Лелелелелелеле ќе се изедам што не сум го фатила филмов на тв!!!! Spoiler Ама омилен дел ми беше кога Џош (внукот) почна да вози кола хахаха Scott Pilgrim vs. the World Еден дечко се обидува да ги порази бившите на таа женската што му се свиѓа и да ја освои. Очекував многу од филмов а предосаден ми беше. 3/10
A boyfriend for Christmas Преубав филм...посакав и јас нов дечко за божиќ. Девојката одамна посакувала вистинска љубов за Божиќ и после многу години е на пат за исполнување на таа желба.Се појавува и нејзиниот бивши дечко,и тука малку се испреплетува.Но сепак многу убав божиќен филм.
Like Crazy (2011) Оцена 9/10 Супер е филмчево....ваков тип на филмови ми се допаѓаат...глумата е реална,немонтирана,дијалозите се како во моментот да импровизираат актерите...Ана е од Англија и студира во Лос Анџелес,САД.Се запознава се Џејкоб,тој е американец и заедно студираат на истиот универзитет....Започнуваат врска,но нејзината студентска виза истекува па и забрануваат да се врати во САД.Двајцата се обидуваат да се изборат со далечината,нивната љубов е ставена пред тест,запознаваат нови личности во нивниот живот, но сеуште мислат еден на друг....крајот нејасен...сепак ми се допаѓа...филм од типот на Blue Valentine,Last Night...тој што ги сака овие филмови и овој ќе му се допадне.
Passengers (200 6/10 Драма,мистерија,романса До половина филм е досаден,од половина натаму станува повозбудлив. Психијатар зборува со преживеаните од авионската несреќа.Крајот е сосема друг.
Снежни кучиња Прекрасен филм. Тед е стоматолог, кој дознава дека всушност е посвоен и дека потекнува од Алјаска. Кога заминува таму добива наследство од мајка му (биолошката) куќа и кучоњата-влекачи на санки....што се случува понатаму погледнете и сами. Прекрасен филм за овој период од годината. 9/10
The making of a lady. Мене многу ми се допадна, дефинитивно го препорачувам, нема да дадам рецензија бидејќи ке ви го откријам цел филм, погледнете го.
Six days, seven nights Харисон Форд и Ен Хеч се заробени на еден остров, откако преживуваат бура и пад на авионот. И двајцата не можат да се поднесат, али мораат да изнајдат начин за да се спасат од островот. Секако, меѓу нив почнува од играта куче-маче да се развива симпатија, иако типкава е верена за друг. Мислам дека како пар воопшто не си одговараа во филмов. Исто и Дејвид Швимер, не можам никако да го замислам во друга улога, освен ко Рос во Пријатели. Не можам да го гледам во друг филм, многу ми е лигушко. Просек филм, не нешто посебно. 6/10 A boyfriend for Christmas Холи е мало девојче, кое за Божиќ посакува од Дедо Мраз да добие момче. Али Дедо Мраз таа желба ќе и ја исполни по 20 години кога две души ќе бидат спремни за заедничко вљубување. Го гледав филмов, веројатно оти немав што друго да правам, а не ми се стануваше од кревет. Приказната предвидлива, мислам дека знаев и во која минута ќе се случи пресвртот, ме мачеше додека да заврши. Изгледа романтикиве не ги сакам во периодов, што знам. Ништо посебно, не ни препорачувам. 5/10
The Sisterhood of the Traveling Pants (2005) Супер е филмчево, интересно и релаксирачко. Се работи за пар панталони кој добро им стои на 4 најдобри другарки, и тие решаваат да си ги испраќаат за време на летото, за да на секоја им донесе среќа. Супер се 4те приказни, малце смеа, малце романтика... Бриџет (Blake Lively) е едноставно совршена во филмов :geek: спремна спремна.. Најубав пар ми се Ерик и Бриџет Препорачувам 9/10 Вечер ќе го гледам и вториот дел
The Perks Of Being Wallflower Аааа незнам зошто чекав олку долго за да го гледам филмов и покрај толкуте препораки како од тие тука така и од моите пријатели. Предобар филм. Дефинитивно оди на листата на мои омилени филмови. Приказната, глумата, музиката се ама баш се ме остави без зборови. Приказната ептен ми се допадна бидејќи е вистинита и потресна. Толку многу емоции, смеење, тага собрани во еден филм. Браво, само тоа имам да кажам. Дефинитивно ја заслужува оценката на имдб, а од мене има чиста 10ка. Препорачувам.
The Hobbit: An Unexpected Journey 10/10 Spoiler Како се започнало,односно што се случувало пред Lord of the rings
Big Miracle (2012) Секогаш си ги гледам овие филмчиња со животинчиња, интересен е, ама повеќе ме потсетува на документарец него на филм. Најмногу се израдував на крајот кога гледав исечоци од вистинитата приказна и нејзината медиумска покриеност. Некако и предолго траеше. Али интересно филмче посебно што е поткрепено на вистинита приказна, цел свет ќе вложи многу за спас на китовите, но убаво се гледа реалноста, во суштина целата помош е само за политичка реклама и сопствен успех, со одредени исклучоци кои ги прават овие работи од се срце. 5/10 La cara oculta (2011) Ау каков филм. Ме остави баш овака Не е толку од воодушевување колку од неочекуваниот крај. Колку една девојка може да е наивна и за љубовта да направи животна глупост. Во однос на глумците само пофалби и убава приказна, браво за шпанциве. Мистериозна приказна, интересен крај, па и многу прашања во главата. 8/10
The Lucky One (2012) Оцена 10/10 Искрено мене многу ми се допадна,интересна содржина која го задржува вниманието! Логан е маринец кој после три отслужени воени рокови во Ирак патува во Луизијана за да ја пронајде непознатата жена (откако ќе пронајде во урнатините нејзина слика) за која верува дека му носела среќа во текот на војната. Топло го препорачувам!
Snow Queen Многу старо филмче, го имат давано по телевизите, ама јас ептен го сакам. Мислам дека пола од вас го имат гледано 10/10 _____________________________________________________________ 16 wishes Мислев некоја глупа приказна, ама ми се бендиса не е лош интересен е. Ми помина времето барем, Препорачувам Глумецот е 5-ка 8/10
Постаро француско филмче. Приказната не е ништо посебно, бизнисмен со проблеми и козметичкарка која бега од проблемите се сретнуваат на аеродром и нивните приказни се испреплетуваат. Крајот е прилично предвидлив, ама ова е еден од оние филмови што ве завлекува и просто мора да го изгледате. Жулиет Бинош е преубава, поготово кога ќе ја симне шминката, убавица. А и Жан Рено си го има оној негов шарм.
Diary of a Wimpy Kid: Rodrick Rules (2011) http://www.imdb.com/title/tt1650043/ Вториов дел, е дефинитивно подобар! Има мноогу смешни моменти. Утре дефинитивно ќе го гледам и третиот дел. Препорачувам. :up:
Ek Main Aur Ekk Tu Убав филм , лесен ми се допаѓа тоа што во индиските филмови имаат кореографии и убава музика ,ви го препорачувам да го гледате сепак давам 8/10