Вампир кој станува рок ѕвезда и ја буди кралицата на сите вампири, а во меѓувреме се заљубува во една девојка која на крајот и таа станува како него. Прекрасен филм, а вампирот уште повеќе .
Шана кога го гледав Трето полувреме си помислив што ли ќе речат Шана и Трендафилка како љубителки на драми И ве чекам со ваша рецензија, ќе те потсети на оние филмови што тука ги препорачувавме од неанглиско говорно подрачје, дел од нив номинирани за оскари. Воедно и гледај го овој вториов The Whistleblower ако го немаш на листа досега Abduction (2011) Многу интересно ми започна филмчево, јес да потоа забегаа, многу исфантазираа во однос на акциите на едни тинејџери. Ви се молам. И мене не ме бендиса младата актерската екипа, за разлика од постарата. Младиве поточно Тејлор ми е за некој тинејџерски романтичен филм, бејбифејс, не во ваков трилер. За разлика од нив Sigourney Weaver, Alfred Molina и Michael Nyqvist беа супер. На тинејџерките би им се свиѓала акцијава, на повозрасните онака. 7/10 The Whistleblower (2010) Е веќе ова го изгледав во еден миг. Значи останав занемена. Фантастична драма. 10/10 од мене. Можеби затоа што ги сакам овие драми од воениот период, посебно драми кои се инспирирани од вистинита приказна. А верувајте ќе пронајдете вистинска балканска приказна. Полицајка од Америка која ќе оди во силите на UN во БиХ и тука ќе се бори за правата на жените, ќе затекне хаос, ќе биде вмешана во голем црн бизнис кој тешко да го разоткрие бидејки вмешаноста ја има секаде. Филмов случајно го видов а нема некоја голема гледаност. Моја претпоставка е дека за малата гледаност причина е тоа што доста е оцрнет американскиот народ, поточно "хероите" кои Америка ги праќаат во воени мисии, кои не секогаш доаѓаат да проповедаат мир, тука тие водат црн бизнис. Филмов вреди секоја минута, на моменти ќе се згрозите, на моменти ќе се воодушевувате на главниот женски лик чија приказна е вистината, на моменти ќе тагувате. Rachel Weisz во улогата на Кетрин беше одлична, предобра. Филмов има награди добиени за филм од областа на заштита на човековите права. Само да знаете нема да ве воодушеви крајот, а тоа уште повеќе ќе ве здоболи, не секогаш има правда. Го препорачувам филмов!!!
Two can play that game Многу интересна романтична комедија. Не е обична лимонатка, може нешто и да се научи. Не дека ме восхити нешто посебно, али препорачувам. 8/10
Ramona and Beezus http://www.imdb.com/title/tt0493949/ Преубав филм ми беше многу смешен ,но на моменти и ме растажии ,вреди да се погледне
Тинејџерско филмче кое мисламд ека сите го имате гледано. Малку го имав подзаборавено, па си реков да си се потсетам и не згрешив. Баш ме насмеа. 7/10
Brave(2012) Ми го загреа срцево Типично Дизни, да те насмее и да те натажи, и повторно да те насмее и да чуствуваш топлина и милина.Цртан кој е инспириран од храброста и ќе те потикне да ја одбереш својата судбина.Прекрасно, и топло го препорачувам на сите!
The miracle of the cards. Spoiler Толку добар филм немам гледано одамна, толку многу допре до моето срце што го догледав со солзи во очите . Се зборува за мало детенце, кое добива тумор на мозокот, подоцна рак. Упорноста и оптимизамот на мајката го излечија детето. Таа се бореше со последната сила што ја имаше во неа. Да не беше таа, се ќе беше залудно. 10/10. Топло препорачувам.
You again Ова е типично женско филмче. Марни е сега возрасна девојка, која работи во позната маркетингшка фирма и е унапредена да работи во ЊуЈорк, но во средно таа била понижувана од група девојки, чија матица им била сегашната свршеница на нејзиниот постар брат. Таа тоа го дознава неколку дена пред венчавката и не може да се помири со тоа и сака да најде било каков начин кој би го убедил брат и каква е всушност девојката во која се вљубил. Интересно филмче, во кој играат исто и Џејми Ли Кертис и Сигурни Вивер. А Кристен Бел и Одет Анабел ми се прекрасни во филмов, преубави, посебно Одет, иако ми е преслаба, лицето и е препреубаво. 8/10
Dark Shadows 2012 http://www.imdb.com/title/tt1077368/ Филмов ми е еден од најлошите филмови на Џони Деп. Никаква приказна нема а и многу е тапа. Незнам како ја прифатил улогава ама ајде... Инаку не издржав до самиот крај го исклучив на средина. Му давам 1 заради Џони инаку и тој 1 не го заслужува.Не препорачувам! I Am Number Four 2011 http://www.imdb.com/title/tt1464540/ Филмов го изгледав во еден здив. Одличен филм иако имам неколку замерки. 8/10 Препорачувам сите да го изгледате ќе ви се допадне.
Го имам гледано неколку пати, но решив повторно да го гледам, навистина прекрасен филм. Од мене му давам 10ка.
Шерлок Холмес 2 За нијанса послаб од првиот, премн брзо се дешаваа стварите што губиш некако тек. Рејчел Мекадамс ја има меѓу главните улоги, а всушност сосема кратко ја имаше на филмот. Џоунс ју ивл кричр и тука ли најде да коваш планови за војни The perfect host Психо филм, ми беше позната приказната од некаде, ама не можам да се сетам од каде..Најлс која забеготина да ти бил Ептен му лежеше улогата, не би можела да замислам некој друг на негово место. Филмот ми се допадна, ти рчка малце во нервите, па по малце и ги пцуеш ликовите зашто се смотани, ама тоа и е целта Да го гледате филмов. In the valley of Elah Филм за последиците од војната, за психичките проблеми кои ги предизвикува на војниците. Некако реален ми беше. Татко во потрага по загубениот син, синот пронајден мртов, во потрага по вистината. Тоа што ми се допадна е што синот не го направија светец, имаше добри сцени каде истиот се изживљава врз луѓе, добри сцени каде Ирак му го одзема умот, здравјето... Што се случува кога ќе испратите фино, воспитано, здраво момче во Ирак...добар филм.
Devil Што би се случило доколку не се покаеш за нешто што си направил? Можат да поминат и илјадници години, но ако избегаш од местото на злосторот, тој ќе те најде и ќе ти врати за она за кое навреме требало да го признаеш. Дејствието се одвива во лифт, во кој се заглавуваат 5 личности. Еден по еден почнуваат да умираат, но убиствата се одвиваат зад изгасените сијалици. Кој е убиецот? Многу добар филм. Би рекла одличен. Го препорачувам за оние кои не се клаустрофобични.
Bait (2012) Жанр: Хорор/Трилер/Акција Актери: Xavier Samuel, Sharni Vinson, Julian McMahon, Phoebe Tonkin, Lincoln Lewis, Cariba Heine Spoiler Една година по смртта на спасувач на локалната плажа во Квинсленд (Австралија) предизвикана од ајкула, големо неочекувано цунами го погодва истиот град и ги заробва купувачите во еден локален супер маркет - со две големи бели ајкули...... Како голем фан на австралиски филмој решив да го изгледам и овај. Најискрено очекував да биди нешто веќе видено, ама филмот доста позитивно ме изненади. Приказната е интересна, и низ текот на сите 93 мин. на ни 1 секунда не станва досаден; актерите се безпрекорни а воедно и доста познати; развојот на настаните е доста непредвидлив..... се на се ГЕНИЈАЛНО ! За сите оние кој шо уживат во добри филмој - препорачвам ! Оцена 9/10
10/10 Филмов е стварно интересен полн со исчекувања.. Се зборува за едно дете кое учи во едно училиште каде ја вадат временската капсула која била ставена под земја пред 50 години. Во неа има цртежи што ги нацртале децата за тоа како ја замислуваат иднината ... Пред педесет години едно девојче става лист кој е испишан со бројки . Всушност тие бројќи се датуми на кои денови се случиле несреќи по ставањето на капсулата . На крајот е предвиден и крајот на светот . Ова го открива таткото ( Nicolas Cage ) на детето кој воедно е професор по географија . Неговото дете и внуката на девојчето кое ги напишало бројките се избраните двајца кои на друга планета треба да започнат да живеат нов живот односно тие да бидат Адам и Ева . Децата низ низа на настани се запознаваат и и двајцата сфаќаат дека имаат дарба ...
The Yellow Handkerchief (2008 film) Убав филм кој ќе им се допадне на сите фанови на Кристен Стујарт (9,5/10)
10/10 не го гледав на некоја саглам слика, како и да е, ќе го гледам пак и на сагламска, и кога ќе го даваат у кино E, сега филмот како филм си е одличен, јас немам замерки, сепак првиот е епски, кој го гледал знае. Hе дека и овој не е, ама сепак првиот си е прв. Tакен 3 не верувам дека ќе има, ама и да има јас ќе си го гледам. Eте, така, жал ми е сега,ептен се приврзувам за некои филмови, и од кога ќе го излгедам ми се плаче, оти нема да има уште еден продолжеток Tака ми беше со SаW, така ми е и сега со 3емената Aј одам да си плачам
Silent House (2011) Девојката заедно со татко и, и чичко и, дојдени се да ја поправат куќата која сакаат да ја продадат. Штом чичко и заминува по алати, девојката започнува да слуша звуци од вториот кат. Почнуваат да се случуваат чудни нешта, а тензијата е иста до самиот крај. Не би го сместила во хорор само затоа што има неколку крвави сцени. Идејата е ок, иако “хорорите“ последниве години го имаат истиот тој психолошки елемент. Не е нешто ново и невидено, ама поминува како добро филмче.