Exam Филмот е неизвесен до самиот крај. Целиот филм се одвива во една просторија, со 8-мина, ама нема да ви даде ниту да здивнете. Предобар филм, одличен трилер, кој мора да се гледа со големо внимание и да се внимава на деталите. Филмот зборува и затоа какви се луѓето, што се ќе направат за своите цели, за човечноста, за изборот. Дефинитивно ќе ве размрда, ќе ве натера да размислувате. Spoiler На прашањето никако неможев да се сетам, ниту на одговорот, најпрво мислев дека воопшто не постои прашање, туку ги тестираат како би се снаоѓале во такви ситуации. Потоа ми стана јасно дека постои прашање и цело време мислев дека одгворот се крие кај човекот кој всушност бил сопственикот. Не ми падна ни на ум дека дека тој е сопственикот, помислив само дека кај него се крие одговорот. Не бев далеку од вистината. Всушност прашањето и одговорот се криеа во зборовите на надбљудувачот. Се што требаше да се направи е да се внимава на деталите. Доста добар филм, а пак мала оценка на ИМДб од 6.8. Би требало да има макар 8, ама на луѓево очигледно не им се мисли. Од мене солидна 9. Препорачувам!
Cloud Atlas Сосема очекуван беше цел тој убав хаос од мешани приказни, време и простор од тие режисери. 3 часа одма поминаа. Ликовите беа одлични. Hugo Weaving не може а да не е лош во филмовите (океј, освен во LOTR). Kостимографијата - одлична. Филмот бара концентрација. Голема. п.с. I know, I know! Stay Мајндфак филм. Ме збуна в крај! Дури во последните 3 минути се сфаќа што се случува. Забеган. Го препорачувам на сите оние кои сакаат психолошки филмови.
Flood (2007) Зошто не ги покажува сликичките? Какви точно да се стават за да не излегуваат овие мали коцки наместо сликата? Се надевам оваа ќе излезе. Дејствието е во Лондон, настанува голема поплава низ реката Темза, краток рок за евакуација и се случува катастрофа, поплавен град, сите бегаат, исчезнати, мртви... Добар филм, потсетува на The day after tomorrow, значи спаѓа во филмови од таква категорија. Мене ми се допадна и тоа доста. Има од сe' по нешто. Оценка 9/10.
Акција-романса-комедија. Станува збор за двајца партнери, тајни агенти на циа а воедно и најдобри другари. Запознаваат иста девојка и се заљубуваат во неа, во моментот кога и двајцата во исто време си покажуваат слики од девојката со која излегуваат остануваат вчудоневидени од фактот дека се работи за истата девојка ,но ниту еден не е спремен да се откаже од неа.Постигнуваат џентлменски договор и се впуштаат во борба по срцето на девојката во која само еден може да победи.Борба во која навидум постојат правила, но е не е се така чисто...ќе видите од поплавување на станови,зашеметување со стрели,па се до пратење со авиони. Филм кој ќе ве остави без здив во исчекувањето на следната будалаштина која овие двајца згодни момци ќе ви ја приредат.
На филмов не се сеќавам толку добро, колку што се сеќавам на тоа дека го гледав на ТВ доцна навечер, многу одамна беше тоа, и знам дека плачев. Алмодовар и така си е посебен, уникатни, интересни ликови креира. Јас ти го препорачувам и Волвер да го гледаш.
Batman Trilogy За да го изгледам и последниот дел, прво ги повторив првите два, бидејќи колку што прочитав имало доста поврзаности со претходните настани (особено од првиот дел). Мислам дека кратка рецензија не е потребна, на сите ни е позната приказната за Бетмен. Јас само ќе кажам дека трилогијава си ги заслужува високите оценки. Од сите вакви суперхерои (како Спајдермен, Супермен), Бетмен ми е некако најреална приказна, бидејќи неговите моќи се засноваат пред се на усовршена технологија. И морам да си кажам дека Ен Хатевеј ми беше апсолутно прекрасна во улогата на Catwoman.
The Shawshank Redemption Што би рекла јас за најдобро рангираниот филм на ИМДб, освен дека се согласувам и дека се работи за одличен филм. Критичарите, а и публиката овој пат се во право. Филмот ја заслужува оценка од 9.3. Добар, предобар. Приказната е одлична, не те остава рамнодушен. Затворот како институција многу пати е бил екранизиран, и мислам дека е тема која никогаш нема да се исцрпи. Животот внатре, особено на затворениците кои се осудени на доживотен затвор, кои повеќе немаат животот надвор. Системот уште еднаш се покажа како гнил и бесмилосен. Глумата е совршена. Morgan Freeman е жива легенда, човекот блеска во секоја негова улога и дефинитивно е незаменлив. Глумата на Tim Robbins ме воудошеви. Се надмина себеси со улогава, а го паметам и во Mystic River, каде што и таму одглуми и повеќе од добро. Совршен пар, па не ме чуди воопшто високата оценка. Филмот е еден од најдобрите на сите времиња. Оценка 10/10. Препораувам, ако сеуште има некој што го нема гледано филмот, нека го гледа. Ваква убавина од филм не треба да се пропушти. Ми се погодија филмчињата деновиве, да си кажам ги бирам со внимание и според критиките. Ми се гледаат само добри филмови, па макар да се стари и 20 години.
Ted - по многу прочитани критики, го изгледав. И многу се смеев. А очекував да биде глуп филм. Ама баш интересен ми беше. Но, секој има различен вкус нели? Сепак, препорачувам. Fire with fire - по препорака на Јуле, чинам беше. Многу добар филм, со добра приказна, добра акција и глума. Навистина заслужува повисока оценка од онаа на ИМДБ.
Убаво анимирано филмче ... Santa Claus, Sandman, Jack Frost, Tooth fairy, Easter bunny ... детските измислени ликови заштитници кои здружено ќе се борат против стравот, кошмарот претставени преку ликот на Pitch. 9/10
По препорака тука го гледав и јас Stay (2005) Најпрво, не го можев овој со кусите ногавици на панталоните а тие па уште и жолти Друго, да, ептен чукнат филм, во целата приказна се е измешано, не се знае што е реалност, а што не. Поентата на крај како кој ќе ја разбере. Од мене има 7/10.
The Crow Да драги луѓе, го немав гледано. Брендон Ли (синот на Брус Ли) во главната улога и целата мистерија која оди со снимањето на филмот, со оглед што починал токму при снимањето со вистински куршум употребен во една сцена, наместо со ќорци. Многу квалитетна глума, приказната и реализацијата како за тоа време, па солидни. Култен филм кој треба да се изгледа во секој случај. Откако една банда брутално ќе ги убие него и сопругата, мистер Брендон Ли се враќа од мртвите за да се одмазди. 8/10 To Rome with Love Оф Вуди Ален, човеку и ти си остарел, гет а грип. Делуваше слатко и симпатично на моменти, но тотално без или со утната поента. Неколку различни приказни, за љубовта, соништата, неверството, славата кои ги посакува секој човек во епицентарот на случувањето - Рим, како инспирација на авторот и режисерот. Не знам, не го сакам Вуди, плус ми глуми извештачено, а сум забележала дека ги тера и остатокот од кастингот да го имитираат во неговата глума, со долги паузи и збунувачки моменти. Онака пффф... што беше поената? Дојдете во Рим, ќе ви се остварат соништата, а после ќе ве удри ладен туш на реалноста. Не би го гледала пак, плус таа неговата нарација ме убива. Филмови со нарација обично ми се интересни, во случајот на Вуди ми доаѓа да врескам. 5/10 Dark Shadows Тим Бартоне, исто како и Вуди - си остарел и гет а грип. Си станал досаден и изопачен, ама не инвентивно изопачен, туку до граница на зевање. Не знам до кога ќе ги фура и женичката му и Џони Деп во филмчиња, важно - не е веќе добитна и добра комбинација и тоа е тоа. Помири се, move on. Искрено, ми беше неинтересен и глупичок филмов за вампирот од фамилијата Колинс, кој се враќа по 200 години да ја спаси честа и иднината на семејството, како и да ја пронајде љубовта. Не знам која е таргет групата на филмов - мали дечиња - не се, постари луѓе пак ич... за кого е наменет? Што му е поентата, исто како кај Вуди? Ако беше чисто за забава, беше се` освен - забавен филм. Ева Грин for the win. Лепотица и единствено освежување. 5/10
Skyfall Многу му се допадна. Одамна не ми оставил толку силен впечаток некој филм. Spoiler Слабост ми е британскиот акцент, слабост ми се британски актери, многу голема слабост Daniel Craig, а најголема слабост Daniel Craig и Ralph Fiennes во еден кадар О Боже, за тие сцени требаше да има посебно предупредување, во стилот: Warning! This material contains very sexy men and raw men's energy. Шала на страна, не ни очекував нешто помалку. Како и секогаш, добро развиена приказна, одлична глума од сите актери/ки во филмот, Javier беше исто така одличен :up: Иако, морам да признаам, не претпоставував дека до толку ќе биде жално како ќе умре М Ќе ми недостасува Judi Dench дефинитивно. Единствено не ми oстави некој добар впечаток Северина Berenice Marlohe де. Некако не се снајде баш во улогата, премногу беше извештачена, од што сакаше добро да изглуми, претера со глумењето. Моја оцена 9/10. (деветкава е само ради Berenice)
Wicker Park (2004) http://www.imdb.com/title/tt0324554/ Де бре, само јас не го бендисувам? За џабе изгубени 47 минути. Го влечам филмов, верувале или не, цели две недели. Со една сака да се сврши, другава ја следи, со третата во кревет. И да, на крај, секако, многу ја сака. Или сепак само си замислуваше, дека е со друга? Мене искрено, тапа ми беше. own:
Life happens Просечен филм. Не ми се допадна лав причата, веќе видено и досадно, ми се допадна пораката на некој начин што се обиде да ја пренесе. Себичност, јас јас јас и своите проблеми кои ти го газат пријателството, тежината да се биде самохрана мајка (иако начинот на кој стана мајка беше крајно глупав). Ми се допадна и масата за билјард во дневна што ја имаа Добар улаз на they see me rollin, they hatin...цел ден ми се врти во глава
Skyfall Филмов ми остави ептен добар впечаток. Акција на завидно ниво, а богами и сексапил. Море овој Џејмс Бонд добро се држи само малце помлад да беше . Немам некој посебен коментар, преубав филм, одлични глумци, се на се филмов од мене добива 10/10
The Intouchables Филмот оди на мојата топ листа. Прекрасен е значи, и ме засмејуваше на некои моменти. Француски е, јас го гледав со превод. Според вистинска приказна. Искрено ви го препорачувам! Сериозен, но со хумор на некои делови. Јас би дала 9.5/10. http://www.youtube.com/watch?v=H_84jrxRa6k
Batman Begins-2005 Да се потсетам малку, пред да го гледам најновиот дел Инаку што уште може да се каже за филмов?? Ремек дело, му симнувам капа на Кристофер Нолан не само за Бетмен туку сите негови филмови. 130 минути ми летнаа како секунда, не ги ни осетив. 10/10.
Mean girls Моја оценка 10/10. Прекрасен филм,интересен и забавен.Убава содржина,баш тинејџерски филм за средношколските денови.Го препорачувам филмов бидејќи содржината е за еден поголем настан да кажам и со тоа пренесува порака.