Океанот на животот вчеера го гледав прекрасен филм како една мајка си го губи детето од 3 години и после 9 години го среќава како тој прашува дали треба да им ја искоси тревата прекрасен ее
The secret life of bees Дакота Фенинг е феноменална актерка, ама луѓе ептен е ружна. Морав да го прокоментирам ова, може не ми е на место, ама цел филм ме плашеше со тоа очиштата. Филмчево не е лошо, убаво за недела попладне. Приказна за едно девојче кое е преокупирано со мајка си. Делот како ја убила многу ме збуни. Бев воодушевена од Алиша Кис, немам гледано други филмови со неа (не знам ни дали има) ама одлична беше. Квин Латифа не ја коментирам, предобра како и секогаш. На моменти не ми беше целосна приказната, ама го бива. 6/10
Кој љуби драми, да го гледа. Толку едноставен и разбирлив, но и толку полн пораки. Иако е рејтингуван со 6 од мене една 8/10 Spoiler Се работи за амбициозен писател кој сосема случајно ќе најде испишана книга во ракопис на непознат автор и ќе ја објави како своја. Доживува голем успех ... но работите одеднаш добиваат друга димензија. Што всушност се случува гледајте го филмов
Pitch perfect Многу добар филм, вреди да се погледне.. се работи за a cappella пеење и натпреварување меѓу неколку групи, добар микс на песни и одлични перформанси 10/10
Романтичен викенд на репризи Sixteen candles Од времето кога тинејџерските филмови беа интересни. Класика. По втор пат денот го сретнав Ентони Мајкл Хол што ли ќе беше Only you Марисо мори, што убава си Еден од листата на нај од романтични филмови кои никогаш нема да ми станат досадни. И да...сакам Италија да ја прошетам возејќи се во кола Always Корејскиве филмови секогаш ме расплакуваат Дури и дечково ми беше сладок Убав, нежен и груб и тажен и весел филм (да, се ова го има ). Знаат корејциве како да те пресечат во емоции
Pitch Perfect (2012) Го гледав и јас Pitch Perfect и многу ми се допадна. Лесен и забавен филм, со убави преработки на песните и смешни сцени. Елизабет Бенкс иако во споредна улога блескаше како коментаторка на натпреварите во акапела пеење. Морам да кажам дека не сум некоја обожавателка на Anna Kendrick од Twilight франшизата и Up in the air, малку ми е статична и пластична, посебно во тоа устенцето, ама ете, ѝ се посреќи, ѝ даваат добри улоги, очигледно виделе некаков талент во неа. Rebel Wilson for the win. Фантастична. Доколку сакате лесна забава и да си го опуштите мозокот, ова е филмот и топло го препорачувам. 8.5/10 Stay (2005) Идејата ми се допадна, како и тонот и нарацијата на целиот филм, напнат и непредвидлив, одржува интерес, иако тече бавно, но сигурно кон целта. Знам дека крајот требаше да направи БУМ и да испадне мајндфак нели, ама за мене не беше доволно промислен и разработен како што треба. Малку ме разочара и ме остави со некое гнило чувство на незадоволство. Актерската екипа е солидна - Јуан Мекгрегор, Наоми Вотс и young Рајан Гослинг, кој чинам најмногу воодушеви. Психолошки трилер, но недоволно добар да ве остави со подзината уста. 6.5/10
И јас го изгледав филмов, и се согласувам со феминките над мене. Одличен филм, вреди да се погледне, тие саат и 40 и нешто минути ми поминаа како минутка. Заслужена оценка на имдб, а од мене добива чиста 10ка.
"How do you know" Дооолг и здодевен филм Го симнав најмногу заради Owen, дека ми е смешен, па си реков ќе биде интересна комедија. Ама не ми остави впечаток. И плус околу 2 часа трае..... 4/10
Pitch Perfect Ај да не останам покуса. Супер филмче, баш ми се допадна, немаше еден досаден момент, си поуживав во акапела изведбите. Ана Кендрик ми е чудна некако, се согласувам со Трендафилка дека е малку статична, ама од друга страна и симпатична е некако. Или до улогата можеби беше. Како и да е, го препорачувам.
The words(2012) Доста интересна приказна, иако на моменти има и предвиdливи ситуации, но сепак добар филм. Се работи за млад писател кој сака да успее во животот пишувајќи новели, но во еден момент сфаќа дека неможе да го оствари својот сон, биејќи едноставно работите не одат како што си замислува тој. За време на својот меден месец во Париз во една антикварница купува една стара ташна во која подоцна ќе најде една книга напишана многу одамна. Од тука почнува вистинското дејство на филмот.... понатаму останува да погледнете што се случува
Чарлстон за Огњенку (200 Српски филм направен во некоја фабулозна верзија, што мене не ми остави некој посебен уметнички впечаток, иако толку пофалби за него од српска страна демек бил не знам што. Имале идеја не ја реализирале како што треба. Премногу е натрупано, дејствието и околината не се претопуваа во изгледот на жените, особено не со тие длабоки деколтеа и расцицлување, а и преувеличуваат со тоа нивно "српско". Но сепак се работи за вкусови. Некој можеби и уживал во филмов. :? Spoiler После 1 светска војна Србија останува без машка популација. Дејствието се одвива во едно мало запуштено село Покрп, полно со жени и само еден маж-деда Биса кој го одржуваа со инфузии. Селаните преживуваат само од гроздобер, имаат лозје, кое е минирано од еден малку забеган маж кој со идеја да го спаси лозјето го минирал, без да направи мапа на мините, така што Виноград станува Миноград. Кога има гроздобер, влечат сламки која ќе оди во минираното лозје. Во тоа село живеат две сестри, Огњенка(С.Коларчиќ) и Мала Богиња (К.Радивојевиќ-"Зоне Замфировска"-многу иритирачка жена според мене). Тие имаат професија-плачење по погреби и сл.работи, занает останат од нивната прабаба. Огњенка никогаш не била со маж па сестра и ќе ја натера да спие со Деда Биса. Пред тоа сите одат во локалната кафана каде се опиваат со пауковача(ракија со пајак) од која им се појавуваат духовите на изумрените мажи. Огњенка ќе врисне од ужас кога ќе го види деда Биса и тоа ќе го убие. По ова, жените од селото сакаат да ги запалат сестрите, дека им го уништија последниот маж, но овие ќе се согласат да ги поштедат а тие за возврат ќе одат да им најдат мажи. Така и направија, двете сестри одат во потрага по мажи, и наоѓаат, но двете нема да сакаат да ги делат со сите жени од селото, а мораа да однесат маж за да жените од селото ја упокојат душата на нивната прабаба. На крај сите завршуваат во селото, Зоне пред тоа се сексаше со нејзиниот, како еротски филм да гледав додека Огњенка беше по прибрана. Иако двајцата мажи ќе паднат во искушение сред толку жени, двајцата ќе се откажат од тоа задоволство бидејќи ќе сфатат дека се заљубени. Во обид да избега од жените, мажот на Мала Богиња, Арсеније, ќе отрча во лозјето и ќе нагази мина. Во име на љубовта, Мала Богиња му се придружува на својот сакан и на лозјето го играат својот последен љубовен чарлстон додека не одлетаа прегрнати во воздух. Додека Огњенка на крајот на филмот е на врвот на една голема зграда(Палата Албанија), каде чека да го одигра својот чарлстон со нејзиниот маж-Драгољуб, човекот од челик, кој треба да скокне од зградата. Филмот беше проткаен со магија, нереалност. Глумата на сестрите во филмот, особено на Радивојевиќ, беше слаба, премногу дерење и невкусен, непријатен продорен глас. Филмот го гледав само поради љубопитноста -што потоа. Не ми е јасно на што потрошиле буџет поголем од 5 милиони долари, единствено според мене што мислам дека било скапо платено, се секс сцените помеѓу Катарина Радивојевиќ и Стефан Капичиќ, кои не беа соодветни на целата приказна, демек ако не и ги месеше цицките ништо од филмот, а можеби и така беше. http://sr.wikipedia.org/wiki/Чарлстон_за_Огњенку http://www.youtube.com/watch?v=QuRctLXYzO8
пред малку го гледав 'Holiday in handcuffs' многу интересно филмче... со марио лопез иначе започнува со киднапирање на дечкото(марио) ииии станува интересно
Remember me(2010) Не се сеќавам кога последен пат волку сум плачела на филм.Ме шокираше и ептен ми беше неочекувано.И ме потресе.А мора да кажам колку не го сакам Роберт Патинсон, ама во филмов ми беше сосем ок, дури и симпатичен лик.И јас му ја давам истата оценка како и на ИМДБ, голема 7!
Го гледав филмот и искрено очекував нешто подобро.На почетокот беше интересен многу смешен.Но потоа ми стана досаден и не го ни догледав крајот.
L!fe Happens (2011) Ми се допадна. Се работи за две другарки воедно и цимерки кои имаат исклучително слободен начин на живот со мажи. Приказната оди во сосем друга насока кога едната од нив ќе забремени и ќе има мало бебенце. Настануваат проблеми, различни животни патишта, потреби и тн. Да не откривам многу, предвидлив е, но и интересен. Како се' може да се смени преку ноќ. Оценка од мене има 7/10. И го препорачувам.
го изгледав и јас pitch perfect...па интересен филм ...оваа од твајлајт ми многу е симпатична во филмов би го гледала пак
http://www.imdb.com/title/tt0822832/?ref_=fn_al_tt_1 интересен филм ама многу е тажен на крајот, дури плачев и не би го гледала пак 7/10