Love, wedding, marriage Дефинитивно една од најглупите романтични комедии што сум ги гледала! А имам многу погледнато. Менди Мур и овој од Твајлајт немаат никаква хемија, воопшто никаква искра, а и да напоменам дека немаат појма од глума. Другите "актери" исто. Проѕирно, до Месечината и назад. Приказната онака, не нешто посебно, потпросечно. Умрев од досада додека го гледав. Не се насмеав ни еднаш. Не го препорачувам! 3/10
High Lane (aka Vertige) Од авантуристички, многу набргу преминува во хорор жанр. Природниот потенцијал е искористен во комбинација со многу опасна активност во која се впуштаат актерите. Петмина пријатели, кои се доста добро обработени ликови одат на планинска експедиција во Хрватска. Патот за качување нагоре по планината е затворен, но лидерот во групата - Фред наоѓа начин како да ја заобиколи блокадата. Пејсажите се фантастични, со секоја наредна сцена се става во прашање нивното преживување. Но, филмот полека се движи во друга насока и прекрасните предели се заменети со темни и мрачни сцени каде лежи изненадувањето.
This is England (2006) Екстра филмче....јас сум презадоволна... Три години го имам во компјутер и жал ми е, што дури сега му дадов шанса да го изгледам. Кога ми го симна бившиот, го потценив филмов, го гледав првите 15 минути и се откажав, тогаш (пред 3 години) ми се виде тапа од првите неколку минути којзнае во кој фазон сум била... Во секој случај, одлично сценарио, супер европски филм...посебно ќе им се допадне на оние кои го сакаат алтернативниот стил на живот и изразување, или пак сакаат за миг да го запознаат. Оцена 8.5/ 10
Директно со импресии од проекцијата на Cloud Atlas Мрднат и прекрасен филм. 6 различни приказни, од различни времиња, се поврзуваат на необичен, неочекуван начин. Филмот е толку комплициран, а толку едноставен, носи силна - навидум проста, а толку сложена поента. Немам зборови, ова е еден од најдобрите филмови што сум ги погледнала во мојот живот (and I'm a picky little bastard ) Во однос на приказната, реализацијата, и поставеноста на ликовите, инвентивноста во овој филм е безгранична. Филм кој говори за љубовта, слободата, борбата, креирањето на судбината, изборите кои ги правиме секојдневно, универзалните принципи, начнувајќи и други области, како реинкарнација, карма, задгробен живот... Тежок филм за варење, но прекрасен. 3 часа никогаш и не ми поминале побрзо. Хали Бери, типчето од Парфем, и Џим Старџис и Џим Броудбент - просто воодушевуваат. 10/10
Just my luck Е ова е веќе добар филм! Многу ми се допадна. Прекрасна приказна, многу смешна и пукав од смеа на тоа колку беа смотани и двајцата. Кој не го гледал, веднаш, поготово оние кои обожаваат ваков вид на филмови! 10/10
Killer Joe Tатко и син сакаат да ја убијат мајката,синов е во многу долгови,а мајкава има многу пари на животно осигурување и наогаат убиец(полицаец\детектив) но немаат пари да му платат,а за замена тој им бара нешто друго... Hа некои сцени ке останете здрвени и со отворена уста,Mетју Mеконахи тука многу добро глуми,единствено не ми се допадна крајот,ми беше чуден и бизарен Hе е ни премногу добар,а не ни лош. Oд мене има 6,5\10
Friends With Benefits Вкрај интересно филмче се изнасмеав, гости ми дојдоја таман на секс сцените, се усрамив Мајка ми сменвајј, срамота е 10/10 Something Borrowed Ова плавата одвратна ми беше цел филм не ја варев Вереникот и беше срцка, пресладок е , ме бендиса инаку. 10/10
Hocus Pocus Филмов го видов во темава некој го имаше постирано и како се за*бав да го гледам и јас не знам... истрошени саат ипол за џабе 3/10 Ice age: Continental Drift Немаат утка филмовиве, па и 100 продолжениа да направат, многу ми се интересни... 10/10 Brave Интересен е цртанов, тој што си сака анимирани филмчиња ќе му се допадне... законе малава 9/10 Taken 2 Нема да го споредувам со првиот дел, ќе кажам само дека ми се допадна многу
Филмот е српски, се однеусва на млади тинејџери на некои 15-16-17 год. на кои животот им се дрогата, забавите, алхохолот и сексот. Деца од „мобилната“ генерација. Во филмот има сцени кои се снимани со мобилен односно кои ги снима девојчето Јасна. Има порнографски сцени кои се за над 18 но сепак решив да го гледам филмот затоа што се однесува на мои врсници. Семејствата на овие деца не се воопшто заинтересирани за нив, си ги гледаат своите проблеми (како на пр. болеста на татко и на Јасна, за која она и воопшто не се грижи). Дозволено им е потполно се! И кога не сака да ја замараат, Јасна само вика дека ке оди да учи а нема врска, она се снима гола на својот мобилен а потоа му ги покажува клиповите на дечко и Џоле кој е голем хулиган и со неа е од корист. Филмчето е добро, иако има многу шабанарија, сепак е српски филм... Не би се согласил секој со моето мислење, свесна сум за тоа.
^^ Филмов на болно реален начин ја отсликува младината на Балакнов. Може девојкава е еден од поекстремните случаи, ама цела младина не е далеку од прикажаното, заради тоа е и контраверзен. Мене воопшто не ми се допадна како филм, иако си имаше поента. SAVAGES (2012) Бен и Шон се производители на марихуана, кои заедно со својата девојка Офелија, живеат како тројка во Калифорнија. Откако ќе ја одбијат зделката со мексиканскиот картел на чело со Ла Рејна Елена, тие ќе ја киднапираат Офелија како единствен начин за остварување соработка со нив. Двајцата под притисок, прават се за да ја спасат нивната девојка. Многу поинакво дејство од моите очекувања, но морам да признаам дека пријатно се изненадив и филмот ми се допадна иако не сум фан на слични филмови. Сценографијата е одлична, има прекрасни кадри, ама и доста одвратни и глумата е на ниво. Селма Хајек во улога на моќна жена е просто водушевувачка за гледање. А Блејк Лајвли, супер си се снајде во улогава, иако очекував да биде за никаде, поготово зошто е нараторот во филмот. Можеби на некои делови причата имаше дупки, ама воглавно мене многу ми се допадна филмов. Препорачувам.
LEMONY SNICKET интересно филмче...филмот е за паметни,шармантни но сепак несреќни 'Бодлер'наследници.Девојка од 14 години (виолет)момче од 12 години (клаус) и нивната мала сестра Сана (2год)остануваат без родители.Судски извршители ги испраќаат да живеат со својот далечен роднина, грофот Олаф, но децата ќе сфатат дека тој само сака го земе богаството на нивните родители.Тие се жалат кај извршителот и тој ги испраќа да живее со неговиот вујко Монти, познат експерт на змии. Сепак, работите се влошуваат со доаѓањето на лаборантот Стефан, кој е всушност Грофот Олаф.Децата по смртта на Монти,живеат кaj нивната чудна тетка Josephine.За жал,Олаф ќе се преправа дека е морнар и работите стануват полоши... Оценка за филмот 10/10..
По твоја препорака го погледнав филмов и не згрешив. предобар филм. Многу интересен а и смешен. Ми се допадна. Линзи Лохан ми е прекрасна во филмов и дефинитивно знај да глуми. 10/10 Го препорачувам на сите!!
A walk to remember Не знам по кој пат го гледам филмот.Според мене е најубав романтичен филм,кој знае да те разнежи,допре до тебе и по некоја солза да пуштиш 10/10