Four Christmases Лесна и интересна комедија. Ми се допадна. Се работи за Кејт и Бред, запознаени случајно, по некое време заедно, решаваат за Божиќ да одат на Фуџи и ги лажат фамилиите. Арно ама, сите летови се откажани и ги даваат на вести од аеродром, па фамилииве ќе ги видат. Добро тоа, но ќе беше добро ако не им беа разведени семејствата, и тие за Божиќ мора да поминат 4 фамилии, сите со различни табиети. Ми се допаѓаше актерската екипа, Рис е преубавка, ептен ја сакам, а и лежат вакви лесни улоги. А Бред, го знам од филмови, таман беше тука, но со актеркава не ги биваше како пар. Овој голем, мендо, таа слаба сиротката, кога ќе ја гушне нема воздух. Има доста смешни моменти, го препорачувам, со друштво, поинтересно е . 8/10
Flight со Дензел Вошингтон.Д рама за еден од најголемите пороци - алкохолот, и неговото влијание врз сите сфери на човекот.
Hotel Transylvania Одлично анимирано филмче. Интересно е како е свртена ситуацијата и чудовиштата се тие кои се плашат од луѓето. Дракула отвора хотел каде сите чудовишта ќе можат да се одмараат и да бидат безбедни од луѓето. Воедно и прави дом за неговата ќерка да биде на сигурно и никогаш да не го напушто. Но, работите стануваат комплицирани на нејзиниот 118ти роденден, кога во хотелот ќе пристигне човек. Интересни ликови, одлично за релаксација.
10 things I hate about you Дури ми е срам да кажам, по прв пат го гледам филмов. And yup, it is a shame .. Како и да е, супер е. Искрено, мислев дека цел филм ќе се врти околу Бјанка, но грешка бев. Кат е срцка, ја обожавам. Прекрасни црти има и стилот што го има и одговара. Ми се допаѓаше момчето што и го одредиле, иако неможам да се сетам на кој ми личи освен на Кејлеб од Убави Мали Лажливки. Добар пар. Мислам дека ви кажав дека го бендисав Артур во Зачеток, кога еве го и тука како мал. Судбина, шта чеш. Инаку, приказнава е добра. На Камерон му се допаѓа Бјанка, која и е сестра на Кат, која никој не ја сака, а ако има таа дечко, ќе има и Бјанка. И така. 9/10 Го препорачувам.
Многу одамна го имам гледано по телевизииве, но колку што ме држи сечање главниот фраер е Хит Леџер, исто у млади дани, и тоа ќе му е почетокот на кариерата (нека му е лесна земја ) Малиот е Џозеф Гордон Левит, и ова му е исто едно од првите големи дела после Третиот Камен од Сонцето -серијалот, и иако има помала улога фино ја издржа.
The Hole Многу добро филмче за оние кои сакаат непредвидлив крај. 9/10 Last Holiday Ништо посебно,онака за релаксација,празнично 6/10
The bo2009) Одамна ми беше на листа за гледање, и денес му дојде редот и ау.Уште сум збунета, филм со доста добра порака.Филм кој прикажува до каде би одела човечката жртва за материјално богатство.На почеток бавно, а во последните минути не можете да се соземете и да сфатите што се десило.Сложен филм, ми предизвика гадно чудни чуства.Ме дрмна, а очекував нешто полесно.Единствено крајот не ми се допадна, суров ми беше. 7/10
50/50 Приказна за младиот Адам кој ненадејно заболува од карцином. Како тоа ќе му влијае врз неговиот живот знаеќи дека шансите за преживување се 50/50 ве оставам сами да дознаете. Морам да признаам очекував малку повеќе од филмов, но сепак одличен е. 7/10
The Perks of Being a Wallflower Филм кој навистина ми се допадна. Не е типична тинејџерска или средношколска приказна. Има нешто подлабоко прикажано на многу убав начин. Вреди да се погледне. 9/10
The dark knight rises Конечно да го изгледам и последниот дел.Добар филм,многу акција и добри неочекувани пресврти.Само имам замерка,не морало толку многу да трае,можеле да скратат на некои непотребни сцени.Во главно ми го задржа вниманието.Го препрачувам 9/10
Значи баш како што ми кажаа, така и беше...Исплакнав очи како машко во живот да немам видено Приказната не е ништо нарочита, али "акцијата" вреди за сите пари За мој вкус 8/10 Во продолжение решив да погледам уште еден филм со "Мајк" Очекував тинејџерска романтична лимонатка, но позитивно се изненадив, имаше добра приказна со убави мисли за настаните во животот. Од мене 7/10
Harry Potter and the Half-blood Prince Па, што да кажам !? Омилен ми е, не дека не ми беше гледан, ама морав, морав уште еднаш да си поплачам за смртта на Дамблдор. Мене детството ми помина со познатата ХП-тројка и уживам во сите оние работи поврзани со нив. Понекогаш дури чувствувам и потреба да седнам и маратонски да ги изгледам сите филмови по ред. Содржината на филмот, смотано ми е да ја пишувам зашто ако некој/а ги нема гледано другите делови - џабе е, не е тоа тоа! Не сум некој голем обожавател на вакви нереални филмови, ама сепак не ми се става во ист кош со Господар на прстените и Твајлајт компанија. Не, не, не и не! Ова е нешто, нешто прекрасно - пријателства, ама од оние вистинските - за кои навистина вреди да ставиш рака в оган, мешавина на родителска и онаа другата љубов и многу, многу моменти во кои те понесува приказната и си воздивнуваш заедно со ликовите, па и се внесуваш во нивна кожа. Ми-ли-на. Spoiler П.С. Потер ми е симпатија. Уште од второ одделение. И затоа што бев послушно девојче, ме најде дечко што личи на него. Му фалат зелени очи, ама останатото е кхм. :geek: True story.
Think like a man Мора да го изгледате Базиран на книгата Act like a lady, Think Like a Man Мене ми е многу јак, Одлична приказна.. Нема да ви откривам шо се работи на тие шо го немат гледано, Препорачувам. 10/10
^ Мене не ми се допадна толку, многу беше млитав некако, оној другиот што е сличен на овој, ич не ми текнува како се викаше, ама на сител го даваа, таа што имаше теории како да се фати маж и да ти стави прстен на рака, сто пати е подобар. Инаку го гледав Skyfall, многу разочарувачки, приказната слаба, Даниел остарен, некако никаква привлечност ми немаше. Едвај го догледавме со мм, само чекавме да заврши.
He's Just Not That Into You Романтична комедија, која е многу реална. Баш за машко женските односи. Што жените посакуваат и како однесувањето на мажите ние го интерпретираме. Дали грешиме при проценката? И дали работите си ги сфаќаме така како што нас ни одговара? Или само се тешиме дека се` е во ред и се` ќе биде во ред без да ја согледаме реалноста? Некогаш некои работи ни се пред нос, а ние не ги гледаме... Убава, лесна романтична комедија. Во која верувам дека многумина од нас би се пронајдиле во некое делче. На моменти се смеев, но на некои сцени и солзи ми навираа. Убава спојка од актери... Препорачувам грлс
The last song Јас секогаш последна ги гледам филмовите Многу ми се допадна, глумата на Мајли посебно. Вилијам е многу убав, сакам дечко како него. Во потрага сум по таква симпатија 10 од 10 би дала на приказната, глумата и на Вилијам.
Last holiday-10/10 многу ми се допадна филмчето,носи убава порака. Да го живееме секој ден како последен и да го правиме она што не прави среќни во животот!
Ask tesadüfleri sever (Love Likes Coincidences) 2011 Филм за кој е тешко да најдеш збор да го опишеш. Животна драма, за љубовта, судбината, животот. Топло препорачувам да го гледате. Нема да зажалите. Еве како на ИМДБ е раскажан на кратко филмот. Spoiler Моја оценка 10/10 имдб 7,3/10. Да не забравам, музиката е преубава во филмот..
Нешто слично е и филмот Two can play that game, типично женски А како што приметив на форумот се одвива масовно гледање на The Perks of Being a Wallflower
Remember me (2010) Spoiler Приказна за тоа како животот не е бајка и не е се совршено како на филм. Започнува трагично со убиство, се зборува за друго убиство поради кое главниот лик Патисон што го глуми не може да се помири со тоа и да го прифати и на крај пак завршува со смрт, трагично. Не откривам повеќе, кого го интересира нека го гледа 8/10. Going the distance(2010) Некако глумецов ми е далеку помлад од глумицава и некако тоа ми бодеше очи цело време, можеле да направат и подобар избор. Spoiler Една современа приказна за тоа како се одржува или одвива као сакате врска на далечина. Се запознаваат, имаат романса, таа е на стажирање и потоа мора да се врати во нејзиниот град. И понатаму не откривам, важно филмот има среќен крај.