The whistleblower Колку вознемирувачки филм. Не можам ни да зборувам за него само како за филм, затоа што знам дека во голема мера е реален. Што дополнително ми го помогна чувството на немоќ, како и на гадење на одредени сцени. Си легнав со болки во желудник, се разбудив со истото грдо чувство. Реална слика на случувањата во трговијата со луѓе. Нечовечност, болка, постојано изживување, бескраен круг на измачување. Би сакала да верувам дека не постојат во светов вакви одвратни луѓе, а сепак таа несигурност што ја добив и страв ми го велат спротивното. А ние сме толку неми и вртиме образ и очи на вакви работи, полесно ни е да веруваме дека не постојат. Дури и јас се преиспитувам дали ќе беше подобро да не го гледав филмов На Рејчел Вајс по не знам кој пат можам да и се поклонам. За содржината не сакам повеќе да коментирам...
The Amazing Spider-Man Денеска го гледав со мало задоцнување, но чекав подобра снимка. Предобар филм. Каде каде подобар од претходниот Spiderman. Ми се допадна приказната, актерската екипа, глума, ефекти, се ама баш се. Овој Спајдермен, мислам глимецот(Andrew Garfield) ми е далеку поубав и посимпатичен од претходниот(Tobey Maguire), кој малку ми беше геј. Ема прекрасна како и секогаш. Се на се одличен филм- еден од подобрите што ги имам гледано во псоледно време. Би го препорачала на сите. http://www.imdb.com/title/tt0948470/ 10/10
According to Greta (2009) Драма/Романса Spoiler Блесава тинејџерка оди кај баба и и дедо и во едно градче спротивно од нејзината волја па затоа прави се за инает на нејзините баба и дедо.
Argo Филм направен според вистинка приказна, драма во вистинска смисла на зборот..поврзана со војната помеѓу САД и Иран. Дело на Бен Афлек. Јас многу ги љубам ваквите филмови.. уште па и ЦИА кога ќе ми ја вметнат..мх мх. Оцена: 9/10
Zombieland 2009 За филмов немав кизнај колку големи очекувања, освен големата оцена од ИМДб(7.. Искрено ме изненади, очекував малку досаден филм, но не ни сетив кога заврши. Одлично филмче. Слободно можам да кажам дека има повеќе комични сцени отколку во некои ''комедии''. Ми се допадна. Препорачувам. 7/10 http://www.imdb.com/title/tt1156398/
Step up 3D прекрасен филм само тоа можам да го кажам... ме воодушевии... го препорачувам дефинитивно... Spoiler се работи за танцувачки групи кои се натпреваруваат...
The bone collector Прочитав некаде една сентенца: Кривецот е книгата, и оној кој ја напишал. До каде би дошле ради опседнатост од една книга!? Што би направиле само да се оди по текот на книгата!? Однапред испланирани убиства, и се оди точно како што е напишано во книгата. Па така и филмот е направен според книгата The bone collector. Филмот има одлично развивање и откривање на убиствата. Ми се допаднаа размислувањата на детективот кој лежајќи од креветот успеа да ги открие убиствата, но на местото на злосторот секогаш пристигнуваат касно. Кој е серискиот убиец, и обземеникот на книгата.. Погледнете.
Што ќе се случи кога соновите на двете најдобри другарки ќе се спојат и испреплетат? Каков е понатамошниот однос? И како да се најде замена за деверуша? Го гледав по не знам кој пат! Одличен избор за опуштање и забава. 10/10
The lucky one- Со Зек Ефрон. Дечкото се враќа од војска и решен е да ја најде девојката од фотографијата, зошто заради неа тој е сеуште жив. Започнува да работи кај неа и по извесно време се заљубува во неа, а и таа во него. На крајот на филмот се дознава што всушност се случило со брат то на девојката, кој загинал во војната. Романтичен филм, не е лош за тепање време.
The Amazing Spider-Man Конечно на добра снимка, кога неможев во кино да го гледам. Иако сум Бетмен фан, сепак филмот е одличен. Предобар. Глумата одлична, новиот актер е далеку подобар од Тоби, кој никако не се снајде во улогата на Спајдермен. Блед, монотонен, млитав, додека новото момче е полн погодок. Ема исто така. Ја обожавам.Талентирана е, и се радувам што ја форсираат и даваат одлични улоги, бидејки одлично си ја врши работата. И како пар ми беа симпатични и слатки. Мерак да ти е да ги гледаш. Ова верзија е далеку подобра од претходните, кои едвај ги догледував, се мачев буквално, а вчерва не сакав да заврши филмот. Не ни осеќаш кога поминале повеќе од два и пол часа. Ах да можев во 3Д да го гледам. Од мене солидна 9/10. Бетмен е на ред (се чека добра снимка).
The Campaign по препорака на Трендафилка. Само едно ке кажам дефинитно препорачувам, паѓав на земја од смеа.
Bandslam Вил заедно со неговата мајка се преселува на друго место со цел да избега од соучениците кои постојано го исмејуваат и навредуваат , а причината за тоа е минатото на неговиот татко. Во новото училиште имаат еден обичај а тоа е одржување на борба на бендови. Вил тука се истакнува, станува менаџер на еден од бендовите кој ќе го формира заедно со неговата нова љубов Интересно и занимливо филмче 9/10 Think like a man Ау филмов комедии станува збор за неколкумина пријатели и за нивните партнерки и за нивните животи. Тука зазема битно место една фамозна книга по која се раководат женчињава за тоа како да постапуваат со нивните партнери. Интересното почнува кога маживе ќе дознаат за книгата па и тие ќе почнат да учат од неа 10/10 This means war Дефинитивно преубав филм, а и актерчињава во него Ми се допадна улогата на Рис Витерспун многу Во филмов се работи за двајца пријатели кои се дел од тајна служба. Тие се заљубуваат во иста жена без да знаат за тоа, и тука почнува борбата за неа Интересен и со непредвидливи нешта до самиот крај, ама баш до самиот , до последната секунда 10/10
HUSK Предвидлив хорор, започнува со група тинејџери кои се на пат за негде и типично како кај сите хорори, протагонистите не стигаат до одредената дестинација. Дејствието продолжува да се одвива во поле со пченка и има ситуации кои дури и за овој тип на хорор се бессмислени. Едниот од групата исчезнува, па сите тргаат да го бараат и се разбира се разделуваат. Во исчезнатиот се и клучевите од колата, ексик! Во полето има коли чии сопственици се претходните жртви, потоа страшилата кои се наоѓаат насекаде шират одвратна смрдеа, случајно лешеви да не има под нив? Мхмм Тука е и колибата во која убиецот си ги врши обредите на убивање. Како изгледа сето тоа можите да претпоставите доколку сте гледале барем два вакви хорори... Првиот половина час имав чувство дека гледам римејк на Texas Chainsaw Massacre...
Кога ќе најдеш линк со добра снимка од Бетмен кажувај Он топик: Јас си продолжив со мојот филмски маратон. Изгледав уште едно филмче. Овој пат една тинејџерска лимонатка со Зак Ефрон т.е. 17 Again. Интересно филмче, доста добро за тепање време. 6/10 http://www.imdb.com/title/tt0974661/
http://www.imdb.com/title/tt1093357/ Во Москва пет млади луѓе се обидуваат да се спасат од вонземјански суштества кои убиваат и уништуваат се што ќе стигнат. Во целиот свет остануваат многу мал број на преживеани..... Ептен ми се бендиса. 10/10
Pet Sematary Паа..малку потресен филм,а и малку страшен.Интересна е приказната,ама не е за 10ка. Јас би му дала 8/10.
Safe House (2012) http://www.imdb.com/title/tt1599348/ Супер трилерче, фина акција, фина приказна, доста пресврти, убави глумци, Рајан посебно , Дензел вистински шпиун, овие филмови со Циа, Фби и вмешаност на американската власт ги обожавам. Дури и дечко ми ме пофали за изборот на филмов 9/10 The Campaign (2012) http://www.imdb.com/title/tt1790886/ Донт лајк own: Прилично дебилен филм за мој вкус, одвај некоја насмевка да ми украдеше, повеќето беше Плус Will Ferrell ми е еден од поантипатичните глумци, па ич не го обичам и ме нервираше. Сосема спротивност од него ми е Zach Galifianakis па среќа тој ме засмејуваше чат пат. Во секој случај одвај чекав да заврши. 3/10 The Great Debaters (2007) http://www.imdb.com/title/tt0427309/ Филмов можеби повеќе од 3 години ми стои во компјутер, никако да го изгледам. Обично пред да изберам филм гледам колку трае, па штом видам филм што е над 2 часа секогаш го оставам за следен пат. Често грешам и гледам глупо филмови наместо за +30 минути да изгледам филм кој ќе ми остане во сеќавање долго време. Одличен предобар фантастичен филм кој вреди секој човек да го изгледа. 10/10
Body of lies, како и повеќето филмови на Леонардо Дикаприо се одлични. Изгледа многу внимателно ги избира филмовите во кои игра.