Whip It Spoiler Сапуници и розеви меурчиња до бескрај. Случајно го начекав на телевизија, сум го гледала и друг пат, и да ви кажам дека ако не сте го гледале ништо посебно не сте пропуштиле. Најјака во цел филм е Дру Баримур. Не ни може поинаку
Го мразам Адам Сандлер, како ми иде на нерви тоа нешто неверојатно па и тоа гласот како го менува просечен филм, лоши шеги Интересна приказна. Колку и да ми беше фрик типот и лажго и неговите причини ама ич не ми се сфиѓаа крајот го красеше делото. Ептен убаво се осеќав на последната сцена, бравос
2 Days in New York http://www.imdb.com/title/tt1602472/ Марион живее со своето момче во Њујорк. Таа е фотограф и го поканува семејството на отворање на својата изложба во Њујорк. Ке дојдат татко и, сестра и и момчето на сестрата, кој воедно е нејзин бивши. Французи во Њујорк.... Продолжение на 2 Days in Paris (http://www.imdb.com/title/tt0841044/) но приказните не се врзани. Се слагам со оценката на имдб.
L!fe Happens (2011) Ова е лесно, интересно, забавно филмче, со посебен шмек, сладникави елементи и неизбежен хепи-енд, но сепак - недебилно и неретардирано. Ја следи приказната на Ким, Дина и Лора, три цимерки и другарки, чиј живот драстично се менува откако Ким непланирано ќе забремени. Некои сцени се толку кратки, но слатки, а актерската екипа по мој вкус, одлична. Навистина треба да ѝ даваат многу повеќе улоги на Кејт Босфорт, девојката е фантастична. Многу ниска оценка на имдб, го сфаќам жанрот и неговата неуникатност и непосебност, но сепак - сум гледала толку полоши филмови од овој. Од мене, 7/10.
The Departed Spoiler Од двајца идни полицајци, едниот од страната на криминалот се инфилтрира во полицијата, а другиот од страна на полицијата се инфилтрира во криминалната дружина. На крајот, сите се покојни. Одличен.
The Beaver Филмов си го пуштив онака, ради Џенифер Лоренс ама ме воодушеви Се работи за еден човек кој запаѓа во депресија и почнува да зборува со кукла-дабар, која почнува полека да му го контролира животот... 8/10
Detachment Сурово реална драма на која не можете да и останете рамнодушни. Ќе ве потресе, ќе ве наежи. Во неколку наврати е дадена соодветна рецензија за филмот. Да не се повторувам, го делам мислењето како и останатите девојки кои го имаат гледано филмот. Адриен Броди е совршен за улогата. Му прилегаат вакви улоги на депресивен, мрачен лик, со демони во себе. Одлична приказна и сценарио. Филмот на моменти потсеќа на документарец, што го прави уште повистинит и потрогателен. Еден од подобрите филмови што ги имам гледано воопшто. Го ставам во иста група како и Реквием за еден сон. Филмовите, барем на мене ми се слични, различна проблематика, ама и двата се толку реални и сурови. Оценка 9/10. Се двоумам околу мајката и дедото на Хенри Spoiler Дедото ја злостуваше мајка му? Не го сфатив тој дел... Самиот тој кажа дека за да го поштеди го заклучувала секоја вечер.
^ Уште ова...морам Spoiler Татко му е или дедо, бидејќи кога умираше дедото, Хенри му се обраќаше со „тато„ Јас си ги разглабам филмовите, а овој го гледав сама, па драги мои на вас ви се „падна„ . Дечко ми несакше да ме дружи, не знае што пропушти .
^ Spoiler Јас сфатив дека му беше дедо. Tој момент кога му се обратил со тато пред умирање, не сум му обрнала внимание искрено. Многу пропуштил дечко ти, да си знае само...
Еднаш мајка ми ми рече: Бидејќи и така губиш време на филмови, дај изгледај го Доктор Живаго. И така јас го симнав Доктор Живаго и кога видов дека трае 3 саати некако не се наканив пола година да го изгледам. Вечерва додека надвор истура а мене доста ми беше учење, привремено без интернет решив ајде нека се угоде. Ќе си мавнам една воспитна зошто не сум го гледала порано. Ова е филм. Не оние ѓубрињата што ги гледаме цело време. Ова. Со очи ти ја раскажуваат приказната. И така последен филм што гледав е рецензија не сум способна да дадам. http://www.youtube.com/watch?feature=player_detailpage&v=4Yd2PzoF1y8
GONE Лично мене многу ми се допадна филмот и би го гледала повторно. Приказната се врти околу млада девојка која била најдена среде шума и тврдела дека била киднапирана, но бидејки не се најдени никакви докази, ниту пак на неа немало никакви траги на насилтво, со оглед на нејзината историја како ментална нестабилна личност, полицијата го отфрла случајот, една година подоцна исчезнува нејзината сестра, и овој пат никој не и верува, затоа таа ги превзема работите во свои раце да докаже дека не измислува или да се увери во тоа што сите и го посочуваат-дека се било во нејзината глава и киднапирањето никогаш не постоело....пак ќе кажам Одличен филм Оценка 9/10 (бидејки 10 е за совршенство, а совршенство не постои )
@Trendafilka @JuLleE За Detachment Spoiler На Адриен Броди т.е. Хенри му е дедо а тука на крај, на умирање, дедото се губеше и мислеше дека разговара со керката, т.е. мајката на Хенри. Хенри зборуваше како да е мајка си со цел да му олесни на старецот, кој очигледно имаше грижа на совеста. Затоа во момент го има наречено тато
To Rome with love Колку време го чекав филмов, изгледа премногу високи ми беа очекувањата. Одредени ликови многу ми се допаднаа, други воопшто. Роберто Бенињи беше фантастичен, Мили преубава, Пенелопе секси, ама измамите и приказната со прељубниците не ми се допадна. Можел филмов многу подобар да биде. И да, од Рим ни Р, a сепак, можеби Лиз Гилберт била во право кога напишала дека зборот за Рим е секс, а тоа тука го имаше доволно. Би му дала преодна оценка, да немав никакви очекувања, можеби и би ми бил доста добар филмов.
Friends with kids Лудница е филмчето. Станува збор за два брачни пара и една девојка која не може да најде никако партнер и дечко кој никако да задржи врска. Сите се пријатели, се дружат, но секој има различни проблеми. Гледајќи ги проблемите во браковите на пријателите, дечкото и девојката бидејќи се другари со години и се сакаат и почитуваат, решаваат само да имаат дете заедно, да ги поделат обврските и после на раат да ја бараат љубовта на својот живот (без страв дека биолошкиот часовник отчукува).. ама не е се така црно-бело во нивниот план, иако на почетокот се чини дека е идеален планот Топло го препорачувам овој филм!
Madagascar (I, II) Со цртаниве сум оток. Spoiler Животни од Њујоршката зоолошка, ќе избегаат кон дивината и ќе истражуваат нови територии. http://www.youtube.com/watch?v=xy11lkBvA9s
Само што го изгледав, го начекав кино снимка ама многу квалитетна . Ептен е добар исто како и првиот дел а можам и да кажам дури подобар. Овој пат приказната е во Истамбул. Spoiler Лиам работи како обезбедување во Истамбул. Сакајќи да се смири со жената ги поканува со ќерката да го посетат. Таму го бара таткото на тој што го уби во привиот дел ( што му ја киднапираше ќерката во Париз). Ги киднапираат него и жена му и он пробува да ја спаси ќерка му. Онака на крај му помага да ја спасат мајка и и така. (не ме бива за прераскажување ама се потрудив ) Гледајте го обавезно !
Friends with Kids (2011) http://www.imdb.com/title/tt1720616/ Интересно лајт филмче, супер приказна која е многу реална, интересни дијалози, ќе ви примами насмевки, ќе се изнасмеете за некои случки, ќе се запрашате и за неколку ситуации можеби, ќе се пронајдете во многу делчиња од филмот, така да го препорачувам за опуштање на мозокот Maлку ме нервираше главниот женски лик, но видов дека типката е и директор и сценарист, па си ја доделила себеси и главната улога, а јас дефинитивно друга глумица би одбрала, не ме бендиса, претерано вештачка беше Се на се 7/10 Brothers (2009) http://www.imdb.com/title/tt0765010/ Го имам симнато филмов многу одамна и конечно му дојде редот. Предобро, тоа ќе кажам. Филм на радост, тага, бес, љубопитност, среќа, солзи, воодушевување, разочарување, значи микс на емоции. Драма и тоа воена која едноставно не остава никој рамнодушен. Тоби и Џејк се одлични браќа, кои и од добро подобро ја завршија својата работа, Натали некако не ме воодушеви, знаела таа и поубаво да се внесе во својата улога, прелајт беше за овој филм. Се на се 9/10