Последен филм што го гледав е... гледај го поразличен е од другите филмчиња пред се, но мене крајот не ми се допадна инаку јас сега ќе го гледам SE7EN со бред пит и морган фримен, стар е! 1995... се мислев да го гледам вчера, ама ајде денес! па ќе ви кажам коментари, изгледа на интересно филмче
Последен филм што го гледав е... Супер! Нешто меѓу акција и трилер, ама ќе ви се допадне верувам на повеќето Го има во видеотеката на MaxTV.
Последен филм што го гледав е... И јас сега овој го догледав. Ме замисли филмот, ама мислам дека не вредеше толку. Давам 5/10. Дејвид Финчер после Fight Club и незаборавниот Seven не си го поврати реномето. Барем не кај мене.
Последен филм што го гледав е... ^ Мене многу ми се допадна Social Network. Можеби дека е по вистинска приказна. Глумата е одлична, кастингот е добар. Прикажува амбиција, исфрустрираност, комплекси, што дури и најпаметниот си ги носи со себе. И што и да стори, тука се, ниту билиони долари не можат да го променат тој факт. Hell has no fury like a man scorned. Посебно ми се допадна крајот. Некако тажен и човечен, успеа да ми врзе емоција, со бесчувствителното машинче за пари кој го креирал Фејсбук. И ме натера да размислувам колку само време трошиме на непотребни работи и како изгубивме жив контакт помеѓу себе. Што е жално. Добар филм, јас му давам 8/10.
Последен филм што го гледав е... Прв , втор , трет и четврт дел Пила Првиот е супер , вториот исто .. третиот онака а на четвртиот заспав од не знам каде
Последен филм што го гледав е... те молам не ми спомнувај го барам 3д, уште нема линкови, крш само некои со камера снимани!!! леле ќе се убијам последниот дел е филмот на сите времиња! изгледај ги сите обв ќе се запрепастиш како ќе се одвиваат работите
Последен филм што го гледав е... епа и јас успеав конечно да го изгледам Ридовите имаат очи, убав е онака, не е лош
Последен филм што го гледав е... The Social Network - добра инспирација за програмери и останати информатичари.
Последен филм што го гледав е... По милионити пат... преубав е, иако стар. Појма немам како се вика, го гледав вчера, ова време на МТВ 1. Едно девојче Оксана кое се занимава со уметничко лизгање. Мајка и‘ ќе умре од рак, а девојчево ќе постигне успех од светски размери.
Последен филм што го гледав е... се наканив да седнам да го изгледам SE7EN со бред пит, морган фримен и гвинет палтроу! филмов е од 1995, ама мене дефинитивно многу многу ми се допадна! па кој ги сака CSI, мистерии, детективи, сериски убијци, загатки, нека го види
Последен филм што го гледав е... Интересен филм, смешен, на моменти досаден, ама совршен за досадните, тмурни и тажни денови.