Big miracle (2012) 7/10 Spoiler Фамилија од три китови се заглавени во замрзнатиот океан и со константно испливување на површината успеваат да одржат една дупка како би можеле да дишат. Насекаде околу нив океанот е длабоко замрзнат и тие неможат да испливаат појужно. Приказната за заглавените китови се шири и наскоро помош и идеи за нивно спасување доаѓа од целиот свет. Филмот е базиран на вистинска приказна и ги екранизира настаните скоро идентично како што се случиле во вистинскиот живот. Ако сте љубители на животни ке ви се допадне филмот. Режија: Ken Kwapis Глума: Drew Barrymore, John Krasinski, Ted Danson, Kristen Bell, Dermot Mulroney
Добар филм,уште поинтересен е заради фактот што е базиран на вистинска приказна. П.С.Само јас ли не можам да разберам што зборуваат на македонски?Многу брзо некако,не се разбираат
Savages (2012) Филмот уште во првата сцена започнува бизарно, што е само чекор кон прагот да ве натера да го гледате со внимание. Кастингот е (близу) совршен - Селма Хаек, Бенисио дел Торо, Џон Траволта, и главните ликови - Aaron Taylor-Johnson, Taylor Kitsch и Blake Lively. Taylor Kitsch кој сум го гледала досега во Џон Картер тука ме воодушеви во улогата на Чон, беспрекорна глума, толку уверлива изведба. Најслабата алка во филмот е секако Блејк Лајвли. Точно е дека не ја поднесувам од Gossip Girl, ама факт е дека девојката е просечно слаба глумица. Дури и дечко ми што првпат ја виде вчера во филм, рече дека е антипатична и нејзината нарација го уништува филмот. Се согласувам. Идејата со нарација е предобра, само требало да ја дадат на некој друг. Добра режија, Оливер Стоун употребил интересни бои во филмот, предобри кадри. Филмот започнува интригантно, после главниот пресврт зема се поголем замав и е моќен, а крајот малку дезориентиран, ама се на се - одличен филм. Љубовниот триаголник кој го сочинуваат Чон, Бен и Офелија ќе биде прекинат, откако главниот картел под водство на Elena La Reina (Хаек) ќе им ја киднапира заедничката љубовница, со цел да им се потчинат и да им го предадат бизнисот со наркотици. 9/10 p.s. Оваа идеја за постер станува веќе излитена, thumb down за украдената идеја.
The Odd Life of Timothy Green Интересна драма која зборува за желбите, за нивното остварување, за родителите, за среќата, за се што можеме, за се што се трудиме, за се што се бориме... и некогаш победуваме. Се работи за семејството Грин кое подолго време се обидувало да добие дете, но безуспешно. Една вечер тие добиваат дете, но не по природен пат и не бебе, туку 9 годишно дете. Имено, мајката и таткото на ливчиња запишуваат особи кои би сакале да ги има нивното дете. Тие се пресреќни, но се си има свој крај. Да не ве разчарувам, нема потреба. Топло го препорачувам. 10/10 Ми се допаднаа актерите, Џенифер е прекрасна и и лежи улогата. Толку ми е нежна и слатка. А и малечкото беше срценце, па како глумеше .. А гласчето, уф, се ежев секој пат кога ќе го слушнев. Морам да кажам дека и девојката беше убава, очекував некоја Барби да стават, а не темна и мистериозна девојка, позитивно изненадена.
Miracle on 34th Street Филм од детството кој ми беше еден од омилените божиќни филмови. Старата верзија на филмов ја немам гледано, може понатаму
Колку сакам вакви филмови да гледам во овај период. Christmas With The Kranks Преубав е филмот го препорачувам
"The woman in red" - 1984 Смешки е филмот Го немам гледано кој знае од кога, па решив да се потсетам. Препорачувам. 6/10
The words Леле колку одвратен филм. Не знам од кога не сум гледала толку глупав, развлечен филм. Имале некаква идеја, сакале да направат нешто, ама забегале работите негде по патот. приказна во приказна во приказна, гледиш, следиш, се надеваш ќе има некаков бум, откритие, ама ништо... Бредли Купер просек, Зои Салдана без емоции, никаква хемија меѓу нив, најлош филмски пар. Нејзиниот лик е сосем празен, безначаен, толку работи некако фалеа во приказната... Оливија Вајлд некако отечена, ликот исто неизграден, како, што, зошто, сецнат на крајот изненадно. Се изреволтирав дури кога заврши. Само Џереми Ајронс вреди во целиот филм. Не препорачувам воопшто.
* леле бе у смешни мислења пишав STIGMATA Kоја телепатија ми се случи со филмов Aбе, баш пред некој ден се мислев дали да го гледам пак, ми текна дека оддамана го немав гледано, и оп го начекав на тв EDO интересно филмче, се работи за девојка, која има блуден живот, па откако мајка и ќе и прати крст од Bатикан, кој му припаѓал на многу свет отец, таа ќе оболи од Cтигмата, т.е болеста со која се добиваат 5тте рани на исус од мене 8/10 интересен е, + Pаде шербеџија има улога во филмов, а мене ми е многу мил па препорачувам да го гледате
Memoirs of a Geisha Конечно му дојде редот да го гледам, очекував помалку но навистина бев воодушевена од филмот. Различна и интересна приказна, ќе се разочарав ако не завршеше со среќен крај. Актерката што ја глумеше Хатсумомо е многу убава Spoiler A perfect getaway Уф филмов! Омилени ми се ваквите филмови кои те оставаат без здив во текот на тие 100тина минути, а крајот изненадува. Ми се допадна, многу
"10 Years" Преглуп, досаден и монотон филм Ништо посебно не се случува Spoiler се собираат по повод 10 години од матура, и цело време околу тоа, кој со кого одел, кој бил бубалица во средно...глупост крајот не го ни изгледав, заспав. Лоша глума... Не препорачувам.
Sanctum(2011) http://www.imdb.com/title/tt0881320/ Филм за издржливоста на човекот во безизлезна ситуација. До каде човекот може да оди да го спаси сопствениот живот? Непредвидлив развој на настаните. Неочекувани однесувања на ликовите. Борба за опстанок во која себичноста на едни а пожртвуваноста на други е пресудна за конечниот исход на настаните. Филм од кој можеш да научиш дека во најтешките ситуации мора да веруваш на сопствениот инстинкт, да се ослониш на најискусниот и да останеш со ладна глава затоа што секоја една грешка или мала паника може да те чини живот. Тим на истражувачи водени од авантуристичкиот дух и желба за откривање на нови неоткриени места , се впуштаат во истражување на најголемата подземна пештера во Нова Гвинеја. Се стационираат и формираат база каде со помош на софистицирана опрема ги испитуваат длабочините на пештерата. Поради непредвиден настан остануваат заглавени во пештерат. Како и што понатаму филмот раскажува. Ми се допадна од повеќе аспекти. Продуцент е James Cameron што е гаранција за поквалитетни сцени. Впечатокот е како да гледаш документарец на Nacinal geografic. Во однос на актерите, освен главниот лик Ралф останатите се неафирмирани млади глумци. Авантуристчки, напнат, инспириран од вистински настан, филмот вреди да се погледне.
И јас го гледав вчера, тапа ептен, филм без поента. Не препорачувам. А го гледав и Think like a man, онака, предвидливо, за тепање време.
Pitch perfect 5/10 Ништо посебно не ми е филмчето,веќе видено.На моменти досаден,на моменти интересен. Му давам средна оцена.
The Twilight Saga: Breaking Dawn - Part 2 Огромен фан сум на Самрак (повеќе на книгите отколку на филмовите) и морам да кажам дека филмот ми остави поголем впечаток дури и од првиот дел кога се запознавав со приказната. Возбудлив крај каков што воопшто не очекував, се на се јагодка на шлагот на целава трилогија. Прекрасно. 10/10 Spoiler Forever
16 wishes (2010) Типично teen филмче, девојкава слави 16 роденден и има 16 желби што треба да ги исполни во текот на денот, а кои се скоро невозможни.Се појавува добра вила која и помага да ги исполни желбите, но како и со секоја магија, нештата не излегуваат баш како што таа посакува... Убав, лесен филм, иако на моменти ми беше предетски некако.Пораката ми се свиѓаше - Кога добиваме повеќе отколку што вистински ни е потребно, стануваме алчни и себични...И дека тоа што го посакуваме не е секогаш баш тоа што навистина го сакаме... Од мене 7/10 А да, и фраерот е преубав
Four Christmases Не е лош филмов, таман е како за овие денови. Има смешни и интересни моменти. Fred Claus На овој глумецов Vince Vaughn мислам дека само вакви филмови му лежат, едноствано неможам да го замислам во некој друг жарн а да не е комедија или фамилијарен филм. Како и да е, и овој филм е таман за овие денови, интересен е и има убава приказна.