SMILEY Просечен накај глуп. Spoiler Сериски убиец, убива луѓе преку нет, ако ја напишат 3 пати фазата I DID IT FOR THE LULZ на онлајн чат 5/10
Monster in law Актери:Џенифер Лопез Содржина:Свекрва и снаа кои не се согласуваат баш најдобро. Жарн:Комедија
The bourne supremacy! Долго време сакав да излегам некоја добра акција, што ќе ме воодушеви и изборот беше одличен. Испреплетена приказна, со многу интересни случки и со неочекуван крај. Препорачувам. 10/10
Splice Чуден, уврнат филм дефинитивно. Ништо слично немам гледано. Нити сакам. Гадни прегадни сцени, ми се одмили Адријан Броди. http://www.imdb.com/title/tt1017460/
One day(2011) Не типична љубовна приказна,од дамна ми беше на списокот за гледање, ама некако ја одбегнував, прибидејќи знаев дека ќе ме потресе и ќе си плачам.И си го пуштив филмот, и се внесов, и таман помислив дека нема да плачам, наеднаш се преврти цел филм, и искрено не го очекував крајот.Ама предобар! 8/10
Not Without My Daughter Добро филче, малку потресно. Се работи за Американка(Бети) која ќе се заљуби во Иранец(Муди) и ќе има дете(Матхаб) со него. Се ќе биде добро се додека не заминат во Иран кај неговото семејство каде Бети и нејзината ќерка ќе бидат држени како заложници, а исто така Бети ќе биде и малтретирана како од нејзиниот маж така и од неговата фамилија. Прашањето е дали ќе може Бети да побегне?? Препорачувам. 7/10
Убаво филмче. Претчувства, претскажувања, повторувања дежа вуа ... интересен трилер, препорачувам.8/10
Detachment 2011 После препораката на неколку феминки, го имав симнато филмов и еве сега го изгледав. Предобар филм, на крајот ќе ве остави со еден куп прашања. Цел филм го изгледав со подотворена уста. За содржината ќе ве оставам сами да го изгледате. Препорачувам 10/10.
Safety Not Guaranteed http://www.imdb.com/title/tt1862079/ Во потрага по интересна приказна, репортер од весник заедно со двајца стажисти ке започнат да истражуваат човек (Марк) кој има дадено чуден оглас во весникот. Марк бара друштво за патување низ времето. Во прво време ке помислат дека е луд но како што се запознаваат подобро, стажистката Дариус, не е сигурна во намерите и можностите на Марк. Уште една комедија која не ме насмеја бидејки не е смешна, уствари не е комедија. Нискобуџетно филмче кое до самиот крај ке ве држи во неизвесност. Филмов вреди да се погледне бидејки е тотално надвор од холивудските стандарди и има убави скриени пораки. 8/10 Spoiler http://1337x.org/torrent/408925/0/
13 going on 30 Ах, долго време немав погледнато некоја добра романтична комедија, али сега надокнадив. Не ни приметив кога помина времето. Една од подобрите лимонатки што сум ги гледала, супер филмче. Џена е 13 годишно девојче, кое сака да биде популарно и да се вклопи во групата на популарните девојчиња во школо. Има еден најдобар другар, тоа е Мат. На нејзиниот 13 роденден, таа ќе посака да биде возрасна и да има 30 години. Желбата ќе и се оствари! Следното утро се буди во тело на 30годишна, но во паметот уште е 13 годишното девојче. 10/10
Тhe Help(2011) Вообичаено не гледам ваков тип на филмови, ама за овој направив исклучок.Извонредна драма, која што ме замисли, ме натера да пуштам по некоја солза и секоја минута е вредна од филмов! 10/10
интересно филмче, за дракула и неговата ќерка. Cе се случува на прославата на 118 роденден на ќеркичката на дракула што и како не откривам, мене многу ми се допадна, погледнете го топло филмче 9/10
Friends with benefits http://www.galeb.tv/index.php?/Filmovi- ... efits.html Овде можете да го гледате онлајн (со српски превод е) Повеќе за филмот ---->http://www.imdb.com/title/tt1632708/ Многу е интересен,ме воодушеви. Исто добар е и фимлот one day
The Woman In Black 2012 Денеска го гледав по втор пат заради другарките. Одличен филм, еден од подобрите хорори кои ги имам гледано. Им го препорачувам на сите љубители на хорори, мора да го погледните, нема да зажалите. 9/10.
Вчера го гледав, дефинитивно давам и јас 9/10 ... Филмот е направен на комичен начин, романтики и фини пораки.
Па падна и секс дури ^^ Инаку да, ептен гаден филм. Јас последно добро гледав (само доброто го пишам у последно време) Godfather I Mаестрално дело, и не можам да си простам шо до сега не сум го гледала. Рецензија - џабе. Задолжителен. Кристална чиста 10ка. Unfaithful Прекрасно! Филм каде точно е опишано и доловено со страсни емоции кои врескаат за тоа што не треба да направите пред да подлегнете на неверство - едноставно продолжете по патот. Филм каде неверството никогаш не било послатко, и каде што вината никогаш не болела пострашно! Улогите без утка. И морам да кажам - КРАЈОТ ГО ОБОЖАВАМ!