^^ Кино Милениум , проекции од 20:00 и 22:30 часот секој ден, 150 ден. карта. (не работам во киново )
Баш ваква лимонатка ми требаше за опуштање. Тинејџерски филм, доста добар, го имав гледано, а би го гледала и повторно. 6/10
Mонтевидео бог те видео. насловот ме привлече да го гледам интересен ми е, инаку српски филм исто е поврзан со фудбалот и животот за времето на 1930, Главната улога ми е преубава ако ве интересира погледнете го трејлерот http://www.youtube.com/watch?v=lnUiu-J4WcU
The New Daughter Не по мој вкус, ама ич. Дури и чудно ми е како Кевин Костнер ја прифатил улогава. Може има добра замисла, али реализација 0. http://www.imdb.com/title/tt0951335/
Megan Is Missing Филмот започнува со ведри сцени на две тинејџерки, најдобри пријателки, кои се во постојана комуникација преку видео повици и интернет. Двете многу различни, спротивни во карактери, нема да ја согледаат опасноста од лажниот иднетитет на Џош, кој е многу вешт интернет предатор. Сцените кон крајот на филмот се многу застрашувачки, морбидни и потресителни. На оние кои не се јаки на вакви работи не би им го препорачала. Јас цела вечер не можев да заспијам од сликите што ми се увртеа во глава. Филмот има јасна порака, можеби малку посурово доловена, но сепак премногу јасна. А базиран е на вистинска приказна.
The River Wild.. И морам да признаам многу предобар филм.. Цела фамилија, мајка син и татко одат на едно кампување во близина на една многу `дива` река. Таму среќаваат двајца таканаречени `пријатели` кои го бара полицијата, бидејќи извршиле страшен криминал.. Детето многу ги засакува и двајцата луѓе, но тиа имаат намера да ги убијат... Подоцна го протеруваат таткото на другара страна, но подоца благодарение на нивните планови се спасуваат, и многу доцна дознаваат дека тие имаат лоша намера...
И јас го гледав овој филм и многу ми се допадна.Имав лош впечаток за Зак од мјузиклите во кои порано глумеше,но во овој посебно ми се допадна.Плус,многу згоден станал За филмот 9/10
That's My Boy Пред 27-28 години ученик има секс со наставничката, која откако ке се открие ке биде осудена на 30 години затвор а ученикот ке се ’’грижи’’ за нивното дете. Приказната е сместена во денешно време кога синот (Andy Samberg) планира свадба. Таткото (Adam Sandler) ке се појави на свадбата и ке има случки.... Незнам што му стана на Adam Sandler па почна да снима ступидни филмови. Веднаш после Jack and Jill, подеднакво глупав ми е That's My Boy. Комедија со неколку смешни сцени но мене повеке ми беше бизарен отколку интересен. Ми недостасува Sandler во улоги какви што одигра во Mr. Deeds, Big Daddy, 50 First Dates и други. Spoiler Невестата лиже сперма од венчаницата, Ви се молам! И има секс со сопствениот брат! Не е смешно ни под разно Си жалам за потрошеното време.
The Barrens Трилер со хорор елементи ... мислев дека ќе се откажам да го гледма уште на почеток ама не, затоа што сепак на крајот се се одмотува. Добро е што ве држи цел филм во неизвесност. Од мене 7.5/10 Семејство оди на кампување, на место кое е познато по една страшна легенда. Дали таа легенда е вистинита или не, погледнете го филмот па ќе дознаете.
^^ Го гледав трејлерот и ме потсети на The Amityville Horror - таткото се опседнува и станува закана за своето семејство. И на The Shining се разбира Еве од мене препорака за еден хорор со капитал Х... The Innkeepers Се ближи крајот на работењето на Yankee Pedlar Inn, хотелот за кој постојат верувања дека е еден од најопседнатите хотели. Клеир и Лук единствените вработени одлучуваат сами да се уверат дали навистина има паранормални појави...А има и тоа како!
The third half/Трето полувреме Јас сум просто зашокирана, филмот е преубав. Не му давам 10ка, му давам 100-ка, Одлично ! :up: Препорачувам Инаку 10/10
Fight club Има 8,9 оценка филмов. Многу јак би требало да е, од оние mindfuck глупости, оти само тие имаат нешто над 8 оценка. И да, таков е, ептеееен mindfuck филм. Еден од подобрите што сум ги гледала. Толку е добар, што откога ќе заврши и ќе се дознае всушност што како е, треба уште еднаш да го гледаш за да го разбереш. Штета што јас воопшто не сум фан на вакви филмови. Единствена светла точка во филмов - Едвард Нортон. После Primal fear увидов колку е добар човеков, феноменален е! Таа Бонам Картер не сум ја видела али никогаш, во ниеден филм да се насмее! Сега сфаќам оти е со тој Тим Бартон, нему пак филмовите му се такви, се нашле ете. Пит пак никогаш не сум го ни сакала, убаво лице не ти дава и талент, јбг. 4/10
Имам едно прашање Прв филм рангиран на имдб е The Shawshank Redemption од 1994 со 9.2, иако го немам гледано филмов, сигурно е предобар, а такви се и коментарите за него. Сега го отворив овој The Third Half филм од годинава 2012, (што го препорача Ади погоре) и гледам оцена 9.4 Зар можно е да е повеќе од овој другиов? Тоа значи дека тој го зазема апсолутното прво место..но сепак на самата листа тоа не го пишува.. Не е битно..ќе го гледам во секој случај. Извинете за оф
Кога одиш во Top 250, Shawshank си е се уште на првото место. Сепак таа оценка 9.4 е од Македонци, додека на Шошенк е претпоставувам од цел свет, така што Трето Полувреме не е прво место. Знам дека е наш филм и не оспорувам дека е убав, ама Шошенк е многу, многу подобар и е на заслужено прво место
How to steal a million. Со Одри Хепбурн во главна улога. Прекрасно потрошени 2 часа, препорачувам. Сакам да имам како колата на Одри во филмов.
бројот на гласови се важи патем, го глеав Шерлок Холмс, ми се допадна, вечерва идам на втора тура, втор дел
Memento Уште еден mindfuck филм. Само што овој повеќе ми се допадна од претходниот. Гај Пирс глуми човек кој не може да ја задржи краткотрајната меморија, т.е се што му се случува заборава за 10-15 минути и на ништо не се сеќава. Последното на кое се сеќава е дека неговата сопруга умрела. Сега тој самиот го бара убиецот, има испишано се што знае за него на неговото тело во вид на тетоважи. Филмот има доста збунувачки редослед, али се сфаќа по некое време. Крајот беше тотално неочекуван, после него се присетував што и како за да си поврзам некои работи. Поприлично добар филм. 8/10
ТРЕТО ПОЛУВРЕМЕ!!!! И јас сум воодушевена од филмов! Читав денес критики, до душа во право е критичарката од Вест, некако неповрзани две приказни беа ставени. Ниту се осети филингот за љубовта на Сашко и Катарина, ниту успехот на фудбалерите, како две приказни неспоени да се вметнати, ама пак од друга страна филмов е ФЕНОМЕНАЛЕН! И ние почнавме добри филмови да правиме. Овој и „Сенки“ баш се по мој вкус. Обавезно да го гледате. Оцена: 8/10
Detachment Trendafilka и rossonerka веке го препорачаа филмов но неможам да останам рамнодушна и да не го прокоментирам. Тешка драма за суровата реалност на денешницата. Адриан Броди е наставник кој работи на замена. Ке започне да предава во училиште каде ке се сретне со ученици и наставници со различни лични проблеми и ке се обиде да помогне, истовремено борејки се со демоните од сопственото минато. Филмов ги посочува проблемите во коренот. FUCK со големи букви и без цензура. Бидејки не е некоја силна холивудска продукција филмов е уште пореален, со уфрлени монолози како документарец. Од мене 10ка и повеке не гледам филмови со Адриен Броди!