Crazy Stupid Love Ептен закон филм, ми требаше ваков да ме насмеј малце , Ема Стоун ми е прејака а и преубав пар ми беа со глумецот, мх мх каков е тој Препорачувам инаку 9/10
The number 23 Само што го изгледав на ТВ и одма да пишам. Се работи за еден детектив кој наоѓа една книга и кога почнува да ја чита, изгледа дека е напишана како по неговиот живот. Почнува да сфаќа дека се во неговиот живот е поврзано со бројот 23 и како ја чита книгата се повеќе се заплеткува дејството. Мистерија/трилер кој имаше сцени кај што си напнат и ти се качува адреналинот. 7/10
Changeling(200 http://www.imdb.com/title/tt0824747/ Приказна за самохрана мајка, чие дете исчезнува а полицијата пронаоѓа дете кое не енејзин син. Филмот ги опишува настаните во 1928 година во Америка. Време на прохибицијата, на половата дискриминација и на се почестите злоупотреби на моќта од страна на корумприрани полициски службеници. Во режија на Клинт Иствуд , главните улоги ги толкуваат Анџелина Џоли и Џон Малкович. Еден од подобрите филмови што ги имам гледано во последно време. Го изгледав со 100%внимание. Анџелина во вакво издание изненади. Несвојствено за неа да игра покорна и повлечена жена, кога ја знаеме како тепачка и борец за правдини. Имаше само еден момент кога си ја покажа таа борбена страна и тоа нормално кога и проработеа мајчинските инстинкти. Не изостана и добрата глума на Џон Малкович и на оној цајканот. Клинт Иствуд како глумец не ми беше на листата на омилените, но како режисер е одличен.
Home alone-the holiday heist 5/10 Не е добар како претходните делови,но пак е до некаде интересен. Без разлика на оценката го препорачувам да се погледне!
Firestarter - Потпалувач Филмот е од 1984 година. Многу добар филм. Мене лично ми се допадна. Spoiler Дури на неколку моменти пуштив солза. Научно фантастичен трилер. Се работи за девојка кај која се развива пирокинеза (моќ да предизвикува оган) но тука е тајната Владина Агенција која има цел да ја контролира. Тие сакаат да вршат експерименти врз неа. Нејзината мајка е убиена токму од нив. Таа останува сама со нејзиниот татко. Се борат заеднички да избегаат од Владините агенти. Голема поврзаност помеѓу татко и ќерка, љубов која се шири наоколу. Но, за жал на крајот таа останува и без него. Каде ли ќе заврши ова преубаво девојче ви останува вас да откриете. Препорачувам.
"Savages" Искрено, мене не ми беше нешто wow филмот. Со вакви глумци (зборувам за Селма, Беницио и Џон Траволта) очекував многу подобар филм. Точно пејсажите се прекрасни, и интересна е замислата за приказната на филмот, ама одредени делови не ми се допаднаа. На пример љубовниот триаголник..... Блејк некако ептен ми го докрајчи филмот, со оглед на тоа дека ми е многу одвратна, уште од Gossip Girl. Врска нема од глумење, а и дефинитивно улогата на наратор не и’ одговара. Од мене 5, за преубавите плажи и за тројцата горенаведени глумци.
Insidious Spoiler Cлучајно го начекав филмов на тв и си велам абе од кај ми е познат насловов,ај ке го гледам. Eден од подобрите хорор филмови,многу сакам ваков тип. Hа моменти ке се помочав на некои сцени,а на некои и премижав Eдно семејство се преселува во нова кука,но едното од нивните деца пага во кома и наеднаш мајката осетува дека има нешто во куката,сенки и слично. Cе преселуваат во друга кука,мислејки дека се извлекле..... Cега гледам,ке имало и втор дел вистина? The Perfect Host Oчекував полош да е,но не е,би го сместила во оние почудните Eден крадец се наога во тесно и решава да отиде кај некој познаник преку пријател,изгледа дека крадецот има се во свои раце,но не е така,го очекува изненадување
"As if I am not there" - 2010 Морав да го гледам, пред се’ затоа што во главна улога е Наташа Петровиќ, млада актерка од мојот роден град. Убава драма, базирана според вистински настани, конкретно војната во Босна. Препорачувам. 7/10
- Taken 2 - Со оглед на тоа какви критики слушнав за филмот искрено очекував многу повеќе. Првиот дел според мене беше далеку подобар. Овде некако способностите на ќерката беа премногу надпросечни и имаше премногу нереални сцени. 6/10 - Act of Valor - Препорачувам за оние кои сакаат малку повеќе акција. Нема да се досадувате со сигурност. Се работи за една елитна екипа која е испратена на тајна мисија да ја ослободи киднапираната агентка... 8/10
Животот на Пи. Каква драма Приказна за тоа како животот може да ти се промени за секунда, приказна за вербата и храброста. Филм кој морате да го погледнете.
Spoiler Ice Age - сите делови. Ниту еден не ми беше гледан, а баш бев расположена за нешто лабаво. Сите делови се супер, како идат понагоре се сè подобри и подобри. Најфаца.
Argo 2012 Мразам да кажама ама же го кажам пак целата работа на ова УСА опции од филм е секако да се топ оф тхе топ и малку од повеќе ме нервира таа приказна,,, Spoiler како може некои кои побегнале од другите се скриле и секако не се ни грижеле за спас на другите да бидат прогласени за ХЕРОИ?!!! идиотизам невиден 6/10 War (2007 ) постаро филмче ама вреди да се гледа ... екипа одлична малку повеќе крвца и ткави нешта ама до последно немав идеакој стои зад се .... Одличеннн 10/10
“This is 40“ - 2012 Што е со новите комедии ? Приказната уствари е многу реална Меѓутоа филмот во целина е многу отупувачки. Непотребно развлечување на сцени, непотребни дијалози и слично. Мислам 2 часа и 11 минути Немало потреба од толку влечење на дејствијата. Не го препорачувам баш. 3/10
Божиќни чевлички (2005) со најпрекрасниот Rob Lowe. . Го начекав на Алфа пред еден час некаде и немаше смисла да не го гледам. Преубаво филмче со тажна, а сепак ветувачка нота. Не, овој пат не плачев на филмов (за разлика од првиот пат кога го гледав), но дефинитивно е touching затоа што in the end, најдлабоките чувства, радости и страдања најдобро и највистински се манифестираат во кругот на семејството. Spoiler Резиме: Прекрасна приказна за едно момченце чија мајка умира на Божиќ и за неговата потрага по совршениот пар чевли кои таа ќе ги носи во рајот.
Upside Down (2012) Свежа и убава приказна. Прекрасни бои и тонови преовладуваат во целиот филм, милина од филм, со укакани последни 3 минути. Простено нека е. Џим Старџис е толку мил и скроен за улогава. Кирстен Данст е просечна глумица со нетипична слатка привлечност, но сметам дека ја земале за улогата, бидејќи има прилично многу искуство во снимање сцени со јажиња (Спајдермен). Алекс и Идн потекнуваат од два различни светови, чие есенцијално нешто за преживување ги раздвојува - гравитацијата. Многу убава атмосфера го бои филмот, има детали кои ги запазиле, и не знам како си дозволија таков крај, кога се гледа дека е вложено доста мислење во него. За тупи дечиња како мене кои немаат врска од физика, убаво е да имаат некој до себе да им појаснува работички. 8.5/10 They Say You Can't Beat Gravity... or can you? A Clockwork Orange (1971) Ремек-дело на легендарниот Кјубрик, според новелата на Ентони Бурџис. Алекс е млад деликвент кој завршува во затвор. Владата смета дека може да го поправи неговиот злобен нарав со помош на специјална програма и повторно да го вклучи во општеството како нормален поединец. Дали лошиот човек навистина може да се промени? Што се може да стори лидерот на една нација за да си ги покрие грешките? ... и уште безброј филозофски прашања и одговори кои може да ги понуди овој чукнат, бизарен, но лично за мене - мошне допадлив филм. Има суштина, има поента, има душа. Има од се` по малку. Интересен сплет на зборови во нарацијата, психоделичен поп-декор. Филмот со еден збор е - исчукан ! 9/10
The book of Eli http://www.imdb.com/title/tt1037705/ Приказната се врти околу една книга чија содржина може да го измени светот. Оној во чиј посед е има голема моќ. Дејствието се одвива некаде во иднината, 30 години по "големиот блесок " кога сонцето ќе ја спржи земјата а новиот живот ќе опстане во свет со ограничени ресурси на храна и вода, безредие и според правилото - посилниот опстанува. Почеток на нов свет, нова ера и нови правила. И каде што има луѓе таму е и жедта за превласт. Сериозно, филмот носи голема порака. Иако нема да се воодушевите од локаците на филмот кои доловуваат крајно безживотна атмосфера во која умрело последното зрнце на надеж за човечкиот род, се заклучува дека некој смислено се занимавал да ни прикаже таква распаднатост на човекот во секоја смисла и да не наврати на нешто суштинско - луѓе кои се загубени ако немаат прирачник со правила, луѓе кои се водени од сопствениот глас и следбеници и оние најлошите - Манипулатори. Сите наоѓаат место во оваа приказна. Филмот е полн со симболика. Книгата, заштитникот, девојката, нивните состојби се метафори за нешто. А крајот е најинтересен - најголем круг, најголем заклучок и потполнување на мозаикот. 8.5/10
Само што го догледав на МТВ. Бев возбудена како да го гледав прв пат(иако го гледав по незнам кој). Предобри ми се сите делови, сега ме фати една носталгија по Хари Потер и ќе седнам и ќе си ги изгледам останатите 10/10
Hitch Го имав и порано гледано, али Вил Смит ми е секогаш интересен за гледање, додека Ева Мендез е згодна, али за убава воопшто не, ко патка ми е во устата. Малце потпросечна романтична комедија, добра е за тепање време, али не е нешто посебно. 6/10 The pacifier Го гледав прееска на Сител. Добра комедија, Вин Дизел не е баш прв избор за вакви филмчиња, али акцијата и комедијата се споени на интересен начин. 9/10