Transamerica Иако не сум љубител на филмови со трансексуалци и транвесисти, овај морав да го изгледам најпрвин поради тоа што е со Линет(Фелисити Хофман) од очајни Домаќинки и младиот и доста талентиран и згоден Кевин Зегерс, а второ поради големиот број на препораки. Се на се одличен филм, одлична глума и пред се одлично сработена приказна. Сосема заслужена оценка од имдб, а јас би му дала една заслужена и чиста 8ка. Препорачувам. http://www.imdb.com/title/tt0407265/
Spoiler Филмот ни раскажува за Чарли, изгубен тинејџер во средна школа, без пријатели и без надеж дека ќе запознае некој. Преку неговиот став спрема светот веднаш чувствуваме дека тој е навистина измачена душа. Тоа го забележуваат двајца сениори, кои имаат подеднакво оштетени детства и го земаат под своја закрила. Гледаме како нивното пријателство се развива, како се расплетуваат поединечните приказни за секое дете од дружината. Секој со својот багаж од проблеми, а само 15-16 години. Режија: Stephen Chbosky Глума: Logan Lerman, Emma Watson, Ezra Miller 10/10
Gone With The Wind (1939) Spoiler Јас пак си се вратив на старите филмчиња, имам уште многу прекрасни филмови што морам да ги изгледам! А ако не сте го гледале легендарниот Однесено со виорот, топло ви го препорачувам! Филмов има добиено 10 оскари и се вбројува во 100-те најдобри филмови на сите времиња. Дејството на филмот почнува на една голема плантажа за памук која е наречена Тара, во руралните делови на Џорџија, во 1861-ва година. Вниманието на сите дејствија се свртени околу Скарлет О' Хара, која ја игра прекрасната Вивиен Ли. Филмот паралелно води неколку љубовни приказни и Граѓанската војна во Америка. На врвот од листата на Најдобри сто филмски реплики, се најде познатата фраза што Рет Батлер (кој го игра шармантниот Кларк Гејбл) и ја кажува на Скарлет О'Хара: Frankly, my dear, I don't give a damn. И уште две познати фрази се наоѓаат на таа листа: Филмот изобилува со неверојатни костими и скапоцен накит, преубаво уредени домови и прекрасна музика! Го гледав во неколку делови, затоа што трае 3 часа и 44 минути. Но, како и да е, во ниту еден момент не ми беше досаден. Ви го препорачувам!
Anonymous Кој стои зад сите оние сонети и драми што ги напишал Шекспир? Spoiler Ко-продуцентката на филмот, Кирстен Винклер, изјавила дека кога актерот што го глуми Шекспир се појавил на аудицијата, изгледал баш онака како и што се надевале дека Шекспир во филмот ќе изгледа. Не личел на оној брилијантен ум кој стои зад 37-те драми, туку на еден весел, забавен, пијан љубовџија со малку помрачна страна. Мене, искрено, ми се згади од Шекспир кога го гледав филмот, што значи успеале да го постигнат она што го сакале. Ептен му е погодена улогата. Филмов е драма или уште подобро политички трилер за тоа кој всушност ги напишал Шекспировите драми (навистина постои теорија која тврди дека Вилијам Шекспир едвај прочкртал еден збор и се здобил со туѓ кредибилитет кога всушност неговите дела биле напишан од Едвард де Вер). Го препорачувам, и покрај историските елементи. Глумицата што ја глуми кралицата Елизабета на старост е феноменална!
Овој е првиот дел, има втор и трет и сите се многу добри. Станува збор за агент од ЦИА, Џејсон Борн кој ќе го изгуби помнењето, а во меѓувреме е прогонуван од свои луѓе кои ќе сакаат да го убијат бидејќи не ја исполнил дадената задача. Сите оние кои сакаат добра акција ептенски им го препорачувам.
Taken 2 Во овој дел, Брајан заедно со жена му се киднапирани, и нивната ќерка ќе им помогне да се спасат. Мене не ми остави некој посебен впечаток. Веројатно затоа што беше преполн со грешки и првиот дел е сосема друго ниво.
Chalet girl Снежен, интересен, романтичен. Се работи за Ким, која била позната скејтбордерка (ако можам вака да ја наречам ) која по смртта на мајка и престанала да скејбордува. И се укажува шанса да оди во Австрија и да работи 4 месеци како помошничка во една куќа каде што доаѓаат богати. Додека е таму, своето слободно време го користи за учење на snowboarding. А тоа како ќе и помогне, видете. Филмот е сниман на Алпите, па изобилува од прекрасни пејзажи кои ќе ве остават без збор. Прекрасна локација одбрана, а и спортот е погоден. Актерската екипа ми се допадна. Лажам. Предобри се. Фелисити ја знам од Like Crazy и ја обожавам. Прекрасна е, многу ми е убава, насмеана, предобро глуми. А машково е познатиот Чак Бас. Исто богаташ, но различно однесување. Му го бендисав. Предобар е. Дефинитивно подобро отколку во Gossip. Го препорачувам филмот, пикнете се под ќебе, топло чоколадо, вашиот сакан или сами, и уживајте во филмот кој може ќе ве научи нешто за љубовта како што ме научи мене. 10/10 Ама ја цмокна срцкасто тука, се наежив.
Labyrinth (TV mini-series) Екранска преработка на книгата Лавиринт од Кејт Мос (не манекенката). Сосема случајно дознав дека е екранизиран во мини серија. Всушност серијалот се состои од две епизоди со траење од некаде саат ипол. Ретко кога ми се допаднал филм што е направен по некоја книга, ама ова ме воодушеви. Не дека е некоја незнам каква содржина која ќе ве остави без зборови, всушност за некој што не ја прочитал книгата ќе му треба време да "влезе у штос" Работата е што филмот ја прати книгата до најмал детаљ. Ја имам прочитано пред може 2-3 години и се што имав запамтено се се случи, по ист редослед, дури и деталите во околината беа исти како што си ги замислував кога читав. Значи за тоа големо браво! Што се однесува до содржината, станува збор за историски филм, кој всушност прати две приказни. Едната, се случува во денешницата кога млада девојка - волонтерка работи на археолошки ископини, случајно открива древна пештера која ќе и го смени животот, а во исто време ќе почне да добива и визии за животот на друга млада девојка со која ќе почне да чувствува некаква поврзаност. Таа живеела пред 800 години на истото место. Ова дејство се случува во времето на крстоносците. Другата девојка е младата Алаис, која живее во време на катарството и походите на крстоносците која бегајќи од истите пробува да ја заштити тајната за светиот грал..... Приказна за светиот грал - јасно ви е пред време каков филм е, ама ако некој ја има прочитано книгата нема да згреши ако го изгледа (таман да ви ги освежи сеќавањата) Што се однесува до актерската екипа кој е љубител на Дреко Малфој тука ќе го види во малце некарактеристична улога за него и секако лепотанот Себастијан Стан, другите мене ми беа мање више непознати. Двете девојки што ги глумат главните ликови одлично се снашле со улогата, особено симпатична ми се виде девојката што ја глуми Алис (а и убаво ја облекуваа) Spoiler
Step Up Revolution (2012) Вљубеник сум во франшизата Степ ап, првиот дел ми беше солиден, а вториот одличен и неприкосновено најдобар досега. За третиот не сакам да коментирам, зашто е приглупав, а ова е последниот дел засега. Кореографиите и изведбите беа одлични, и имаше многу хемија помеѓу главните ликови. Машкото секако беше подобро, девојката имаше многу послаби глумечки способности, ама секако првенствено е одбрана за танцување, не за глума. Забележувам дека даб степ-от е многу поупотребуван за вакви кореографии во последно време отколку регуларниот хип хоп и донекаде тоа ми е сосем ок, со оглед на фактот што се прават мизерни песнулчиња со лош бит. Интересно филмче и фина реализација, за опуштање. Кој сакам филмови со хип хоп играње, ова ќе му дојде како мелем. 6.5/10 Dredd 3D (2012) Како помала многу ми се допаѓаше филмот со Силвестер Сталоне. Ова е втора екранизација на стрипот за судијата Дред, кој ги позема работите од друг агол. Има толку снимени интересни сцени, буквално како да сте пред стрипот во поглед на визуелизацијата. Сепак, изгледа не ми се погоди времето за гледање, па не ми остави толку сјаен впечаток, иако мислам дека филмот е сосем ок, со оглед на жанрот и ако не го сфатите пресериозно - ќе ви биде интересен. И добар. Глумецот беше ок, добро му стоеше кацигата, како што доликува од стрипот. Најдобриот женски негативец во последно време - Lena Headey - Ma-Ma . 5.5/10
The Dreamers Интересен филм, со многу сцени гои се 18+. Иако имаше некои сцени од кои ми доаѓаше да повратам, ми се допадна приказната а посебно глумата од сите актери. 7/10
L!fe Happens (2011) Ким и Дина се цимерки, кои пробуваат да го живеат животот нормално и да се справат на најдобар начин со своите животи, додека Ким останува трудна и добива бебе. Симпатична комедија, многу допадлив филм, исклучиво за женската пубилка. Актерската екипа е одлична, а јас не можам да се изнаглеам на убавината на Кејт Босфорт. Ликовите многу ми се допаднаа, а и самата приказна за едно прекрасно пријателство е одлично реализирана. Јас би дала повисока оценка, иако е лимонатка.
One for the Money - со Кетрин Хигл. Во последно време често гледам филмови со оваа глумица. Згодна и убава, ама скоро во секој филм има улога на приглупа девојка. Така и во овој. Филмов не ми е нешто посебно, можеби затоа што ми го испофалија и очекував повеќе. Просечна 5.
House at the End of the Street (2012) Прилично позитивно изненадена од филмов, бидејќи не очекував многу. Не сум љубител на хорори, но ова не беше типичен хорор со крвишта и вадење од такт на секоја сцена. Интересна приказна во секој случај, во која на крајот на филмот се дознава целата суштина. Да не објаснувам многу понатака, според мене вреди да се погледне.
A Cinderella Storynce upon a song-мене навистина ми се допадна бидејки има многу танцување и музика во него (совршен за мене)
Struck By Lightning (2012) Актери: Chris Colfer, Rebel Wilson, Robbie Amell, Matt Prokop, Carter Jenkins Содржина: Откако е убиен од гром, младиот Карсон раскажува за начинот на кој што ги уценуваше неговите соученици за партиципирање во литературното списание, се со цел да си обезбеди сигурен влез во универзитетот Northwestern. Torrent: http://kat.ph/struck-by-lightning-2012-hdrip-xvid-resistance-t6920879.html Online: https://docs.google.com/file/d/0B0yONbo532giTzF4RUwzVEQybmc/view?pli=1&sle=true Филмот е праен според истоимената новела пишана, исто како и сценариото за филмот, од Chris Colfer. Вчера ја завршив книгата и денес се решив да го гледам филмот, едноставно двете ме остаја без борој. Предобро смислена приказна, феноменална реализација, исполенти со премногу добри поуки и пораки - едноставно инспирира, и те тера да седниш и да размислиш за СЕ. Феноменален филм изведен од аматерски раце, добитник на над 7 награди на филмски фестивали низ америка - меѓу кој и Трајбека, со само 3-4 прикажвања, а книгата стана Њу Јорк Тајмс бест селер преку ноќ, и до пред неколку дена седеше на врвот. Топло препорачвам сите да го гледате, зато шо стварно вреди, и нема да зажалите за 85 мин. шо ке ги помините во гледање на филмот. Оцена 10/10