"The dark knight rises" Ми се допадна многу. Прво заради тоа што е малку поразличен од останатите делови на Бетмен. Овој има приказна. Не е - се знае негативецот, Бетмен се бори, го сотрува и once again the day is saved. 9ka од мене.
Последен и најинтересен филм со го гледав е Ени или Annie многу убав филм ви го препорачувам да го гледате филмот ако почнам да раскажувам ќе нема крај затоа само изгледајте го нема да зажалите http://www.imdb.com/title/tt0083564/
Farmhouse (200 Уф, болен филм. Се прашувам дали навистина има вакви болни луѓе? Се работи за пар кои се опоравуваат од трагичен настан и решаваат да се преселат. На патот заглавуваат во една куќа на фарма, каде почнува уште поголем кошмар. Одвратни сцени, неподносливи за секого. Spoiler И ја ренда ногата бе Содржи добра приказна зад себе и на крајот всушност се разјаснува како дошло до тоа. И пак ќе кажам, болно. Филмот е за оние поиздржливите. За љубителите на вакви филмови сигурно ќе им се допадне. Не е препорачлив за многу емотивни луѓе. Оценка од мене има 9/10.
Значи најубавиот македонски филм -Трето полувреме „Трето полувреме“ е приказна за неколку луѓе собрани околу најважната работа во светот - фудбалот, во најтурбулентното време во историјата на светот - Втората светска војна. Тоа е приказна за играчите на ФК Македонија и нивниот Германско-Еврејски тренер Рудолф Шпиц, кој ги води низ патот кон титулата шампион на Нацистичката фудбалска лига. Ова е приказна за основачот на клубот Димитрија, кој треба да избере меѓу својата љубов кон неговиот тим и неговата лојалност кон Новиот Поредок. Ова е приказна за неговиот најдобар напаѓач Коста, познат шверцер кој се вљубува со една убава богата девојка. Ова е приказната за Ребека, Еврејска принцеза на зрно грашок, која прифаќа со неа, во нејзината мала соба, да живее фудбалер (со тоа се измолкнува од горчливата судбина на нејзиниот народ). И најпосле - ова е приказна за фудбалот, игра што во тие страшни времиња е повеќе од игра: тој е бојно поле помеѓу Доброто и Злото!
The odd life of Timothy Green http://www.imdb.com/title/tt1462769/ Фино филмче, онака лежерно баш за викенд опуштање Spoiler Еден брачен пар очајно се обидува да добие бебе, но докторот им соопштува да не се надеваат и трудат повеќе. Истата ноќ пишуваат на ливчиња особини кои би сакале да ги има нивното дете. Желбата ќе им биде исполнета....иако за кратко, не за секогаш. Детенцето е многу слатко, заради него давам поголема оценка на филмот 6/10
Premium Rush (2012) Одлично, супер интересно и адреналинско филмче. Џозеф Гордон Левит глуми доставувач на брза пошта со велосипед (ова е демек елоквентен превод на бајк месенџер) а еден ден ќе добие чудно писмо, кое мора да го достави по секоја цена, навлегувајќи во конфликт со еден корумпиран полицаец. Филмчето е добро скоцкано, брзо е, не се губи време на глупости, има интересна замисла, добри моменти. Негативецот е нетипичен и нестереотипен, дури ми се допадна што го направиле трапчо и по малку смешен. Единствено сметам дека за девојката на Левит можеле да одберат подобар кастинг, но ок е, ве држи будни и заинтересирани. Препорачувам, Левит е најдобриот глумец на помладата генерација. 7.5/10 Butter (2011) Почна интересно и забавно, а во втората половина малку го унаказија, имаше интересни, но и непотребни моменти. Во секој случај ќе го изгледате докрај, иако на некои сцени ќе направите фацка wtf. Џенифер Гарнер е сјајна глумица, а вакви налудничави улоги ѝ лежат навистина добро, слично како и во Arthur. Во мало градче во Ајова, вистински предизвик е да се победи во натпревар кој вклучува правење скулптури и фигури од путер (butter carving). 10 годишно посвоено девојче неочекувано ќе покаже талент за режење путер и ќе стане најсериозен противник на лутата ривалка Гарнер... и натпреварот може да почне. Му фалеше малку поинаков тек и реализација, им се испомешале лончињата. Но сепак, добар за неделно мрзеливо попладне. Алиша Силверстоун беше вистинска срцка. Хју Џекмен - дегенче. 6.3/10
Made of Honor (200 Кога видов дека двајца од мојата омилена серија глумат одма го симнав ( Овен и Дерек од Грејс анатоми). Значи филмот е прекрасен. ПРЕ-КРА-СЕН! Michelle Monaghan, главната женска улога, како актерка ја обожавам, нејзината глума беше предобра, имаше моменти кога мене ми се идеше да ја цунам на мониторот! И и завидувам дефинитвно што баш со нив двајца се најде во филм, ахххх, јас се би направила бар по еднаш едно добро да ги избацам овие двајца, посебно Kevin McKidd, пошо е баш мој тип на мажиште, читај баш мажиште, тело каква градба, раце оф оф, па и та глумата на нежен маж кој ја почитува и крева до небеса жена си, мајко помагај се кренав јас! Patrick Dempsey одлично си ја одигра и тој својата улога, прекрасен глумец кој нема утка, со неговата перфектна коса, или Mc.Dreamy како што го викаат во Grey's anatomy. Препорачувам под итно на сите кои го немаат гледано. http://www.imdb.com/title/tt0866439/ Lola Versus (2012) Лола, не можиш а да не ја сакаш. Иако имаше моменти кога сакав да ја окубам за коса, кога легна со тој грдиот и мрднатиот секако. Филм каде е прикажан на многу реален и до некаде откачен животот на 29 годипната Лола, која една ноќ е запросена од нејзиниот дечко, со кој живее заедно, а следниот веќе, тој исплашен од самите подготовки и целата ука бука во врска со свадбата, и раскинува, ја остава. Таа, со помош на најзините пријатели, се обидува и се труди да го запорави и да започне одново, но тешко и оди пошто бившиот постојано се врта тука. Мислам дека улогата е погодена 100 проценти, не постои друга која би ја одглумила Лола баш вака. На моменти ми беше досаден, некои сцени беа прескокнати, а некои развлечени, но сепак интересен. Другарка и на Лола, Боже мој, самата појава прича за себе, се пукнав од смеа. Мене ми се допадна, препорачувам иако на имдб има слаба оцена, одамна веќе не им верувам http://www.imdb.com/title/tt1710417/ The Cave (2005) Обичен трилер, не е хорор, можда елементи на мистерија или фантастика, филм кој е доволен за еднаш да се изгледа. Одлични глумци, солидна глума и веќе добро позната приказна, иако вреди да се погледне. Нуркачи заробени во најголемата пештера под вода, им се заглавува скроз влезот од каде што влезија, а за друг излез никој нема слушнато, па во потрага по него, наидуваат на нов вид на благо наречени чудовишта кои им го отежнуваат патот кон излезот. Некои ќе имаат среќа, а некои едноставно со својата глупост и избрзливост, како и во секој таканаречен хорор филм, сами си го бараат ѓаволот. http://www.imdb.com/title/tt0402901/
10 Years http://www.imdb.com/title/tt1715873/ Прослава на 10 годишнина од матурирање. Навраќање на плановите од тин годините, врските, статусот, стилот. Колку ликовите се измениле и колку луѓето покрај нив го знаат нивното минато. Обид да добиеш нешто што не си го имал во средно, секој со својата (не)успешна приказна, колебање да се отпушти минатото. Реален филм.Нема да ве воодушеви, на моменти ќе сакате да го премотате, ама не е ни за фрлање. Мене ми се допадна. 6.5/10
The Dark Knight-2008 Филмов кога и да го гледам ме остава без зборови, па така и сега. Дефинитивно заслужено се наоѓа на 9-тото место на имдб со оцена 9. Ни критичарите, а ни публиката енма згрешено кога ја имаат давано оцената. Ако ме прашувале мене филмов заслужува чиста 10-ка. И утре конечно ќе го фледам најновиот дел
The Dark Knight Rises (2012) Легендарен! Не можам да си замислам друг актер во улогата на Бетмен освен Кристијан Беијл ама затоа cat woman не ми се допадна. Во кој момент почнав да ја нејќам Ен Хатвеј не знам ама Хали Бери ќе беше подобра. Тоа е мое мислење. Гласот на Бејн ми беше прејак. Едвај чекав да дојде неговата линија за да го слушам уште. Робин е срцка. Ете ја пак...Фејк си мори! ★★★★★
The five year engagement(2012) Само што го догледав...Смешен е,луд е ама и емоционален. Типична романтична комедија. Давам 8/10 пошто се пресмеав,многу неочекувани случки,а пониска пошто е онака,како да се знаеше како ќе заврши.
После неуспешниот грабеж во казино братот и сестрата одлучуваат да се разделат по што се случуваат низа на убиства ,на крај се се разрешува во домот на едно семејство и тоа на денот на Благодарноста . 6-10
Woman on top Едно постаро филмче, ама прилично опуштено. Многу е предвидливо, нема некои не знам какви заплети и расплети, ама има многу страст филмот, башка Пенелопе е прекрасна, просто е прекрасна, зрачи тука, не знам дали во друг филм има толку шарм и страст како тука. А и Murilo Benício (Лео од Клон на нашки кажано) е во машката улога, така што не знам што да се каже, плакнење очи само.
88 Minutes Spoiler Џек Грам, професор на колеџ во Сиетел кој работи хонорарно како форензички психолог, е главниот сведок на судењето против серискиот убиец Џон Форстер. Поради неговото сведочење, убиецот е осуден на смрт. Ноќта пред да биде погубен серискиот убиец се случува убиство кое е идентично на убиствата што ги имаше извршено Форстер. Со тоа се доведува во прашање колку е вистинска и правилна одлуката која се засноваше врз вештачењето на Џек. Добива порака дека има уште 88 минути преостанати за живеење и му се подметнуваат докази дека новите убиства ги извршува тој.
За оние кои сакаат акции.Малку ми беше и смешен на моменти бидејќи се појавуваат додатно познати личности кои го направија филмов и малку смешен.
Batman: The Dark Knight Rises Филмот го гледав конечно, после долгомесечно чекање за да излези на нормална снимка. Како голем фан на стрипојте и воопшто целосното постоење на Бетмен можам да кажам дека - исто како и првиот и вториот дел од трилогијата, и овај е ФЕНОМЕНАЛЕН во секој поглед. Актерите ме бендисаја премногу добро беа одбрани и доста добро ги донесија ликојте. Ефектите му беа легендарни... се на се, според мене: Најдобар филм за 2012 Единствено нешто шо не ме бендиса во филмот е...: Spoiler ...приказната на Бејн. Ликот на Бејн во стрипојте, заедно со Harley Quinn и Poison Ivy, ми е еден од најомилените. Оригиналната приказна за Бејн е доста поразлична, но сепак се потрудиле да се задржат до некој од побитните работи како тоа дека е роден во затвор, и како го доби епитетот „човекот кој го скрши љиљакот“. Но зато пропуштија многу битна работа - Веномот, кој Бејн поради тоа што беше подложен на експеримент со Веном, кој директно му беше в шприцан во мозокот, е зависен од него и на грбот носи боца полна со Веном која со цевки и маска му е директно поврзана со телото и му го внесва директно во крвта. Исто така ме изиритира то шо го напраја „војник“ т.е. „креација“ на Ra's al Ghul - кое со вистинската приказна нема никаква додирна точка...али добро, таква визија имале така напрајле... Да бев јас приказната ке ја разработев во сосем друг стил, кој ќе беше поблизок со целата приказна за Џокер, али ова си е нивна замисла - и доста добро ја реализираја. Секоја му чест ! Оцена 100/10
Savages (2012) Улоги: Блејк Лавли, Џон Траволта, Беницио дел Торо, Салма Хајек (и двајцата лепотани шо не ми текнуваат нивните имиња) IMDB оценка 6.6/10 Оценка 3/10 Spoiler Двајца другари се пробиваат во бизнисот на дрога, па некои картели се заинтересуваар за нив. Во овој случај кралица Елена од Мексико. Дечките ја одбиваат, но бидејќи Елена не прифаќа не за одговор, ја киднапира нивната "другарка" O. Па дејствието што е следи е, тие е обидуваат да ја вратат назад, на начин што пробуваат да ги раскарат меѓу нив, а успут и ја киднапираат керката на Елена, Магладена. Приказната општо покажува како сите се корумпирани од наркоман до полицаец, и како дел од нив изгледуваат херои на крај. Искрено за мене оценката што ја има на IMDB е висока. Приказната не дека не беше лоша, само заради тоа и дадов тројче, али два и пол саати филм!? Многу е. Друго ништо не ми се допадна, ах.. освен панорамските слики од Индонезија, Калифорнија итн. И да, доста си го ценев Беницио дел Торо како глумец, ама страшно ми беше гаден во филмов, али дивјак, нели. Не го препорачувам за гледање.