Последен филм што го гледав е... И кратка рецензија

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.015
    Пол:
    Женски
    Wedding Crashers...растурачи на свадби
    [​IMG]

    Малку постаро филмче но интересно. 2ца другари кои одат по венчавките со цел да ги освојуваат девојките, на една венчавка се случува токму неочекуваното: Љубов на прв поглед....,што понатаму погледнете самите.
    7,5/10
     
  2. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.578
    Допаѓања:
    3.372
    Blind dating


    Дени е 22-годишно слепо момче, кое со неговиот дух, тоа што го знае и однесувањето воопшто не изгледа така. Бидејќи никогаш немал девојка, неговиот брат му мести девојки, кои нему воопшто не му се допаѓаат, оти се малце повеќе блесави. :D

    Филмов е доста смешен, интересен, али и тажен на моменти.
    Дефинитивно го препорачувам, оти не е баш класична лимонатка. :)

    10/10
     

    Прикачени фајлови:

    • MPW-23963.jpg
      MPW-23963.jpg
      Големина на фајлот:
      62,2 KB
      Прегледи:
      180
  3. the.vampire.girl

    the.vampire.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2012
    Пораки:
    879
    Допаѓања:
    1.490
    Пол:
    Женски
    Goal! The Dream Begins (2005)
    [​IMG]

    Сантијаго е момче кое многу добро игра фудбал, но приморано е да работи со татко му затоа што се многу сиромашни. Еден ден, запознава еден човек, кој му нуди да оди во Британија и таму да проба да игра за тимот Newcastle United. Бидејќи татко му не му верува дека ќе успее, со помош на неговата баба купува билети и си оди од дома.

    Мене лично многу ми се допадна, вие што викате лимонатка. :D
    Сега видов дека има уште два дела кои ќе си ги изгледам.
    7.5/10


    27 Dresses (2008)
    [​IMG]

    Џејн е девојка која што била деверуша на 27 свадби и ги чува сите фустани во посебен плакар. На една свадба, во обид да го фати букетот, ја бутаат и таа се онесвестува. И помага еден млад човек, којшто открива на колку свадни била деверуша и потоа стануваат и пријатели.
    Џејн инаку е вљубена во нејзиниот шеф, но кога тој и нејзината сестра ќе се запознаат, тие се вљубуваат. По некое време тој и понудува брак и таа прифаќа, а Џејн ќе треба да биде таму за нејзината сестра и да ја организира целата свадба.

    Интересно филмче, со предвидлив крај.
    6/10


    Confessions of a Shopaholic (2009)
    [​IMG]

    Ребека Блумвуд е купохоличарка, девојка која неможе да престане да купува. Еден ден здогледува една зелена марама, но нема доволно пари на картичките, па затоа оди кај еден продавач на хот-догови и таму еден човек и позајмува пари. По некое време се вработува како финансиски советник каде што работи и Лук Брендон, кој што и ги позајми парите.

    Ги имам зитано неколку од книгите, па актериве ми се совршени за филмов, баш вакви си ги замислував.
    Имаше доста смешни сцени и убав крај.
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    8.5/10
     
  4. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.645
    Inception
    [​IMG]

    Препорака од дечко ми. Филмот е предобар, иако да бидам искрена 3 дена го гледав :$ , со враќање, зашто одвај го сфатив. Тежок филм, дефинитивно.
    Приказната е комплексна, несекојдневна, интересна. Се е со сонови поврзано, измешано, ако не го гледаш 1 минута, ако не си концентриран, ништо нема да разбереш.
    Леонардо Ди Капро многу добро глуми, ми се допаѓа во вакви улоги, комплицирани и тешки. А, исто ми се допаѓаше девојката, Адријане, супер што ставаат млади глумици, многу ми се допаѓаше нејзината улога. Толку беше паметна и итра, брзо сфаќаше, уф, браво.
    Овој жанр, научна фантастика, не го љубам баш, но овој филм е предобар. 10/10

    Глумците се срцки, посебно Артур и Имс.
    Имс е слаткиот од This means war, а Артур неможам да се сетам каде го имам гледано.
    [​IMG]
     
  5. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.734
    Допаѓања:
    17.692
    16 wishes
    [​IMG]

    По препорака на Ади. Интересно филмче, ми се допадна.
    8/10
     
    На Adi888 и Mermaid90 им се допаѓа ова.
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.926
    Допаѓања:
    203.180
    Пол:
    Женски
    The Hobbit: An unexpected journey
    [​IMG]

    Првиот дел од трилогијата за Хобитот, односно, за она настаните кои претходеле во историјата на The lord of the rings. Искрено, повеќе ми се допаѓа Господарот на Прстените, но уште не е сè изгубено. Сосема солиден филм на Питер Џексон за добро познатата Middle Earth и нејзините жители.
    Едно утро Гандалф ќе се појави во Округот (Shire), пред вратата на Билбо Багинс, и оттогаш неговиот живот целосно се менува. Хобитот навикнат на пријатниот и удобен живот во својот дом, одеднаш решава да го промени тоа, и да им се придружи на џуџињата во нивната мисија за повторно преземање на последното кралство во Меѓуземјето кое одамна го изгубиле по нападот на змејот Шмауг.
    Интересна приказна за сите љубители на фантазијата, за оние кои уживаат во светот на Толкин, како мене. Нема да погрешите ако го гледате, ама гледајте го со некој што го сака исто како вас. Оти трае 2 часа и 45 минути. На вистински љубител времето ќе му пролета, на останатите ќе им биде досадно :P
    4/5
     
    На teddybear и bittersweet им се допаѓа ова.
  7. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.335
    Допаѓања:
    29.194
    Пол:
    Женски
    Спартак 1..

    Не дека беше хорор, дури и беше наменет за цела публика.. многу ми беше страшен.. :sweat: При секое прободување со оние сечилата се криев под јорганн.. Бљакк.. мразам такви работи.. :sweat: :sweat: :puke: Нема да го гледам вториот дел.. и не го гледав. :whew: :x
     
  8. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    The ugly truth - конечно седнав да го гледа и задоволна сум, 9/10.
    Брз, интересен, краток и јасен.
    [​IMG]
    Добро прикажани машко-женските односи, поточно Грдата вистина е телевизиско шоу кое се дава за време на вестите и така нешто и водителот на истот ја запознава неговата продуцентка на која и помага за да си фати дечко. Имаа кладба дека ако прави како што ќе и рече тој водителот на шоуто ќе и помогне да го фати дечкото, а ако не го фати дека дава отказ и после низа случувања на крај тие двајца ќе завршат заедно.:) Го препорачувам :up:
    Love&Basketball
    Го препорачувам за сите оние кои се вљубени, но воедно и вљубени во спортот или во кошарката.
    Глумицата ми е прекрасна, поим за совршенство, прекрасно тело и прекрасни црти на лице. :inlove:
    [​IMG]
    Приказната започнува со две мали дечиња од осново школо кои се запознаваат во маалото и играат партија кошарка. Машкото ја турка додека играат и таа паѓа, си го повредува лицето и и се прави лузна. Живеат куќа до куќа и се први комшии. Се заљубуваат еден во друг иако тој има други девојки. На танцот во средно школо се прави пресврт, таа игра со друг, тој со друга, ама кога ќе се вратат од таму се заедно. Продолжуваат да бидат заедно и после средно школо, а заборавив да кажам дека имаат истра страс и ја делат и љубовта кон кошарката. Двајцата се добри кошаркари и за време на колеџот се заедно, но после тоа тој одлучува да биде професионален кошаркар и раскинуваат. Таа игра во тим во Шпанија, а тој играјќи си ја повредува ногата, таа се враќа, го посетува во болница и дознава дека има вереница. После тоа, играат кошарка еден на еден и после тоа се повторно заедно и на крај имаат ќерка. Малку на долго раскажав, ама кога го гледаш чувството е друго.
    10/10.
     
  9. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.301
    Bachelorette(2012)

    Дали е можно да е толку глупав филмот...ауууу невидена досада !!
    2/10

    The Hobbit: An Unexpected Journey 2012

    [​IMG]многу ми беше равлечен и досаден може се лажам ама беше доста спор ... и не ми е јасно зош бар не ја завршија приказната па после нека и да почнеа со некое друго ?!
    3/10

    Killing Them Softly (2012)
    [​IMG]
    1/10 e мојата оценка и тоа 1ницата е само за тоа дека беше до крај опцијата за босси дека е мртов..
     
  10. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Божиќна честитка
     
  11. jagotka.99

    jagotka.99 Активен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    24
    Не го знам баш вистинскиот наслов на филмот, но мислам дека беше Фабриката на Вили Вонка.Го гледав одсабајле,не беше баш од сабајле,но јас тогаш станав така да. :lol: Сеедно прекрасен филм за опуштање.Се работи за човек по име Вили Вонка,кој има фабрика за чоколади,но тој ја затвара е сега не го сфатив овој дел т.е. не сфатив зашто ја затвори фабриката.Но, после долго време тој повторно одлучува да ја отвори фабриката но само за 5 деца кој ќе ја најдат таканаречената "златна карта" со која можат да влезат во фабриката.Тој ги прима во фабриката и им ја покажува но воедно и им ги "исправа" сите нивни мани.Накрај останува само едно дете кое ја добива наградата,а наградата е да живее со него во фабриката.Но Чарли т.е. детето што ја освои наградата нема да сака да оди со него,поради тоа што треба да оди сам без семејството.Тогаш Вили сфаќа дека тој е многу осамен,и затоа заедно со Чарли одат кај татко му на Вили од кој што Вили избегал како мал затоа што татко му не му давал да јаде чоколади поради тоа што татко му е стоматолг.Накрај Вили одлучува да дозволи во фабриката да живеат заедно со Чарли и неговото семејство.
     
  12. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.613
    Анат напишала преубаво сиже за филмот, јас немаше да го доловам вака фино, бидејќи освен Билбо и Гандалф, поим немам како се викаат сите други ликови. :D
    Во принцип не сум воопшто љубител на LOTR, бесмислени ми се, глупави за мој личен вкус, и не можам да ги поднесам, ниту пак ја сфаќам фасцинираноста од вакви бајки за мали деца... нејсе, ова е чинам полош од LOTR, таму барем имаше делови кои ми се допаднаа, тука апсолутно ми беше досаден од самиот почеток, бавен и развлечен, ама тоа е, кога не те интересира нешто, нема ни да го гледаш со уживање и задоволство. :tmi:
    Па добар дел од филмот преспав, живо мачење ми беше значи. Плус го прогласив Гандалф за најлош визард во светот, мислам дека е жива утка како лик, страшно муле и ме иритира (жал ми е Иан Меккелен, тоа е).

    Што да давам оценка кога не ги сакам овие филмови.
    :(
    Мило ми е само што овој Мартин Фриман (Шерлок) ќе се збогати благодарение на оваа улога, фино човече, и имаше супер визуелни ефекти.
     
    На Annath и Bozica1980 им се допаѓа ова.
  13. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.018
    Пол:
    Женски
    The Hobbit: An Unexpected Journey
    [​IMG]
    Не сум некој голем обожавател на Господар на Прстените,додуша и само првиот дел го имам гледано.Хобит ми се допадна,а и интересен ми беше да го гледам во 3D.
    Мене не ми беше досаден,мислам далеку од досаден е филмов,интересна приказна,неверојатни пејсажи (иако компјутерски направени сепак преубави),а и одлична глума.Ама сепак мислам дека со самото тоа што го гледав во 3д ми направи да ми биде поинтересно.
    Во секој случај не ми беше залудно потрошено време,ми се допадна.
     
  14. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.293
    Пол:
    Женски
    Заљубениот Шекспир
    И претходно го имам рецензирано, сега само ќе кажам предобар филм. Кој го нема гледано веднаш нека го изгледа 10/10
     
    На SimonLimon му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.263
    Допаѓања:
    43.991
    [​IMG]

    Премногу гласно и неверојатно блиску би бил соодветен превод? :?:

    Млака приказна за едно дете кое ќе го загуби татко си (Том Хенкс) во нападите на кулите близначки на 9.11 и реконструкција на еден клуч кој не води никаде, ами кон сопственото срце.

    Гледано од страна, филмов е ок, и можете да плачете на него. За анализа од моја страна - класичен американски шунд и кенкало за да се добијат поени на ниво на виктимизација и сентимент.
    Глумата на детето е иритирачки добра, но во целост, фали длабок пресврт.

    Оценка 5 од 10.
     
  16. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.734
    Допаѓања:
    17.692
    Monte Carlo
    [​IMG]
    Скоро сите го имате гледано.
    Неколку пати го имам започнувато, ама никако да го догледам.
    Вечерва му беше мајката ]:)
    Онака, филмче за релаксација.
    7/10 :)
     
  17. Lavender

    Lavender Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    568
    Пол:
    Женски
    The Illusionist (2006)
    Приказната е сместена во Виена во втората половина на 19. век каде што популарниот харизматичен магионичар Ајзенхајм е во конфликт со австро-унгарските власти и ги користи своите способности со помош на трикови да биде со жената која е од повисока социјална класа од него и во која е заљубен уште од детството,а која е свршеница на Принц Леополд.
    Одлична мистерија и драма,непредвидлива до самиот крај!
     

    Прикачени фајлови:

    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  18. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.540
    Fast Five Филмот започнува со осудувањето на главниот лик , Доминик Торето, на 25 години затвор. И како што е очекувано, додека ги превезуваат затворениците, сестрата на Торето и нејзиното момче прават неред на автопатот со својот автомобил и тој успева да побегне од автобусот...
    Дејствието се одвива во Рио Де Женеиро, Бразил...........
    Пофалба и за одличниот саундтрак, кој одлично се вклопува во дејствието.
     

    Прикачени фајлови:

    На Bubbi му/ѝ се допаѓа ова.
  19. DjinTonik

    DjinTonik Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    399
    Допаѓања:
    110
    The Lorax
    [​IMG]

    Си симнав од филмот ептен добра снимка и баш ми беше интересен... многу убави бои во филмот посебно.
    8/10

    The Perks of Being a Wallflower
    [​IMG]
    И да филмот е прекрасен, посебно цитатот: Зошто секогаш ги бираме оние кои не ја заслужуваат нашата љубов? Препорачувам
    10/10
     
  20. stefi556

    stefi556 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    362
    Пол:
    Женски
    Easy A... Средношколка која се потпира на гласините во училиштето за да ја подобри нејзината финансиска состојба. :^)