Зошто морам да знам што хејтам. Ако не ги гледав, како ќе знаев дека се очајни? Не си зимајте се при срце, аман...
Овде го видов и си викам ај да го спуштам .Ми се допадна тоа што е поралична содржината за еден романтичен филм баш интересно непредвидливо .Преопрачувам.
Wild Target (2009) http://www.imdb.com/title/tt1235189/ Уште еден британски. Па што знам... Јас обично и не гледам вакви филмови. Додека сконтам кој со кого е, кој за кого работи, кој што работи, овие се испоубиле. Добро, до душа и не беше со многу убивања. Ама имаше моменти, кога стварно се смеев. Дефинитивно имаат чудна смисла за хумор. A оваа женскава, многу ме потсеќа на некој, ама на кого... Во секој случај, вреди да се погледне. И покрај тоа што е крими, немаше крвови. За тоа, БИГ БИГ ЛАЈК! Oти такви јас не искам да гледам. И мислам дека вреди да се погледне. Spoiler
Lawless (2012) Криминален, драма филм според роман. Во филмот се зборува за тројца браќа кои живеат во Вирџинија и работат нелегален бизнис со алкохол. Еден од главните глумци е Том Харди. Добар е, но не би го гледала пак. 7/10 од мене.
Sinister Pекоа понапред дека е невиден пресврт, ама јас веднаш му влегов во цаката, знаев како ќе се одвива, само згрешив на едно нешто Spoiler , мислев дека синот ќе го направи тоа што ќе го направи ама излезе обратно фино филмче, 7/10, не е некој хорор, ама те држи во 'неизвесност' доколку не ти се спојат цаките да сфатиш што ќе се случи Cепак INSIDIOUS мене лично ми е пострашен, и тоа е според мене филм со неверојатен пресврт
Ted Cамо што го изгледав фимчево,што знам мене не ме воодушеви толку,не ми беше ни толку смешен како што ми го опишуваа. Hе е лош,комедија,но не ништо посебно 6\10
The painted veil Кити (Наоми Вотс) не се пронаоѓа себеси во бракот со Волтер (Едвард Нортон) во кој свесно се препушта. Прељубата можеби е причина да се најдат во внатрешноста на Кина, каде владее колера. Интересен филм, со прекрасни пејзажи од Кина, добра глума и приказна.
Sиноќа на репертоарот.Eден од подобите филмови кои ги имам гледано во последно време.Mене ми се допадна, ги сакам филмовите кои покажуваат колку дрогата може да уништи нечии животи, поучни се. Gлумата на Sалма според мене беше одлична, прв пат ја гледам во улога на лоша жена и ќе кажам дека совршено се вклопува.Iсто сметам дека и Lевли многу добро си ја сфатила улогата. Mажињата ми беа по вкус посебно Aaron Taylor-Johnson, мој тип на маж. Fилмот имаше гадни сцени, мада неизбежни во ваквите приказни.Iсто малку несфатлива ми беше љубовта меѓу тројцата, ама не ги осудував ни во еден момент, совршено ми се надоплнуваа.Iсто пејзажите, местата и куќите ми беа преубави. Sе на се добро филмче, ме држеше будна, што обично не им успева на филмовите кои ги гледам доцна во неговиот кревет. Jас му давам 8/10.
CHALET GIRL Филм кој што покажува како се менува животот на една девојка во рок од неколку месеци. Имено, таа заминува во Австрија да работи, на Алпите, како помошничка и готвачка во една викендица на богато семејство. Што ќе се случи откако ќе се вљуби во богатиот син, и како спортската етика од минатото повторно ја оживува, останува на вас откако ќе го изгледате. Интересно филмче за зимски мрзливи денови. 9/10 - можеби недостасува малку повеќе од веќе застапениот англиски хумор
Одамна немам рецензирано, ај да се поправам. Life as we know it Малце глупав ми беше. Кетрин Хејгл не ми е нешто посебно, а и Џош не е да паднеш на гз. Развлечен и премногу очигледен, без некои посебно смешни моменти. 2/10 Good Will Hunting Одамна го изгледав, ама добро го паметам. Робин Вилијамс ме воодушевува кога има вакви улоги, а Мет Дејмон беше феноменален иако мислам дека подобро му стојат улоги каде не е насилен. Филмов ми ја врати вербата во Бен Афлек кој никогаш не сум го симпатизирала како глумец. Приказната е доста интересна, за едно момче со неверојатна интелегенција кое нема услови за правилно школување. 7/10 Mirror, mirror Ич не сакам преработки на сказни, ми ја расипуваат оригиналната приказна. Овој го гледав најмногу заради Џулија Робертс која имала и подобри улоги. Девојката која ја глумеше Снежана беше доста симпатична, ама принцот на живци ми одеше. Да не беше така проклето згоден не би можела да го гледам. 4/10 A little romance Дајан Лејн била преубаво девојче. Препрепреубаво. Приказната се одвива во Париз каде две деца се заљубуваат. Бидејќи девојчето мора да се врати дома решаваат пред таа да замине за Америка да отидат до Венеција и да се бакнат под Мостот на Воздишките за љубовта да им биде вечна. Во тоа им помага и еден старец (Лоренс Оливие, јеа бејби). Баш топла и убава приказна, иако на моменти е доста бавен филмот. Ама за врнежливо попладне го бива. 6/10
ATM (2012) Добро бе па до кога ќе прават вакви глупави филмови, без идеја, без вкус Краток преглед: Spoiler Тројца колеги, од кои едната девојка која требаше да се смува со едниов, застануваат по пат да подигне колегава пари од банкомат. А банкоматите им се во мали осветлени собички, кабини. И сега од никаде се појавува еден со бунда со капа (тоа беше многу битно зашто после ќе се појават уште неколку со иста бунда,како да ги купувале на кило ), па на овие им е страв да излезат, овој ги гледа страшно од надвор со чарапа на глава. Уби двајца надвор,мислиш некоја надприродна појава е како им ги кршеше главите на тие. Па на крај ќе ги удавеше им пушти вода внатре. А што е најсмешно, толку глупи прости работи им текнуваа многу доцна, на пример, не им текна одма дека можат да го скршат банкоматот за да се вклучи аларм и да ги откријат, не му текна веднаш дека може да ја качи девојката на раменици за да ја качи корпата со огин до таван, да се пушти алармот за пожар. И на крај, едниов од нив што беше нај позитивен во филмов, го наместија, си го окрка без врска. Вашно цел филм си преседеа затворени во собичето .Се покајав за изгубените час и половина. И не, јас не го препорачувам овој филм.
Skyfall М, Кју и Бонд = одлична комбинација. Прикажана е лојалноста на Бонд кон М, лојалноста на Кју кон Бонд. Многу паметни дечки на едно место, борба за подобро, борба за правда. Одлична акција со неверојатни ефекти која ќе ве остави без здив. Цели 2 часа борба, многу борба, акција, да посакаш да си таму, со нив. Ми се допадна, многу. 10/10 Кју е срцка, каде го нашле. Одлично глуми, како професионалец. Паметен и срцкаст. Ми личеше на еден од многуте на Серена, што сакаше да има повеќе девојки наеднаш, син на мажов на мајкава на Блер. Не ми текнува имево никако, може вас ќе ви текне. А, М , стара, и мене би ме изнервирала така да прави, но ми се допадна потегот со клинците, интересно. Леле луѓе, овој Силва колку ме нервираше, ми идеше да го акнам со нешто. Мразам такви како него, ист е како Луис од Костими, на нерви ти оди. Уф, идиот ! Топло го препорачувам на љубителите на Бонд, акција која нема да ви дозволи да трепнете ! П.С - На сцената со возот кога влегува во тунел, од што бев толку занесена, и јас се наведнав. Исто така, да искористам шанса, да ви кажам колку е добар почетокот, проследен со Адел. Луѓе, прекрасно.
http://www.imdb.com/title/tt1637725/ Тед- интересно филмче за разонода. Непопуларното дете на улица на еден божиќ посакува мечето што го добило на поклон да му биде вистински, жив другар. Тоа и се случува. Мечето оживува ......
The Intouchables http://www.imdb.com/title/tt1675434/ Филмот е прекрасен! Ма и повеќе од тоа! 10/10 Се работи за богат квадриплегичар кој бара човек кој ќе биде покрај него и ќе се грижи за него. На интервју се појавува едно момче кое не е заинтересирано за работата, но баш тоа момче ќе ја добие работата. Како ќе се развива нивното пријателство треба да се погледне филмот... Taglines: Sometimes you have to reach into someone else's world to find out what's missing in your own. Ви го препорачувам обавезно да го погледнете вие што не сте го гледале, одличен е, предобар! А и фактот што е базиран на вистинска приказна го прави уште подобар.
The best exotic Marigold hotel Ги знаете оние филмови што после гледање ве прават да се чувствувате триесет пати помудро иако само што поминавте два саати зјапајќи во екран? Епа овој е еден од најдобрите такви филмови. Одамна имав видено трејлер ама никако да го симнам. И денес беше денот за филмов. Прекрасен, апсолутно неверојатен. Прва работа глумците се феноменални. Старата британска гарда, и да сакаш не можеш замерка да им најдеш. Индија е волшебно претставена. Приказната е одлично смислена, со милион и една поука од оние кои бабите заборавиле да ни ги кажат. Кога ќе си дадеш шанса Џули Денџ да ти биде баба за два саата после животот е пологичен. Препорачувам да се изгледа и да се зачува во компјутер. 10/10
Panic room Мислам дека на повеќето ви е гледан, така да, нема потреба да пишам што и како е приказната. Ова ми е втор пат што го гледав, првиот беше поодамна и не се сеќавав баш што се случуваше. Добар трилер, сакам вакви филмови, дури и таа малата Стујард ми беше погодена за филмов. Али не е ни нешто посебно. 7/10 Pretty woman Го фатив и овој случајно на ТВ и си реков ај ќе погледам малце, али цел си го изгледав. Многу добар филм, не за џабе е класика. Не го сакам толку ради приказната, туку ради Робертс и Гир. Мислам дека нема повпечатлив пар од нив, и двајцата ми се прави срцки, ги обожавам. 9/10
50/50 Преубаво филмче. Една трогателна драма полна со емоции. Си пуштив некоја солза, да не речам река. Поготово на сценава Spoiler Џозеф Гордон Левит ми е прекрасен, има некоја чудна харизма. Се работи за Spoiler Адам, 27годишно момче кое дознава дека има рак на рбетот, а шансите да преживее се 50/50. Неговата борба и низ се што поминува е прикажано на еден чудно хумористичен начин. Топло препорачувам, заслужена оцена на имдб. http://www.imdb.com/title/tt1306980/
The Orphanage (2007) Една жена се враќа во куќата во која израснала, и има желба да ја направи сиропиталише. Но нејзиниот посвоен син, кој тврди дека во куќата има деца кои му се другарчиња, ќе исчезне на денот на забавата. Жената е решена на секој чекор за да го пронајде... Како за хорор филм е добар, иако немаше премногу страшни сцени да те натераат да подрипнеш. Приказната е добра, музиката исто. За љубителите на хорори препорачувам.
The Dark Knight Rises Конечно на добра снимака од 10-ина гига кои вредат да се потрошат за Бетмен, кога неможам да го гледам во кино. Филмот е предобар. За обожавател на Бетмен, не ме разочара. Јас буквално сум заљубена во Бетмен, омилен херој ми е, а сите екранизации ги имам погледнато по неколку пати. Новите верзии на Нолан се несомнено добри, од избор на глумци до режија. Приказната ме изненади пријатно, бидејќи отсекогаш најмногу ги сакам почетоците, но и овој дел не заостанува, туку напротив, ќе уживате целосно во неполни три часа . Ен ја обожавам, прекрасна е, Cat woman ми е фаворит од женските херои. Одлична актерска екипа, Кристијан Бејл малце остарел, а Том Харди предобар во улогата на негативец. Особено ми е битно негативецот во Бетмен да ми е добар, што во овој случај се покажа како одличен, блесна во улогата, иако според мене ненадминлив е Џокерот. Едвај го очекувам следниот дел, Бетмен, Робин и Жената мачка . Оценка 9/10.