The wedding planner http://www.imdb.com/title/tt0209475/ Мери Фиоре е организатор на свадби, и кога случајно ќе налета на еден доктор кој ќе и го спаси животот и ќе се заљуби во него ќе испадне дека всушност ќе треба да ја организира неговата свадба. Релакс филмче. Метју Мекохни ми е еден од омилените глумци, а и Џениферка не е лоша тука. 7/10 од мене.
The Roommate- Drama, Thriller, Horror Конечно и јас да го изгледам филмов после толку фалење. Добар филм (иако од хорор немаше ни Х) , Лејтон премногу ме изненади, предобро глуми. 7/10
La habitación de Fermat (2007) Откако ќе решат загатка која ќе пристигне како покана, четворица математичари кои не се познаваат одат на “состанок“ на кој треба да ја решат најголемата енигма на светот. Но како што времето тече, сфаќаат дека се заглавени во соба која станува се помала и помала и мора да најдат решение за да се спасат. Овој филм е еден од оние кои се напнати до крајот, ве тераат да си ги изгрицкате ноктите. Добро, моиве нокти го преживеаа филмот. Глумата е солидна, приказната е многу интересна и необична, и на шпански е, што мислам дека со преводче не е проблем. Јас го препорачувам, како фан на вакви филмови.
Aliens (1986) Вториот дел од франшизата Alien со Сигурни Вивер во главната улога. Овој дел воодушевува, јас изгледав директорс кат, и не сум мрднала 2 часа и 35 минути, напнато, возбудливо, како на игли, и иако технологијата бидејќи филмот датира од 1986 година, од денешен аспект изгледа смешно, сепак филмот како остварување не е ниту малку смешен, ниту за потценување, од секој можен аспект - приказна, режија, глума. Креацијата на alien-от и матицата на Гигер е бизарна и воодушевувачка истовремено, а Џејмс Камерун е генијалец. Успеал да направи подобар втор дел од оригиналот, што ретко се случува. Од мене висока 9/10, еден од најдобрите филмови на сите времиња, од сај фај жанрот. Препорачувам. Одам на третиот дел, во план сум да ги изгледам сите.
Grabbers На мало островче близу Ирска доаѓаат крвопијци вонземјани кои бегаат од алкохол. Можете да замислите како народот ќе се брани од нив Интересно е, некако типично за тоа подрачје, Џеф баш ми беше добар, профи некако, приказната не е најсјајна, но секако забавува. Мене ми се допадна па ви го препорачувам 'Tis no feckin' lobster! што е подобро од британски акцент м? :geek:
The tall man (2012) Во едно мало панинско, на работ на економски пропаст, местенце, мали деца мистериозно изчезнуваат едно по едно. Локалната медицинска сестра, кога детото ќе и биде грабнато, ќе се пушти во потрага. Но зад приказната за “високиот човек“ лежи сосема поинаква вистина.... Јас го симнав филмот како хорор, но такви елементи има малку. Мене ми се допадна многу, поради неочекуваниот пресврт, мала доза на mind fuck и моралната дискутабилност на темата што е обработена. Џесика ми е сосема ок, ниту предобра, далеку од лоша и малку грдичка без шминка. Препорачувам.
Stay Alive (2006) Хорор/Трилер Актери: Frankie Muniz, Јimmi Simpson, Milo Ventimiglia, Sophia Bush Spoiler За група на пријатели, одговорот за смртта на еден нивен стар пријател се крие во светот на една онлајн видео игра базирана според вистинската приказна за животот на Грофицата Елизабета Батори уште позната како Крвава Грофица... На филмот налетаф многу случајно, и немав некои предходни очекувања. Го изгледав во еден здив, приказната е неверојатно дборо осмислена, актерите се безпрекорни, аудио и видео ефектите се доста реални исто како и фактите врз кој е базирана играта...... Филмот можам комотно да го сместам во листата на најдобри хорор филмој шо ги имам гледано, пошто през сите 85-90 минути ме држеше во голема неизвесност и голем страв. За сите фаној на добар хорор - Ако го немате гледано, гледајте го обавезно ВРЕДИ ! Оцена 9.5/10
The Bucket List Двајца пациенти кај кои е дијагностициран рак и кои имаат уште една година од животот, прават листа на нешта кои би сакале да ги направат пред да умрат. Па наместо последните месеци од животот да ги поминат во болница, решаваат да ја исполнат секоја нивна запишана желба. Иако никогаш порано не се виделе, Едвард и Картер ќе заминат на патување низ светот. Морган Фриман и Џек Николсон ми се меѓу омилените актери, интересни фацки ми се, па ако двајцата ги немаа главните улоги, веројатно филмов немаше да ми биде толку убав. Решив и јас да си направам една таква листа на нешта кои сакам да ги направам пред да умрам Detachment Професор кој постојано е во потрага по стабилно работно место, селејќи се од училиште во училиште, се обидува да оствари контакт со своите ученици и да допре до нив. Филмов некако ми наби некоја негативна енергија, ми остави чувство на блага апатија. Многу е реален и одлично направен. Го гледав без да трепнам. Ми се чини дека на Адриен совршено му стојат ваквите улоги. Не знам дали некој би го заменил во The Pianist, а бога ми и во овој филм.
The other boleyn girl Исотриска драма која не ни го претставува владеењето во 16-ти век, туку братската љубов, љубовта кон мажот, и триаголник. Посакуваноста на син да биде наследник на империјата испадна иронично. Сепак женското дете наследи се. До каде може да отиде жртвувањето, колку може човек да се промени, и што може некој да стори од тебе. Ги мразев во исто време чичко и и татко и. Едниот се направи да ја упропасти, а другиот ништо не направи за да го спречи тоа. Каква беше љубовта на еден родител кој го натера своето дете на таква постапка, и на крајот сфати дека ги уништи, и дека повеќе нема ниту еден од нив. За Натали Портман ќе се изјаснам по милијардити пат. Ги заслужи сите оскари за сите филмови. Ми влезе под кожа. Толку многу ја сакам нејзината глума. Знае да биде нежна и кревка, а во исто време и злобна, арогантна, со високо јас кое знае што сака. Ми беше совршена. Ете ова е глума! За Скарлет немам коментар, едноставно се губи во сенките на Натали.
Cloudy with a Chance of Meatballs (2009) Многу симпатичен анимиран филм. Не беше мјузикл (ова е плус). И ме насмеа. Содржината се врти околу еден научник кој со помош на неговата чудна машина ќе направи од небото да паѓа секаква храна. Earl Devereaux rocks. Легендарен е. Sam & Flint од мене имаат Best Kiss MTV Award. ★★★★☆ Next : Cloudy 2: Revenge of the Leftovers.
Seven pounds 9/10 Го имав гледано и пак го гледав.Одличен филм и одлична глума на Вил Смит.Препорачувам!
Yes man Старо филмче, но многу интересно. Цел живот ќе му се смени кога ќе почни да вика да на се. Го препорачувам. Оценка 10/10
WRONG TURN 5 Hекои си ги ладат со лимонатки, некои со комедии, јас со вакви филмови бе.Cи ги сакам погрешно свртување филмчињата, мерак ми се, иако се без смислени Mене ептен ми е шема филмов, ми се допадна делов, траги-комични убиства. Spoiler значи ја коле таа и ги вади цревата и ги става во уста, вака гадно звучи, ама ептен на смешен начин го направиле, плус оно музиката у позадина сум се изнасмеала црн хумор е делов значи, мене лично ми се допадна, малку е аматерски, поготово првата сцена, со првото убиство, ама нека не ве излаже Mногу секс, покољ, крв, грди сцени, неандерталци и Xалоуин WRONG TURN 6, те чекам Kој сака крв, и предвидлив филм, кој ужива во овој тип на филмови, баш како и мене нека го погледне
The Secret Life of Bees Филм кој никогаш нема да ми здосади. Ова ми е веќе трети пат што го гледам и секој нареден ми станува се поинтригантен и се поемотивно го доживувам. Приказна која дефинитивно не остава никого рамнодушен. Јас од секогаш сум паѓала на вакви филмови, со вака тематика и слично, па можда и ради тоа толку му се воодушевувам . Дејството се одвива во Јужна Каролина, а се занимава со животот на доволно напатената Лили. Лили е 14 годишно девојче, чија мајка е почината, при што таа останува да живее со нејзиниот проблематичен татко. Следејќи го овој факт, таа секојдневно е подложена на најразлични проблеми и компликации предизвикани од татко и. Но судбината и се смилува и ја носи во семејство на три добродушни сестри, семејство кое има поврзаности со минатото на мајка и ... Предобар е, го препорачувам .
Vamps Лајт филм, Алиша Силверстоун и Кристен Рајтер како другарки вампирки. Имаше некои елементчиња што ми се сфиѓаа, still a better love/vampires story than twilight
http://www.imdb.com/title/tt1277953/ Си се изнасмеав поштено,а и дека прв пат гледав во 3D жива возбудена бев.
Тhat's my boy Крајно идиотски филм И оценката на IMDb 5.4 е многу. Од мене 0 Не препорачувам И нешто + се чудам како Leighton Мeester ја прифатила улогата во филмов. Од историски лик како Блер Валдофр да се префрлиш во ова
И јас го гледав овој филм последен и да се согласувам со коментарот дека е идиотски направен филмов како и самата приказна. А, инаку Leighton Мeester како ја прифатила улогава во филмов, па нормално се е за парите зошто да не си заработи плус пари