Two can play that game Значи филмот мора да го гледате.Во филмот нон стоп се даваат некои совети како со дечкото ако те изнервира, ако раскинете, како да се смирите и слично.Ептен добар филм.Препорачувам!Два пати имам го гледано и пак би го гледала 100/10
Up (2009) оцена на imdb: 8.3 Се зборува за 78-годишниот Карл кој сака да го исполни својот животен сон, прикачувајќи илјадници балони на неговата куќа, тргнува на пат за јужна Америка да ја види дивината и водопадите. Расел, истражувач на дивината, 70 години помлад, случајно станува прошверцан патник Интересно анимирано филмче ра релаксација.. Баш расположува. Но според мене оцената на имдб (8.3) можеби треба да е малку пониска. (споредувам со претходниот филм што го гледав Moonrise Kingdom кој е рејтуван 8.2 а е според мене многу подобар од овој.) Како и да е, филмчево си е супер. :up: Препорачувам! 8/10
The duchess Кира Најтли ми е погодена за вакви улоги, прекрасна ми е, иако ми е анорексична и воопшто ми нема женска фигура, али за вакви улоги, најпогодена. Косата и костимите ми беа добри. Глумата супер, и нејзината и на Ралф Фајнс, иако неговиот лик ми беше патетичен во најмала рака. Приказната скоро слична со сите вакви филмови. Зачудувачки ми било секогаш кога ќе слушнам или прочитам дека некоја сакала во тоа време да живее, Боже сачувај. По ова изгледаново, ќе ми се повраќа кога ќе го слушнам тоа. Време во кое жената немала ни едно право, НИЕДНО , и била гледана ко машина за раѓање исклучиво машки деца, требало наследници да се има де нели. Мизерија. 7/10
SnowWhite and the huntsman чиста 10ка предобро снимен, многу добри ефекти ендоставно ме воодушеви ви препорачувам на сите да го гледата нема да зажалите за изгубените 2 саата гледајќи совршен филм
Footloose Јас сум фан на филмовите со танцувања, но овој ме разочара. Очекував повеќе. Недостигаа емоции, глумата не ми се допадна воопшто. Сепак, не беше толку лошо, онака просек, кога сте во некое бед расположение. Има и полоши лимонади. Оценка 5/10.
The hunger games Ете така, сакав и јас да видам зошто сите ги сакаат толку. Не ми изгледаа ни малку привлечни, иако и тие што најмногу им верувам во вкусот за приказни ми го препорачаа. И така, ми се згреши, да го спуштам. Го гледав и на минута не го поместив погледот од екранот. Од самиот почеток беше интересен. Ме воодушеви. 10/10
Интересно филмче ми се допадна. Ештон беше добар, а Кетрин совршена како и секогаш Препорачувам. 7/10 http://www.imdb.com/title/tt1103153/
The Lucky One Добар филм, не е лош, само мислам дека книгата е подобра од филмот иако ја немам читано. Не ми се допаѓаше нешто нај нај девојкава во филмов, али добро изгледаше покрај Зак Ефрон
How to Lose a Guy in 10 Days Верувале или не, никогаш го немав погледнато цел филм салам, го начекувам на тв почетокот или само крајот. Интересно филмче, ме расположи, Кејт убаво глуми, ама морам да кажам дека Метју Мекконахи ми е прав сељак. Не знам како има статус на секс симбол, мене ми е типичен реднек, со тој акцентот негов, кусите рачиња и селската фаца... одвратен ми е дури. Филмчето лимонада, вистински чик филм и тоа е тоа. Сум гледала и подобри, и многу полоши. 6/10 Red Lights Тим кој се занимава со докажување дека паранормални активности и натприродни моќи всушност - не постојат. Многу пристојна идеја, и многу силен актерски тим- Роберт де Ниро, Сигурни Вивер, Чилијан Марфи, но за сметка на тоа режисерот или оној кој сецкал и склопувал, односно монтажерот потфрлил и некако беше чудно, сиромашно и недоволно за одличен филм. Интересно до самиот крај, но сепак му фалеше уште малку. 6.5/10 Arbitrage Ричард Гир и Сузан Сарандон во тандем. Гир не ми е омилен, ама глумата и квалитетот му се неоспорни, секогаш доловува интересни улоги. Оваа е една од нив. Билијардер, кој има проблеми со компанијата која сака да ја продаде. Неговиот живот започнува да се компликува драстично Spoiler откако ќе доживее сообраќајка со неговата љубовница. Што е потребно за да преживееш и се извлечеш во денешниот свет? Напнато и неочекувано до самиот крај. Интересен филм, препорачувам. 7.5/10
21 jump street Комедија ако е ова, мислам ... не го сфаќам ваквиов нов американски хумор бре! Премногу motherfu*ker, fu*k that и остало од таквиов речник, кој мене ама ич не ме тера да се смеам. Многу го испофаливте филмов, со мерак чекав да го гледам, а тоа ... очај. Ни Татум не е тој што се вика, не знам со кој памет ја прифатил улогава! Ај тоа дебелото мало, океј, али овој имаше многу посериозни улоги, а со оваа ко да се уназадил. Смеи има, да, али за мене ова не вреди ни за тепање време. 5/10
Friends with Kids Супер слатко филмче, не очекував којзнае што, зашто реално насловот е просечен, меѓутоа филмот е лесен, интересен и многу забавен. Дејствието се одвива неверојатно брзо, нема глупави шеги, нема здрвени дијалози, напротив, многу реални моменти. Што им се случува на паровите откако ќе добијат дечиња, и што ќе се случи кога најдобри долгогодишни пријатели ќе се решат да имаат детенце? Погледнете го за опуштање, нема да зажалите. Преубав кастинг, само убави лица во улогите. Мерак е бре филмчето. Последната реченица е прајслес. 8/10
Anaconda http://www.imdb.com/title/tt0118615/ На Сител го гледав во саботата, од досада шта ќеш. Па добар беше, иако ја знаев отприлика приказната зашто имав некој ваков филм гледано порано, ама не истиов.Се работи за една група луѓе кои одат да снимаат филм за некое племе по реката Амазон.На патот наоѓаат еден изгубен мистериозен човек, кој одкога ќе биде повреден еден од нив ги носи на лов на најопасната змија што постои - анакондата, против нивна волја. Фино филмче, не би рекла дека е хорор иако имаше некои такви моменти.За тепање време е топ, ама не би го гледала пак во слободно време. Џенифер Лопез ми е многу убава тука.
Mozart and the Whale Романтично чуден, топол и единствен ваков, прекрасен и филм кој дефинитвно ми е еден од нај нај омилените! Улогите подобри не можеа да бидат, глумата по реално доловено со сите севкупни емоции на највисоко ниво одглумени што ми пробудија заљудувачко предобро чувство кое ме држеше насмеана и добра цела вечер сама дома. Филмот е уникатен, гледајте
Трето полувреме Фантазија од филм! Нешто задолжително дефинитивно! Катарина не ми е омилена, ама не може да и се најде замерка, и како изгледа (совршена е) , а и за актерски способности со оглед на тоа дека не е нејзина првична професија. За Сашко да не трошам зборови, го знаеме сите кој е и што е, одлично си ја работи својата работа, вистински маестро. Се на се , за Дарко Митревски. Додека го гледав воопшто немав чувство дека гледам македонски филм , и кога заврши погледнувам на саат и , кога поминале 2 часа???? Филмов стварно http://www.imdb.com/title/tt2069100/?fb ... e=timeline
Friends with Kids Барав ваков филм, и штом ја видов рецензијата на Тренди веднаш го симнав . Топло, слатко и фино филмче. Интересен и реален. Ми се допадна што ги нема оние „филмски“ срцепарателни сцени, туку се се одива брзо и интересно. Го задржува вниманието, и на крај нема да ве нервира љубовта на двајцата другари, туку ќе ви станат симатични што ќе навивате за нив . Пријатно ме изненади филмчето, впрочем очекував да е добар, поради претходната препорака . И, да последната реченица, очекував некој порака или слично, некој цитат, ама...