Mr. Popper's Penguins Многу добра комедија, во филмот се работи за Mr. Popper кој има своја кариера,воедно сака да се посвети и на своите деца....но се се менува кога тој го добива последниот подарок од својот татко кој патувал по целиот сет. Оцена 9/10
The expendables 2 Го немам гледано првиот дел, веднаш прејдов на вториот. Голем фан сум на Сталоне и ептен грев ми беше да го гледам ваков, мислам тој физички се гледа дека си е уште способен, али на лицето му се гледаат годините и за жал, воопшто не му стојат добро. Се потсетив каков беше во филмовите снимани од порано и ко да не е тој. Иначе, за филмот, мислам дека немаше ни да го гледам вториот дел ако го гледав првиот, оти акција ко акција, али не дека е нешто посебно, туку ради актериве се дигна толкава фама. За актерите се нај, али филмот не е ништо спешл. И да, не планирам првиот да го гледам. 6/10
Dark Shadows Филмов пред да го гледам читав тука некои коментари, На некој му се допаднал, на некој воопшто. Јас сум негде на средина. Не можам да кажам дека ми беше досаден, ама беше благо ретардиран. Е не знам и јас како е можно, ама ете... Имаше некои прилично несврзани работи, Spoiler не знам како вештерката на крај испадна ко да е кукла па се раскрши цела, подобро ќе беше да ја палеа со нешто или слично, глупаво ми испадна како на крај Spoiler умре Викторија, а се врати Жожет и си останаа среќно да си живеат, да, имаше прилично глупави работи. Пак не би го гледала, ама онака, баш сум без некој посебен впечаток.
Јас во последно време сум фрлена на лесни лимонатки имам отпоќе слободно време и секој ден гледам скоро по еден филм, така да еве шо изгледав последно: Easy a 10/10 10 му давам оти е со мојот омилен глумец , инаку многу вистинито како еден трач се поширва насегде и то невистинит, интересна приказна. LOL 8/10 Мајли ми е одвратна, инаку филмот ме бендиса малце се знаеше шо ќе се деси на крајот али ајде. Песната на крајот шо му ја пееше ми е преуба. Princess Protection Problem 10/10 Ептен ме бендиса. Sleepover 10/10 Се изнасмеав, ептен интересно ме потсети времето ко трчавме за да се прибериме пред да си дојдат мојте дома Вкрај интересна приказна.
Safety Not Guaranteed (2012) Откако новинарска екипа ќе го прочита приложениов оглас на постерот во локален весник, ќе се решат да го пронајдат мистериозниот патувач низ времето и да напишат приказна за истиот... Чукната приказна, која одржува внимание. Имаше и добар хумор на моменти, а на моменти живи глупости во боја. Ама дефинитивно ќе го догледате докрај. Малку заморуваше камерата и филмот изгледаше нискобуџетен. Глумата беше солидна. Приказната - недоработена. 5.5/10
Beastly Лимонатка филмче, базирано на приказната за Убавицата и Ѕверот. Приказната веќе позната, само направена во денешно време, додуша малце повеќе нереална, али тоа е тоа. Ми се допадна глумата на актеров, иако го немам гледано мислам во некој друг филм за да споредам. А оваа Ванеса мислам дека појма си нема од глума, можеле далеку подобар избор да направат за неа, али си одговараа ко пар, слатки беа. Сепак, ми се бендисуваат вакви филмчиња, бар 1,5 саат сум во розов свет. 8/10
Трето полувреме... филмот е стварно извонреден,ги има сите елементи за добар филм(хумор,фудбал,љубов...се).Тренерот Шпиц е легенда...неговиот лик најмногу ми се допадна...неможев да му се изнагледам на Коцев...а глумата на Катерина беше онака па шо знам ... просечна...на моменти добра...А да и сцената со пречекувањето на железничката станица и море сокол пие се наежив...и на последниот натпревар...и ај доста е ...да ми слегне малку филмот
Snow White and the Huntsman Bеке добро познатата приказна за Cнежана,но тука е малку испревртена приказната,ке се изненадите на некои сцени Kако и повекето што напишале рецензија за филмов и јас истото ке го кажам,не знам зашто и ја дале оваа улога на Kристен Cтујарт,таа не глуми во филмов,таа е во филмов Hекако како избунета цело време ми беше,не ни покажа некои емоции ни ништо,дури на тој делот каде што се "издра" некако ми се чинеше едвај го доглуми Hе ја мразам,ама не ја бива Oд мене филмов има 6,5\10
The fountain Збунета сум за филмов. И цело време додека го гледав бев. На почетокот е тотално нејасен, збунувачки, но како го гледате се разјаснуваат работите, се сфаќаат метафорите, се си добива смисла. Не дека јас скопчав се, али појасно би ми било уште еднаш да го гледам, тоа сигурно. Рејчел Вајс и Хју Џекман се феноменални актери, феноменални! Во деловите каде не зборуваат, им се чита од лицето она што треба да го кажат. Аронофски има некој ептен заплеткан ум, не знам, ова е многу тешко да се смисли, а камоли да се склопи во филм. Едноставно, филмов е ремек-дело. За оние што сакаат филозофии, да се мислат што, како, каде додека трае филмот (јас не сум една од нив) и откога ќе заврши да размотуваат сцени во глава и да поврзуваат делови, филмот е створен за нив. Како што реков, филмот е ремек-дело, а од мене нема да добие 10, ради тоа што не сум голем фан на вакви филмови, како што и порано се имам изјаснето. 7/10
Orange County (2002) Вртејќи по каналите на тв налетав на филмов и тука закочив. Не за друго, Колин Хенкс е doppelgänger на дечко ми. Интересно ми беше да го гледам на телевизија и во исто време да лежи до мене. И ми се допадна. Приказната не е ништо оригинално ама јас сакам да гледам вакви old school Американски комедии. Песнава. http://www.youtube.com/watch?v=IKzX5zRdsq0
Magic Mike Филмче без некаква поента со промашен крај. Така јас би го опишала. Добар е само ако сакаш да го пуштиш мозокот на пасење и да исплакнеш очи, сепак има што да се види, дечкиве нудат добар квалитет. Оцена за филмот: 5/10 Оцена за дечките : 10/10 Spoiler т.е. да признаам, филмов ме подзамисли и ми отвори едно прашање- зошто кај нас нема некој да понуди вакво шоу ??! Еве јас редовен гостин би била
Wolf Creek (2005) Хорор На моменти досаден хорор, локацијата во Австралија, тројца одат на пат, две женски и едно машко. Целта им е да го посетат кратерот Wolf Creek, ја оставаат колата, пешачат 3 часа и кога се враќаат колата е расипана. Од тука почнуваат сите заплети. До некаде предвидлив, а до некаде и непредвидлив хорор, ништо страшно. Базирано на вистински настани. Оценка 5/10.