10 Years (2011) После 10 години, средношколските пријатели повторно се сретнуваат во градчето во кое учеле. И сфаќаат дека не се измениле воопшто од средношколските денови.... Интересна екипа на актери, приказната видена и предвидлива, ама интересна за тепање време по дома.
We bought a zoo(2011) Мошне убава драма базирана на вистинска приказна, па уште и ако сте љубител на животни, ептен ќе ви се допадне.Предизикува топлина и на моменти ќе ве натера да пуштите по некоја солза.Екипата на актери одлична, приказната оргинална,фамилијарно филмче кое вреди да се погледне. 9/10
Christmas Vacation. Интересно новогодишно филмче, комедија. Таман за предновогодишнава атмосфера, малку релаксирање и смеа. Накратко, Spoiler по иницијатива на таткото да го слават Божик фамилијарно, се собира целата фамилија (баби, дедовци, неочекувани роднини) на едно место, па почнуваат да се случуваат низа комични настани. http://www.imdb.com/title/tt0097958/
Оддамна не сум гледала нешто кое ќе ми се допадне до толку, крајот не ми се допадна но сепак тоа е реалноста. Ликот на детето да го грабнеш и да бегаш,оптимизам , интелегенција , милост...онакво какво секој би посакал.Исто ме бендиса целата природа која е проткаена низ сцените кај и да е снимен -одлично место.И ликовиве меѓусебно доста си одговараат како ја доловиле љубовта мислиш ова е вистинска љубов не таа од филмско платно. 10-10
Се спремам деновиве со маратон Божикни филмчиња, некои гледани, а ќе бидат по втор пат, некои не ми се гледани. Барав нови ама слабо некако со филмчињава годинава и лани... Првиот од мојот Божикен маратон: Miracle on 34th Street (1994) Постаро, убаво, топло филмче го препорачувам секој да го изгледа доколку го нема гледано. Откако мајка и на шестогодишната Сузан ќе и ја открие големата тајна дека Дедо Мраз не постои, таа потајно во себе чува неколку желби кои сака да и се исполнат за Божик. Тука е и еден стар дедо кој е всушност Дедо Мраз, ќе се потруди да и докаже на малата Сузан и на нејзината мајка дека Дедо Мраз постои. Прекрасно филмче, убаво е и за малите деца. Од мене има 9/10. Препорачувам.
The Watch По глупав филм јас во животот не сум гледала,од такт ме извади Јас знам дека со Бен Стилер да биде добар филмот е 1 сспрема 1000 ама ова е врвот на глупавоста. 4 мажи,бркаат вонземјани кои имаат зелена како крв,направена од темперна боја.Вонземјаните планираат инвазија во нешто како супер маркет и овие сакаат да ги спречат. Уф срам ми е да кажам дека сум го гледала,тиња од филм * пу*
Следен: Christmas in Boston (2005) И овој ми беше еднаш гледан и морав пак. Се работи за Џина и Сет кои веќе 13 години се допишуваат преку писма, не се виделе никогаш во живо. И по некоја случајност дознаваат дека наскоро ќе треба да се сретнат поради работни околности. Меѓутоа двајцата имаат испратено слика од своите најдобри пријатели, а не нивна лична фотографија. Понатаму како се одвиваат настаните сами ќе дознаете. Интересно филмче, го препорачувам. 7/10.
6/10 Добра комедија, во која Мајкл Џ. Фокс глуми актер кој се обидува да добие улога на детектив. За да се соживее со ликот, започнува да патролира по улиците со строгиот детектив (Џемс Вудс) кој пак воопшто не е задоволен од таа ситуација. Во исто време, се обидува да го пронајде криминалецот кој убива луѓе низ целиот град. На моменти се смеев, на моменти ми беа глупави некои сцени, ама се на се, океј филм, не штети да се погледне.
The Third Half (Трето Полувреме).Значи филмов е единстевен што кога ќе ми рече некој да му го раскажам јас му велам неможам. Стварно незнам зошто е тоа така но ете сите случки во филмот ме терат на плачење и неспокој....Инаку филмот како филм мислам дека вреди да се изгледа но не е да речам нешто толку посебно но пак има некоја своја убавина
Memoirs of a geisha (Мемоарите на една гејша) Интересен филм гледан ми е многу одамна и сега го гледав повторно, препорачувам 10/10 Главната глумица ми е прекрасна. Се работи за 9 годишно девојче кое ке биде однесено од својата фамилија,односно ке ја продадат, ке живее живот како слугинка и само од далеку ке може да ги гледа "софистицираните жени",гејши,посакувајки таков живот ... Но ке се смени се и таа ке стане најпознатата Гејша, а и најпосакуваната.Како гејша кажано и е дека не смее и не треба да се заљуби,но нели токму тоа ке се случи.Иииии уште многу интересни случувања кои ке ви го задржат вниманието.
The Words Не знам зошто филмов има ниска оценка на имдб, мене баш ми се допадна. Интересна приказна, многу убаво раскажана. Барем мене не ми беше предвидлива. Некако се препознав во многу карактеристики на ликовите, во многу моменти и фрази. Можеби затоа филмов успеа да допре до мене. Станува збор за младиот Њујоркчанец Rory Jansen кој очајно сака да биде писател, но неговите книги не привлекуваат интерес кај издавачките куќи. И токму во оној момент кога решава да престане со сите обиди и да се фокусира на стабилна работа за да може да живее пристоен живот, случајно наоѓа изгубена книга напишана во 40тите години на минатиот век. Не гледајќи излез на моменталната ситуација, Rory решава да ја издаде книгата како своја. Доживува голема популарност и слава. Се додека не се појави вистинскиот писател... Филмот прикажува убави слики од Париз, а ми се допадна и изборот на актери. Единствено би го заменила Bradley Cooper. Некако не можев да го гледам во таква улога, а и право речено не го сметам за некој добар актер.
One Magic Christmas (1985) Малку постар филм, уште не сум била родена Филмов е фантазија, се работи за еден ангел кој ќе се појави во животот на едно семејство за да им го покаже вистинското значење на Божик, како и вербата, љубовта кон најблиските, а не кон материјалното. Малку развлечено но во суштина добро филмче, се разбира фантазијата може многу да ни понуди па кој е љубител на вакви филмови нека го погледне. 6/10. П.С. Девојченцето е препрепреслатко. Душичка, срце. Заради него ми беше мерак да го гледам.
Four weddings and a funeral Добриот стар британски хумор. И Хју Грант, сладок како и секогаш. Си го начекав на тв. Мама вели дека не и се сфиѓал филмот затоа што Хју на крајот остана со жена која спиела со 33 мажи The dark knight rises Боже Ен колку си бескрајно секси Филмот е мастерпис. Да не се повторувам со пофалби, ме фати неочекувано на некои моменти. Како што и знае да направи само многу добар филм. Зошто го немав догледано филмов до сега? Видете, не дека беше вау, ама...Џерард друже, би ти кснала од газот жими све кое секси суштество си ти Ама критикиве за филмовиве ми се супер филмче за забава, испреплетканици ако успеете да пратите значи стварно сте навлегле во филмов. Pretty in pink Бев зафатена викендов добрите стари 80ти. Фустанот не ми се сфиѓаше Така така. Одлична изведба на Џон Криер
That's my boy http://www.imdb.com/title/tt1232200/ Кога излезе не ни планирав да го гледам, очекував дека е глупав филм. И не знам кој ѓавол ме тераше да го симнувам. Толку глупав, дебилен филм, одамна немам гледано. Ужас. Воопшто не го препорачувам. own: 0/10
Life happens - не знам како не сум го гледала до сега филмов. Ми се допадна. Има многу добра порака за тоа како може животот на една девојка да се смени поради еден обичен кондом Препорачувам