Taken 2 (2012) Не знам чему толку ниска оценка, филмот е полн погодок, приказната продолжува логично и предобро, има многу квалитетна акција и солиден кастинг. Лиам Нисом и Фамке Џенсен се предобри, а кога го видов Раде Шербеџија уште во втората минута знаев дека филмот е одличен. Има неколку сцени кои буквално одземаат здив, посебно брканицата со автомобили. Меги Смит беше малку послаба во глумата за разлика од првиот дел и дефинитивно девојката е подобра плавуша, не знам зошто не и` го смениле имиџот во второво продолжение. И не знам зошто ме остави во мисла дека ќе има и трет дел и дека дечкото на Ким е можеби - еден од другите двајца синови на Шербеџија? 9/10 И песната на крајот... ооох. Оргазам.
Дефинитивно ќе има и трет дел и јас со душа чекам да се сними па да си го гледаме А филмов е по мене чиста 10 дури и 10+
Knowing Филмот е мешавина од метафизика,космологија,вонземјани,летачки чинии,крајот на светот... Очекував да биде повозбудлива приказна,но не беше ништо посебно. 6/10
http://www.imdb.com/title/tt0398286/ Tangled (2010) Disney movie.Мене многу ми се бендиса филмот,ептен ми беше интересен.Имаше и смешни сцени и сцени шо ќе те растажат.Се работи за Рапанзл која е принцеза и заради моќта на нејзината коса ќе биди украдена од жена и ќе живее затворена во кула.Кога ќе наполни 18год ќе се осмели да излези од кулата и одтогаш почнуваат интересните случки. јас давам оцена 8/10
The campaign Долго време немав гледано некоја убава комедија.Имаше интересни и смешни моменти.Препорачувам 8/10
The Art of Getting By Драма, романтика, одлична тематика. Се работи за едно момче, Џорџ, кое нема мотивација во животот за да работи нешто. Има неверојатен талент за цртање, кој не му е доволно искористен. Се запознава со Сали, т.е таа се запознава со него. Ова не е обична романса, комплицирано е, но сепак доволно за да ви го задржи вниманието. Ако сакате драми. Од мене има 10/10. Актерската екипа е одлична, малиот е од August Rush , а Ема Робертс многу ја сакам. Интересна ми е, а плава коса дефинитивно многу убаво и стои. Тој што беше со неа, незнам кој глумец е, го немам сретнато по филмови, ама многу е симпатичен. Ми се допаѓаше и музиката, пријатна за слушање, а и одговараше во ситуациите. Одамна немав гледано волку добар филм, ме изненади, слаба оцена му дале.
The Hunger Games по втор пат итоа по желба на мојот дечкоп бидејќи тој го немаше гледано. Што имав да кажам за филмов кажав во предходната рецензија. Предобар е. 10/10.
10 Years (2011) Се работи за група пријатели што се собираат по повод 10 години од нивната матура. Некои пораснале, некои не, но кај сите оваа вечер нешто ќе промени. Мислам дека вреди да се погледне. Не се ослонувајте на оцената од imdb.. според мене, овој филм заслужува многу повеќе. Од мене добива чиста 9ка.
The Words Интересна приказна со уште поинтересни глумци.Zoe Saldana ми е омилена глумица.Вреди да се погледне дефинитиво. 9/10
Аууу ме отече, три саати ... искрено толку е замотан, толку е сложен ... а некако не ме привлече баш да го гледам убаво, поконцентрирано. Што знам, суштината е таа ама мене не ми се допадна. Од мене 7/10 само поради продукцијата.
Safe House Добар филм ми се допадна самата приказна. Одличен избор на актери Serendipity Еден од моите омилени романтични филмови. Обавезно секоја година ова време јас го гледам филмов.
Taken 2 Веројатно ова е еден од ретките филмови каде што вториот дел е исто толку добро како и првиот. Одлична акција, солидно продолжение, а остава простор и за трет дел. Филмот е и повеќе од добар, интересен од самиот почеток, без непотребни сцени, започнува веднаш и трае доволно, па ниту во еден момент нема да ви биде досаден. Кастингот е предобар, Лиам Нисом и Фамке Џенсен се одлични, а на Раде му стојат улогите на негативец и си го имам замислено како лош Русин или Балканец како шеф на мафијата. Препорачувам, мора да се гледа. Оценка 9/10.
Супер. Имало и подобри делови од Џејмс Бонд, но и овој е тука некаде. Не е многу интересно затоа што има ПРЕМНОГУ употреба на нова технологија. 9/10
Pitch Perfect Мјузикал, досаден, виден, ништо поучно. Се работи за една девојка, Беки, која сака да стане ДиЏеј, но нејзините не ја поддржуваат. Татко и и дава како уцена, ако се приклучи во една група на факултетот и ако и биде убаво, кога ќе се откаже ќе и плати школување во ЛА. Нормално тука секогаш има едно машко што ја сака, едно машко што таа го сака, една што не ја поднесува, една што се дере како ненормална и една искулирана. И една што повраќа. Актерската екипа sucks. Кој од кој полош е. Главнава глумица е типката од Twilight, на Бела најдобрата другарка од школото. Другата е од John Tucker must die, таа што се здружи со тие 4. Плавата, Ајвори или како беше, е крајно антипатична и одвратна и одвај ја гледав, а Fat Amy е заникаде. Кога ќе се насмее ти се лоши. Го препорачувам ако ептееееееееен немате што да правите. Ма и тогаш не, има еден куп други филмови што заслужуваат да се гледаат и да им се даде шанса. Овој не. 2/10, ептен за тој плавиот во радиото.
Steel magnolias Го фатив вчера на Сител филмов. Ми се допаѓаат вакви постари филмови, имаат некоја содржина, мене ми се многу подобри за разлика од денешниве. Убав, длабок, реален филм. На нерви ми одеше само акцентот, таков Тексашки, јужен или каков дијалект и да го нарекуваат, не поднесувам. 7/10
Bachelorette Три другарки се повикани да бидат деверуши на свадбата на нивна пријателка, која била исмејувана во средно поради својата тежина. Претставени како неоговорни, делумно созреани, девојките запаѓаат во серија неволји, најмногу заради дејството на алкохолот и дрогата. Филмот е интересен за гледање, има доста смешни сцени, актерките се симпатични и има весела жичка до крајот. Но, јас би го ставила 16+ заради исфорсираното прикажување и зборување за дрога, секоја втора сцена е шмкрање и пиење, правење сосема недолични работи, што според мене и не е баш многу прикалден материјал.
Од маратонот: The Santa Clause 3: The Escape Clause (2006) Jack Frost во улога да го преземе ,а Дедо Мраз во улога да го спаси Божик, како и да го зачува своето семејство среќно. Просечен филм во овие претпразнични денови, нели таков е периодот. Оценка 6/10.
The perk of being a wallflower По ваша препорака го изгледав филмот и морам да кажам дека не зажалив.Филмот е прекрасен,работите се прикажани од друг аспект,поразличен од другите типични тин филмови.На моменти ме расплака,на моменти ме насмеа.Многу добра актерска екипа.Мило ми е што после долго време изгледав добар филм. 10/10
The odd life of Timothy Green Интересно филмче со мојата омилена глумица Џенифер Гарнер Spoiler Џенифер и нејзиниот маж посакуваат многу да имаат дете,ама на жалост го немаат и затоа една вечер си кажуваат желби за тоа какво би сакале да биде детето ако некогаш го имаат.Сите тие желби ги ставаат во дрвена кутија и ја закопуваат во градината,а ноќта им се остварува желбата да имаат дете......кое ни помалку ни повеќе ги има истите особини од нивните желби и доаѓа дирекно од градината Филм кој добро одговара за ова неделно попладне