Ted Се работи за едно дете, ќе му го дојсат мечето за Божиќ и ќе посака да му биди најдобар другар и да можи да збора . Другиот ден вистина ќе е така, После цело време заедно ќе бидат вкрај е интересен јас се изнасмеав. Топло го препорачувам Мила Кунис е преуба 10/10 има од мене П.с Со ова сцена се изнасмеав
The back-up plan. Со Џенифер Лопез во главната улога. Лесно филмче, но ми се допадна. Онака, за релаксирање во овие студени денови е добро
Diary of a wimpy kid 1&2 Првиот дел беше интересен, ама вториот беше многу подобар. Добро филмче, многу смеење, наликува на Проблематично дете, ама во некоја поблага верзија. И третиот дел ми е симнат, на репертоарот за гледање е. Ги имам сите делови од книгите, па се токмам и нив да ги прочитам ако најдам време.
Некој ќе мисли тинејџерски филм, шугар стории или сл. Не, филмчево е толку едноставно и толку интересно. Ме држеше до крај. Најважно се изнаслушав акапела изведби на хит песни. Дури и морници на моменти ми доаѓаа, мрдав во ритам . Интересна сторија во секој случај. 8/10
Untamed heart (1993) http://www.imdb.com/title/tt0108451/ Филм како ниеден друг од современите романтични комедии/драми. Љубовна приказна за девојка која работи во кафе бар и молчалив тип со чудно минато. Ќе ви пушти некоја солза, ама вреди. 9/10
The ugly truth Многу,многу добар филм. Нема да коментирам ништо,кој не го гледал обавезно да го гледа.Многу интересна романтична комедија.
Cloud Atlas (Атлас на облаците) Го гледав вчера во Cineplexx и морам да кажам дека иако ретко гледам играни филмови, овој навистина ми се допадна и ни три секунди не ми беше досадно во трите саати што ги иседов таму. Атлас на Облаците истражува како постапките и последиците на индивидуалните животи влијаат едни на други низ минатото, сегашноста и иднината. Акцијата, мистеријата и романсата драматично се преплетуваат низ приказната кога една душа од убиец се преобразува во херој, а еден акт на добрина се шири низ вековите за да инспирира револуција во далечната иднина. Научнофантастична драма во која главни улоги толкуваат Том Хенкс, Хали Бери, Џим Старџис, Хју Грант, Сузан Сарандон, Хуго Вивинг, Џим Броудбенд и други, е снимена според истоимениот бестселер на Дејвид Мичел. Германско-англиска продукција, Облакот Атлас, е најскапиот независен филм на сите времиња, снимен со буџет од 102 милиони долари. Со единствен глумачки ансамбл, во кој секој игра по неколку улоги, продукцијата започна во септември 2011 во студиото Бебелсберг во Германија. Германските медиуми го опишаа Атлас на облаците како „прв обид да се направи германски блокбастер“. Филмот се состои од шест испреплетени приказни и истражува како постапките и последиците од индивидуалниот живот влијаат на другите низ минатото, сегашноста и иднината. Интересно е тоа дека овој филм е сниман паралелно од две различни филмски екипи, еден тим го предводел Том Тиквер, а другиот Лана и Енди Вачауски. Облакот Атлас премиерно е прикажан на 9ти септември 2012 на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто каде доживеа десет минутна овација. -превземено од http://www.cineplexx.mk/ Го препорачувам, погледнете го! Ако не ви се допадне ќе ви ги вратам изгубените три саати!
Си се , од обични медицински третмани до откритие на првиот вибратор. Не планирано онака баш спонтан момент а корисен испадна до ден денес вибраторот де. Да не зборувам колку многу ја обожавам глумата на HUGH DANCY симпатичен со неодолив англиски акцент .....а испадна дека и Maggie Gyllenhaal е лудило- интересен лик има во филмов, ме импресионира , женски бунтовник Епа од мене 8
God Bless America (2011) Откако на средовечниот Френк буквално ќе му пукне филмот од сите плитки, површни и глупави работи со кои се опседнати луѓето околу него, тргнува on a killing spree , каде што ќе му се придружи 16 годишната бунтовничка Рокси. Интересен, забавен и по малку тажен филм за реалноста која ја живее Америка, како најдебилна нација на планетава, а полека не` стигнува и нас. Филм кој ја портретира плиткоста, површноста, суетата и парите и опседнатоста со славата. Начинот на кој се обиделе да го искажата револтот можеби беше неидеален, но брутален и со силан порака. Добро филмче, со поента. 8/10 Gattaca (1997) Постаро филмче кое јас го испуштив за гледање кога беше најактуелен, во моите тинејџерски денови. Затоа надоместив вчера. Убав, оригинален и емотивен филм кој ја доловува борбата за остварување на своите соништа, иако никој не верува во тебе. Вербата во себе, истрајноста и соништата се` нешто на кое не смее да го заборави никој од нас. Светот во кој живее Винсент е сочинуван од идеални примероци на човештвото, како на физички, така и на ментален план. А тој е само обичен човек со многу недостатоци, кој сака да ја оствари единствената желба што ја има откако памети за себе... Итан Хоук, Ума Турман и Џуд Ло во главните улоги. Прекрасен филм навистина. 8.5/10
Spoiler A factory worker, Douglas Quaid, begins to suspect that he is a spy after visiting Rekall - a company that provides its clients with implanted fake memories of a life they would like to have led - goes wrong and he finds himself on the run. Во кино го гледав демек поради ефектите, ама и дома можете слободно да си го гледате. Филмот е Action | Adventure | Sci-Fi и отценет е со 6,3. И јас толку би му дала. Слабо зборување, само трчање, бркање и пукање. Има многу добар пример на крајно изнервирана жена Аngry Bird си ја викав.
Chicago Филмов е предобар. Само толку имам да кажам, и плус ќе додадам Кетрин Зета Џоунс заслужено има добиеоно оскар за најдобра спротивна улога. 10/10.
Pitch perfect Со време го чекав филмов, затоа што музичките филмови ми станаа нова љубов годинава И не се разочарав. Ако се погледне подетално филмов има доста утки, не во смисла на изработка, туку во самата приказна. Работи што ми се безвезни (пример како тоа што она иде со сила на факултет, а уствари сака да биде дј во ЛА ). Ама во глобала бев задоволна. Интересни песни, извртени комбинации, лесно за гледање. Американциве воведуваат нов вид мажи по кои ќе се лудува, не се ептен згодни, не се ептен убави, ама се слатки и им даваат улоги со кои ќе ти направат да се заљубиш во нив. Happy accidents Фантастичен романтичен филм. Одлични дијалози, збунки, смеа, налудничавост до бескрај. Да не излезе од мојов коментар да очекувате нешто невидено...нема такво нешто Ама крајно пријатен и забавен филм. Одлични ликови, на крајот за малце ќе заплачев Мариа Томеи ми е прекрасна...и се нафрлам на уште постари филмови иако ми се гледани. Имам апетит периодов за 80тите и 90тите...повторно
Како сум ги натегнала, еден по друг, во тмурниов ден. Casablanca Не знам како го немам гледано, а на памет ги знам пола од дијалозите. Што ти се вика реклама. Во секој случај, убаво филмче, да видиме дека ете бива и романтичен филм без секс, лигавење, јазици по екран. Хемпфри Богарт, уф, уф. Дополнително песната, As time goes by ми е една од омилените, убаво ми дојде. Сега на Сем ќе му кажеме да ја засвири. Класика, треба да се види, не се оценува. Sabrina Првичнава верзија ја немав гледано. Одри Хепберн е прекрасна, како и секогаш и баш убав пар се со Богарт. Иако морам да признаам, дека поновата верзија повеќе ми лежи, некако Харисон Форд си го држи шармот. Ама пак, тука се си е она лека-полека, лагано и нежно. Пак ја со песните, еве ја вртам Isn't it romantic по 50ти пат на јутуб. Убаво филмче. Мислам за во кино е поубаво, треба да им се предложи на Кинотека недела на Богарт или Хепберн. Месец нека биде.
Ги гледав двата дела од Sisterhood of traveling pants се работи за четири најдобри другарки кои наоѓаат еден пар фармерки , кој одговара перфектно на секоја од нив . и кога доаѓа лето сите одат на различни страни , и секоја од нив фармерките ги задржува по една недела , и им се случуваат убави работи
Викендот го искористив за филмови, а на репертоарот се најдоа два филма . Sherlock Holmes: A Game of Shadows Ова е единствениот филм кој го имам гледано за ликот на Шерлок Холмс. Иако сум љубител на крими филмовите, претходно немав ништо погледнато за Холмс. Како за прв гледан филм ми се допадна. Приказната просечна, глумата солидна. Одличен кастинг. Читав критики за овој дел, но ете на мене ми се допадна. Вториот филм е Тед. Крајно дебилен и изопачен филм, кој навидум личи на детски филм, ама јас строго би го забранила за деца. Приказната клише, глумата просечна, хуморот американски . Сексот на мечето и девојката ми беше крајно одвратен. Зоофилија! Очекував топол сеемен филм со мече. Одвратно.
Ted Интересно филмче со доста смешни моменти,ми се допадна хуморот.Имаше некои глупи сцени,но се на се добар филм за тепање време. 8/10
Трето полувреме! 10/1000 Го гледав вчера во кино и најискрено останав без зборови. Значи толку добар филм, не се сеќавам од кога немам гледано. Прекрасна глума, прекрасни акрети, се прекрасно. Најдобрите македонски актери собрани во едно место- полн погодок. Нема што да зборувам повеќе. Кога заврши филмот, јас завршив со солзи на очите.