Killer Joe Не знам што да кажам. Црн настран хумор. Одлично портретирани ликови. На сцени на кои брат ми се смееше, мене ми се плачеше и обратно. Насилен. Ова мора да му е најдобрата улога на Метју Меконахи во цела кариера. Очекував во секој момент да му се појави таа препознатлива насмевка што ја има, ама како го пренесе ликот до крај, бравос. Психо елементи. Ќе останете на некои моменти со подотворена уста. Вреди да се погледне.
Ratatouille (2007) imdb: 8.0 Го имав гледано одамнаа, негде уште кога излезе, али го имав заборавено скрос, и решив пак да го гледам оти на ништо не се сеќавав само знаев дека со готвење нешто беше Нема кој го нема гледано, прекрасен филм, едноставно расположува и релаксира. На моменти прскав од смеење Spoiler како кога се учеше дечкото со глувчето да готват дома, и кога му летна палачинката низ прозор Глувчето е преслатко Препорачувам 10/10 Wall-e (200 imdb: 8.5 Доста познат, исто верувам многумина го знаете. Љубов меѓу две роботчиња Фимов е исто прекрасен, со порака, и има голема вистина, навистина е можно ова да се деси во даалечна иднина..многу можно.. Ова уоли роботчево послатки очиња неможе да има.. и ева женската е срцка Супер е филмчево, но сепак маааалце ми беше досадно на моменти.. Препорачувам 9/10 Midnight in Paris (2011) imdb: 7.7 За овој филм има многу различни коментари, на некои ептен им се допаѓа на други, пак, им е досаден и без везе. Јас спаѓам во првите. Се заљубив во филмов значи ептееен ми се допадна, во омилени филмови ми спаѓа сега. На почетокот мислев ќе е досаден по малце..али воопшто не ми беше.. И малку поинаков е, очекував некоја класична љубовна лимонатка но иако беше љубовен до некаде..не беше сосема.. Некоја магија има филмов, ко да ме однесе на друг свет.. Ме заинтригира и сега почнав да читам за Хемингвеј, Пикасо... Башка што е со Owen Wilson и Rachel McAdams, со нив нема утка. А и сега ја откривам Marion Cotillard, (види фотос горе ) девојката е прекрасна, и одлично глуми, дефинитивно ќе гледам други филмови со неа. Гоолем лајк од мене, филмов е за сите уметнички души ко мене Препорачувам 10/10
Логан е американски маринец кој откако ќе ја заврши третата должност патува за Луизијана и трага по непознатата жена од сликата која му го спасува животот еднаш, а подоцна тој верува дека му била ангел чувар и преживеал уште два пати. Убаво филмче 10/10
The Awakening 2011 Солидно филмче, кое јас би го сместил аво категоријата Mystery-Horror-Thriller . Ми се допадна, девојката беше преслатка и добро глумеше. 6.5/10 http://www.imdb.com/title/tt1687901/
Snow white and the huntsman - Снежана и ловецот.. мислам дека не треба рецензија, сигурно сите имате гледано трејлер или го имате гледано филмов па само да си кажам како ми се допадна.. очекував мноооогу повеќе од филмов.. воопшто не ми се допадна, веројатно дека го гледав со другарките - кога гледам филм заедно со некој друг, немам емоции.. можеби ако го гледав сама повеќе ќе ми се допаднеше - ама вака не :/ а и многу долг е, во 2 саати Spoiler снежана бега од кралицата, за на крај да се најди со принцот и да појди да ја убие кралицата иако не е се исто како цртанот, се беше предвидливо, а и кај ја нашле Кристен Стујарт Шарлиз Терон е преубава, и предобра глумица, ама филмов ми е малку глупав.. оценка 3/10 (3 е само поради Крис и Шарлиз, друго се беше катастрофа)
The hunger games ♥ Прекрасен филм! Несакам повеќе да коментирам еве отворете линкот и прочитајте ја статијава http://www.kafepauza.mk/film-i-tv/film- ... ger-games/
Taken 2 http://www.imdb.com/title/tt1397280/ Последен филм што го гледав е Taken 2, нема што да се објаснува кој го гледал првиот дел знае каков супер филм е. Акција и динамика цело време. За сите што сакаат да го гледаат еве од кај можат да го симнат. Spoiler http://kat.ph/taken-2-2012-ts-xvid-sc0rp-t6728820.html
The Lucky One 2012 Конечно му дојде редот и на овој филм. Доста добар, ме растажи на момети, Зак Ефрон пријатно ме изненади со глумата, а богами и со својот изглед . Филмов го препорачувам, иако мене повеќе ми се допадна книгата. 7/10 http://www.imdb.com/title/tt1327194/
Girl Walks Into a Bar Comedy | Drama | Fantasy http://www.imdb.com/title/tt1682246/ Приказни за различни луѓе чии животи се допираат случајно. Дејствието се одвива исклучиво во барови, како што наговестува името, во текот на една вечер. Категоризиран како комедија ама или јас сум го загубила фанито или луѓево појма немаат што е комедија. Фантазија зошто во еден момент типката си замислува нешто Нот. Според мене, чиста драма. Нема висока оценка на имдб ама јас сакам вакви реални филмови, без многу возбуди, каде на момент ѕиркаш во животите на други луѓе. Препорачувам за релаксација...
Friends with kids (2011) Кога ќе сфатат дека времето полека им истекува, двајца најдобри пријатели се решаваат да направат дете, без да стапат во брак и да продолжат на пријателска база. Опкружени со своите најдобри пријатели кои имаат деца, нивниот пријателско-родителски однос е ставен на тест. Доста интересена приказна, смешни моменти, добра глума, трае речиси 2 часа ама нема шанси да ви здосади. И начинот на кој се прикажани врските и односите што ги имаат меѓу себе се многу реални. Препорачувам.
B A I T http://www.youtube.com/watch?v=wi4wcCVXd6o хмм една скромна 6ка/10 оти не е нешто посебно филмот.
The Thirh Half Му дојде конечно редот вчера. Јас сум многу пријатно изненадена и скоро воодушевена од последниот македонски филм на Дарко Митревски. Кинематографијата и приказната пленуваат просто, фотографијата, фатените кадри, замислата и реализацијата на сцените е безмалку совршена. Разочарувањето за мене беше глумата на Катарина (иако изгледаше flawless во сцените кои ја вклучуваа, со тие костимчиња и фризурки од тој временски период, значи визуелно немам замерки), но нејзиниот глас, дикција... оф боже, секоја сцена беше вистинско мачење и за малку го уништува уживањето. Некои фацки на пример што ги правеше во одредени делови, убаво ги долови, ама таму каде што имаше зборување беше неуверлива, несигурна и одвратна. Значи Кате - за глумица не те бива, освен ако не глумиш во нем филм. Непријатно изненадување беше и глумата на Сашко Коцев, за жал, за мене исто беше многу слаб, се изгубил во филмот, дури на моменти ми делуваше смешен и патетичен. Или режисерот не знаел да го извади максимумот од него, или неговата партнерка му влијаела на исклучително лошиот перформанс. Но затоа, глумата на германецот Шпиц, Димитрија, Шербеџија и мајката на Димитрија (бабичката во болницата) надополни за се`, беа магични, ме доведоа до раб на солзи, не заплакав, но силно се воздржував. Се`на се`, ова е еден прекрасен, квалитетен македонски филм и можеме да се гордееме. Музиката плени, јас сум горда навистина и ми е мило што ова е нашиот кандидат за оскар. 9/10 (само заради ужасната глума на двајцата главни ликови). Навистина се мислев долго после тоа кој би можел друг да ја одигра и женската и машката главна улога во љубовната сага на Коста и Ребека, и криво ми падна што Никола Ристановски не е едно 30тина години помлад, а Дејан Лилиќ - едно 10-15. За Ребека, навистина не знам, како што кажав визуелно пленуваше на екранот, и не ми текнува ниту една млада мак. актерка со такви остри, и пријатни црти истовремено за на филм. И некој напиша како таа сцената со водењето љубов во езерото, со цицките на Ката била - срамна? Дали сте вие луѓе при здрав разум, тоа беше една од највкусните, невулгарни сексуални сцени во македонски филмови и општо филмски што ја имам видено. Толку беше направено со вкус и стил, да ти се присака и на тебе во моментот. И да, Кате ич не те бендисувам, ама добра цицка држиш, ај па и да не е во гро план ставена. Hotel Transylvania Забавно, но премногу шарено и брзо дејствие на овој цртан, во кој ќерката на грофот Дракула го слави својот 118 роденден. Послабо цртанче од оние на кои сум навикната, на Пиксар и Дизни, но сепак мислам дека малите дечиња ќе го голтаат жедно со очињата. И кога мислам брзо дејствие - мислам пребрзо. Абре не застана цртанов, ко на спид да беа ликовите. 5/10
It's my boy Јас навистина не знам што е со Адам и со неговите последни филмови... Страшно ми е одвратен, особено кога го изопачува гласот, за демек да биде интересно, како во овој филм така и во “The watherboy". Филмот е глупав во секоја можна смисла, Spoiler воопшто не ми беше смешно тоа што професорката останува бремена од ученик кој има 12-13 години, ниту пак ми беше смешно ова со брат и’ и ред други работи. Taken 2 Не е лош, ама првиот дел ми е далеку подобар. 7/10 I am a legend Го гледав вчера на МРТ1, ми се допадна. 8/10
The Help- 2011 Денеска го гледав по втор пат, но сепак повторно ме воодушеви филмов. Беспрекорна глума, Ема ми е прекрасна, а Виола и Октавиа се врв во филмов. Го препорачувам на сите, предобар филм ќе ви се допадне. 10/10 http://www.imdb.com/title/tt1454029/