Трилер и не е така лош. 8/10 Татко со двете деца после година по трагичната смрт на сопругата, мајката ... оди на празничен одмор. Но дали тоа ќе бидат вистински празници или нешто друго, гледајте го да дознаете.
Mајка и синче ќе бидат киднапирани од страна на таксист- сериски убиец. Mајката ја убива, а детето го држи заробено со години. чуден филм, нешто подруго,малку бизарен, не е баш хорор, не знам во кој жанр да го сместам. интересен, ќе има голем пресврт, од мене 7/10 за да се види еднаш, добар е
по милионити пат пак го гледав ZONA ZAMFIROVA http://www.youtube.com/watch?v=aFI5x3sPAbo 100/10 незнам колку пати да го гледам пак ке ми биде интересен
“The cold light of day“ Интересна замисла, промашена реализација.....Бре не можеш асален трилер да изгледаш, овие новиве врска немаат. Повеќе очекував од филмот, ама едвај една 4-ка му давам. Spoiler На крајот не ни разбрав што всушност имаше во таа актовка.
Без никаква навреда, ама жал ми е ако не си гледала поубав филм од тој. Има, МНОГУ Иначе вчера го гледав Зомбиленд. Очекував да не е нешто посебно, ама ме изненади, баш е интересен, смешен, има јак црн хумор и закон глумци. 9/10
Во последно време го запоставив гледањето на филмови . Постојано имам некој проблем со гледање онлајн а не ми се симнува некако. Ќе им се вратам кога тогаш на филмските маратони . Ама еве, последните два-три филма кои ги изгледав мислам дека беа овие. Mean Girls 2 Ова споредено со првиот дел е ужас. Не се ни споредува искрено. Не знам од каде им идеа да снимат вакво глупо продолжение. Хуморот и ликовите се никакви. In the Land of Blood and Honey Ми остави филмот впечаток. Мислам дека Анџелина како режисер би ја бендисала повеќе отколку како актерка. Фан сум на воените филмови и можеби затоа донекаде сум навикната да гледам такви грозни, одвратни и крвави сцени како што има во секоја војна. Но мислам дека многу лоши спомени се оживеани со филмот за оние кои го преживувале тој кошмар. Поради тоа малку е ранлива темата на филмот. Но ако го тргнеме на страна солидна реализација и приказна. Глумата беше ептен добра. Се згрозив на филмот и некои сцени во него ама воедно и го гледав со внимание. Само србите се прикажани во најлошо можно светло во филмот. Не ја познавам многу таа историја ама бетер и од нацисти се прикажани. Се сомневам дека тоа им се допаднало и дека се фанови на филмот. What to Expect When You're Expecting Добро филмче за опуштање. Интересен е донекаде, ми се допадна. Овој Чејс Крафорд е одмор за очи било во кој филм .
Taken 2 (2012) После првиот дел очекував многу од овој филм, но беше помалку разочарувачки. Лиам Нисон повторно извонреден, исто и останатите од старата екипа. Од Раде Шербеџија очекував одлично да го одигра албанскиот гневен татко, но се разочарав што немаше ниту еден дијалог на нивен јазик (освен шпејт, шпејт што повторуваа сите друго јок). Дури и на Српски ќе звучеше поубедливо, ама вака Албанец на Англиски во Истанбул некако ми беше премногу излитено. Забележав и други пропусти на сценаристите, ама ајде да не наведувам и ги расипувам очекувањата на оние кои не го гледале филмов. Оценка 6/10 IMDb link
The town Не знам зошто не го сакам Афлек кога стварно солидни филмови имам гледано со него, треба да се преиспитам Причата, ограбувачи, еден ќе се опамети, заљуби, па ќе се бори да се ослободи од тимот и работата. Мене ми се сфиѓаат вакви филмчиња, забавни ми се и брзо се одвива дејствието. Friends with kids Стандард приказната, они све сфатиле, ама не сфатиле дека се сакаат лесен филм, актерката немаше уста The awakening Ми се допадна...затоа што немаше извртени, страшни фаци на духови (оти почнав по дома веќе да ги замислувам ). Ребека Х. многу ми се сфиѓаше, баш и лежеше ликот
Добар филм се наежив на некои моменти му давам 8/10 заради крајот малце глуп беше ама реди да се гледа Интересно филмче
Од мене една солидна 7. И препорачлив е Што кога нештата ќе тргнат наопаку? Што со сплет на несреќни околности може да се случи, да биде исходот? Кога едноставно нештата си течат по оној пат кој води кон несреќен крај ... Филмов го покажува се ова.
2 Days in New York Продолжение на 2 Days in Paris (ако го има некој гледано). Се работи за еден пар кој живее на Менхетн со нивните две деца од претходните бракови/врски. И на посета им доаѓа фамилијата на девојката, која инаку е од Париз. Се збори и француски и англиски во исто време али си имате превод така да се е океј Мене лично ми се допадна, има солиден хумор и добра актерска екипа. За cuddle вечерите, со ќебето и чајот во рака, е топ Оцена: 7/10
The Campaign (2012) Вистинска комедија, едно време солзи почнаа да ми течат од смеење, кога започнаа исповедите на масата за време на семејната вечера. Двајца кандидати од Северна Каролина, се борат за местото конгресмен во сенатот на Вашингтон. Урнебесно смешно, интересно, а глумата е врв. Zach Galifianakis од Hangover сепак, малку подобар Will Ferrell. Да не кажам - фантастичен, како само го доловил ликот. Препорачувам за тужни ем ружни вечеринки, опуштање мозок и смеа. 8/10
Madagascar 3: Europe's Most Wanted Животните од њујоршката зоолошка градина бараат начин да се вратат таму, па ќе се обидат да ги пронајдат пингвините за да го искористат нивниот авион. Така доаѓаат во Европа и му се придружуваат на циркусот. Дали ќе успеат да се вратат дома или не, не ви кажувам. Гледајте го! Давам 4/5. Го гледав со син ми, кој вообичаено не седи повеќе од пет минути на едно место, ама филмов го гледаше со мене. Не дека разбираше нешто, ама интересен му беше и ги препознаваше животните
Има добар торент за Трето полувреме? Јас последен го гледав ТENGO GANAS DE TI (малку доцна ама ...) Не очекував ама ми беше исто добар како и првот, Го препорачувам за оние што сеуште не го имаат гледано.
The Shawshank Redemption Spoiler Младиот банкар Енди, е осуден на две доживотни робии за убиство на сопругата и нејзиниот љубовник. По скоро 20 години успева да избега од затворот Шошенк, со стекнато животно искуство, финансии и големо пријателство. По оценките на Imbd - највисоко рангиран, но по мои стандарди можеби Law Abiding Citizen кој му е близок до темата, заслужува место пред The Shawshank Redemption. Добар филм, вреден за препорака, но оценката му е подарена.