The perks of being a wallflower(2012) Кога од твојата омилена книга ќе прават филм и едвај чекаш да го погледнеш, па уште и омилените глумци се во главни улоги.Двоен погодок!А филмов ме преврте, надпросечни достигнувања за мои стандарди.Logan Lerman изглуми неверојатно добро, на моменти бев фасцинирана бидејќи е прилично млад.Мал минус давам поради тоа што малку нештата ми одеа пребргу, и некој глумци не ми ги достигнаа стандардите на ликовите како што си ги замислував од книгата.Ама филмов го очекува висок рејтинг, стварно вреди да се погледне.И пак си пуштив некоја солзичка, ќе си помислите типичен тинејџерски филм, ама не е, нешто подлабоко е.Висока 9 од мене.
It's a Wonderful Life (1946) http://www.imdb.com/title/tt0038650/ George Bailey е на раб на самоубиство поради бројните проблеми и загубата на голема сума пари. А кога една зимска вечер токму на Бадник, ќе реши да скокне од мост, ќе се појави неговиот ангел чувар кој ќе му покаже како би изгледало неговото гратче доколку тој не се родил воопшто. Убава, топла драма, која верувам дека ќе ви биде уште поинтересна затоа што го прикажува животот во 40тите. Преовладува прекрасна музика, малку поинаков начин на зборување и интересен стил на облекување, особено на дамите.
THE COLLECTION продолжетокот на Kолекторот од 2009, јас обожавам вакви филмови, мене ептен ми се допадна Eден од подобрите брутални хорорчиња, кој сака да го гледа прво нека го гледа 1 дел
The Campaign Комедија која убаво ќе ве насмее . Добар кастинг и одлична глума. Двајца кандидати за конгресмени во изборна кампања и забавата може да започне . Смешно и интересно филмче. Долго време немав гледано ваква урнабесно смешна комедија . Топло препорачувам . 8/10
W.E. http://www.imdb.com/title/tt1536048/ Го немав гледано, не можев да го најдам, а читав овде дека многу од вас го имаа изгледано. Конечно го најов и го изгледав. Прекрасен филм, конечно и Мадона нешто добро да направи. 8.5/10
Who's Afraid of Virginia Woolf? Зошто не прават вакви филмови веќе? А и кој би глумел, нема маркантни филмски фаци денес како Елизабет Тејлор и Ричард Бартон...Стар црно-бел филм за еден односно два брачни пара кои во една луда пијана ноќ ќе ги преминат сите граници на пристојност за да на крај дојдеме до суштината па и одговорот на нивните проблеми...
"Red eye" Филмот е постар, од 2005 година. Ми се допадна, препорачувам :up: 7/10 http://www.imdb.com/title/tt0421239/
Notes on a Scandal Извондредна психолошка драма во која се раскажува за еден комплексен однос меѓу постара жена, која станува пријателка со помладата колешка и во неа гледа како одлична мета за манипулации. Какво зло едноставно постои во некои луге и излегува на површината оној момент кога имаат чувство дека некого „држат во рака“...
Idiocracy (2006) Сигурно повеќето од вас го имаат гледано, јас го гледам по втор пат. Се работи за експеримент односно програма за хибернација кој треба да трае една година, Лук Вилсон е во главната улога. Тој ќе биде предмет на овој експеримент заедно со Маја Рудолф, меѓутоа тие остануваат заборавени во ковчезите и се будат после 500 години. Светот во кој живееле повеќе не е ист. Започнале ери на глупавост, каде нема ниту еден паметен човек на земјата. Понатака не откривам, за тие што го немаат гледано. И го препорачувам, интересен филм. Оценка 8/10.
The Curious Case of Benjamin Button (200 Значи незнам како можев ваков филм да пропуштам до сега. Сосема заслужени 3-те оскари. Едноставно љубителите на драми мора да го погледнат. Едно големо браво за филмов.
While You Were Sleeping По толку долго време повторно го гледав филмов, убава романтична божиќна комедија таман како за овие денови
Your Sister's Sister Овие брилијантни критики на постеров нека не ве лажат. Ова е развлечен, малку досаден и многу млак филм, чија поента на успеав да ја сконтам, т.е. јасно ми беше што сакал да каже авторот, ама нејасно како со невидена леснотија го прифатија сите фактот дека главниот тип случајно спиеше со сестрата на бившата од неговиот починат брат, во која е вљубен, а сестрава после тазе раскината 7 годишна врска (патем е лезбејка) го искористи како sperm donor во таа уан најт стенд. НЗС? Важно сите среќно си живееја. Не знам зошто прават вакви филмови искрено, да ни прикажат колку бизарни Џери Спрингер ситуации може да ни се случат низ животот или што? Не ми се ни коментира повеќе за ваков безвезен филм. Емили Блант во последните неколку филмови ми е очајна, од омилена ми стана неомилена. 4.5/10
На почеток е малце млитав ,ама понатаму станува интересно . Темата е за патување низ времето кога тројца новинари ќе сакаат да напишат сторија за човекот кој објавил оглас за -TIME TRAVELING . 6-10
Flipped Одлично филмче, ми се допадна како е направена приказната со прикажување на настаните од двете гледни точки, од неговата и од нејзината. Имаше некоја топлина во филмов, а посебен шмек дава и тоа што приказната е поставена во педесетите години од минатиот век. Па и човечево кога го видов... Препорачувам.
You, me and Dupree - романтична комедија, лимонатка, една од многуте всушност Не ми беше нешто посебно филмов. Има некои смешни реплики ама се останува на тоа. Слаба 4ка. Го гледав и My best friend's girl. Ми тргнаа викендов филмовите со Кејт Хадсон. Овој полош и од првиот. Го мотав цело време и за пола саат го изгледав цел филм. Ептен слабо. 2ка.
Nightmare before Christmas Анимиран филм, доста стар, одамна на листата за гледање. Многу, многу ми се допадна приказната, но она што ми остави посебен впечаток е музиката. Уживав во секој момент додека го гледав. Не можам да се одлучам дали е Божиќен или филм за Halloween, јас го гледав помеѓу двата празници Дефинитивно го препорачувам :up: Spoiler Приказната е за Џек Скелингтон, Кралот на тиквите во Halloween town кому веќе му станува здодевно и монотоно славењето на Halloween секоја година на ист начин. Во потрага по нешто ново го открива Christmas town каде што сите се подготвуваат за славењето на Божиќ. И тој ќе посака да се вклучи во славењето, меѓутоа заради тоа што погрешно ја разбра приказната околу Божиќ, настануваат голем број проблеми.
The Holiday Вчера бев на една вечера, и во ресторанот имаше телевизор. На телевизија, филмов. Па сред јадење сите сме се загледале, па смешки, плачки мислам се поминавме. И вечерва да си го повторам материјалот. Ептен го сакам филмов. Куќичката на Кејт Винслет, Џуд Ло, дедото, мал милион цитати, Џуд Ло. За зимска идила неизбежни се со Lоve actually.
и јас вчера го гледав филмот, по препорака на една феминка го има некоја од страните претходно, ама не го зачекав на тв туку го гледав онлаин, инаку не ми беше нешто посебно филмов, дури и можеле да го скратат малку, 2 саати гледање нешто што беше очекувано немаше потреба.