Batman Begins The Dark Knight The Dark Knight Rises Немав гледано ни еден од трилогијата, па испадна цел маратон, прилично се долги сите делови. Добра е цела трилогија, сите делови си имаат свој шмек, Кристијан Бејл е предобар, само не ми се свиѓаше како ја смениле Рејчел во вториот дел, а Арон Екхарт ми беше полн погодок за улогата на Харви Дент. Ен Хатавеј не ми е еншто посебно симпатична, ама тука беше прилично згодна.
Сам дома пети дел ( најнов и со различни глумци и режисер ) одлична комедија на сите ви ја препорачувам инаку е сличен со другите делови па затоа немора многу да се објаснува
The Princess Diaries Барав тинејџерско филмче за опуштање и ми текна дека ова го немам гледано од пред едно добри 2/3 години и седнав го изгледав. Одлично филмче. Ен ми е преслатка а и преубава тука. Неможам а да не го спомнам нејзиниот фустан, преубав е. 6/10 Сега ќе си го изгледам и вториот дел
3 Ninjas http://www.imdb.com/title/tt0103596/ Солидно филмче, ми фалеа таквите детски, постари филмови, ме враќаат во детството. Имаше многу смешни моменти, се изнасмеавме со сестра ми. The polar express http://www.imdb.com/title/tt0338348/ Еднаш го имав гледано овој филм и не ми беше ништо посебно, а сега по втор пат ми беше многу добар. Малку нетипичен божиќен филм бидејќи очекував елфско село каде џуџињата прават подароци и се тоа ама не испадна. Имаше по некоја смешка и тука. Се на се, добро за празничниве денови.
The Door (2012) Прекрасна драма, особено Helen Mirren како глуми, просто и завидувам и и се воодушевувам. Никогаш не разочарала, па ниту во филмов. Тука може да се каже дека ја има главната улога како помошничка на една писателка и дејствието во филмот се одвива токму за таа една поврзаност помеѓу нив две. Има доста поучни работи за животот. Од мене има 8/10.
Машка бебиситерка Навистина многу добро филмче за опуштање и смеење. Vin Diesel одличен како и секогаш 9/10
16 Wishes Интересно филмче Девојката полни 16 години и има 16 желби напишано уште од кога била 8 години... ме мрзи да го раскажувам го препорачувам. Оцена од мене 8/10
August Rush Го имав гледано порано, не не мислам дека го разбрав тогаш како сега. Љубовна приказна, почеток, двајца прекрасни млади вљубеници во музиката, синче со исти квалитети но не и ист живот, многу музика, мудрости, животна желба, крај. Прекрасен филм, драма, мислам дека ќе им се допадне на повеќето, го препорачувам. 10/10 За феминката што ме поправи погоре, во право си, ги смешав малку. Малечкиов глумел во The Art Of Getting By. Срцка е. Мајкава и татково се преубави, како личности, како актери, како пар.
Skyfall Kонечно и јас да го изгледам филмов, ептен интересен, многу добар филм. Доста добра акција имаше во филмов, Даниел Крег ептен фраер делува, се на се филм кој верувам дека нема само еднаш да го гледам
+ Јокер, иако негативец, многу ме засмејуваше. Многу добра глума. Луд. Бетмен само ќотек јадеше, барем мене така ми изгледаше. Очекував (па нели е филм) да има поголеми „моќи“. Знам дека целта не му беше да убива со оружје, туку да тепа. И не ми се допадна што гласот му го направиле многу погруб, за разлика од првиот дел (многу подобро ми звучеше таму). Ме изнервира што Рејчел ја смениле во вториот дел. Не можев да ја гледам другава, не ми се вклопуваше со Бетмен никако.
12 мажи за Божиќ Spoiler Прекрасен филм за неделно попладне. Убав филм, да речам романтична комедија. Во филмот се случува: Spoiler Иџеј живее во Њујорк и работи во голема фирма, каде работи и нејзиниот свршеник. Таа една вечер на една прослава ќе го фати во вц својот свршеник со својата газдарица. Таа самата веднаш ја напушта фирмата. По иницијатива на нејзината сестра таа заминува во Монтана да работи кај градоначалникот, каде добива задача за да ја зголеми посетеноста на градот. .... што се случува понату погледнете самите.... Филмов 9/10 Моја замерка,требало друга глумица да биде во главната улога. Инаку кој има видеотека преку Т-Ноme пакетот може да си го погледне филмов.
The hunger games (гладните игри ) Spoiler Рецензија: Spoiler Филмот се работи за многу далечна иднина кога Америка ќе остане на 12 општини. По некој бог секоја година се организираат hunger games, каде што учествуваат од секоја општина едно машко, едно девојче. Првин ќе ги однесат на тренинг во Њујорк и после ги оставаат во прашума и таму треба меѓу себе да се убиваат (нешто слично на олимпијада ). Љуѓето што го организираат тоа им ги отежнуваат игрите со тоа што пуштаат јагуари да ги бркаат, палат пожари и така натаму. Не можам се да раскажам! Интересен филм и вреди да се гледа, само јас плачев каде што умре едно девојче! (премногу емотивна сум) Главните ликови: Женското Машкото
Линколн. Добар историски филм за животот на американскиот претседател и неговата улога во градењето на американската демократија. Одличен за оние кои сакаат историски филмови, и одлична улога на Даниел Деј Луис како Линколн.
Whatever Works (2009) Колку релаксирачко филмче значи . Обично филмовите на Вуди Ален некако не ми се допаѓаат, но овој го докажа спротивното. Сосема карактеристично за неговиот стил.... роматична драма, без многу развлекувања, гњавежи и досадни муабети. Потенцијален добитник на Нобелова награда, малце во по одминати години, ја раскажува суштината за животот, љубовта, навиките, интелегенцијата... со еден збор гениј Борис Јелникоф. Сосема случајно ја запознава младата девојка Мелади, која ќе ја најде пред својот дом и под предвидувачки околности нивната врска преминува во брак. После одредено време работите почнуваат да се менуваат, но без многу драматизирање....камо реално во животот работите вакви да беа . Цело дејствие ми се допадна како се одвиваше, ликовите доста интересни( барем според мене )јасни мисли, без многу преувеличување, а со одредена доза на филозофија, но сепак вистинити. Се на се, кој ги обожава филмовите на Ален знае за што зборувам Оцена 8/10.
The tourist Америка направила копија на филмов - http://www.imdb.com/title/tt0411118/. Сепак, подобра е копијата од оригиналот. Повеќе акција, поубави актери, поубави пејсажи, Венеција рамно на сон. Џоли не ја сакам многу, т.е ич, али во филмов е многу убава. Само не би и наштетило малце месо да стави на коските, кога имаше некое килце плус беше далеку попривлечна. А Деп остарел, воопшто не ми беше симпатичен, дури и здебелен ми се виде. 7/10
A да, и Hunger Games го гледав и воопшто не сум импресионирана. own: Во ред беше главната тема, killing just for fun во денешно време, како што правеле порано во Колосеум, Рим и неморалната и лоша страна на богатите. Воопшто немаше развој и обработка на ликовите, ништо не ми креваше адреналин и возбуда (баш така како што го опишуваа). Немаше некоја борба за опстанок, не од самите натпреварувачи, туку од самата околина.
Home Alone 5 - The Holiday Heist Старата приказна со нови ликови... Семејството се преселува во Калифорнија каде една вечер родителите заминуваат на прослава а децата остануваат дома. Не е лошо но минатите делови беа некако подобри... 6/10
Не беше баш Њујорк туку Капитол ама нема врска И јас го гледав денес овој по 28ми пат (точно), и нема што многу да кажувам, 100/10.