The Expendables 2 Филмот е комедии . Љубител на акции како мене со мерак ќе си го изгледа, а и кога ќе ги видеш Сталоне, Жан Клод Ван Дам, Шварценегер, па и Чак Норис во еден филм - Прајслес . Џејсон Статам е бонус . Приказна нула, ама затоа тепање колку ти душа сака. И си знаеме дека филмот го прават глумците, без него не би бил воопшто гледан, ама ова е компанија из снова, така да поминува . Ова го зборам за оние кои сакаат тепачки . Мерак ми беше да си ги гледам јунациве од детството. Ех колку пати се замислував дека глумам со Сталоне и компанијата , па со пиштолите, абе распаљотка. Дете . И дефинитивно моментот во филмот, т.е. фамозното I'll be back на Шварценегер е незаменливо .
Big miracle Колку ич не ја сакам Дру Баримор Филмчево, семејна драма, срцепарателна, за плачковци што липаат на сцени со животни во тешки ситуации (ама објаснив ). Ама убаво ми легне, она солзички си прокапав вели според вистинска приказна е, ако навистина се зближил народ, па макар и од себични причини, да помогне на овие китови тогаш пак ми се приплачува од убаво овој пат. И така. Убав филм
Лелее филмов !! Го прочитав стрипот, и ај да го гледам, ај да не го гледам..Затоа што неможам да седнам бе и два саати да гледам, заспивам, ич не сум по филмовите..Дали дека филмот е феноменален, или пак ради тоа што немам мн филмови гледано во животот па толку ми се чини Wow .. се опседнав, си го пуштам, си враќам некои сцени пак и пак..го обожавам ! Друг филм после овој нема да гледам 10/10
Jule по прајслес е тоа што ќе има и 3 дел ао молба за 3д инаку и јас го фатив овој,чинам на Aлфа беше, иако избегавам бе вакви филмови, ептен ме потресуваат, не знам, реков ај ќе го изгледам, така да интересен и тажен, навистина, се раскажува животот на Aна, Mарго, и нејзините родители
Тhe Ghost Writer Роман Полански очигледно си остава печат врз своите филмови, па уште пред да видам кој е режисер, ми дојде мисла дека можеби е тој. Некако ме потсети на The Ninth Gate со Џони Деп, во однос на музиката и некои сцени. И очигледно не се излажав. Се зборува за поранешен британски премиер кој пишува своја автобиографија. Ewan McGregor е во улога на неговиот т.н. писател-дух, кој има за задача да му помогне во пишувањето на неговата книга. Но, притоа ќе открие тајни кои не смеат да излезат во јавност, и со тоа ќе го стави својот живот во опасност. Интересен мистериозен трилер, за љубителите на вакви филмови можеби ќе биде малку предвидлив, но не е лош. Го препорачувам.
Ted(2012) Ептен смотан филм, залудно изгубени саат и пол.Стварно ми беше досаден, го мотав на моменти, а и хуморот беше глупав.Имале добра идеја,ама реализација и развивање на приказна own: И не го препорачувам.
Тhat's my boy (2012) Ужас! Добро бе луѓе уште ли ве има такви што се утепуете од смеење некој ко ќе прдне? Да не ги спомнувам сите девијантни (демек вицови) кои се провлекуваат у филмов... Ниско, ниско... Сендлер има комедии кои му се навистина за почит али ова више е Ту Мач. Ват д Фак со америчкиов хумор алиас Америчка Пита (сите 100 делови) + Кевин и Пери Можете да зборите шо сакате за Тед али филмот бар има хумор, ова што го погледнав сношти е
И јас денес го изгледав That's my boy. Филмов ми беше ок, ако го земам за споредба Jack and Јill, зошто тој ептен ми беше тапа. Рецензија за овој има од претходно, само ќе кажам дека ми беше солиден и има од мене оценка 6,5/10. А коментар и споредба за со ТЕD, мислам дека Ted е врв на дебилски филм. Овој барем солидна приказна имаше, а тој го отрув од лоши коментари во претходните страници. (си ги сакам осмициве во мислењево)
Mean Girls Филм кој никогаш, ама баш никогаш нема да ми стани досаден, а ако го имате гледано знаете и зошто. Заедно со Easy A ми се најдобрите тинејџерски филмови. Линзи Лохан ми е одлична во филмов. Приказната веќе ја знаете, нема потреба од обајснување. 10/10
Денес гледав 2 филма и баш се изненадив. Red Dawn Мојот долго очекуван филм. Кореа ја напаѓа Америка. Нема што многу да се објаснува, група дечки се собираат под името 'Wolverines' и си ја бранат државата. Воен, акционен филм, каде Крис Хемсворт и Џош Хачерсон се СОВРШЕНИ. 7/10 Like Crazy Еден дечко и една девојка, Џејкоб и Ана се запознаваат на факултет и се заљубуваат. Девојката е од Англија (дејството се случува негде во Америка) и ќе оди да ги види родителите, меѓутоа кога ќе сака да се врати ќе настанат некакви проблеми со пасошот и таа ќе мора да остане во Англија. Тука ќе почне да се разнишува нивната врска.... Целиот филм е депресивен и тажен ама искрено јас се утепав од плачење само на делот каде Spoiler Дечкото, Џејкоб, и раскинува на Сем, девојката со која е во врска во меѓувреме, кога е разделен од Ана. Како плачеше кутрата, цел ден ми се уништи од таа сцена што цело време ми се врти во глава. 6,5/10
Cockneys vs Zombies (2012) Некаков си хорор/комедија. Англиски филм, малку повеќе аматерски, содржината обична, глумците исто така, смешен, лесен, меѓутоа далеку од добар филм. Оценка солидни 5/10. Само ради зомбите
Annapolis (2006) Прв пат да ме интересира ваков "машки" филм. Ептен ме заинтересира, и вчера со дечко ми го гледав. И нормално, ми остави позитивно мислење. Во препорачувам, да го гледате. Оценка 9-10.
The Angels' Share Го гледав во кино во рамките на Cinedays. Секоја година од волуменот на вискито во бурињата испарува 2 %, и тоа се нарекува Влог на ангелите или Angel's share. Роби штотуку станува татко, но поради неговите грешки во минатото тој не може да му обезбеди сигурна иднина на своето семејство. Се соочува со казна која вклучува општествена работа. Таму го запознава чуварот Хари, вљубеник во виски. Заедно со уште тројца отслужувачи на казната ќе се обиде да ја промени својата иднина. Добро филмче со интересен хумор. Препорачувам. :up:
What to expect when you're expecting Интересно филмче што го одбрав на тепка. Ми се допадна. Прикажува повеќе хипотетички ситуации што можат да се случат за време на бременост. Поучно и смешно исто така.
Злокобна(Sinister) Одлично филмче, баш ми се допадна. Го препорачувам на сите љубители на хорор филмовите.