Donovan's Echo (2011) Одличен филм, препорачувам. За љубителите на мистерија, драма. Прекрасна приказна за надежта, за простувањето сам на себе, за направените грешки. 9/10.
The best Exotic Marigold Hotel По вторпат и повторно - препорачувам. Ако сте за навистина топла, интересна и смешна комедија, со примеси на драма, убави пејзажи, а после гледањето на филмот, сакате да ви се проткајуваат фини чувства во душата и срцето - ова е филмот. Мерак бре, го гледав со уживање и насмевка, а на крајот пуштив и солза-две. Совршена актерска екипа, британски хумор, Индија во сите бои и вкусови... вистинско уживање од филм. 9/10
Vamps (2012) Интересно хорор-комедија филмче, ми се допадна. Се работи за 2 вампирки и нивиот живот во Њујорк, љубовта... препорачувам. 9/10.
Red Riding Hood Конечно и јас да го изгледам филмов, одамна ми беше симнат. Реално, филмов визуелно е убав, заплетот е променлив што ми се допадна, нагаѓавме со дечко ми де овој е де оној е волкот и пак на крај не погодивме. Црвенкапа е убава, но во филмов освен нејзините убави очи и оној израз на изненаденост ништо друго не понуди. Истото важи и за нејзиниот љубен. Како и да е, не е лош. Ме врати назад во детството кога една од најомилените приказни за читање ми беше токму црвенкапа. Од мене 7/10
Wanted 2008 Предобра акција со Анџелина Џоли. Го гледав по втор пат, и повторно ме држеше во неизвесност. Еден од подобрите акциони филмови на Анџелина кој вреди да се погледни. 10/10 со поглед убива во филмов
Prom Што да кажам, лошо филмче, аматерска глума, клише приказна. Не знам ни сама зошто гледав. Само дечково беше згодничок. The smurfs Онака, забавно филмче. Ми беше чудно да ги гледам Барни од HIMYM, Ема од Glee, Глориа од Modern Family во еден филм, некако тешко ми беше да ги сварам. Штрумфовите беа слатки во секој случај, за опуштање може да се погледне. Се фрлив на филмови во последно време, само треба да земам да гледам нешто посериозно, ми здосадија глупичкиве филмови. И едно потсетување, ве замолувам да пишувате рецензија, мислењата само со постирана слика се оф-топик.
Arbitrage (2012) Трилер, драма со Ричард Гир во главна улога на бизнисмен кој се обидува да ги избегне последиците од извршената измама. Тензичен до крајот. Препорачувам
Само ќе кажам ќе ве тера на една страна, а ќе излезе сосем друга ... вистината нема ни да од далеку да ја претпоставите. Збунува веќе при крајот ... Гледајте го ама со цело внимание 8/10
И јас ЕДВАЈ чекам да го гледам Sinister,Ама го чекам ма добра снимка, мајке му Mојот последен филм е THE DARK KNIGHT го изгледав пред некоја недела, од тогаш немам гледано филм, заборавив да пишам мислење. Aбе, што да се каже, два и пол саата ко 2 и пол минутки ми поминаа. Hе верувам дека некој го нема гледано, а ако е така, тогаш, нек си седне и нек си го изгледа од мене 1000/10, и вториот дел го чекам на добро снимче, кога ќе му седнам, само да сум послободна, па и на него и на SINISTER Mераци
Јас и Ти Од Бертолучи (на синедејс) Мајсторски направено. Нема 1000 мртви, акција, с*х, суперхерој.... а сепак Следно што сакам да гледам е: Under the Iron Sky со музика од laibach
The Watch Глума: Ben Stiller, Vince Vaughn, Jonah Hill. Филмчево е топ. Квалитетно поминати 102 минути. Гледам на IMDb има помала оцена и најразлични критики. Накратко, во некој мирен град се случува мистериозно убиство. Бен Стилер организира комшиска стража за да открие кој е убиецот, немајќи појма дека тоа е .... Aко сте љубители на црн хумор ќе ви се допадне. Од мене 8/10 и препорачувам! Леле колку сум се смеела на сцената кога се сликаа ->
Та та та тааааа *тапани* ТВАЈЛАЈТ Стефани Маер, свака ти част. Со нула талент за пишување и никаков осет за приказна и дејство успеа да собереш армија девојчици без грам вкус (и за филмови и за литература). Не знаете ама колку ми е мило што бљувотинава од сага конечно заврши. Последниов дел малку ме сецна, таман мислев дека се опаметила таа и напраила барем нешто интересно, и на крај испадна поголемо срање од што мислев. Ме изретардира дополнително после напорниот работен ден. Не знам, навистина не ги разбирам фановите. Единственото интересно беше главите како им ги вадат, како на кукли од излог. Ау колку ми е мило што нема повеќе продолженија, зборови не опишуваат.
Може сум надвор од тема но...извини Saya , ако ти е БЉУВОТИНА, зашто си ги гледала СИТЕ делови??? И ако не ти се свиѓал, зашто не си го прекинала!? Ц ц ц ... borrriiinnnggg