Madagascar 3: Europe's Most Wanted Ги обожавам сите делови од филмов и искрено се изнасмеав на последниов дел, легендарни ми се сите ликови
27 dresses - Онака релаксирачко филмче, ме опушти Мислам дека тука на темва го видов, така да не објаснувам многу Препорачувам
Made of Honor Преубав. Дали дека имам добиено или не знам што е , ама ептен ме гаѓаат филмовиве во последно време, па се некои такви и ги наоѓам. http://www.imdb.com/title/tt0866439/
Exam Еден од најдобрите филмови кои сум ги гледала до сега, баш онаков каков што сакам. Тешка мистерија, со огромна неизвесност од почетокот до крајот. Вреди да се погледне. Очекував да ми е досаден и да го исклучам уште на почетокот, но самиот вовед ме влечеше. Spoiler Станува збор за 8 луѓе кои конкурираат за работа. Се наоѓаат во една просторија каде што имаат еден лист пред себе (тест) на кои пишува кој број кандидат се. Доаѓа еден од главните луѓе во компанијата во која конкурираат, им ги кажува правилата и дека на тестот имаат едно прашање со само еден одговор. Листовите (тестовите) пред нив се празни, и тие всушност го бараат прашањето..... Вреди да го погледнете Моја оценка, 10/10.
Pearl Harbour (2001) Конечно и јас да го гледам. Сурва реалност, а љубовните приказни беа совршено вметнати да го направат филмот поблаг, да му покажат на гледачот дека секогаш има надеж и кога се изгледа безнадежно. Колку беа храбри а исплашени.. И пријателството помеѓу Рејф и Дени, ме наежи.
To Rome with Love (2012) Comedy | Romance http://www.imdb.com/title/tt1859650/ Преплетени приказни за случки на жители и посетители на Рим. Филм на Вуди Ален со прекрасна актерска екипа. Типично негов стил, помалку чуден бидејки некои од случките се одвиваат во подолг период други во еден ден но сепак режисерот формира целина. Елегантна костимографија според која на моменти не можеш да процениш дали дејствието е сместено во денешно време или во минатото. Далеку од мастерпис, шармантно филмче кое вреди да се погледне поради преубавите сцени од Рим (кои ми ги освежија сеќавањата). Филмот е половина англиски, половина италијански. Spoiler http://1337x.org/torrent/408256/0/ http://subscene.com/subtitles/to-rome-with-love/english/637207
Taken 2 Eдвај чекав да излезе вториов дел и трк в кино да го гледам,мене ми се допадна нон стоп има акција,напнат си Mажулево вели дека првиот дел му бил подобар,мене ми се допадна и овај дел,само ми беше глупаво малку што сите ги претепа а него никој не го чепна 8\10
Абрахам Линколн: Ловец на вампири Улоги: Бенџамин Валкер, Доменик Купер, Мери Елизабет Винстед, Џими, Симпсон. ИМДБ оценка 6.2/10 Oценка 7/10 Spoiler Станува збор за Линколн 16-тиот претседател на Америка, и неговото искуство од вампирите од раното детство, па како прераснува во желба за одмазда поради смртта на мајка му, притоа убиена од вампир. Линкон се спријателува со човекот по име Хенри (кој притоа подоцна излегува дека исто е вампир) против вампирите, и нивно истребување. Во самото тоа дејство, тој се заљубува во Мери, девојка во местото каде што живее, кога подоцна ќе му стане жена, но и успева да го привлече вниманието на Адам, првиот од вампирите кој го сака мртов. Дејството подоцна продолжува како Линколн се истакнува како добар политичар и притоа биде изгласан за претсетадел, па решава да започне војна против Југот, и да ги ослободи робовите. Но токму Југот е местото каде се наоѓа Адам, кој не е толку среќен лесно да го предаде да речам регионот кој ослободување. Сето тоа доведува до војна, каде што крајот ќе ви го оставам непознат доколку решете да го погледнете филмот. Освен спојлерот погоре, значително дадов мала поголема оценка од ИМДБ поради добрите ефекти, и вампирот Хенри. Очекував повеќе, со оглед на тоа што Тим Бартон е во екипата, но ипак не сум и комплетно разочарана.
TРЕТО ПОЛУВРЕМЕ/THE THIRD HALF Главни улоги се Катарина и Сашко. Филмове е извондреден. Се работи баш за љубовта помеѓу 2 различни религии, фудбалот и правата на самите Македонци во времето кога биле асимилирании денационализирани но и положбата на Евреите во тоа време. Колку и да не сакате да заплачете пак ќе го направите тоа. Во споилер има по опширно не до толку сепак Spoiler Љубовта на Ребека-Катарина и Коста-Сашко настанува 1 четврток кога таа се шета на корзо со нејзината пријателка на чуден начин. Тие не се запознаваат од 1 средба туку средбата во кондураџилницата каде што ќе се договорат да излезат. За жал татко и нема да и дозволи да излезе со него така што настанува првата караница на фудбалскиот терен. Сашко е фудбалер чиј тренер е Македонец но со него се мн. слаби па затоа одлучуваат да земат нов тренер од Германија со чија помош ќе се искачат на врвот. Пополека љубовта на 2-та се преобразува во брак кој ќе ја заштити Ребека од злобните чинови што биле правени на Евреите во тоа време. Филм и со неправда 10/10
Let The Right One In 2008 Очекував хорор, но филмов прилично ме изненади. Одлично филмче, посебно ми се допадна глумата на децата која беше инзворедна. Инаку филмов е од Шведска продукција, и на моменти се смееш, на моменти те тера на плачење, а пак на моменти те вади од памет. 7/10 Препорачувам. http://www.imdb.com/title/tt1139797/
40 Days & 40 Nights Се изнасмејав! Злобничка онаа Никол негова Типично клише, убаво за тепање време. 6/10
No reservations Убаво, интересно филмче, но на моменти малце досадно. Не е баш типична лимонатка, има и сериозни делчиња, доста тажни. Кетрин ми се виде ко доста остарена, а Арон Екхарт ми беше поприлично неубав во филмов. Кетрин глуми главен шеф во ресторан претежно за француска храна. Таа е голем работохолик и е посветена исклучиво на работата, не постои никаков маж во нејзиниот живот. Сестра и и внука и ќе доживеат сообраќајна несреќа, во која сестра и ќе загине. Бидејќи нема никој друг, таа ќе мора да ја превземе грижата за нејзината внука. Тоа ќе и оди доста тешко, зошто не е навикната да издвои време за ништо, освен за работата. Уште една промена во нејзиниот живот ќе биде доаѓањето на уште еден одличен готвач во нејзината кујна, кој има ептен поразлични методи за работа од нејзините. 7/10
Abraham Lincoln: Vampire Hunter (2012) И јас го гледва овој филм, како феминката погоре. Првата половина од филмот се чудев зошто приказната не е за обично рандом типче, туку токму за Абрахам Линколн, т.е. каква е поврзаноста, во втората половина веќе почна да ми се разјаснува. Во секој случај, очекував многу полошо, а пријатно ме изненади. Го задржува вниманието, глумата беше на нивоу, а ефектите беа страшни, во смисла - предобри. И општо - некои сцени беа снимени толку добро, прекрасни кадри, т.е. фотографија. Good Job. Нема да сте разочарани ако сте фан на вампири, и жанрот - фантазија. 7/10
Snatch Слична постава на претходниот Lock Stock and Two Smoking Barrels. Гај Ричи направил вид на серијал на криминални комедии, кои искрено ги задоволуваат моите стандарди. Следен, Revolver!
The People vs. Larry Flynt (1996) Го гледам неколку пати и секој пат ме гази од смеење, му давам оцена 10/10. Се работи за контроверзниот издавач на порнографското списание Hustler (Larry Flynt) и како на еден инаетлив, хумористичен начин се изборува за правото на слободен говор кое треба да важи за сите, па дури и за најрасипаните луѓе како него, како што вели и самиот. Супер комбинација на актери, Вуди Харелсон во улога на Лери Флинт, Кортни Лав како негова сопруга и Едвард Нортон-неговиот адвокат, во главните улоги, на секој му одговараше улогата во филмот и супер одработено.
What Lies Beneath Во оваа психолошка драма со изразени хорор елементи, преку мрачна атмосфера и прецизно обработена приказна, легендарните Michelle Pfeiffer и Harrison Ford ќе ви покажат дека брачните тајни никогаш не остануваат неоткриени - на крајот се излегува на површина иако се чини дека се длабоко скриени под неа.
1. That's my boy Почетокот ми беше интересен,али покасно сфаќаш дека се работи за типично дебилско американско комедииче со веќе претпознатлив крај. Оцена : 5/10 2. Ice Age 4 Одличен! Ме изнасмеа за сите пари.. т.е. потрошени MB. Верверичката е врв Вреди да го погледнете. Оцена: 10/10 3. Мadagascar 3 Интересен е, но претходните делови мислам дека му се подобри. Оцена: 8/10
The Five-Year Engagement (2012) После година врска, Том ја запросува својата девојка, но кога таа ќе ја добие работата што ја посакува во друг град, патот до венчавката станува многу, многу долг. Симпатична комедија, што со сигурност ќе ве насмее и ќе ве расположи. Ги нема стандардните холивуски лигави сцени, а глумците се многу пријатни и идеални за улогиве. Јас не сум некој мега фан на Емили Блант ама вакви улоги навистина и прилегаат. За вакви тумрни денови, препорачувам.