Spoiler "The ring" 9/10 Предобар филм,навистина е мистериозен и језив на моменти.Можеле уште малку пострашен да го направат ,ама и без тоа одличен е филмов. Знам дека сите го имате гледано,а јас малку закаснив . Spoiler Се работи за еден настан(всушност повеќе се)кој ке ја натера една новинарка да истражува.Има една касета и секој кој ке ја гледа,прво добива мистериозен повик,а потоа за седум дена умира.Тоа се случува на внуката на новинарката и таа решава да дознае што се случува навистина. На крајот открива,но и таа и син и' се во опасност.
Незнам зошто ама мислењто од пред малку неќе да ми редактира. Заборавив да го пишам филмов: Hocus Pocus- 1993 Кој што прееска го гледав на Сител по 100ти пат и повторно се скапав смеење. Доста добар филм, со многу комични елементи. http://www.youtube.com/watch?v=nDidHzwYu3E песнава ми е врв. 7/10. Препорачувам! http://www.imdb.com/title/tt0107120/
Runaway Bride (1999) http://www.imdb.com/title/tt0163187/ Само не ми е јасно, зашто има толку ниска оцена, на имдб? Го фатив вчера на Cinestar. Само што, не го гледав баш од почеток. Овие двајца, ми се совршена двојка. Друго, и немам што да кажам. Само дека ми се допадна. И еден лајк од мене. :up:
Vacancy 2007 Доста напнато филмче. Интересна содржина, но можеле да го направат малку пострашен. 7/10. Го препорачувам. http://www.imdb.com/title/tt0452702/
Многу интересен лик за SPIDER според мене одбрале можеби е мало ситно не мускулесто ама е одличен 8-10
Леле јас одкако го изгледав овој филм,после него не изгледав хорор. Едиснтвен хорор филм што сум го гледала,и омилен ми е.
The Forgotten. Мошне интересен филм со чудна тематика. Жанрот е мистерија. Накратко станува збор за една жена која има дете кое наводно поѓинува во авионска несреќа, но на кое никој од роднините не се сеќава. Дури ниту нејзиниот сопруг. Таа тргнува во потрага а целта и е по секоја цена да дознае како исчезнал нејзиниот син и што всушност се случило... Интересен филм кој не трае премногу долго. 90 минути и вреди да се погледне.
Up (2009) Spoiler Со илјадници балони, 78- годишен старец, кој се вика Карл, успевава да полета заедно со неговата куќа и да појде кон Јужна Америка, каде што ке може да ја оствари неговата и желбата на неговата почината сопруга односно да ја смести куќата на Рајските Водопади. По поминувањето на изминат пат, тој забелешува дека не е сам во ,,летачката-ќука" , на тремот од куќата се качило и момчето Расел. Се обидува да го врати кај татко му, не но успева и заедно продолжуваат кон Рајските Водопади. Застануваат на место кое што е далеку од водопадите, но сега продолжуваат да пешачат кон водопадите и ја влечат куќата со себе. Патем, ја сретнуваат птицата Кевин, која што е барана од Чарлс Мунц и едно од неговите кучиња Даг ја пронаоѓа, се преправа дека е нивен пријател и.. и другото самите догледајте го 7.5/10
Bean (1997) Comedy | Family 9/10 Mr.Bean работи како чувар во Британската Кралска Национална галерија и неговите шефови сакаат да му дадат отказ бидејќи тој спие на работа цело време,но не можат затоа што претседателот на одборот на галеријата го брани.Го испраќаат во Америка,каде што ќе мора да присуствува на отворањето на најголемата слика во САД досега. http://www.youtube.com/watch?v=5SnIUYLRXro&feature=relmfu Најсмешен дел. Добро филмче за опуштање и смеење.
Unbreakable!-Нескршливиот (непобедливиот) Многу добро филмче,вреди да се погледне. Рецензија: Човек дознава дека е нескршлив т.е се прави сообраќајна несреќа и има 100 и нешто загинати а само тој е преживеан. Тоа предизвикува бунт и се разоткрива дека тој човек всушност е нескршлив. Spoiler не дадов добар опис ама не ме бива за тие работи,се потрудив малку.
Unknown Др. Мартин Харис со својата жена пристигнува во Германија на семинар на кој треба да се промовира нов начин за справување со гладот во светот. Меѓутоа, ќе ја заборави актовката на аеродромот и ќе се врати по неа. Притоа ќе доживее сообраќајна несреќа после која ќе го изгуби својот идентитет и ќе се обиде да си го врати. Дали ќе успее во тоа, погледнете го филмот. Интересна акција, на моменти предвидлива, но пресвртот е неочекуван. Барем мене ми беше. Во секој случај, уште еден одличен филм за љубителите на Лиам Нисон. 4/5 The Kingdom Филмот е инспириран од вистински настани (бомбашките напади во 1996, Ал Кобар и 2003 Ријад, Саудиска Арабија). По терористичкиот напад врз американската заедница во Ријад, тим на ФБИ оди на лице место да го истражи местото на злосторството. Притоа треба да ги надминат препреките кои ги наметнува муслиманската заедница со своите закони и правила, и во соработка со саудиската полиција да го фатат сторителот. Типично американско гледиште за ваквите случувања, но и за животот на Блискиот Исток. Не е нешто посебно, иако е добар за љубителите на воени филмови. 3/5 Transformers: The Dark Side of the Moon Автоботите во соработка со војската откриваат дел од технологијата на Сентинел Прајм која останала скриена на темната страна на месечината после падот на леталото кое бегало од Сајбертрон. Десептиконите ќе успеат да се инволвираат меѓу луѓето, во исчекување на оживувањето на Сентинел и обновувањето на Сајбертрон со помош на скриената технологија и притоа Мегатрон сака да ја има власта. И како и обично, автоботите победуваат - и оставен е простор за ново продолжение. Приказната е класична сај-фај акција, ама лично мене филмот ми се допадна 4/5 Horrible bosses Тројца пријатели имаат ужасни шефови. И понекогаш си замислуваат дека ги убиваат и се спасуваат од нив. Ама што кога ќе решат тоа да го спроведат во дело? Кога си играш со оган големи се шансите да се изгориш, бидејќи не секогаш сè оди според планот. Но на крајот, сите тројца ќе поминат добро, односно ќе ги скротат шефовите. А како, ќе видите. Лимонатка филм, малку глупав на моменти, ама добар за тепање време. 3/5
"O" Филмов го имам гледано неколку пати и никако не ми текнуваше како се вика A тој со една буква само бил Cе работи за еден успешен кошаркар во средново училиште,тој е најуспешен од сите,има девојка(Julia Stiles) се сакаат,се им оди одлично. Hо,еден од неговите другари не е срекен за тоа и пробува на секој начин да го уништи,во секоја гледана точка. Hема да ви се верува љубомората колку е болна и до каде можи да оди. Cекогаш кога го гледам филмов, се чуствувам чудно и згрозено,некако чудно. Mене ми е еден од почудните филмови што сум ги гледала,него Josh тука глуми одлично 7\10 The Faculty Дejството се одвива во едно средно училиште,каде што професорите почнуваат да се однесуваат чудно :geek: Hекои ученици веруваат дека станува збор за вонземјани и почнуваат да истражуваат Mене ова ми беше интересно и забавно филмче,боже ми се чини или Aшер глуми во филмчево? 6,5\10
W.E. (2011) http://www.imdb.com/title/tt1536048/ Го видов филмов случајно и немав поима дека е на Мадона, дури откако го изгледав видов кој е режисерот Филм кој има неколку номинации и награди за костимографија, бидејки е прекрасна истата! Се воодушевував на изборот на шминка и облека, одлична глума на Andrea Riseborough и Abbie Cornish. Воедно целата приказна за аферата во Вестминстерска палата ме воодушеви, убаво е направена и таа паралела на минатото и сегашноста, а и воедно што главен акцент е ставен на жената. Me чуди премногу ниската оценка на имдб. Јас го препорачувам за љубителите на историските драми. 8/10 Taken 2 (2012) http://www.imdb.com/title/tt1397280/ Првиот дел го изгледав во еден здив, вториов исто но сепак првиот си е прв едноставно А и вториов нели трае прекратко 80 минути за акција ми е малку Некако многу набрзина се се случува, ептен убрзано. Ми се допадна во секој случај, дејствието е супер што се случува во еден Истанбул, топ место за акција и брзо возење низ тие сокачиња, јес да такво возење кога ќе има некое малолетно девојче без возачка нека ми јават Се на се ај и за ова 8/10
Looper (2012) 118 min - Action | Sci-Fi | Thriller Се мислев што да симнам да гледам, некоја добра акција и кога го погледнав траилерот мислев дека е полн погодок. Добар избор на глумци морам да признаам но искрено не ми се допадна филмов. Гледам има висока оцена на IMDb 8.1/10 ама јас не би му дала толку. Не знам дали е до тоа што го гледав без превод па некои делови ме збунија. Како и да е, не ме воодушеви. Spoiler На кратко, во филмов се прикажани две времиња (онака фино да те збунат ). Во 2074 е измислено патување низ времето кое било забрането,но го користеле криминалните групи. Тие се ослободувале од некој така што го враќале 30 год во минатото и таму ги пречекува лошиот чичко со пиштол и ги убива. Џо, главниот лик, еден ден дознава дека мафијата за која убива, му го праќа стариот Џо т.е. он да си се убие. И така почнува се..
You Don't Mess With The Zohan That's My Boy Две исклучително лоши комедии со многу идиотски хумор. Не знам што се случува со Адам Сендлер последниве неколку години, ама јас не се сеќавам кога последен пат сум изгледала некоја неговата добра комедија.
Super 8 (2011) Откако неколку другарчиња, снимајќи аматерски филм на железничка станица во нивното мало градче, ќе бидат сведоци на несреќа, почнуваат да се случуваат чудни и необјасниви работи... Филм во продукција на Спилберг, патем феноменална, навистина си има свој печат човекот, не се џабе е меѓу најдобрите. J.J. Abrams авторот и режисерот на овој сај фај филмич, познат по својата работа во Lost и Fringe. Интересен и возбудлив детски, но и семеен филм, кој го одржува вниманието, има добри специјални ефекти и солидна приказна за овој жанр. Дечињата се прекрасни, ама глумата на Elle Fanning освојува. Ова е помладата сестра на Дакота Фенинг, која е исто така многу добра млада актерка, ама девојчево ме освои сосем. За мене лично - дури и подобра од Дакота, а и поубавка. Фино филмче. 8/10
Man on a ledge Ми го фалеа филмот демек ного јак бил,па го симнав.Не беше лош,ама приказната не е ништо посебно. 5/10
21 грам http://www.youtube.com/watch?v=l5OrRqj5At4 6/10 филмов ми го помати мозокот додека да сватев што сака да каже.