Јуле добар е филмов? Баш сакав да го симнам ама се премислив бидејќи на имдб пишува дека е комедија-хорор.
Cе фрлив јас на Aзиските филмови Oвој е Kорејски HOUSEMAID Mлада девојка, оди во куќа на богаташи, млад брачен пар, кои веќе имаат едно дете, а на пат им е и второто. Mажот и го мава меракот, и ја вара жената со нејзе, па ја напумпува оваа, жената дознава, и тука се дешаваат 300 работи. Kрајот ме разочара толку многу што наместо 10/10, му давам 7/10, или 8/10 само за најубавата куќа што ја имам видено во животот, куќата на богаташиве, и нема рамна Oвој е Kинески dangerous liaisons Mлад плејбој мажјак, ќе направи пакт со една змија од жена, дека ќе ја легне неговата штотуку дојдена далечна роднина, за возврат да ја легне после тоа и оваа змијава! 8/10
Панкот не е мртов. Филмот е лудница значи. Мора да го погледнете. 9.5-10 Ради тоа што имаше еротски (или како да ги кажам) сцени . Тоа не е за мене
Многу добар филм двајца другари агенти се заљбуваат со иста и на неа останува да реши со кој ќе остане и се праат за да ја освојат му давам 8/10 заради лошиот избор што го направи
Total Recall (2012) http://www.youtube.com/watch?v=4SerZm7DheA иако трелеров можам да кажам дека ме прими за филмов ке кажам дека има една 4ка од мене ... изгледа сум станала премногу захтевна за филмовиве !!?? Како и да е ме нервира моментот на 1 против милион и се успева и никој нема никаква мака за тоа !!!
Red Riding Hood Феминки, јас вчера го гледав филмов.... денес повторно обавезно ќе го гледам 10/10 Црвенкапа во малку друго издание.....со години старата легенда во волковртот-кој е тој? Прекрасна мистерија до крајот на филмот, акција и борбата за вистинската љубов!!!!!! Еве го и трилерот http://www.youtube.com/watch?v=PM8V3cHdSC4 Ако го гледате обавезно чекам ваши коментари.
Snow white and the huntsman Можеби ќе имав поинакво мислење за филмов, да не беше Кристен С. Снежана <- ете таква е фацката на Кристин Крис Хемсворт беше најдобар, не само затоа што ми се допадна физички, туку затоа што имаше еден комплетен лик кој одлично го изигра. Ми се допадна и сценографијата, локациите, замокот беше бравос Brave преубаво анимирано филмче, многу, многу ми се допадна. Ликовите, природата, косата на Мерида, шкотскиот акцент :geek: ви го препорачувам
Hitch Доста добар филм со Вил Смит во кој тој е доктор за состаноци..Навистина интересно. RED (Retired extremely dangerous)Многу интересно со многу смешни моменти
The Last Exorcism Hемам коментар за филмов,не го ни разбрав,крајот ми беше безврска и немаше некои страшни сцени 3\10
Едно мало надополнување: п.с. сито што имаат Макс ТВ,моментално го има во видеотеката на бесплатни филмови
Notting Hill Филмов многу ме потсеќа на Pretty Woman, со тоа што овојпат Џулија Робертс ја има спротивната улога. Ја игра мега популарната филмска ѕвезда Ана Скот која случајно ќе влезе во книжарата на еден Британец и ќе му го смени животот. Целото дејствие се случува во Лондон. Џулија ми е преубава, отсекогаш ми била симпатична. А Хју Гранд не е некој убавец, ама ми е шармантен и вакви улоги му лежат. Познато е дека британскиот хумор и не е баш комичен, ама имаше сцени на кои слатко си се изнасмеав. Приказната не е нешто невидено, а и филмот е непотребно развлечен. Ама добар е за потполнување слободно време - ако имате 2 часа на располагање
Исправи се, Делфина Филмнов го гледам по 3 пат, и прекрасен е. Со оглед на тоа што е од 1977, снимката е повеќе од одлична. Ми се допаѓа целата приказна и тоа како е одглумена. Делфина ми е преубава, а овој Младен антипатичен . Музиката на Сладе Димитров секогаш ми се допаѓала, овде во филмов совршено се прилагодува. Би го оценила со 10/10.
Delivering Milo Филмов знам го гледав порано на телма постојано го даваа, и баш ми текна пред некој ден на него и си викам пак да го гледам. Убав, едноставен и интересен филм кој едноствано како мала уживав да го гледам
Looper жанр : научно фантастична акција филм со Bрус Bилис , џозеф гордон левит и Eмили блант во главните улоги патувањето во времето е измислено во 2074 година но наскоро после тоа е забрането и станува казниво со закон. истото е искористено од криминалните организации за да ги испраќаат да бидат убивани во минатото оние од кои сакаат да се ослободат. нив ги дочекуваат т.н looper-и платени со сребро. филмот се занимава со тематиката на преминување од едно во друго време, возраста, љубота, криминалот и родителството. Oдлично филмче Highly recomended by me 10/10