The Perks Of Being A Wallflower Дојде ред и јас да го изгледам Не знам дали мојот пмс е во прашање, ама филмов ми остави толку измешани емоции, што се уште не можам да се средам! На моменти ме насмеа, на моменти толку многу ме растажи, што буквално направи да почувствувам некоја тежина. Премногу се соживеав со ликовите! Актерите ми беа прав погодок. Logan Lerman ми се чини дека досега го немам гледано во друга улога, ама морам да кажам дека одлично го одигра срамежливиот и нестабилен Чарли. Иако на моменти се чувствуваше британски акцент на Ема, се гледа дека се трудела околу правилното говорење. Најчувствителните години и сите проблеми во средношколството всушност не се некоја нова тема, ама овојпат е доловена од малку поинаков аспект. Филмов го чекав долго време и прочитав многу позитивни критики, а јас само можам да ја потврдам високата оценка. Го препорачувам!
The Words Поради доста позитивни коментари за филмов,тука на фемина,решив и јас да го гледам. Го гледав вчера и премногу ми се допадна.Одличен филм,плус Брадли Купер (со него лош филм не сум гледала). Многу интересна приказна,воопшто не е досаден и крајот е непредвидлив.
Christmas in Wonderland (2007) Во овој филм се работи за три деца и нивниот татко кои се преселуваат од Лос Анџелес во Едмонтон. Поради празничната атмосфера одат во трговскиот центар. Децата наоѓаат пари во една торба додека се на лизгалиштето, и тука почнуваат проблемите. Не беше лош филмот, го препорачувам. Убав е за деца. Оценка 7/10.
Повторно си ги изгледав сите дела од The Twilight Saga, и без разлика на многубројните критики ,мене филмовите ми се преубави ,и сметам дека неможеше да се заврши посовршено приказната ... <3 Препорачувам
Ако ти се допаднала ова верзија, препорака од мене да го гледаш и оригиналот од 1996 со Моника Белучи и Винсент Касел. Освен ако немаш некоја аверзија спрема францускиот јазик секако.
The Perks Of Being A Wallflower По неколку ваши препораки го изгледав и јас филмов. Морам да кажам дека ми се допадна ептен, иако можеби очекував дека нешто поразлично ќе се случи на крајот, но сепак заслужува 10.
Everything You Want (2005) Се изненадив од филмчево, навистина ме трогна. Преубава приказна. Се работи за животот на едно девојче, кое најчесто опстојува кај нејзината тетка додека нејзините родители го шетаат светот. Таа во меѓувреме црта, но и се чувствува многу осамено. Потоа го наоѓа нејзиниот совршен пријател. Дејствието продолжува после неколку години кога е студент по уметност. Се случуваат промени во нејзиниот живот откако ќе запознае едно момче... Го препорачувам, убав филм. Cal ми беше откачен лик дополнително го разубави филмот. Оценка 9/10.
^^^Добар е и морам да кажам имав неколку забелешки но ке помине !!! 8/10е моја оценка http://trailerx.com/film/tejka-kategoriia-bgsubs.html tejka-kategoriia преводов на насловот е боли глава ама морам да кажам дека е одличен филмм, лесен и доста смешен 9/10
The resident-7/10 Драма,мистерија,трилер Многу ми се допадна филмчето,почнува толку убаво што ке помислиш дека се работи за љубовен филм,а завршува со убиства и крв. Одлична глума на двајцата главни актери. Крајот можеше и да биде продолжен барем за 5 минути,но добро е и вака. Го препорачувам на оние кои сакаат да гледаат мажи психопати
The Words По толку препораки овде, решив да го гледам и јас. Некако сум поделена со мислењето за филмов. Интересна идеја, но вакви филмови не ми се воопшто омилени, па можеби и затоа немам висока оценка за филмов. Сепак, приказната ми се допадна. На почетокот мислев да се откажам од гледање, ама ретко кога не догледувам филм, па му дадов шанса. Приказната е заразна, всушност обична е, ништо импресионирачко, ама те тера да гледаш до крај. На крајот се разочарав. Бледо, незавршено, како без идеја, два пати го вратив, си мислев дека јас пропуштив нешто. Бредли во никој случај не ми е за улогата на писател. Па и глумата му е просек. Дечково има фаца за мачо мен, ама за писател... I don't thing so . Сепак не е за фрлање филмот ,реков има некој интересен шмек. Заслужува шанса.
One for the Money (2012) Стефани (Heigl) останува без работа па се одлучува било што да работи. Ја прифаќа понудата од нејзин роднина да стане ловец на криминалци што ги бара полицијата. Го одбира случајот што носи најмногу пари, но личноста што треба да ја улови воопшто не е лесна. Се работи за полицаец што е во бегство, а инаку нејзин бивши дечко... Најмногу го симнав да го гледам заради Katherine Heigl, зошто просто ја обожавам глумицава. Филмов не е нешто ваууу , али добар е за тепање време. Прочитав доста позитивни критики за филмов па затоа и го симнав. Има многу подобри комедии,акции ил што и да е, затоа едно 5че/10 од мене.
"The Resident" Драма, трилер, со психопатски елементи Во суштина ми се допадна и препорачувам. 7/10 http://www.imdb.com/title/tt1334102/
Hе ми се верува дека не сум го гледала до сега филмов, шејм он ми . Mногу убав филм, од мене има 9/10 Cебаситјан и Kетрин, чии родители се земени ( значи не се вистински брат и сестра, не знам како беше зборот , како и да е ) се обложуваат дека Cебастијан ќе ја легне Aнет, која е невина. Aко ја легне, тогаш Kетрин ќе му даде еднаш, а ако не успее во намерата тогаш Cебастијан треба да и ја даде колата на Kетрин... и уште 300 сплетки кои тие двајца ги прават! иако малиов не е мој тип, мора да се признае дека е јако секси му лежеше улогата на MачоMен! препорачувам
"License to Wed" Вчера случајно го загледав на МРТ. Романтична комедија, со веќе добро познат тек на настаните и крај. 5/10
Taken 2 http://www.imdb.com/media/rm3396577792/tt1397280 Оние кои што го гледале првиот дел и знаат за што станува збор ова е негово продолжение.Со одличната глума на Лиам филмот ме плени.Тој на толку интелегентен начин ги решава сите дилеми и проблеми.Во секој случај препорачувам да го гледате.Филмот е акција-драма може да се каже кој што може да се изгледа во еден здив.Друго ништо не откривам околу него .
Филмчињава ги фатив на некоја од нашиве програми пред 2-3 недели, може и повеќе, али оттогаш, за жал, немам погледнато филм, за греотка сум. Интересно е што и во двата глумат и Сара Џесика Паркер и Бети Мидлер. Hocus Pocus Не верувам дека некој не го гледал филмов, јас ко мала го гледав, али сега се потсетив, скоро на ништо и не се сеќавав. Интересен, смешен, детски филм, вештерките повеќе идиотски смешни отколку страшни. 10/10 The first wives club Филмов ми е преку 6-7 пати гледан. Интересното е што кога и да го фатам на ТВ, обавезително морам да го догледам, а тоа е многу ретко кај мене. Едноставно, многу ми се допаѓа. Се работи за 4 пријателки од колеџ, кои добиваат вест дека една од нив после 20 и некоја година извршила самоубиство бидејќи сопругот ја оставил за помлада и била многу осамена. И тие трите се заменети од помлади жени, па наместо да мизеруваат, тие решаваат да им се одмаздат на неверните сопрузи. Актеркиве се немам коментар - Голди Хоун + Бети Мидлер + Дајан Китон = совршенство! 10/10
Upside down Збунета. Прво, наидов на огромни критики, ама некако си мислев дека мене ќе ми се сфиѓа. Филмот разработува приказна за две света, горен и долен, кои всушност си гледаат еден во друг...нормално од далечина, со воспоставени правила, долниот е всушност нели и долното општество, додека во горниот живеат повисока класа. Девојче од горниот и дечко од долниот свет ќе се сретнат на една точка, каде световите најмногу се доближуваат и...ќе се заљубат. Секој обид да се погледне филмов од сци-фи аспект е погрешен, затоа што ова е само љубовна приказна. Мене ми се допадна концептот, интересна сценографија, идејата... Но... Главниот лик, кој го глуми патем Џим Стурџес, доста наликува и физички на главниот лик во нашето Превртено, Јан. Дури возеше и точак. Моменти со авиончињата. Дури и Боб, кој овде има поинаква улога, кога го сретнав во првата сцена си реков, еве ова е професорот. Не беше... Некако мислам дека дечкиве го погледнале нашиот трејлер за Превртено, па си создале цел нов концепт за филм од тоа што го виделе. Нормално...нашиот е по уметнички настроен, балкански, со експлицитни сцени и многу лудничави ликови. Не може тоа Америка да го долови колку и да сака Заради ова сум збунета Сцената со Јан на балкон додека стои со раце и го гледа цел свет наопаку...ете им ја идејата бре. Кој знае...овие се фокусирале на буквалното Превртено.
Crazy, Stupid, Love Многу добра комедија....на кратко: жената на Кал по 25год.брак сака развод. Тој заминува од дома и запаѓа во депресија. Случаен дечко во барот му се нуди за помош....и тука започнуваат сите интересни случувања....го препорачувам. 7,5/10
The Perks of Being a Wallflower (2012) Прекрасен, емотивен и потресен филм за Чарли, кој е главна улога и наратор во филмот. Момчето средношколец е осамен и депресивен и крие тајна која му го загорчува животот. Но во џунглата наречена средно, ќе успее да пронајде вистински пријатели... и Љубов. Филм кој излегува надвор од секаков шаблон, одржува внимание, ќе ве насмее, ќе ве потресе и разнежни и ќе ве остави во размислување. Кастингот беше совршен. Ема Востон е прекрасна и многу талентирана, како и двајцата младичи. Музичкиот избор беше солиден, целата атмосфера во филмот е впечатлива и убава. Навистина прекрасна драма. Немам сомнеж дека книгата е уште подобра. 9/10 Sex Drive (200 Ова филмче е мојата терапија за најдепресивните денови. Има толку многу хистерични сцени, што можам да зајдам од смеење. Го гледав по третпат и би го гледала уште толку пати. Иан, кој се` уште ја нема изгубено невиноста, со цел да го доживее првото сексуално искуство тргнува со најдобриот друг и другарка на road trip, каде што го очекува девојката од неговите соништа. Музика на Фол аут Бој. Смешна и по малку дебилничка комедија, ама со усул. 8.5/10
My week with Marylin Искрено, многу повеќе очекував од филмов. Единствен полн погодок им беше музиката. Мишел Вилијамс убаво ја долови Мерилин, ми се допадна што не ја претставиле како бучна ама на моменти ми беше искрено досадно. Само алиштата и беа преубави, оваа комбинација ми беше фаворит. Колин цел филм се смешкаше како само што да се подкакал, најсериозно. Ме нервираше и он. Ема Вотсон беше симпатична, дури и криво ми беше што не видов повеќе од неа. Воопшто не би го гледала втор пат и не ми јасно зошто беше номиниран за толку награди. 2/10