2 Days in New York (2012) Продолжение на познатиот - 2 days in Paris, во режија на Џули или Жули Делпи, која се појавува во главната улога во обата филма. И овој ми се допадна како и првиот, првиот можеби за една нијанса малку повеќе. Хуморот не изостана, иако Жули остарела прилично многу. Крис Рок беше фантастичен, иако спојот на овие двајца неочекуван и малку чукнат, но ок. Сестрата одигра најдобра улога. За подобар ефект, ги препорачувам двата, гледање еден по друг. Не очекував таков патетичен хепи енд, но сепак... 7.5/10
http://www.youtube.com/watch?v=vL2RtA6Zl3w италијанска комедијазнаци три пати го гледав и сеуште ми е смешен
Monkey Trouble. Кога бев мала го обожавав филмов, и сега не знам што ми текна да го гледам. Носи убави сеќавања.
Open Water 2 Филмот е многу јак. Spoiler Неколку пријатели одат на патување со јахта. Сите скокнаа од бродот но заборавија да ги пуштат скалите. Во бродот имаше и бебе. Тие неколку часа се мачеа и бараа начин да се спасат. Од шесмина остана само жената и нејзиното бебе. 9/10 (жената која се спаси)
Тhe roommate....Цимерки На колеџ 2 цимерки,од кои едната е болна но ја крие својата болест.Таа останува опседната со пријателството на сојата цимерка. Што се случува понатаму видете и сами, не е нешто посебно,но ете оцена 7/10
Little Manhattan Ахх, по не знам кој пат ... ме убива филмчево, многу тажно си го сфаќам. Момчето се заљубува во девојчето и прави се за да ја освои. Џош Хачерсон бил пресладок уште како мал
Bring It On: All or Nothing Филмов ептен ми се допадна. Обожавам вакви филмчиња, предобри движења, предобра музика. Го препорачувам на сите, ќе ви де допадне. 10/10
A clockwork orange Hе знам од кога се спремам да го гледам филмов и конечно го изгледав Cе работи за еден млад дечко Aлех,кој има уште тројца другари,кои се насилници,малтретираат луге итн. Eден ден полицијата ке го фати и ке го стави затвор,во затворот докторите прават еден третман за да им помогнат на насилниците да се излечат. Eден од избраните е Aлех,на кого му го прават третманот..... Гледајте го ако сакате да го дознаете крајот Уф кога почнав да го гледам си помислив да го исклучам,ми беше чуден а и музиката ми даваше главоболка Hо,пријатно се изненадив,добар психолошки филм е :up: 9,5\10 Heма 10ка заради музиката
„The raven “ Убавина од филм. Се работи за Едгар Алан По и неговите дела. http://www.imdb.com/title/tt1486192/ Дава нова димензија, за она што навистина се случило со авторот и неговата љубена. Полн е со возбуда, непредвидливост. Оној кој ја сака уметноста и поезијата, топло му го препорачувам.
Abraham Lincoln:Vampire Hunter Филмов седнав да го гледам со многу препораки и многу очекувања. Искрено не ме разочара, предобар филм, за ефектите немам зборови, а без зборови останав и од вампирот Хенри . Се на се супер филмче, ме бендиса. Препорачувам. 8/10
Fight Club Едвард Нортон глуми несоничар кој барајќи решение на својот проблем ќе налета на харизматичниот Тајлер Дарден (Бред Пит). Тајлер е сето она што ликот на Нортон посакува да биде, па бргу ќе се спријатели со него и ќе основаат илегален боречки клуб. Кога работите ќе почнат да излегуваат од контрола, ликот на Нортон ќе почне да се осознава себеси. На Едвард Нортон веројатно најдобро му лежат вакви улоги, сум го гледала и претходно во филмови каде игра лик со психичко растројство. Филмов е малку подолг, на некои моменти несфатлив, но крајот ги расчистува сите дилеми. И има многу добри изреки, ама не би ги ставала сите, за да не му го упропастам филингот на некој што не го гледал се уште И веројатно една од најпознатите изреки...
The Life Of David Gale David Gale е универзитетски професор кој активно се бори за укинување на смртната казна и се труди да живее исправно според сопствени принципи. Во неговиот живот наеднаш се случува пресврт и станува осомничен за силување и убиство. Својата сторија ја кажува на амбициозната новинарка, а во неа се фактите кои се пресудни за неговиот живот. Колку далеку се спремни лугето да отидат и во колкави екстремности се впуштаат поради сопствените убедувања и желбата да се докажат дека се во право.
Final Destination http://www.imdb.com/title/tt0195714/ Тинејџери, заедно со наставниците треба да одат на ескурзија во Париз.Но, откако ќе се качат на авионот еден од нив (Алекс) има визија како авионот паѓа, и излегува од него заедно со уште 5 негови другари и една наставничка.Никој не му верува, но авионот навистина паѓа, со што ги пореметува шемите и плановите на смртта.После тоа, смртта повторно поаѓа по нив, со истата шема по која требале да умрат на авионот.Дали ќе може да ја измамат? Добар филм, иако не сум фан на хорори ми се допадна, а и немаше некои грозни сцени.
Crush (2009) Дечко оди во една куќа да работи како housekeeper додека сопствениците се во Париз. Уште истиот ден, внуката на газдата доаѓа на пливање во куќата. Започнува да се плетка со неа, и под пристисок од неговата девојка и испитите за кои се спрема, почнува нервно да попушта и работите почнуваат да губат смисла. Крајот е тотално неочекуван и непредвидлив. За мене филмов ветуваше повеќе на почетокот. Како што напредуваа настаните очекував сосема поинаков крај, но овој ми е, да кажеме, промашај. Заради крајот филмот добива налик на детска хорор приказна.
Horrible Bosses Тројца пријатели кои имаат проблеми со своите ужасни шефови,....како да се ослободат од нив? Прекрасна комедија. 9/10