавам неговиот говор. Иначе прилично досаден цртан којшто предолго трае. Фини ефекти за цртан, интересни моменти ама не дека не, Ранго е супер лик, ама не ми е на рамниште на Ice Age, Madagaskar, Shrek. Така да искрено јас не го препорачувам, ништо посебно не е. 5/10 Dear John Добро мислам што друго да очекуваме на база на книга на Николас Спаркс. Романтично филмче, интересно, но тро досадничко на моменти. Е сега завршетокот ќе го пофалам, не е завршеток со класичен среќен крај, среќен е, ама не за двајцата кои се љубеа. Интересна е книгата, во која Џон е лик каде секогаш гледа за доброто на другите, па така за кариерата и за љубовта кон државата ја ризикуваше а потоа и ја изгуби љубовта, а откако ја изгуби направи добро дело за таа да е среќна. Бла бла просечно, јас очекував многу повеќе од причина што филмов го симна тогашен Аватар од прво место на најгледни филмови во Америка. Абе за со дечко, со пуканки фино е да се изгледа, ама не дека нема поубави љубовни драми 7/10
The Duchess Искрено, онака. Си има приказна филмот, не викам не, ама имам чувство дека пола од филмовите од овој период ја имаат истата тематика. Она се омажила со овој ама не го сака, ама има дете, е најде еден друг, ама овој првиов што не ја сака не ја дава ради свое машко его. Малце ми се досадни. Плус, јас Кира Најтли јас сметам за достоен женски примерок (иако си има анорексични моменти) ама тука многу ми беше ружна. Шапките беа интересни, ама тоа косата сакав да и ја подместам цело време. Не би го гледала пак. 2/10 The bucket list Предобар. Се смеев, голтав солзи, се замислував. Одличен, одличен филм и цело време се прашувате што ќе се случи иако уште од почеток е јасно (или не??) Ми се допаѓа изборот на глумци, и на Џек Николсон и Морган Фримен им требаше вакво нешто. Одговараат за улогите од секој аспект. И се изгазив од смеење кога го видов Џек од Вил и Грејс (појма немам како се вика глумецот). Препорачувам за секоја пригода. 10/10
Big Miracle Не знам дали некој го има гледано и постирано во темата, не ја читав многу летово. Ми се допадна филмчето, малку типично американски направено, ама океј, се јадеше. За сите љубители на животни и гринпис фанови... Три кита се ,,блокирани,, под мраз во северна Алјаска и не можат да пребегаат кон топлите води на југ. Сега филмов е околу тоа како им помагаат на китовиве да избегаат од мразот, како прават дупки во мразот, па кој се се нафаќа да помогне, повеќе за да го има низ телевизиите и да добие висок рејтинг, отколку што е заинтересиран за китовите... Интересно за пополнување време. И одличен за деца, немаше вулгарни сцени и разговори. 7/10
Не очекував ни јас нешто вакво Ја прочитав твојата рецензија, и со сет памет седнав да го гледам сама дома Ај до втората половина од филмот сакав да го изгасам на неколку пати...досаден, глуп ....сеа ми жал што не го изгасив... Сакам само да ми се тргнат страшните фотографии кои ми останаа во глава
Интересен филм Филмот го гледав во кино . Значи на вакви филмчиња само јас знам да плачам Се работи за 5 девојки *мајки* Сите сакаат да добијат бебе , и секоја од нив има различна приказна Многгу многу интересен филм (барем за мене)
Intruders Обработува две паралелни стории за две фамилии - во Шпанија, мајката очајно се обидува да го заштити својот син од ,,човекот'' без лице (Hollow Face), а во Лондон 11 годишната Миа има застрашувачки соништа за демон (нешто во стилот на "Freddie Nightmare" dream monster), кој станува реална опсаност за неа и нејзината фамилија. Најдоброто нешто во филмот е тоа што ги содржи оние стравови кои се вообичеани кај децата - слушање сомнителни гласови, стравот од чудовиштето под креветот и секогаш кога ке погледнеа под кревет, точно знаев како се чувствуваат... Од режисерот на "28 Weeks Later"
Само еден збор-Unforgettable. Предобар филм, од ефекти, музика, глума. Ми се допаѓа се ама баш се. Одамна го немав гледано па се решив да се потсетам малку. Го препорачувам за сите љубители на акција, ако не го погледнале досега МОРА да го изгледаат.
The Grudge I, II, III (Most Disturbing Horror Film) Ќе ги пишам заедно оти приказната им е поврзана. Не оди да го гледаш Grudge I без Grudge II и обратно. Го гледавме друштво собрани, две вечери по ред. Првата вечер првите два дела, втората вечер третиот дел и искрено јас немав муда да ги гледам и јапонските верзии. Не дека беше нешто страшен туку приказната ми ја исилува психата. Да биде целата ситуација со силувањето уште полоша, по филмот кога си идев накај дома морав да минам низ албански гробишта. Она што ми се допадна беше тоа што содржината беше тешка за сфаќање. Актерите ми беа океј со исклучок на Sarah Michelle Gellar. Кога таа беше во сцената повеќе ме плашеше нејзиниот нос отколку Toshio. Ако сте расположени за добар хорор симнете го и никако не го гледајте сами! ★★★★★ Срцка.
Анимиран филм Ice Age првиот дел, и тоа не го догледав до крај, заспав! Што да кажам за филмов, анимиран филм за деца, го пуштив да го гледам за да ме заспие.
Moonrise Kingdom (2012) Хм. Незнам како да се изразам за филмов. Мислев нема да е толку интересен, но ме изненади. Се зборува за "љубовните птички" Сем и Сузи, две деца од 12 години кои се заљубуваат и ќе побегнат, со што сите почнуваат да ги бараат..ќе бидат најдени..за понатака гледајте и ќе дознаете што ќе се случи. Интересен филм, но доста језив...језив не во смисла на страшен, туку самата приказна..Ваков тип на филм досега немав гледано..ова беше нешто ново за мене...и не ја сфатив пораката од филмот. Вистинска љубов? Возраста не е важна за љубов? Искрено не сфатив. Ако некој ја сфати пораката на филмов, нека ми пише лп. Како и да е прилично ваква бев во текот на целиот филм - никаква емоција, но ми се деси нешто што ми се нема десено никогаш порано во било кој филм..а тоа е..се наежив неколку пати..ни сама незнам зошто но на некои моменти се наежив... Да резимирам. Интересен филм. Мноооооооогу чуден и мнооооооогу језив..бар за мене И гледам прв филм им е и на Сузи (Kara Hayward) и на Сем (Jared Gilman), па ајде со среќа нека им е актерската кариера добра работа направиле, добра глума, ми се чини ги чека голема кариера во филмската индустрија. И девојчето (Kara), иако во вистински живот има 14 години (во филмот 12) мене ми личи за мнооогу постара..незнам, можда само мене тоа, ама на некои слики дури и како 18-19 години, просто не ми се верува... а машкото си е ок за годините..се гледа дека е дете.. Препорачувам 10/10 слики Spoiler се гледа мушково - детенце, а она колку само постаро и позрело изгледа
Филмов е РЕМЕК ДЕЛО, еден од најдобрите што ги имам гледано. Spoiler Приказната е за младиот и надежен писател Вилијам Шекспир(Joseph Fiennes) кој едвај врзува крај со крај. Тогаш тој ја сретнува преубавата Виола Де Лерсус(Gwynet Paltrow), и му доаѓа инспирација за пишување на драма со наслов ''Ромео и Јулија''. Толку од мене останатото ве оставам сами да го погледните. Излив на многу емоции, среќа, тага се во исто време. Гвинет Палтроу прекрасно се има снајдено во улогава, а за Шекспир да не правиме муабет ептен е згоден. Од мене има 10/10, и го препорачувам на сите што го енмаат гледано веднаш да го симнат и да го изгледаат нема да зажалат.
the darjeeling limited Убав филм. Нема толку возбуда, акција, смешки или авантура. Драма, ама повозбудлива драма. Ми се допаѓаа најмногу ликовите, многу интересни карактери, реални, а сепак забегани. Мислам дека поради нив најмногу вреди целиот филм. Приказната, Spoiler 3ца синови по смртта на татко си, заминуваат во Индија на покана на најстариот, кој всушност сака да одат и да ја побараат мајка им (на која и текнало да стане калугерка во некој храм). Мене ми се допадна, мислам дека на Овен Вилсон ова му е најдобрата улога, Едриен Броди беше баш мил, Швартцман го немав гледано уште од Скот Пилгрим, сеуште ми беше чудак. Мислам дека, како што Тим Бартон ги вовлекува во своите филмови Џони Деп и Хелена Б.К. така и Вес Андерсон ги вовлекува Бил Муреј и Анџелика Хјустон. Имаа навистина мали улоги, ама ги имаше, а тоа значи нешто. Кога уште во првата сцена го гледате Бил Муреј, знаете дека ве очекува добар филм
The Terminal (2004) http://www.imdb.com/title/tt0362227/ И ме расплака, и ме наежи, и ме насмеа. На моменти ми падна жал, незнае јазик, нема пари... Но, е многу снаодлив. За прв пат сакав, некој филм да има продолжеток, за неговото враќање во Каракозија. Имаше многу смешни моменти. Многу ми беше интересен човек. А некаде ми протекоа солзи. А некаде па не го ни разбирав. Некои моменти ги враќав назад. Плавуша, што да правиш. Топло го препорачувам.