First knight Уште еден филм со Ричард Гир. Ова е еден од првите филмови на кои се сеќавам што сум ги гледала ко мала, па си го изгледав уште еднаш за да се потсетам. Приказна за Камелот, кралот Артур, Гвиневир и Ланселот. Филмот е сепак пред се, љубовна приказна, не е запазена баш историјата. Џулија Ормонд ми е преубава, со Гир се добар пар, а Шон Конери, мислам дека нему и костурот ќе му биде привлечен. Човекот си старее со стил, нема што. 9/10
Life of Pi (2012) Вчера во Синеплекс (пофалби патем за новото кино, изгледа беспрекорно и многу сум задоволна и среќна што конечно имаме салам кино кај нас). Убав, емотивен и интересен филм. Родители на Пи поседуваат зоолошка во Индија и откако ќе настапи семејна криза, решаваат да се преселат во Канада и да ги продадат сите животни. Бродот доживува несреќа и авантурата на Пи започнува сред море... Главниот лик кој го толку момчето ќе одигра толку уверливо и добро, што ќе ве насмее и расплаче. Препорачувам за сите љубители на авантури и животинки. Прекрасни пејсажи и фотографија го красат овој уникатен филм. Мене ми беше убаво на душичката откако го изгледав, посебно затоа што на толку елегантен начин успеа до допре до сржта и коренот на религијата. 8/10
"The words" - 2012 Немам коментар за приказната на филмот..... Одлична драма со толку силна поука. Како еден момент на слабост може да ни го измени целиот живот. Во потрагата по пари по слава можеме да најдеме едно задоволство, но дали вреди , за подоцна да плаќаме целиот наш живот ? Цело време додека го гледав бев во неизвесност, разбуди во мене толку чувства..... Убаво кажано - "There's more than one way to take a life..." За приказната на филмот од мене чиста 10ка.
Предпоставувам многумина од вас веќе го имаат гледано. Џејмс Бонд овој пат е во акција против бивш агент на тајната разузнавачка служба на Британија, со цел да ја заштити неговата предпоставена од одмаздата и планот на бившиот агент. Незнам зошто толку фама се крена за филмов искрено. Акција нула, компјутерските ефекти ги надминале, ептен ми е лејм некако. Имало и подобри, а овој дури не е ни за споредба со просечни филмови.
Претпладнево вртејќи по програмите на Хрватска 1 го начекав филмот доктор Живаго.Филмот е снимен 1965 година.Неверојатниот Омар Шариф ме воодушеви,до сега ниту еден лик не ме пленил со својата искреност,совршена глума,племенитост.Тука се и Julie Christie i Geraldine Chaplin кои што ја надополнаа целата приказна на филмот.Тој е направен толку совршен што ми го одзеде моето внимание цели 3 часа и не зажалив што ги одделив за него,па и љубовниот триаголник и неизвесноста до крај го прават уште повозбудлив.За мене е ремек дело кое што вреди да се погледне,па би ви го препорачала и вас,нема да зажалите.
Едо му е мајката, не разочарува во изборот на филмови. Одлична акција, со доза на комични моменти, француска продукција. Многу ми се допадна филмов, уживав во паркур потезите на момчињата. Од мене 10ка. Препорачувам. http://www.imdb.com/title/tt0267129/ Spoiler Група на млади дечки кои се спротивставуваат на француската полиција. Успешно и нечујно вршат кражби низ домовите на богатите, чии средства ги `собираат` за да спасат еден млад човечки живот за кој единствено треба огромна сума да се плати.
The Fast and the Furious (2001) 2 Fast 2 Furious (2003) The Fast and the Furious: Tokyo Drift (2006) Fast & Furious (2009) Fast Five (2011) бррррм бррррм Ќе излезе и Fast six И сите делови се супер, по 100 пати ги гледам. Ем сакам спортски коли ем има акција во филмот. И soundtrack кои се познати хитови. На крај да посака човек да има некое такво количе. До душа јас многу пати сум си посакала .... мммх само посакала Dream Bubbi, sleep tight and dream cars
И јас исто го гледав овој филм денес.Го делам мислењето дека глумците беа доста внесени во филмот и завршиле одлична работа.Толку се поврзав со глумците и приказната,што за миг помислив дека сум таму. Топло го препорачувам. 8.5/10
Cloud Atlas (2012) http://www.imdb.com/title/tt1371111/ A must see! Само што го изгледав, трае 2 часа и 50 минути, но не е досаден ни една минута! Се гледа во еден здив. Преубав филм, би го сместила во топ 3 за 2012. Се работи за 6 различни приказни во различни периоди. Има sci-fi, има историска драма, има љубов, има комедија. Се е така убаво испреплетено, мене ме остави без зборови. Одличен филм, мора да се погледне! :up: 10/10 Our lives are not our own. We are bound to others. Past and present. And by each crime; and every kindness, we birth our future.
Step-up Пред да го погледнам новиот дел, сакав да се потсетам на првиов кој го немав гледано одамна и ми е предобар. Многу моменти имав заборавено. Обожавам вакви филмови со танцување, посебно ми е убав двојката од овој филм(кој е следен на мојот репертоар ). Џангинг и Џена ми се совршена двојка во филмов. Оној кој го нема гледано веднаш нека го изгледа. 10/10
The Twilight Saga: Breaking Dawn - Part 2 Сигурно имам пишувано колку бев опседната со книгите во средно, па ги испоштував сите филмови по ред, во кино. Му дојде редот и на овој. За тие што сте читале знаете, за тие што ги гледаат филмовите, делов е финалето во кое Куленови се соочуват со борба против Волтурите. Ова ќе се случи по обвинението на Ирина дека Ренесме е бесмртно дете, а таа всушност е нели, полувампир, получовек. Мене ми се допадна малку повеќе од претходните делови, иако воопшто филмската сага не ме водушеви. Посебно возбудлив делот со тепачката, си подвикнував во полу-празна сала од напнатост. На крајот ме фати носталгија што заврши, 4 години ги пратам веќе.... шмрц....
Pitch Perfect... Се работи за девојка која е ди џеј и е 1 год. колеџ. Татко и е професор и ја тера да ја заврши првата год. и ако несака веќе ќе и плати се` за да се пресели во ЛА. И се зачленува во акапела група со едни девојки. Во машката акапела група е нејзиниот колега во кој се заљубува... И се завршува со бакнеж...
Слатки лаги, или Убави лаги, сеедно. Хормонална, топла, женска приказна за една љубов која преку писма, ќе добие сосема погрешен правец... Интересна и типично француска фабула, мутав хумор, топло дејствие во една фризерница на приморско градче, и грандиозна леснотија на актерите. Овде Одри е особено живописна. Оценка 8 од 10.
Chalet girl http://www.imdb.com/title/tt1487118/ Се сложувам со оценката на имдб.Онака лимонатка,не лош за тепање време и релаксирање.
Home Alone: The Holiday Heist (2012) Дојде ред и на овој да го изгледам. Приказна добро позната како и останатите делови. Брат и сестра остануваат сами дома, и се појавуваат крадци на една слика која се наоѓа во нивната куќа. И тука стојат замките и стапиците сето тоа зачинето со малку хумор. Добар, но очекував малку подобар да биде. Дури и се разочарав на моменти. Во секој случај, филм токму за овој период, до некаде интересен. Препорачувам. Оценка 5/10.
Рене Зелвегер е одлична во улога на посветен социјален работник кој се вложува максимално во професијата, но и емотивно се врзува за клиентите. Филмот на почетокот ветува многу. Напната приказна за слатко, наизглед невино девојче кое е жртва на родителите за кои се создава слика на монструми... Понатаму приказната добива поинаков тек, но се вклучуваат и бизарни хорор елементи. Ова ме разочара бидејќи не сум љубител на овој жанр. Светла точка во овој филм е одличната актерска екипа, разочарување-хорор елементите како нешто веќе видено. Оцена-просечен
Филмов ич ама ич не ми се допадна. Претерано досаден и глуп. Од самиот наслов а и од претходните делови од филмов, посебно кецот и тројката дефинитивно очекував каде каде повеќе, а ова беше ептен мизерично и глупо. Не препорачувам! 1/10- 1 само за насловот.