Kad Svane Dan на Goran Paskaljevic. На затварањето на Синедејс вчера, филм преполн емоции и прекрасна музика на нашиот Влатко Стефановски. Се појавуваат и Мето Јовановски и Зафир Хаџиманов, со мајстоски одиграни споредни улоги, а за главниот лик Mustafa Nadarevic просто немам зборови, глумата ме доведе до раб на солзи и искрено воодушевување. Животот на еден професор по музика се менува, откако мистериозна кутија откопана на местото на бившиот концентрационен логор за Евреи во Белград, ќе му ја открие длабоко закопаната тајна околу неговото вистинско потекло. Како што рече Мето Јовановски на крајот, ова е филм без специјални ефекти, некомерцијален, но филм со емоции и душа. Злосторствата остануваат да се повторуваат, а злосторниците остануваат неказнети. Со еден збор - човештвото не учи од грешките. Бавен, но прекрасен филм. 8/10
The Intouchables Откако ќе остане квадриплегичен по несреќа со параглајдер, средовечниот аристократ Филип ќе има потреба од помошник кој постојано ќе се грижи за него и ќе му помага при секојдневната рутина. На интервјуто за работа се појавува Дрис – проблематичен црнец со слободен дух, кој последните 6 месеци ги поминал во затвор. Од сите кандидати кои се мошне компетентни за работното место, Филип го одбира токму Дрис. Од тој момент тие се зближуваат, а Филип ќе почне повторно да ужива во животот. The Intouchables е француски филм направен според вистинска приказна, и е добитник на многубројни филмски награди. Хуморот е одличен, а музиката прекрасна! Го изгледав неколку пати и секогаш ми ги доловуваше истите измешани емоции. Оцена од имдб 8.6, а од мене 9. Топло го препорачувам!
Не ме воодушеви едно саат време ... после тој саат време филмот веќе почнува вистинска Џемс Бондова димензија да добива. До крај е добар. Од мене една 7/10
Stolen (2012) Николас Кејџ во главната улога, препознатливи добри приказни. Нема лош филм со Николас. Се работи за грабеж на банка најнапред долари, а потоа злато за да даде откуп за својата киднапирана ќерка. Добар. 9/10.
Robin Hood: Men In Tights Хахахаха одамна се немам смеено вака ан некој филм. Предобра комедија. Мислам дека повеќето ја имате гледано, а за оние што ја немаат гледано веднаш да ја изгледаат. Предобра е. 10/10
Kung Fu Panda 2 Интересно продолжение, добро филмче за тепање време во секој случај. Малата панда каква беше душичка.
V for Vendetta Се прашувам како досега го немам гледано филмот. Предобар. Натали е совршена. Нејзината глума те остава со подзината уста. Талентирана, која блеска и маестрално си ја завршила работата. Дефинитвно ја впишувам во моите омилени актерки. Незаменлива е, им дава посебен белег на филмовите. Филмот е предобар, со Натали уште толку добар. Приказната, адаптацијата, заслужуваат највисока оценка. Стрип филмовите ми се едни од поомилените и поинтересните, а особено ако имаат да понудат и солидна приказна. Филмот е задолжителен. Оценка 9/10.
Американец кој работи како возач на камион во Ирак. По нападот на група од терористи од Ирак тој се буди закопан жив во ковчег. Има само зипо и мобилен телефон како единствено оружје да се бори против заканата од клаустрофобична смрт.
Skyfall (2012) Нема многу да зборувам за содржината, како и секој Бонд филм, акцијата е одлична, а во овој дел дури и со жичка на невозможност. Единствена замерка, што не е до филмот, туку до киното во СитиМол, е што немаше пауза барем на половина од филмот. Сепак 2 ипол часа во седиште, колку и да ед удобно, ти ствара нервоза и нелагодност. Инаку тие 2 ипол часа нема да ги осетите, бидејќи приказната е многу добро склопена и реализирана. Препорачувам.
Fire with Fire Колку е секси овој Josh Duhamel, лиги ми потекоа . Што му мислам, па и со пиштолот во рака, си умислува дека е ФБИ агент. Мх, мх мераци . А и филмот е добар, солидна крими - акција, од една страна мафијата, од друга агентите и Џош . Туку крајно сум изреволтирана од ниската оценка на ИМДб, евдај 5.6, а некои си моронски и патетични филмови имаат високи оценки. Не знам кој вкус го имаат луѓето, или пак критичарите, ама филмот ни најмалку не е лош, туку напротив. Филмот започнува веднаш, трае доволно, без вишок сцени. Брз и интересен, без особен пресврт, туку добра акција и многу љубов. Плус солидна актерска екипа, Bruce Willis и Rosario Dawson, а како бонус Julian McMahon, иако малце го има, доволно е плакнење на очи . Препорачувам Оценка 8/10.
Elevator (2011) Девет лица заглавуваат во лифт, а во лифтот има и бомба. Од почетокот можев да претпоставам кој ја донесе бомбата, само... Spoiler не бев сигурна дали ќе испоумрат еден по еден и ќе останат 2-3 живи, или пак дали ќе се спасат. Смешна ситуација, одбројуваат време од 3минути, тоа си трае уште добри 15 Нема везе, во секој случај Добро филмче, не е нешто посебно но интересно да се погледне. Ќе заборавев Spoiler баш ме интересира на крајот дали сите добија по милионче или не, и што се случи со секој од нив после несреќава... требаше и тоа да го дадат. Оценка 7,5/10.
10-10 Не одскокнува многу од другите JAMES BOND филмови но сепак е со некоја поразличита содржина ,можеби заради Spoiler смрта на Ем на крајот од филмот...инаку доста акција , интриги заплетки итн се она кое му ссодејствува на типичен JAMES BOND MOVIE.
За Рим со љубов. Не во кино, дома, требаше да пишувам нешто по повод сентиментализмот на Вуди. Епа вака сега. Вуди е остарен, финтите веќе не му се како порано, нормално, зошто има веќе 299 години, но сепак филмов како и секој друг прокиснат во амерички сос, добива на димензија исклучиво поради темите што ги отвара: прељуба, неверство како категорија, YOLO (само еднаш се живее, да, најнгегерски, скроз), инстант популарност и главобољата од неа отпосле и слично. Има моменти кои изненадуваат, сепак дискурсот му е исполиран до совршенство, но фабулата е и те како испрекината од безвезни и иритирачки ликови. Омилени делови - оперите под тушот, кога Мариангела сака да го прободе со нож зошто го малтретира мажот и, а овој ја става жена си пред ножот и бега како пизда. Ах, Вуди, будало. Крајна оценка - 5ка од 10. Ако немате малку увод во филм и поетика на постмодерна, филмов може ќе го доживеете само како ретардирана разгледница од Рим. Со љубов. Како не. Се’ имаше, само љубов не!
Прво ќе кажам нешто за темата. Внимавајте сликите што ги ставате да не бидат од imdb (обично тоа е првата слика што се појавува со Google search), затоа што кај вас пак ги појавува како слика ама ние другите гледаме само мало празно квадратче. И барем некоја реченица напишете за филмот, во последно време почесто само наслови и слика гледам, да знаеме што не очекува од некој филм, нели тоа е суштината темата. А еве што јас гледав последно: Back to the Future Првиот дел. Што да кажам за филмот. Класика. Мојот омилен филм од детството, го имав снимено на касета и толку пати гледано, и сега пак после многу години не загубил од својата величина, можеби затоа што за него ме поврзуваат убави спомени од детството. Интересен и го задржува вниманието до последната секунда. Марти со помош на временската машина на Доктор Емет се враќа во минатото да му го спаси животот, но по некоја случајност го нарушува текот на настаните и мора да се врати да им помогне на родителите повторно да се сретнат и заљубат.
todo sobre mi madre(All About My Mother (1999)) http://www.imdb.com/title/tt0185125/ Се мислев дека го имам гледано филмот, ама сум се помешала со еден друг филм. Не очекував така да се развијат работите, но од Алмодовар само тоа се очекува, да те шокира. Филмот е малку чуден и необичен за мој вкус, но актерската епкипа инзворедна. Улогата на Мануела ме фасцинираше, долку длабок и необичен потрет на една мајка, но верувам дека има и вакви стории низ светот. Најсмешен лик,дефинитивно Аргадо, неколку пати ми изнуди насмевка, иаку не верував дека нешто во филмов може да ме насмее. Препорачувам исклучиво ако се во расположение да се размрадете, и ако ги сакате филмовите на Алмодовар. Не е тежок колку е необичен и ја прикажува другата страна на приказната, за оние кои сакаат да ја дознаат. Следен на листата ми е дефинитивно Women on the verge of a nervous breakdown од истот автор. Оцена 8ка, претешно заради инзворедната глума на актерите, симнувам капа Накратко да кажам збор два за: Тед http://www.imdb.com/title/tt1637725/ Се изначитав секакви коментари и критики, воглавно негативни,но мене ми се допадна. Многу подобар и посмешен него останатите комедии годинава. Марк Волерг е одличен глумец, и ми се допадна во комбинација со Мила Кунис,која па овде некако ми се виде за нијанса подобра него во Friends with Benefits каде ми беше балгоужасна. Мене Тед ми беше баш закон, мече за воздрасни, кое е одличен портрет на многу луѓе кои избегнуваат да пораснат умствено. Супер смешен филм, 7мица силна. A Thousand Words (2012) http://www.imdb.com/title/tt0763831/ Прекрасен филм со прекрасна поента. Ако јас не сакам фантастични ситуции, али во последниве два филма, без разлика на фантастичниот момент, имаше одлична поента. Сите ние се расфрлуваме со зборови, заборавам колку значи секој збор. Еден збор еден алтан, поговрка која ја забораваме сите. Дефинитивно препорачувам да се погледне 8/10
Sinister i The hunger games 8/10 i 10/10 Одлични се и двата филма,но The hunger games за нијанса е подобар,до сега немав гледано филм со слична тема.Препорачувам!!!
Swamp Shark (2011) Веќе позната тема на филмови со ајкули, ајкула завршува во едно мочуриште во едно мало гратче, главниот шериф во градот-негативец, а останатите се вработени во едно ресторанче во градот и се разбира одат во поход и убиство на оваа непобедлива ајкула. Вештачки ми изгледаше филмов, ајкулата беше смешна нема везе, од мене има солидна 5/10. Колку да е гледан филм.