Сите имате филм од детсвото на кој се сеќавате со уживање и блага насмевка, така? Епа мојот е овој со Фил Колинс, нискобуџетно австралиско филмче, во кој глуми осигурителен агент кој ќе почне да тормози млада брачна двојка со помош на неговите коцки за вртење, убеден дека кријат нешто и се обидуваат да го прелажат системот... Генијален, за тие малку пари со кои е направен. Чукнат, бизарен и шарен, едвај сум го нашла, со 1 сидер за симнување, долго трагав по него, а на мистер сидер му го научив биоритамот за станување и јадење и мочкање. Бидејќи сум крајно пристрасна и е филм од детството, нема да го оценувам, мене ми е топ. Кој се сеќава на чукнатите фацки на Фил Колинс и филмчево, нека крене 2 прстиња во воздух. FRAUDS LOOPER Интелигентен сај-фај трилер, во кој функционира патувањето низ времето. Убијците се нарекуваат loopers, а жртвите се испраќаат низ времето, 30 години порано, со цел првиве да ги убијат... Еден ден доаѓа до мошне интересен пресврт. Солидна акција, добра режија и глума. Џозеф Гордон Левит ми е омилен, тука на почетокот делуваше како да му мавнале 16 инјекции ботокс, а после прочитав дека намерно носел простетика на лицето, за да наликува повеќе на Брус Вилис. Само од еден момент искрено ми се згади, но многу интересно и креативно, необичен филм и го препорачувам. 8/10
викенд шема - Ханна - повторно го гледав пошто на дечко ми не му беше гледан .. Freelancers 2012 доста јака група на глумци „ многу дрога и уште повеке насилство а и секако се*,, на секое чошенце ... му давам една 8ца Класична слика и прича ... Тато цајкан синот мора да е на исто и секако прлјави полицајци и еден мора да го решава најголемото губре кое се дешава ... и за мене најјјјјбољи за цел викенд ми е morgan freeman and justin timberlake во Edison Force од 2005та година Искрено пак иста прича со корумпирани цајкани дроги ... убиства ... Но и плус да кажам НОВИНАРЧЕ кое успева да ја реши целата прича помогнат од МОрган ... вреди да се посвети временце за гледање на филмчево 9/10 е мојата оценка
Го гледав по втор пат Буре барут . Мене ми е многу океј филмот, како и секогаш, ги враќам сцените со Тони и Никола Ристановски бидејќи страшно ми се свиЏаат . Филмче за релаксација ми е. Инаку по текст на Дејан Дуковски е. Вреди да се види. http://www.youtube.com/watch?v=jw80g7PnFqQ http://www.youtube.com/watch?v=Nn_fjSwN ... re=related
Ретко постирам, ама секој ден по еден филм паѓа, филмоман сум си Меѓу последните изгледани Seeking Justice Николас Кејџ во улога на сопруг чија жена е силувана. Додека е уште под стрес, доаѓа човек кој му нуди да го убие напаѓачот и прифаќа, но проблем се јавува после неколку месеци кога тој треба да ја возврати услугата. Препорачувам. Separate Lies Бракот на еден адвокат почнува да се распаѓа по неверството на жена му и смртта на мажот на нивната слугинка. Краток и едноставен филм Spoiler Малку чуден однос на мажот спрема жената откако дознал дека го изневерува, буквално само на филм го има тоа Можно ли е Емили Вотсон да е толку антипатична, без грам харизма?! The Life of David Gale Ова е веќе филм што после кој еден филмоман со мерак ќе заспие Човек кој се борел против смртна казна е осуден на истата поради убиство на колешка. :up:
In Time 2011 Филмов го гледав по втор пат поради тоа што дечко ми го немаше гледано. Ја искрено повторно останав без здив од филмов. Пре предобар филм, со предобра приказна. Дејствието се случува далеку во иднината кога веќе времето е новата валута и секој после својата 25та година добива една година време со која мора да преживее. Имаме две спротиставени сили и тоа оние од гетото и богатите. Оние од гетото живеат ден за ден, додека богатите имаат премногу време. Но што ќе се случи кога човек од гетото ќе дојде во градот на богатите со еден век?? Ве оставам да дознаете препорачувам од мене има 10ка.
Brave интересно цртанче по ваша препорака но ако планирате да го гледате ви препорачувам да го симнете јас го гледам на филмовизија на многу лоша снимка.
Battleship ( 2012 ), добар sci-fi филм, приказната може е веќе истрошена, вонземјани ја напаѓаат земјата, ама добри ефекти и изненадувачки добра глума од Rihanna.
Јас си продолжив со комедии од 90тите. Едната британска, другата американска. И двете со Andie MacDowell во главната улога Four Weddings And A Funeral Чарлс и Кери за прв пат се запознаваат на свадба на која Чарлс е во улога на кум. Уште при првото видување, меѓу нив се јавува хемија која прераснува во страсна ноќ. По свадбата, Кери се враќа во Америка каде живее и работи, а Чарлс останува во Англија. Мислат дека никогаш повеќе нема да се видат, но следува уште една свадба на која и двајцата се поканети како гости. А по таа, следуваат уште две други свадби и еден погреб. Пак ќе напоменам дека британскиот хумор не е нешто многу комичен, ама филмов не е толку лош. Башка Мистер Бин е во улога на свештеник Groundhog Day (подобрата комедија ) Филмов го имам гледано повеќе пати, ама никогаш нема да ми здосади. Се работи за еден мошне арогантен и самобендисан репортер за временска прогноза по име Фил, кој ќе остане заглавен во времето на 2ри февруари. Секое утро времето се враќа назад и повторно е истиот датум. Секое утро го буди истата радио емисија и секој ден треба да ја прави истата репортажа на телевизија. Тоа веќе почнува да му досадува, па Фил ќе се обиде ова „проклетство“ да го искористи во своја полза.
По незнам кој пат Mr. & Mrs. Smith Предобар филм. Одлична глума и од Анџелина и од Бред кои ми се совршен пар. И ајде некој нека го изгледа филмов и нека кажи дека Анџелина нема појма од глума и дека не е една од најубавите жени на светот Јас го препорачувам. 9/10
Total Recall Започна интересно, моќно и силно, а заврши досадно и слабо. Трае предолго, изобилува со акција, премногу пукање, роботите премногу Стар Ворс, Колин Фарел - солиден и секси, Кејт Бекинсејл - најсекси женка во свет, па како ја мафташе таа косичката, лепотица, а Џесика Биел како испрана во тоа суратот... ич не е убава бре, ич. Приказната во принцип е ок (и не знам искрено зошто го нарекуваат филмов римејк, кога освен насловот - не дели ништо друго со оригиналниот од 1990 година) , ама реализацијата е малку бледа, плус забегале троа отповеќе во сај фај елементите... солидни тепачки, во првиот дел од филмот уживав, во втората половина - зевнував и гледав на часовникот... 6/10 (и не би го гледала пак).
Мислејќи дека е чист трилер решив да го гледам. Па и не е лош. 7/10 Брат и сестра вмешани во кражба доживуваат несреќа. Преживуваат и се разделуваат при бегството ... што и како ќе се одвиваат настаните гледајте го да дознаете.
Death in Venice - Смртта во Венеција Ја имам читано книгата, многу ми се допадна. Па затоа се решив и за филмот. Стар е. Но со таква прекрасна глума. Такво пренесување на емоции. Прекрасно...
My week with Marilyn Одличен филм, глумата прекрасна, глумицата што ја одбрале да ја глуми Мерилин феноменална! Чудна љубовна приказна, која се одигрува во стариот холивуд. Ми беше посебно интерсен филмов, бидејки фрла ново светло кон ликот на Мерилин. За вистинската жена која се криела позади ликовите од филмското платно. За жал жена со многу проблеми. Препорачувам да го погледнете, мене саат ипол ми летнаа како ништо! 8/10 http://www.youtube.com/watch?v=U_tbnTM7zVE
http://www.imdb.com/title/tt0119314/ The horse whisperer , отцена 6,4/10 и немојте да го гледате... Spoiler Се работи за рехабилитација на едно девојче и на нејзиниот коњ, откако ќе доживеат несреќа во која ќе загине нејзина другарка, или роднина и беше. На ранчот на кој ќе го однесат коњот, ќе има еден тренер, дресер, во кој ќе се вљуби мајката на девојчево. Но на крај ќе увиди дека таквиот живот, на ранч, фарма, не е за неа. Дека таа е жена која растела во големи градови и дека нејзиното место е поркај керката и сопругот, и на крај се ќе се врати исто како што почна. Коњот повторно ќе биде скротен и ќе може да се јава, девојчето ќе ја надмине траумата иако ќе мора да се научи да живее со половина нога поради несреќата. Минус, другото девојче што почина на почетокот. Премногу бавно се одвиваа настаните во филмот што зажалив што толку време потрошив на него. Одма го избришав.
Bride of Chucky Cлучајно го начекав филмов на тв и го изгледав сега,читав на нет имало и други делови од овај филм. Cе работи за кукла-убиец,во овој дел со помош на својата девојка Tифани тој се врака назад,т.е неговата душа се врака во кукла,имаат расправија со својата девојка и за да и се одмазди ја претвора и неа во кукла,потоа наогаат пат да се вратат како луге преку магија. Bоопшто не ми се допадна филмов,многу глупав и досаден,посебно со кукливе како убиваат,аман Bо хорор спага,но мене воопшто не ми беше страшен 3\10 *Bubbi убаво што си напишала рецензија за филмот,планирав да го гледам. Hо,штом е таков плус со Cкарлет J.подобро не
In Bruges (200 Режија: Martin McDonagh Играат: Colin Farrell, Brendan Gleeson, Elizabeth Berrington, Rudy Blomme http://www.imdb.com/title/tt0780536/ Филмов го гледав сношти после подолго време, на мое инсистирање да го гледа мм (а и јас повторно) бидејќи имав заборавено колку е добар. Обично не сакам филмови во кои се споменуваат платени убијци и слично, но филмов е многу подалеку од тоа и има стварно одлична драматургија. Иако е трагична приказната, преовладува со одличен хумор и сарказам. Приказната е непредвидлива до самиот крај. Топло го препорачувам. Сем убавата содржина, ќе видите и одлична фотографија, неодоливи пејсажи на прекрасната Белгија како и прекрасниот Фарел Оцена. 9/10
Seeking justice Многу добар филм, препорачувам. 10/10 The life of David Gale Исто така препорачувам 10/10